Орце Ѓорѓиевски, актуелниот градоначалник на Општина Кисела Вода, е кандидатот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за прв човек во Град Скопје на локалните избори во октомври годинава. Георгиевски изјави дека ја бара поддршката од сите скопјани без разлика на политичката припадност велејќи дека за него постојат само скопјани што си го сакаат или не си го сакаат градот. Најави дека веќе од утре ќе почне со теренски посети и со процес на креирање на ...

Дојран почна да се полни што со домашни што со транзитни туристи. Локалните власти тврдат дека се е подготвено за новата летна туристичка сезона. Очекуваат околу 150 илјади ноќевања заради зголемената понуда на сместувачки капацитети во оваа туристичко место. Оваа лето околу 30 отсто од гостите ќе бидат од Србија и Романија кои во Дојран престојуваат на поминување и уживаат на дојранското крајбрежје и локалната храна. И оваа лето во Дојран ...

Овие возила се адаптирани да носат вода од 600 литри до 8 тони. Премиерот Мицкоски посочи дека многу по подготвено се очекува сезоната на пожари. Возилата се адаптирани со помош на одговорни фирми и поединци, без пари од Буџетот. Противпожарните возила ќе бидат во сопственост на Дирекцијата за заштита и спасување. Првиот човек на институцијата, Стојанче Ангелов вели годинава нема да ми треба гранка за да каснам пожари. Добивме прва републичка ...

Малото градинарско производство, зависноста од увозот и лошата, сушна година ги држат високо цените на градинарските култури, констатираат агрономите оценувајќи дека не се очекува некое намалување на цените на зелената храна. Цените варираат. Никој не може да предвиди, ама се потребни инвестирања. Производителите да користат органски методи, поблиски до природата, а државата да ги стимулира малите производители. Годинава ќе продолжи неизвесна со ...

Киев повторно цел на нов масовен руски напад во текот на ноќта. Украина возвраќа, Москва тврдии-собориле над сто беспилотни летала. Американскиот претседател Трамп неодамнешниот телефонски разговор со украинскиот колега го опиша како добар и стратешки важен, сигнализирајќи дека Вашингтон сепак е можно да испрати ракети „Патриот“ бидејќи како што рече, Путин сака да продолжи да убива луѓе. Зеленски, разговорот го оцени како најпродуктивен досега. ...

Ужасни сцени доаѓаат од Тексас. Бројот на жртви се искачи на 50, поголемиот дел од нив се од летниот христијански камп за девојчиња во округот Кер. Сè уште се трага по 27 деца откако поројните дождови предизвикаа излевање на реката Гвадалупе низ ридскиот регион познат по своите летни кампови. Властите велат – поплавите се случиле многу брзо и неочекувано. Спасувачите продолжуваат со потрагата. „Досега пронајдовме 43 починати лица во округот Кер. ...

На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе бидат презентирани противпожарни возила. Како што е најавено на промоцијата ќе присуствува и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Премиерот на почетокот на јуни годинава најави дека во пресрет на најавениот топлотен бран и зголемениот ризик од шумски пожари во текот на летниот период, повеќе од 50 возила кои се дел од застарената опрема на Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни ...

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло, попладне со мала до умерена нестабилна облачност. Ќе дува слаб до ...

Во 18 часот и 5 минути родителите на загинатите во пожарот во кабарето „Пулс“ молчејќи маршираа низ Кочани за да упатат порака дека трагедијата не треба да биде заборавена, но и дека чекаат одговорност. Тие бараат транспарентна истрага за несреќата со фотографиите од нивните деца, поддржани од сограѓаните, поминаа низ центарот на градот. Застанаа пред полицијата и пред Основниот суд. Неделава тие побараа помош и од премиерот и претседателот на ...

Расте македонскиот извоз, напиша премиерот Мицкоски на неговиот Фејсбук статус. Информира дека во мај, извозот пораснал за 23,44% во евра, во услови на стагнација на европскиот пазар, а посебно предизвиците со кои се соочува автомобилската индустрија. Се бележи и раст на извоз во првите пет месеци од 2025 година, извозот порасна за 3,15% во евра, споредено со увозот за истиот период кој порасна за 1%. Поголем извоз, повеќе пари за македонските ...

