
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Министерството за здравство информира дека синоќа во кругот на Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, изби пожар како резултат на запалена сува трева. Пожарот веднаш беше пријавен во Центарот за управување со кризи и противпожарната станица, по што надлежните служби навремено и ефикасно интервенираа и го локализираа во најкраток можен рок. Од страна на болницата беа преземени сите неопходни мерки за заштита и следење на ситуацијата. ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Во земјава регистрирани неколку пожари. Борбата со огнената стихија во Чучер Сандево продолжи и изутрината. Во гаснењето ангажирани и два хеликоптера, а во текот на измината ноќ екипи дежураа на терен. Зафатена е густа мешана шума и ниска вегетација. Пожарот на Блаце го затвори патот и граничниот премин, но од вчера попладне сообраќајот повторно е нормализиран. Општината Чучер Сандево свика вонредна седница поради големиот пожар што ги зафати ...
Голема беше радоста пред два месеца дека тендерот за инсулин е завршен. Но и кога е набавен инсулинот и дијабетната терапија, нема за новите пациенти поставени на антидијабетична терапија, реагира Сојузот на здруженија на дијабетичари. Терапија има за пациентите кои се лекуваат со години, но нив ги загрижува податокот дека Комисијата за дијабетес ќе почне да прави ревизија на сите постоечки пациенти кои користат современа терапија. Министерот за ...
Независните советници сметаат дека со актуелните измени на Изборниот законик коишто предвидуваат обврска за собирање повеќе од 1% потписи од електоратот за поднесување независни кандидатски листи во некои општини, се доведуваат во нерамноправна положба во изборниот процес. За нив, горенаведените измени се противуставни како од процедурален заради скратената постапка, така и од материјален аспект заради дискриминацијата. Тие очекуваат од ...
Денеска, во просториите на Министерството за дигитална трансформација, министерот Андоновски оствари работна средба со амбасадорот на ЕУ во земјава, Н.Е. Михалис Рокас. Средбата помина во пријателска и конструктивна атмосфера, при што главна тема на разговорот беше претстојниот Дигитален самит на земјите од Западен Балкан, кој ќе се одржи на почетокот на октомври во Скопје. Министерот Андоновски изрази благодарност на поддршката од страна на ...
Модерна држава во служба на граѓаните нема дигитална, ефикасна, транспарентна и отчетна јавна администрација. Со интегрираниот систем за управување со човекови ресурси почна реформата во јавната администрација за увид, кој со какви квалификации работи на некое место. Со ова треба да се зголеми брзината на услугите за граѓаните и да се спречат партиски вработувања. Новите вработувања во администрацијата ќе бидат поригорозни, со поголеми ...
Во изминатите 12 месеци, подготвени и доставени до владата 22 системски закони, од кои 13 се директно предвидени со реформската агенда. Министерот Филков тврди дека од осумте закони во реформската агенда со рок до јуни 2025, седум се веќе испратени во владина процедура. Клучен меѓу овие е новиот предлог закон за судскиот совет, кој претставува коренита промена во начинот на кој се избираат и разрешуваат судиите, како и во одговорноста на самите ...
Статистика потврди – цените и во јуни оделе нагоре. Индексот на цените на мало споредено со април е зголемен за 1,1 проценти, а во однос на јуни лани за 3,7 отсто. И инфлацијата мерена преку трошоците на живот е зголемена – за 0,8 проценти во однос на мај и за 4,5 отсто во однос на лани. Најмногу поскапел транспортот, но зголемување на цените има и кај храната и безалкохолните пијалаци. Граѓаните се жалат, велат животот е скап, цените се ...
Изгорено човечко тело пронајдено во помошна просторија по пожарот што избувна кај мостот на реката Лепенец, во близина на Железничката станица во Ѓорче Петров, информира Министерството за внатрешни работи. Пожарот прво зафатил сува трева, но потоа се проширил и на помошни објекти и штали. Со Ер-трактор, три хеликоптери, со употреба на пренаменетите воени и полициски возила се интервенира на големиот пожар кај Блаце и Чучер Сандево. Се прошири на ...
