Скопје, 14 август 2026 (МИА) - Вкупно 1.576 прекршоци поврзани со пречекорување на дозволената брзина, констатира сообраќајната полиција во рамки на засилените акциски контроли спроведени од 3 до 9 август 2026 година. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), контролите биле реализирани во рамки на ROADPOL Operation Speed, паневропска координирана оперативна активност на сообраќајните полициски служби на земјите членки ...

Скопје, 14 август 2026 (МИА) - МВР информира дека денеска во Неготино, Кавадарци, Штип и Кочани беа реализирани превентивни активности за безбеден сообраќај, додека во Градско, Делчево и општина Зелениково за заштита од пожари. На Меѓуградската автобуска станица во Скопје, пак, се спроведе превентивна активност под мотото „Секој може да биде жртва”. -Во Неготино спроведената активност беше на тема „Не заборавајте, сите сме пешаци“, во рамки ...

Скопје, 15 август 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 14.08.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „Јорго Костовски“, на место викано „Тепсија“ во Битола, го лишиле од слобода Е.К. (39) од Битола, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар ...

16/08/2026 05:30 - МИА

Скопје, 15 август 2026 (МИА) - На 14.08.2026 во 06:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје - Велес, поточно во с. Трубарево, Скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 41-годишната Б.Ј. и велосипед, управуван од В.Д.(70) двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар при ...

Скопје, 15 август 2026 (МИА) - На територија на државата активни се шест пожари, а еден е под контрола. Центарот за управување на кризи информира дека до 07:30 часот утрово регистрирани се вкупно 27 пожари од кои 20 се изгаснати. Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – Вртекица – Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица во општина Македонски Брод и кај селото С’лп во општина Велес. Активни пожари има и ...

Скопје, 15 август 2026 (МИА) Хатка СМАИЛОВИЌ На сите универзитети соодветно се намалени квотите за упис на студенти во прва година бидејќи пазарот на труд е заситен со одредени струки и има невработени, за разлика од други струки каде што вработливоста е многу висока, па некаде се јавува и недостиг. Во пресрет на уписите на универзитетите, министерката Весна Јаневска во интервју за МИА вели дека оваа година на сите универзитети има намалено ...

Скопје, 15 август 2026 (МИА) - Царинската управа денеска соопшти дека во изминатиот период има зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз. Оттаму информираат дека Одделението за оперативни работи во координирана акција со МВР извршило контрола врз 38 пловни објекти на Охридското езеро при што извршени се проверки на статусот на пловилата и лицата кои ги управуваат. - Во изминатиот период се забележува зголемена ...

Скопје, 15 август 2026 (МИА) - Во населбата Припор во Кисела Вода денеска свечено е пуштена во употреба нова спортска сала во рамки на подрачното основно училиште „Круме Кепески“. Вкупната инвестиција е околу 20 милиони денари и се протега на површина од 440 метри квадратни. Изработена е според најсовремени стандарди. - За населбата Припор ова е барање веќе подолго време што го реализираме во соработка со Владата и со Министерството за ...

Скопје, 15 август 2026 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека се проширува опсегот на електронски услуги за компаниите со само еден клик. Андоновски преку објава на социјалните мрежи соопшти дека винарниците и другите правни лица можат електронски да добијат Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино од Државниот инспекторат за земјоделство. - Наместо посета на шалтер и дополнителна ...

Скопје, 15 август 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и Неизвршување судска одлука според член 377 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот, како што информираат од републичкото Основно јавно обвинителство, на 14 август, при вршење семејно насилство, ...

Скопје, 15 август 2026 (МИА) - Активни се шест пожари низ државата во моментов, а три се под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи, информирајќи за денешните регистрирани пожари на отворен простор до 13 часот. Од активните, мешана шума гори во општина Студеничани, во регионот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер. Ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки горат во општина Македонски Брод, место викано „Видуш“, кај селата ...

Скопје, 15 август 2026 (МИА) - Почна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“ - соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека на фреквентната сообраќајницата се става првиот слој асфалт и таа се доврзшува „по триесетгодишно чекање“. -Се сеќавам уште како дете, довршувањето на овој булевар беше ветување кое се повторуваше со години. Генерации граѓани слушаа ветувања, а повеќе од 100.000 луѓе кои секојдневно ...

