Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Здравствените власти денес препорачаа дезинфекција на септичките јами како индивидуална мерка што жителите на подрачјата со прогласена епидемија на западнонилска трека можат да ја преземат. Во моментов во земјава нема таблета со која можат да го направат тоа, но министерот за здравство, Сашо Клековски, вели дека во следниот период ќе работат на тоа да се донесе и кај нас. „Една од работите што недостасува, што ја лоциравме во моментот и што ...
СДСМ е подготвен за избори кога и да се одржат, со тим, добра програма и конкретен план за иднината на државата, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања. Тој најави дека веќе во текот на септември СДСМ ќе го претстави Мастер планот за Македонија, со што граѓаните ќе можат јасно да ја видат понудата на партијата. „Го кажав тоа неколку пати до сега, секогаш сме подготвени. И со тим, и со добра програма, со ...
ВМРО – ДПМНЕ бара враќање на стариот ценовник на ПОЦ. „Не стивнуваат реакциите на граѓаните за новите поскапувања на паркингот за жителите на Општина Центар. Герасимовски ја одби иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за враќање на старите цени со небулозни оправданија. Објаснувањето дека не било до Општината и до Советот, туку до Управниот одбор на ПОЦ, е класична лага, односно срамен обид да се манипулира со центарци. Го потсетуваме градоначалникот во ...
Повеќе од 45 од вкупно 112 поставени столбови на патеката Попова Шапка – Титов Врв се уништени, оштетени или отстранети. Од Организацијата за одржлив развој САТ Скопје велат дека причинета е голема финансиска штета, но последиците би можеле да бидат многу посериозни. „Со големо разочарување ја информираме јавноста дека значителен дел од новопоставената опрема за зимска планинарска маркација на патеката Попова Шапка – Титов Врв, долга ...
Свесното жртвување на обвинението за трагедијата во модуларната болница во Тетово претставува повторно жртвување на 14-те настрадани, на нивното достоинство и на болката на нивните најблиски, велат од ВЛЕН. „Али Ахмети и обвинителството раководено од Ислам Абази должат одговор пред јавноста: како е можно по 14 изгубени животи на крајот да излезе дека „виновен“ е кабелот? Овој случај ризикува да остане запаметен како еден од најсрамните ...
Пет години се чуваше по фиока и фаќаше пајажина предметот, како и доказите за модуларната болница, во која изгореа 14 наши сограѓани, а директниот виновник Венко Филипче не беше повикан ниту на разговор, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Толку треба да знаете за нашиот правосуден систем, кој е ставен директно во одбрана на неговите наредбодавци, односно СДС и ДУИ. Предмет во кој живи горат 14 лица, да заврши без истрага е скандал од невидени размери. ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, укажа дека најавената мерка на Владата на ВМРО за нова „кошничка“ нема да донесе никаква реална помош за граѓаните, туку според досегашното искуство, ќе биде уште едно празно ветување и ПР трик, и повторно ќе ги излажат граѓаните. Филипче посочи дека минималната плата е далеку под потребното за нормален живот, луѓето не можат да преживеат во услови кога трошоците за ...
По нешто повеќе од еден месец, здравствените власти ја укинаа епидемијата во Гостивар, прогласена поради загадената вода во градскиот водовод. Министерот за здравство, Сашо Клековски, денес извести дека нема нови случаи на заразени од водоводот. „Денска Центарот за јавно здравје Тетово одлучи да ја прекине состојбата на епидемија во Гостивар. Според нивните епидемиолошки податоци нема веќе случаи на гастроентероколитис, ентероколитис или ...
Пет години Мицкоски и неговата криминална група ширеа лаги за мене, ме нарекуваа убиец – обвинителството ја кажа вистината, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче, по одлуката за отфрлање на обвинението за изградбата на модуларните болници. „Вчера обвинителството донесе одлука дека го затвора предметот за набавката на модуларните болници. На почеток сакам да кажам, дека страшно жалам за загубените животи, за луѓето кои таму загинаа и ...
Премиерот Христијан Мицкоски, за време на денешната посета на Општина Прилеп, запрашан за споредба на просечната старосна пензија за време на владата на СДСМ и ДУИ и оваа влада, истакна дека на месечно ниво таа се зголемува за 325% повеќе отколку во времето на владеењето на СДСМ и ДУИ. „Гледам како на отворена сцена опозицијата се препелка по она мое интервју дадено на еден национален медиум каде што направив споредба во зголемувањето на ...
