Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на серија влажни воздушни бранови утре и ...
Бесправно се изградени и 164 огради (18 проценти), 116 деловни објекти (12.7 проценти), 113 натстрешници (12.4 проценти), 110 доградби, надградби и адаптации (12.1 проценти), 106 помошни објекти (11.6 проценти), 79 гаражи (8.7 проценти), 22 летни тераси (2.4 проценти), 17 времени објекти (1.9 проценти) 9 скалила (1 процент) и 6 тераси (0.7 проценти). Најголем број бесправно изградени објекти, 96.1 проценти, се во приватна сопственост. ...
Поранешниот тренер на Тиквеш, Борче Христов ќе има задача да го врати Пелистер во најдобрата македонска лига. „Со големо задоволство ја информираме јавноста дека со Борче Христов потпишавме договор на две години, со јасно дефинирани цели и амбиции за периодот што следува. Станува збор за тренер со богато искуство во македонскиот фудбал, но и со значајно меѓународно искуство, кој во својата кариера бил дел од повеќе успешни проекти. Христов ...
Тој истакна дека градот мора да обезбеди основни услови за граѓаните, особено во летниот период кога високите температури ја зголемуваат потребата од пристап до вода за пиење. „Со години, поради неажурност, ситни дефекти и негрижа, голем дел од фонтаните беа оставени надвор од функција. Во координација со ЈП „Водовод и канализација“ ги мапиравме, сервисиравме и повторно ги ставивме во употреба повеќе од 220 фонтани за пиење вода“, наведе ...
„Првиот поголем пожар е на територијата на општина Велес, во атарот на селото Каласлари во насока кон Свети Николе. Тој пожар во овој момент е ставен под контрола. Храбрите велешки пожарникари со поддршка од тим од Национални шуми успеаја да воспостават контрола врз овој пожар. Во гасењето на овој пожар поддршка даде и еден воздухоплов ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување. Во овој момент наредив негово повлекување, бидејќи нема ...
Според предложениот состав, Ѓоко Велковски ќе биде нов министер за социјална политика, демографија и млади. На чело на Министерството за здравство доаѓа досегашниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, додека актуелниот министер за локална самоуправа, Златко Перински, ќе го преземе раководењето со Фондот за здравствено осигурување. За нов министер за локална самоуправа е предложен Иван Стоилковиќ, а Ерџан Демир е ...
Претходно беше објавена веста за нивниот и-ХЕВ хибриден систем кога до јавноста стигна информацијата дека Џили постигнал помала потрошувачка на гориво од приусот на Тојота со овој погон. Сега тие објавија дека овој погон постигнува термичка ефикасност од дури 48,4 проценти, што значи дека претвора речиси половина од енергијата од горивото во механичка енергија. За споредба, повеќето класични бензински и дизел мотори постигнуваат помеѓу 25 и ...
Ова е прва посета на Нетанјаху на окупираната територија во јужен Либан откако израелската и либанската влада постигнаа договор за безбедност со посредство на Соединетите Американски Држави минатиот петок, според кој Израел треба да предаде две области на либанската војска. „Нашиот став е дека нема да се повлечеме од јужен Либан сè додека заканата не се отстрани“, им кажа Нетанјаху на војниците, според соопштението објавено од неговиот ...
Норвежаните ја имаа почетната иницијатива, но потоа Брегот на Слоновата Коска беше селекцијата која доминираше на теренот. Сепак во 39. минута една индивидуална мајсторија на Нуса резултираше со водство за Норвешка од 1-0. Тоа беше прекрасен гол на фудбалерот на Лајпциг. Во вториот дел Слоновите напаѓаа за да го изедначат резултатот, тоа се случи во 74. минута кога Диало имаше фантастична акција и погодок за 1-1. Победата за Норвешка дојде во ...
Како што потенцира, ќе се анализира фактура по фактура, секоја цена на 74 групи со 600-700 основни прехранбени производи, кои се дел од потрошувачката кошничка. „Ќе се врши детална контрола на 600-700 основни прехранбени производи, од набавната цена на производителот до продажната цена на трговецот, и ќе најдеме точно кои се индикаторите од кои произлегува таа цена, кај имаме поголемо зголемување и да видиме точно зошто се случува тоа“, рече ...