Собранискиот спикер Африм Гаши вели дека во првата половина од август ќе бидат распишани локалните избори за октомври. Ќе бидат запазени сите рокови како што налага законот потенцира првиот парламентарец. „Изборниот законик има две одредби по кои се водиме. Прво е одредбата да не биде повеќе од 90 или помалку од 70 дена. Втората ориентациона точка е законот за локална самоуправа каде се вели дека изборите треба да се одржат во втората половина ...
Македонија станува привлечна дестинација за странските инвеститори, вели премиерот. Тој откри дека се водат активни разговори за нови инвестиции во автомобилската индустрија, ИТ-секторот, логистиката и агро-преработката. Дел се компании кои веќе работат во Македонија, а дел нови. Од следната недела ќе почне да се гради големиот ветерен парк од половина милијарда долари. По средбата со Советот за странски инвестиции, претставници на водечки ...
Државата се мобилизира во борбата со пожарите. Преку оперативниот план ќе се ангажираат 400 невработени лица во 14 територијални противпожарни единици. Ќе добиваат по 24 илјади денари месечно, со можност за трајно вработување. Ќе може да аплицира секое лице коешто се чувствува подготвено и мотивирано да даде придонес во оваа мисија. Пријавените ќе бидат распоредени во тимови, најдобрите ќе влезат во новата единица за заштита и спасување. Оние ...
Чекор кон смирување на инфлацијата може да биде новото поевтинување на горивата од полноќ. Цените на бензините се намалуваат за 1,5 денар, па Еуросупер БС-95 ќе се продава за 74 денари за литар, а 98-ката за 76 денари. Дизелот поскапува за половина денар, па од полноќ ќе се продава за 70 денари за литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство останува непромената, односно, 69,5 денари за литар, а мазутот поевтинува и ќе се продава за ...
Вчера во 17.39 часот на ул. „Македонски гемиџии“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Х.Р.(32) од Битола, информираат од МВР. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „голф“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал Х.Р. и по преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,51 промили алкохол во крвта. На 06.07.2025 ...
Хутите истрелаа два проектила кон Израел во текот на ноќта, вели израелската одбрана. Нема пријавени повредени или последици. Членовите на екипажот на товарниот брод „Magic Seas“ под либериско знаме беа принудени да го напуштат бродот во неделата вечер, откако по низа напади во Црвеното Море бродот почна да прима вода. Овој инцидент е првиот посериозен напад во оваа важна трговска рута. Израелското воено воздухопловство на почетокот од неделата ...
Пожарот помеѓу селата Блаце и Чучер е сè уште активен. Гори мешана шума и ниска вегетација, екипите за гаснење се на терен и активно интервенираат. Еден крак од пожарот е пресечен и изгаснат. Но, останува уште еден активен крак кој се шири кон непристапен ридско-планински терен. Интервенцијата е отежната, бидејќи пожарот зафатил голема површина. Се вложуваат напори пожарот да се стави под контрола. Синоќа поради пожарот кај тунелот сообраќајот ...
Водоснабдувањето во Скопје е на работ на колапс. Во само еден ден, скопјани потрошиле над 350 милиони литри вода – еквивалент на 140 олимписки базени. Просечно, секој жител користел 664 литри дневно, што е повеќекратно над европските стандарди. Од ЈП Водовод и Канализација – Скопје алармираат дека ваквата енормна потрошувачка, особено во попладневните часови, доведува до преоптоварување на системот и прекини, особено во високите зони на градот. ...
Во деновите од изминатиот викенд како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1336 издадени платни налози дури 212 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено 121 возач управувал под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 106 возачи на мотоцикли се ...