Со стратегија, а не со даноци да се решава катастрофалната повеќедецениска демографска криза во Македонија, сугерира експертската јавност. Тие и даваат целосна поддршка на Владата со државни мерки да се зголемува наталитетот. И граѓаните велат итно да се најде начин за повисок животен стандард, младите да се стимулираат да не се иселуваат, да се раѓаат повеќе деца. Потребна е детална анализа на сите негативни трендови, со вклучување на стручната ...

Македонската дипломатија е без компас. Резултатите на надворешен план се поразителни. Македонија е понижена, без ниту еден успех – вели Андреј Жерновски. Тврди по една година наместо напредок и гордост – министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски донел срам и понижување. Наместо европска иднина-сега државата се наоѓала на периферија. Жерновски со тврдење дека земјата нема подобра меѓународна позиција, туку таа е влошена, исто како што нема ...

Укината изречената мерка притвор за претседателот на Република Српска, Милорад Додик, откако доброволно се појавил на сослушување во Обвинителството на Босна и Херцеговина со неговиот адвокат како осомничен во врска со истрагата за сомневањата дека сторил кривично дело напад врз уставниот поредок. Лидерот на босанските Срби ќе мора да се јавува во полициска станица на секои 15 дена. Додик три месеци одбиваше да се појави во Обвинителството, ...

До 13 часот на територијата на државата се евидентирани вкупно 8 пожари на отворен простор, активни се 4- соопшти ЦУК. Во прилепско Бешиште гори мешана шума, во општина Македонски Брод, село Црешнево, пожар во деградирана дабова шума и грмушки, во Општина Чашка – шумски пожар под солунска глава. Помеѓу местата викани изворите на Бабуна и Бабина Дупка, моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел и како и пожар во ниска вегетација во ...

Римска бања од пред две илјади години откриваат прилепските археолози на локалитетот „Долиште“, кај Прилеп. Бањата со сите погодности на модерен спа-центар е дел од сè уште непознатиот град меѓу прилепските села Волково и Прилепец но ги открива културолошките и социјални одлики на нашите предци. Археолозите допрва ќе ги откриваат тајните на комплексот. Предизвик е да се открие името на таинствениот град кој бил доста значаен за населението од ...

Хамас позитивно одговори на предлогот за 60-дневен прекин на огнот во Газа, отворајќи го патот кон договор за запирање на конфликтот по месеци неуспешни напори. Сепак, групата најави дека е подготвена да продолжи да се бори ако не се понуди чесен договор, откако побара гаранции дека новиот предлог ќе доведе до целосен крај на војната. „Хамас поднесе позитивен одговор до медијаторите и движењето е целосно подготвено веднаш да влезе во рунда ...

Александар Панов од валандовско Балиници со трактор го носеше своето производство со бостан на откупен пункт. Задоволен е од цената и но и родот заради што планира да ги зголеми површините под бостан и во иднина. Во овој регион интензивно тече откупот И Ристо Данов планира зголемување на површините со оваа култура иако оваа пролет родот кај него потфрлил заради пролетните лоши временски услови. Откупените количини на бостан од валандовско се ...

Најмалку 24 луѓе загинаа, меѓу нив и деца во поплавите предизвикани од поројните дождови што ја зафатија американската сојузна држава Тексас. Сите жртви престојувале во летен камп за девојчиња во округот Кер во кој биле сместени 750 деца. Властите велат дека досега спасиле над 200 лица, десетици сè уште се водат за исчезнати, се стравува дека бројот на жртви може да расте. Прогласена е вонредна состојба. Во делови од земјата нема електрична ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Поради високите температури од вчера е активирана фазата 3 од Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови, а Владата донесе ...

I. Кандидатите кои ќе се пријават треба да ги исполнуваат следниве услови: - да се државјани на Република С. Македонија, - да имаат високо образование, - да поседуваат знаење и најмалку 5 (пет) години искуство од областа на финансиското и сметководственото работење и - да ги исполнуваат условите утврдени во член 127 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. II. Кандидатите на Јавниот конкурс со пријавата треба да достават: - Уверение ...

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати на панелот „Влијание и справување со предизвиците на демографските трендови“, во рамки на настанот посветен на демографијата како стратешко прашање за иднината на земјата. Тој истакна дека демографските трендови – како што се намалувањето на наталитетот, иселувањето на младите и стареењето на населението – се економска реалност што бара системски пристап и долгорочни решенија. ...

