Белград
6ᴼ /
3ᴼ
За време на изминатиот викенд како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.466 издадени платни налози, 786 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 14 лица, од кои 11 за возење под ...
Регулаторната комисија за енергетика, ја објави новата цена на горивата која ќе важи од вечерва на полноќ. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува ...
Скандалот во Би-би-си добива нови размери. Во тек е внатрешна истрага за начинот на кој радиодифузерот известува за климатските промени и енергетската политика, по низата контроверзии и обвиненија за неточности и пристрасност. Генералниот директор Тим Дејви и извршната директорка за вести Дебора Тернес си дадоа отказ. Двајцата директори се соочија со критиките дека документарецот, „Панорама“, ги довел во заблуда гледачите со монтажа на говор на ...
Дерби дуелот од 11-то коло од ракометната Супер лига им припадна на ракометарите на Вардар, кој славеа победа со 34:28 против Алкалоид. „Вардарци“ ја продолжија серијата победи и ја „запишаа“ 11-та победа во Супер лигата, додека за Алкалоид ова беше прв лигашки пораз. Во првиот дел двете екипи се менуваа во водството и на полувреме беше 17:17. Резултатот последен пат беше нерешен 21:21 во 36.та минута. Вардар направи серија од 10-4 и во 52.та ...
Здружението на тениски професионалци (АТП) денес го ажурираше своето рангирање во поединечна конкуренција. Шпанецот Карлос Алкараз повторно стана играч број 1 во светот. Тој го престигна Италијанецот Јаник Синер, кој падна на второто место. Топ 10 на најновата АТП ранг-листа објавена на 10 ноември: 1 (2). Карлос Алкараз (Шпанија) – 11.050 бодови 2 (1). Јаник Синер (Италија) – 10.000 3 (3). Александар Зверев (Германија) – 4.960 4 (5). Новак ...
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18). Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва ...
Маж и жена се заљубуваат додека го посетуваат колеџот за нивните деца. Вера Фармига и Енди Гарсија глумат двајца родители кои се заљубуваат во текот на еден ден додека ја одбележуваат турнејата на нивните деца на факултет. Едит (Вера Фармига) е тврдоглава, слободоумна и успешна бизнисменка која ја носи својата 18-годишна ќерка Одри (Таиса Фармига) на турнеја низ потенцијалните колеџи. Џорџ (Енди Гарсија) е закоравен кардиоваскуларен хирург кој ...
Самореформираниот ситен криминалец Тери Ледер (Џејсон Стејтам) станал финансиски проблематичен продавач на автомобили и се навикнал на пешачки живот во Лондон со сопругата и децата, но се нурнува во голем криминал кога неговата поранешна девојка, Мартин (Сафрон Бароуз), се појавува со понуда да изврши профитабилен банкарски грабеж. Откако Тери ќе ја собере својата екипа од отпадници и ќе ја започне операцијата, тој открива дека има и други ...
Ограничувања на електричната енергија во Украина по руските напади врз големите енергетски објекти. Украинскиот претседател Зеленски вели дека со партнерите од Европската Унија подготвуваат 20-ти пакет санкции против Русија. Од друга страна, рускиот министер за надворешни работи Лавров вели дека е подготвен да се сретне со американскиот државен секретар Рубио. Американскиот претседател Трамп го номинираше адвокатот Џон Кол за специјален пратеник ...
На Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје денеска ќе се одржи свечена заклетва на 29-та класа на питомци – студенти и слушатели од курсот за офицери и штабни службеници. Како што информираат од Министерството за одбрана, на одржувањето на свеченоста ќе се обратат претседателката и врховен командант на армијата, Гордана Силјановска-Давкова, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и деканот на воената академија, полковник проф. ...
Сенатот го направи првиот чекор за прекин на затворањето на американската влада, откако група умерени демократи се согласија да гласаат за унапредување на три двопартиски закони за трошење и продолжување на остатокот од владиното финансирање до крајот на јануари, во замена за гласање во средината на декември за продолжување на даночните кредити за здравствена заштита. „На ова гласање, 60 гласа „за“, а 40 „против“. Три петтини од Сенатот, уредно ...
Израел соопшти дека форензичкото тестирање потврдува дека ги примиле останките од Хадар Голдин, војник убиен во Газа во 2014 година. Чинот на Хамас е значаен развој во примирјето постигнато со посредство на САД, кое се наруши поради бавното враќање на телата на заложниците и престрелките меѓу израелските трупи и милитантите во Газа. „Хамас знае каде се наоѓаат нашите заложници во Газа и ние сме целосно свесни дека можат да ги пронајдат сите нив ...
Празни контејнери на булеварите и пред домаќинствата. Багери кои го чистат коритото на реката Вардар, сечење на жалните врби. Ова е слика на третиот ден од акцијата за чистка на Скопје. Метлата заигра и во тесните сокаци на чаршијата. Ги нема повеќе депониите кои беа честа слика во главниот град. Градоначалникот Ѓорѓиевски задоволен од досега постигнатото. Вели, собрани се над 4.500 тони смет, а комуналните инспектори изрекле и казни на ...
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m2 за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...
Со налет на ветер од 230 километри на час, супертајфунот Фунг-Вонг го погоди североисточниот брег на Филипините пред да стигне до копното. Најмалку две лица загинаа, а повеќе од еден милион луѓе се евакуирани од областите каде што постои ризик од ненадејни поплави и лизгање на земјиштето. Филипините сè уште се справуваат со пустошот предизвикан од тајфунот Калмаеги, кој зеде над 200 жртви во централните провинции, пред да го погоди Виетнам, каде ...