Вечерва на Градскиот стадион од 19 часот ќе се одигра натпреварот од четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига меѓу Брегалница и Башкими, каде „сините“ на Никола Кузманов цела само на три бодови, а со тоа да се стигне и до втората сезонска радост. Градот под Исарот е мобилизиран и се очекува полна трибина и силна поддршка за фудбалерите на Брегалница. Башкими во Штип доаѓа во лоша форма со три порази од толку натпревари, а гостинот ...
Општина Илинден започна со реализација на проектот за пренамена на постојната кујна во детската градинка „Гоце Делчев“, со што ќе се обезбедат дополнителни простории за престој и згрижување на дечињата. По изградбата на новата централна кујна, чија реализација е во завршна фаза, постојниот кујнски простор ќе биде целосно реконструиран и пренаменет во две нови занимални. „Во рамки на градежните активности е предвидена изведба на нови преградни ...
ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај, велат од ВЛЕН. „Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста за избори, нека кажат зошто по поразот на локалните избори никој кај нив не понесе политичка одговорност. Али Ахмети продолжи да продава магла со старата финта за повлекување, Бујар Османи го изгуби Чаир и остана потпретседател и главен играч за тронот на ДУИ, Бајрам Реџепи го изгуби Тетово и остана во ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира одлуката на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал предводено од Ислам Абази да ја запре постапката околу изградбата и поставувањето на модуларните болници без притоа да има кривично гонење на ниту едно правно или физичко лице, истакна: „Треба јавноста да знае дека ова е процес којшто трае веќе 5 години. Процес којшто ...
Мицкоски: Повеќе од 12 милиони евра се инвестираат во Општина Прилеп за капитални проекти, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, на денешната посета на Општината. „Овие проекти се многу значајни за сите општини во Македонија. Ова што го кажа градоначалникот на Прилеп, но и потпретседателот на Владата и министер за транспорт дека со овие проекти додаваме вредност и го зголемуваме квалитетот на живот е вистина бидејќи имаме повеќе од 1.200 ...
Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ ги отвори трите први значајни јавни повици со кои започнува процесот на создавање на официјалната програма на Скопје 2028. Станува збор за повици за доставување проектни предлози, за ангажирање домашни и меѓународни експерти за советодавна и програмска поддршка, како и за избор на независни домашни и меѓународни евалуатори кои ќе учествуваат во оценувањето на проектните предлози, а ...
Министерот за здравство, Сашо Клековски, соопшти дека е Агенцијата за храна и ветеринарство ја потврди првата мртва птица со западнонилска треска во Скопје, а регистрирани се и први случаи на западнонилска треска во Центар и Чаир. Бројотна заболени е 43. „Имаме 43 случаи на западнонилска треска, имаме 40 потврдени, од кои три се потврдени со еден тест. Тоа што е различно од претходната состојба има први случаи во Центар и Чаир. Започна и ...
Скопје повторно ќе биде место за средба на технологијата, вештачката интелигенција, бизнисот и човечкиот потенцијал. На 22 и 23 септември во објектот на Националната опера и балет ќе се одржи Самитот за вештачка интелигенција „Филип Аврамчев“ (AI Tech Summit „Filip Avramchev“), кој продолжува да ја гради својата визија како независна регионална платформа посветена на развојот и практичната примена на вештачката интелигенција. Под мотото ...
Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку современ мониторинг центар, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. „Системот овозможува во реално време да се знае каде се наоѓа секое возило, по која маршута се движи, со која брзина, колку време е во движење, но и колкава е реалната потрошувачка на гориво. Дополнително, преку специјални сонди се контролира и нивото на ...
„Господине Герасимовски ја читаме вашата вчерашна реакција на прес-конференцијата на ОК Центар и не можеме да си поверуваме со каква леснотија ширите дезинформации, квалификации и манипулации. Вчера обзнанивме во јавноста дека општина Центар, поточно вие како нејзин градоначалник сте потрошиле 6,6 милиони денари на мобилна апликација, за која никој не знае за што ќе се користи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Вие велите дека апликацијата ја изработил ...
Кошаркарскиот клуб Соколи продолжува активно да се засилува за новата сезона, а клубот од Штип го промовираше второто странско засилување, се работи за Американецот Џеј Пал, висок 206 сантиметри. Се работи за кошаркар кој носи големо искуство каде покрај во Америка во својата кариера настапуваше и во Грузија, Белгија и Мексико и нови големо искуство во Соколи. Во сезона 2025/2026 Пал има наверојатна статистика од 13,2 поени и 5,5 скока по ...