Голманот блесна во пенал серијата со две одбрани, но неговата животна приказна е уште повпечатлива од настапот на теренот. Пред неколку години голманот ја водел најтешката битка надвор од фудбалот. По раѓањето на неговиот син Лаутаро Даниел, кој имал сериозни здравствени проблеми, Хил бил принуден да продава копачки, дресови и друга спортска опрема за да обезбеди пари за лекување. „Кога се роди Лаути, немавме ништо. Орландо се откажа од ...
Изгаснати се пожарите во општина Шуто Оризари – во близина на Џиди Комерц, Визбегово, каде гореле ѓубре и сува трева; општина Зелениково – с. Страхојадица, каде гореле шума, сува трева и ѓубре; општина Кисела Вода – населба Разадник, на ул. „Борис Трајковски“, каде горела ниска вегетација; општина Виница – с. Јакимово, каде горело ѓубре; општина Кочани – с. Долни Подлог, во двор на семејна куќа, каде горело ѓубре; општина Битола – с. ...
Мицкоски соопшти дека од почетокот на 2026 година се поднесени околу 672 барања за повторно стекнување на македонско државјанство, додека околу 318 лица побарале отпис од државјанството. „Ова е прва година по не знам колку време да се случи вакво нешто. Дали е случајност, дали е некаков знак и дали тоа нешто значи, не би можел да кажам, но верувам во македонскиот народ, во македонските граѓани и во нивниот потенцијал“, рече Мицкоски во ...
На церемонијата присуствуваа началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лавчински, генерали, шефови на делегации, офицери, подофицери, како и заменик-министрите за одбрана на Македонија и Албанија, амбасадори и членови на дипломатскиот кор. Заменик-министерот за одбрана Адмир Шабани, обраќајќи се на свеченоста, истакна дека преземањето на оваа улога доаѓа во време на засилени потреби за регионална соработка и координација, ...
На средбата, министерот Мисајловски ја истакнал одличната соработка со Сојузничката команда за операции и нагласил дека припадниците на македонската Армија ќе продолжат да придонесуваат за безбедноста на источното крило на Алијансата, преку учество во мултинационалните сили на НАТО во Латвија, Бугарија и Романија. Тој посочил дека државата продолжува да инвестира во модернизацијата и опремувањето на Армијата, како и во развојот на нејзиниот ...
Соопшти дека ЗНАМ во септември ќе добие плус уште едно заменик-министерско место, како што рече, влијателно министерство. Димитриевски информира дека Горан Минчев останува да го раководи Министерството за јавна администрација. Упати благодарност до министерот за правда Игор Филков за досегашниот професионален интегритет и посветеност. Димитриевски нагласи дека ЗНАМ ќе продолжи да биде стабилен партнер во владината коалиција. Соопшти дека ...
Според Управата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места ќе има локално поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд со количина поголема од 15 литри на квадратен метар, електрични празнења, силен ветер со брзина над 60 километри на час и појава на град. Во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Според Управата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места ќе има ...
Инвеститорот и поранешен извршен директор во вселенската индустрија, Кристијан Кеил, го истакна достигнувањето во објава на социјалната мрежа Икс, во која истакна дека Спејсекс лансирал 15.262 сателити до 12 јуни 2026 година. Вкупниот број на лансирања за сите други компании и организации од почетокот на вселенската ера во 1957 година е 15.138. Маск ја основаше Спејсекс во 2002 година, но компанијата немаше моментален успех. Нејзините први ...
„Од клиниките за торакална хирургија, кардиохирургија, урологија, детска хирургија, пластична хирургија, дигестивна хирургија и ОРЛ информираат дека непречено ги третираат сите пациенти, вклучително и пациентите предвидени за елективни оперативни зафати. Во овие клиники нема одложување на оперативната програма. На Клиниката за ТОАРИЛУЦ во моментот се згрижуваат итните пациенти, согласно тековната организација на работата“, се вели во ...
Во овој состав на Владата, премиерот во интервју за емисијата Директно на ТВ Телма, рече дека нема да има потпретседател на Владата задолжен за владеење на правото и дека тие работни обврски ќе ги извршува секретар од неговиот Кабинет. На вечерашната седница на Извршниот комитет Мицкоски кажа и дека ќе ги информира членовите дека во тек се преговори со Турската демократска партија да биде дел од коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и има ...