Русија и Украина викендов разменија напади со беспилотни летала, прекинувајќи го воздушниот сообраќај и предизвикувајќи жртви и штети. Нападите следеа по објавувањето на договорите на украинскиот претседател Зеленски со западните партнери за зголемување на производството на беспилотни летала. Претседателот Трамп потврди дека имал добар разговор со колегата Зеленски и одново изрази разочарување од разговорот со Путин. „Јас и помагам на Украина. ...
Најмалку 78 лица загинаа во централен Тексас, а уште 41 се водат како исчезнати по ненадејните поплави што го зафатија Тексас. Официјалните лица велат дека бројот на жртви ќе расте. Се очекуваат повеќе бури во следните 24-48 часа во регионот, што би можело да ги попречи спасувачките екипи во потрагата. „Операциите за пребарување и спасување продолжуваат со целосен одговор од локалните, државните и националните власти. Продолжуваме да го ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе престојува во работна посета на Хаг, каде ќе има средба со неговиот домаќин, шефот на холандската дипломатија Каспар Велдкамп. Во Хаг, министерот Муцунски заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, пред холандски бизнисмени во холандска агенција за претпријатија ќе ги презентираат инвестициските можности кои ги нуди ...
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, на 7 и 8 јули 2025 година ќе оствари работна посета на Париз, во рамки на интензивирањето на билатералната соработка и продлабочувањето на партнерството со Франција во контекст на европската интеграција на Северна Македонија. Предвидени се средби со високи претставници на Владата на Француската Република, меѓу кои со министерот делегиран за Европа при француското МЕиНР – Бенжамен Хадад, со ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...
Два полициски, еден армиски хеликоптер и три теренски возила дејствуваат како поддршка на скопската бригада, за гаснење на големиот пожар на отворен простор над магистралниот пат Скопје-Блаце. Можна причина за пожарот е фрлен отпушок од цигара од возило во движење или пак, е намерно предизвикан, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Од МВР информираа дека синоќа бил нормализиран патниот сообраќај до граничниот ...
Наместо на увото на мајката, обетка заглавена во хранопроводот на двегодишно дете. Подолго време повраќало, тоа била причина помош да побараат на Детската клиника на Одделот за гастроентерохепатологија. Но ова е еден од многуте случаи со кои се соочила професорката Соња Бојаџива и нејзиниот тим. Деца голтнале џамлии, шноли, парички, батерии, жици, делови од електрични цигари, камчиња, стакло, дете на училишна возраст успеало да голтне моливче. ...
Орце Ѓорѓиевски, актуелниот градоначалник на Општина Кисела Вода, е кандидатот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за прв човек во Град Скопје на локалните избори во октомври годинава. Георгиевски изјави дека ја бара поддршката од сите скопјани без разлика на политичката припадност велејќи дека за него постојат само скопјани што си го сакаат или не си го сакаат градот. Најави дека веќе од утре ќе почне со теренски посети и со процес на креирање на ...
Дојран почна да се полни што со домашни што со транзитни туристи. Локалните власти тврдат дека се е подготвено за новата летна туристичка сезона. Очекуваат околу 150 илјади ноќевања заради зголемената понуда на сместувачки капацитети во оваа туристичко место. Оваа лето околу 30 отсто од гостите ќе бидат од Србија и Романија кои во Дојран престојуваат на поминување и уживаат на дојранското крајбрежје и локалната храна. И оваа лето во Дојран ...
Овие возила се адаптирани да носат вода од 600 литри до 8 тони. Премиерот Мицкоски посочи дека многу по подготвено се очекува сезоната на пожари. Возилата се адаптирани со помош на одговорни фирми и поединци, без пари од Буџетот. Противпожарните возила ќе бидат во сопственост на Дирекцијата за заштита и спасување. Првиот човек на институцијата, Стојанче Ангелов вели годинава нема да ми треба гранка за да каснам пожари. Добивме прва републичка ...