Вчера во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Филип Втори Македонски“ во Скопје, патничко возило „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.А.(48) од Скопје, удрило во пешакот К.К.(65) од Скопје, информираат од МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а П.А. е лишен од слобода и по ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради сомненија дека сториле кривично дело – Насилство предвидено во член 386 став 3 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. На 2 јуни, пред пункт на „Водовод“ во населбата Шуто Оризари, осомничените во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз еден оштетен вработен во пунктот. Додека тој го ...

Се раѓаат сè помалку деца, младите бараат подобар живот надвор, населението старее. Наталитетот се намалува, морталитетот расте. Лани се родиле околу 16 илјади новороденчиња, а починале повеќе од 20 илјади луѓе. Власта најави мерки за справување со демографската катастрофа. „Иселувањето е тренд во некои земји, но кај нас аларм“, рече премиерот Мицкоски кој откри и дека се размислува за воведување данок за немажени и неженети граѓани и за ...

Во Скопје отворена Амбасадата на Казахстан во Македонија, со што се одбележа и 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Скопје и Астана. Амбасадорот на Казахстан, Сатибалди Буршаков рече дека сведочиме на историски момент во развојот на односите меѓу двете земји кој претставува значаен чекор кон зајакнување на врските. Соработката се продлабочува во повеќе сектори, енергетиката, здравството и технологијата. Според министерот за ...

Завршено е вештачењето за пожарот во дискотеката „Пулс“. Кривичниот суд пак сè уште нема донесено оценка за обвинителниот акт, изјави државниот обвинител Коцевски. Републичкото обвинителство размислува и дали да се одлучи и по однос на надлежноста-дали ќе остане под кочанското обвинителство или за постапување по жалби ќе се делегира кај колегите во Скопје. Датум за првото рочиште сè уште не е одреден. Кочанскиот суд во Скопје ги прати сите ...

Јавен обвинител од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција по спроведена темелна истрага, денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица за кривични дела поврзани со корупција. Со дејствијата опишани во диспозитивот на актот првообвинетиот, директор на ЈЗУ „13 Ноември“ – Скопје, сторил кривично дело – Примање поткуп, а второобвинетиот се товари дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито ...

Младите во Македонија продолжуваат да ја негуваат оваа повеќевековна традиција. Годинава, својата љубов, под Бистра, ќе ја овековечат Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски. За една недела од сега, утрото во Галичник ќе осамне со звукот на зурлите и тапаните, кои ќе го означат почетокот на дводневната галичка свадбена прослава. Минатото, традицијата и идентитетот им се важни на младите, бидејќи тие ја создаваат нивната сегашност и иднина, велат ...

Исклучително е порасната употребата на вода, посебно во доцните попладневни часови. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје денеска извести дека неконтролирано се наводнуваат градини и обработливи површини, се мијат возила и се надополнуваат базени. Претпријатието упатува молба до граѓаните одговорно и економично да ја користат водата, а доколку забележат нелегален приклучок, да го пријават на 02 3073 010, [email protected] или ...

Кога земјата се соочува со топлотен бран, се вжештуваат телефонските линии во Итната медицинска помош. Во битолската, до 70 интервенции за едно деноноќие. Во период кога температурите се во секојдневен пораст, главно помош бараат хронично билните, лицата со срцеви заболувања, висок крвен притисок и тешко дишење. Зачестени се колапсите. Лекарите апелираат, граѓаните особено да бидат внимателни при внесот на храна и пијалаци, да носат заштита – ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
83%
1014
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.09
49%
1014
weather icon

Загреб

27ᴼ / 26ᴼ
3.6
34%
1016
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
53%
1012
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
7.35
53%
1011
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
4.12
53%
1016
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
3.6
55%
1010
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
3.09
45%
1012
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
2.57
29%
1014
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
7.2
52%
1013
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
2.57
34%
1015
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
6.17
51%
1010
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.4012

Currency

34.3134

Currency

38.0818

Currency

65.2285

Currency

7.33049

Currency

0.65711

Currency

0.35837

Currency

0.52536

Currency

1.289

Currency

0.60048