Инаку, пожарот има зафатено поголема површина со ширење во неколку правци. Огнот со еден крак тргнал кон место викано Саботна Вода од каде се префрлил и на место викано Трите Дола, а во моментов е многу близу и до место викано Цариер, а еден крак е и кон село Караслари. Опожарена до овој момент е голема површина на сува трева, на лозја, на дрвја од овоштарници, а настрадале и пчелни сандаци, додека од чадот не може да се види во каква ...
Министетрството ги наведува бенефитите што се очекува да ги обезбеди законот, меѓу кои се долгорочно намалување на зависноста од увоз на енергија и енергенти, зголемување на уделот на ОИЕ во бруто финалната потрошувачка на енергија, зголемување на сигурноста во снабдувањето со енергија на крајните потрошувачи, диверзификација на производството на енергија, намалување на употребата на фосилни горива и емисиите на стакленички гасови и ...
Португалскиот напаѓач пристигнува на „Сан Сиро“ во трансфер вреден 74 милиони евра, а со бонусите сумата може да биде и поголема. Со ова Рамос стана најскапото засилување во историјата на Милан, кој со овој потег испрати јасна порака дека има големи амбиции за новата сезона. Португалецот доаѓа од ПСЖ, каде настапуваше по трансферот од Бенфика, а сега ќе има задача да го предводи нападот на „росонерите“. No introduction needed 🇵🇹 Welcome, ...
Токму со таа цел е создаден Dell PowerProtect DD3410 – современо backup решение од Dell Technologies кое комбинира високи перформанси, напредна заштита од сајбер закани и значително намалување на трошоците за складирање на податоците. Што претставува Dell PowerProtect DD3410? Dell PowerProtect DD3410 е дел од докажаната Data Domain платформа на Dell Technologies, наменета за backup storage, deduplication и cyber resilience. Решението е ...
Неговата асистенција против Барселона се најде меѓу најатрактивните во сезоната 2025/26 од Лигата на шампионите. ЕХФ го рангираше потегот на Митревски на третото место во изборот за најдобри асистенции. Голманот на Еурофарм Пелистер со прецизно додавање преку целиот терен го пронајде Дејан Манасков, кој ефектно реализираше на мечот во Битола. Акцијата на македонските репрезентативци веќе беше наградена и претходно, бидејќи погодокот на ...
Националниот парк Шар Планина денес управува со речиси целиот шарпланински масив, од Јажинце до Дуф, подрачје кое претставува дом на исклучителен биодиверзитет, бројни глацијални езера, планински пасишта, шуми и десетици населени места кои со векови живеат во склад со природата. По повод јубилејот беше организирана планинарска тура од Бозовце до Лешница, при што посетителите имаа можност непосредно да ги доживеат природните убавини на Шар ...
Дополнително возило и луѓе на терен попладнево се пристигнати на локацијата во близина на македонско – грчката граница, каде околу 10 часот е пријавен пожар, информираат од Центарот за управување со кризи во Гевгелија. Според информациите од подружницата на ЦУК, заедно со двете противпожарни возила на доброволното противпожарно друштво „Дојран“ со пет пожарникари и едно специјално возило на ТППЕ Гевгелија со четворица пожарникари, на терен се ...
Посебна претпазливост се препорачува кога станува збор за методите за складирање на храна и времето што поминува од нејзината подготовка, бидејќи оставањето на оброците на собна температура може да го поттикне размножувањето на бактерии. Стручњаците предупредуваат дека одредени намирници, доколку не се чуваат правилно, можат да станат опасни дури и по повторното загревање, бидејќи готвењето не ги уништува секогаш сите бактериски спори, ниту ...
Пласманот на Ѓорческа на главниот турнир на Вимблдон не е само нејзина лична историја, тоа е историја за македонскиот тенис воопшто. Таа стана првиот претставник на Македонија на грен-слем турнир во поединечна конкуренција без разлика дали се работи за машки или женски тенис. Мечот на Ѓорческа против Анисимова почнуваше од 12 часот, токму во тој термин МТФ одлучи дека треба да одржи прес-конференција за ИТФ турнирот „Мацедониан опен“ со ...
Суштински се интервенира во однос на дозволената брзина со која се движат лесните електрични возила, односно се предвидува максимална брзина од 20 километри на час во согласност со препораките на Европската Унија во делот на регулирање на сообраќајот на овој тип возила. За да се намали бројот на прекршоци сторени со електрични тротинети, се предвидува и заострување на условите под кои тие може да се управуваат – се зголемува старосната ...