Штипскиот прволигаш Младост УГД за новат сезона 2026/2027 се засили со Невена Видојевиќ, искучен примач од Босна и Херцеговина. Новото засилување носи големо исксутво, Видојевиќ е родена 2001 година, а досега настапуваше за Гацко во босанскиот шампионат, во Србија настапуваше за екипите на Црвена Звезда, Спартак, Раднички Бластерс, во Црна Гора беше дел од екипата на Лука Бар, а свои настапише имаше и во Романија, Словенија и Словачка. Висока ...
Министерството за внатрешни работи ги известува сите граѓани на Република Северна Македонија, а особено сопствениците и операторите на беспилотни воздухоплови – дронови, дека поради зголемениот обем на летачки активности на Одделот за воздухопловни единици, како и интензивниот ангажман на хеликоптерите на МВР во активности за гасење пожари, извидување, транспорт и други оперативни задачи на целата територија на државата, потребно е доследно ...
„Со месеци СДС и нејзиниот формален претседател Филипче, преку соопштенија и прес-конференции велат дека граѓаните не веруваат во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, дека рејтингот им пораснал, дека се спремни за избори, но кога ќе се споменат предвремени избори, одма молк“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ. „СДС и Филипче знаат дека на следните избори кога и да бидат, ќе доживеат дебакл и ќе бидат доведени под 100 илјади гласови. ...
Одредени судиите кои ќе ја делат правдата за натпреварите од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Овој викенд ќе се играат пет натпревари, а ќе стартуваат во 16:30 часот. Во Кавадарци ќе се игра дуелот на двата лански прволигаши Пелистер и Брера каде за правдата ќе биде задолжен Стојанче Стојанов, а ќе му асистираат Богданчо Георгиев и Петар Михаилов, а пак четврти судија ќе биде Дарко Стојанов. Овој натпревар ќе можете да го ...
Утврден е распоредот и двојките за 1/16-финалето на Купот на Македонија за сезоната 2026/27, согласно пласманот на екипите во натпреварувачката сезона 2025/26. Во оваа фаза ќе се одиграат 15 натпревари, додека Силекс, како освојувач на Купот на Македонија за сезоната 2025/26, е слободен во 1/16-финалето и директно ќе настапи во 1/8-финалето. Третолигашот Овче Поле во Свети Николе ќе го пречека најтрофејниот македонски клуб Вардар, ...
Со два натпревари денес ќе биде отворено четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига. Денес Скопје игра против Тиквеш каде Фуркан Идризи дели правда, а пак во Штип каде ќе се соочат Брегалница и Башкими главен арбитар ќе биде Доне Ристовски во меч под рефлектори. Утре, Шкендија Арачиново ќе го пречека Арсими во дуел каде за правдата ќе биде задолжен штипјанецот Димитар Пилешков, а негови асистенти ќе бидат Даниел Василевски и Бранко ...
Вчеравечер, комуналните екипи до доцна во ноќта работеа на расчистување на дивите депонии и уредување на јавните површини на повеќе локации, извести Општина Аеродром. „Засилените активности продолжуваат, со цел почисти, поуредни и поубави јавни простори за сите граѓани. Рано утрово екипите повторно се на терен и продолжија со редовните активности за одржување на чистотата“, соопшти Општина Аеродром. Текстот (Фото) Општина Аеродром: ...
„Поминаа 24 часа од барањето за предвремени парламентарни избори. Од Влен сè уште ниту збор. Оние што го погазија легитимитетот, сега се кријат штом ќе се побара да го измерат пред граѓаните“, велат од ДУИ. „Влен знае дека ја немал и ја нема поддршката на Албанците. Знае дека неговата власт се потпира врз милоста на политичките падрони и врз газењето на слободниот глас. Ако добиле дозвола, нека ги прифатат предвремените избори. Нивниот молк ...
„ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен глас да отвори предмет и да го истражи непостапувањето на Венко Филипче додека бил министер за здравство, во врска со анализите за квалитетот на водата, како во Гостивар, така и низ државата. Документите и информациите доставени од свиркачи укажуваат дека биле направени околу 400 анализи за квалитетот на водата, кои ја покажале неисправна за пиење“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Токму затоа, се ...