Бугарија не дозволува формирање македонски здруженија и не го признава македонското малцинство. И покрај позитивното решение на судот во Стразбур, проблемот не е надминат. Пред очите на цела меѓународна заедница се негира постоењето на македонското малцинство, заради што Сојузот „Македон“ поднесе 109 претставки до меѓународните судови. Една од нив е за обидите за бугаризација на македонското малцинство во Албанија. Правата на Македонците надвор ...
По најавите на премиерот Мицкоски за реконструкција на „Илинденска“ веднаш по Конгресот на владејачката партија во декември, јавноста очекува кои министри ќе бидат опфатени со промените во Владата. Министерот за здравство Азир Алиу кој на оваа функција е релативно краток период вели дека има политичка влада и премиер којшто одлучува за промените, а тој како министер ќе ги извршува обврските сè додека е на чело во оваа институција. Политичкиот ...
Осумдесет и шестгодишната Љубица Петкоска од Охрид, повеќе од 15 години редовно се вакцинира против сезонски грип. Не памети од кога не била болна, со години немала симптоми на грип и настинки. Вели вакцината и помага и ја штити, но за здрав и долг живот е важна и рекреација, редовни вежби и движење. „Секоја година се вакцинирам. Кај мене има ефект, кај други не знам. Грипот некако слабо, не доаѓа. 86 години имам, секоја година ја примам“, вели ...
Филипинскиот метеоролошки завод издаде предупредување за опасни бури и налети на ветер, во очекување на главниот удар на тајфунот „Фангвонг“, кој се движи кон источниот брег на земјата и според прогнозите, ќе пристигне до вечер. Тајфунот, кој се протега на 1.500 километри, веќе зафати делови од источните Филипини со силни дождови и ветрови. Неколку локални самоуправи ја откажаа наставата за понеделник, а националниот авиопревозник на Филипините ...
Јусуф Ибраими од долненско Житоше со нетрпение чека да почне откупот на тутунот. Има околу три и пол тони квалитетен род кој се надева ќе постигне повисока цена иако сушата ги намали приносите. Законски, откупот почнува од 15-ти ноември и трае до 28-ми февруари. Од утре ќе почне верификација на мострите и 10-те откупувачи пунктовите треба да ги отворат по 17-ти ноември. Се очекува да се преземат околу 22.000 тони квалитетен род. Од ...
Деновиве се извршуваат завршните активности, последната фаза од годинашната конзервација на мермерните елементи од гледалиштето во театарот, во археолошкиот локалитет Стоби. Дваесетината мермерни плочи се враќаат, откако се изврши санација на местото каде беа лоцирани. Вратените мермерни седишта се оригиналните од времето кога театарот бил изграден, во 2 век а постоел до 4-тиот. Со ова се отвора можноста веќе од следната година Фестивалот на ...
Илјадници летови се откажани низ САД поради блокадата на федералната администрација. Според прогнозите, ако ситуацијата се продолжи, бројот на откажувања може да се искачи и до 20 проценти од сите летови. Според податоците на федералната администрација за авијација, кризата е предизвикана од сериозен недостаток на контролори на воздушниот сообраќај, околу 3.500 помалку од потребното, поради блокадата и неплатените работни денови. Експертите ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 17 степени. Според прогнозата на УХМР, во ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информира АМСМ. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на ...
Продолжува генералката во Скопје. Багери, камиони и механизација интензивно работат во сите делови на градот. Се собира отпад, се мијат улиците, се расчистуваат јавните површини, а екипите работат и во ноќните часови. Механизација на „Улици и патишта“ го чисти и коритото на Вардар од тиња и од ѓубре, а се чистат и косините на реката и централниот дел на кејот. Истекува предизборното ветување на новиот градоначалник на Скопје, Ѓорѓиевски за чист ...
Речиси месец дена трае имплементацијата на новиот систем за регистрација на патниците што влегуваат во земјите членки на Шенген зоната. Кабина за регистрација со фотографирање и земање отисок од прсти на патниците има и на т грчкиот граничен премин Евзони. Работи по еден, до два часа. Но, од патниците кои ги анкетиравме, никој сè уште не беше регистриран во ЕЕС системот. Туристичките работници ги информираат патниците за новите правила на ...
По најавата од премиерот Мицкоски дека владата идната недела ќе назначи повереници во четирите општини кои поради немање цензус не успеаја да изберат градоначалници, Либерално-демократската партија ќе бара измени во Изборниот законик. Според предлогот, владините повереници не можат да се кандидираат на повторените избори за градоначалници во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуше и Центар Жупа, со цел никој да нема нефер предност пред ...
Екипите на „Комунална хигиена“ чистат на места во градот каде што сè уште не поминале. Над стотина камиони на терен. Така ќе биде сè додека Скопје не стане целосно исчистено. Работниците од „Комуналец“ продолжуваат да собираат отпад од корпите, контејнерите и околу нив. Граѓаните главно задоволни, но велат дека сè уште на одредени места има смет. Се чистат и парковите и тротоарите околу скопските улици. Градот заличува на метропола, велат ...
Турција издаде налози за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху и повеќемина функционери на Израел, обвинувајќи ги за геноцид и злосторства против човештвото во Газа. Меѓу 37-те осомничени се министрите за одбрана и за национална безбедност и началникот на армијата. Тел Авив експресно реагираше на одлуката на Анкара, нарекувајќи ја „пи-ар трик“. Во меѓувреме во Газа владее кревко примирје што стапи во сила пред еден месец, како дел од ...