Скопје, 15 август 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш завчера на магистралниот пат Радовиш–Штип, кај крстосницата за село Бучим, го лишиле од слобода М.В.(35) од село Бучим, радовишко, откако при преглед на возило биле пронајдени 14.440 евра, информираат од Министерството за внатрешни работи. Имено, полициски службеници на магистралниот пат кај крстосницата за Неготино, забележале патничко возило „ауди“ со ...

Скопје, 15 август 2026 (МИА) - Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“. Од нив, седум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник, а еден од возачите бил под дејство на алкохол. Дополнително, тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол, додека двајца управувале ...

Скопје, 15 август 2026 (МИА) - Полициски службеници денеска уапсиле лице од Германија, кое возело со брзина од 203 километри на час на автопатот А1 кај Гевгелија, информираат од Министерството за внатрешни работи. -Денеска во 08:00 часот, на автопатот „Пријателство“, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.Ф.(46) од Германија. При контрола на патниот сообраќај со радар, ...

Скопје, 15 август 2026 (МИА) – Врз пожарот на Жеден, во Општина Јажинце, денеска дејствуваат трите „ер трактори" на Дирекцијата за заштита и спасување, информираше директорот на ДЗС Стојанче Ангелов. Во видеоизјава од самото место, Ангелов информира дека пожарот е пламнат на исклучително стрмен терен со густи грмушки, низ кои движењето е тешко. -Од тие причини пожарникарите не може да дејствуваат, затоа денес работат трите „Ер трактори“ со ...

Скопје, 15 август 2026 (МИА) - Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 16 часот и 10 минути беше почувствуван земјотрес, чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5, соопштија попладнево од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ. - Земјотресот е почувствуван од ...

Скопје, 15 август 2026 (МИА) – Доволна е искра за вистинска катастрофа, предупреди денеска во видео порака од опжарен терен, каде се гледа само пепел и прашина, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, повикувајќи на поголема внимателност. Ангелов, претходно денеска информираше дека активни се шест пожари низ државата, но предупреди дека состојбата е се уште алармантна, ако се земе предвид дека во текот на ...

Скопје, 15 август 2026 (МИА) - Средствата по поволни услови кои беа обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка, не ги гледаме како трошок за буџетот, туку како инвестиција, затоа што поддршката за домашните компании е инвестиција во економскиот раст, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на својот ФБ профил. - Пред повеќе од две години, ја препознавме потребата за развој на компаниите кои имаат идеи и ...

Скопје, 15 август 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави три нови инвестиции за кои договорите се очекува да бидат потпишани оваа есен. Преговорите се во завршна фаза и се очекува да поминат на некоја од следните владини седници. - Во Брисел имав три средби со инвеститори кои во Македонија се во завршна фаза на постигнување на договор. Едниот е од Германија, едниот од САД, а третиот прави проширување на постојната ...

Скопје, 15 август 2026 (МИА) - Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води одговорни економски политики и стабилно управува со јавните финансии, а мерките и политиките даваат конкретни резултати кои се мерливи а граѓаните ги чувствуваат во семејните буџети. За само две години од владата на ВМРО-ДПМНЕ просечната нето-плата е зголемена од 40,496 денари на 48,779 денари, според податоците на Државниот завод за статистика. Тоа се околу 9 000 денари ...

Скопје, 15 август 2026 (МИА) - Автопатот Охрид - Кичево се гради со предвидената динамика, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Фејсбук. Тој сподели фотографии од работниот состанок со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски оценувајќи дека се работи со силна динамика и се решаваат сложени инженерски проблеми. - Силна координација и силна динамика на терен. Автопатот се гради со ...

Скопје, 15 август 2026 (МИА) – Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ситуацијата со производителите на пиперка е санирана и дека откупот веќе неколку дена се одвива според очекувањата. Одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на нова спортска сала во Општина Кисела Вода дали е надминат проблемот со производителите на пиперка, Мицкоски рече дека според информациите што ги добил од министерот за земјоделство, шумарство и ...

Скопје, 15 август 2026 (МИА) – Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ден пред да се рашири веста за наводно загадена вода во Скопје добиле информација дека опозициски партии ќе се обидат да создадат таква хистерија преку социјалните медиуми. На прашање за кои опозициски партии се работи, одговори дека истрагата сега ја води МВР каде што се повикани десетина луѓе на разговор и оттаму треба да се бараат детали. Нагласи дека ...

Скопје, 15 август 2026 (МИА) - Поминаа повеќе од пет недели од здравствената катастрофа во Гостивар а досега нема никој одговорен од власта. Цел град отруен од загадена вода, 5.000 граѓани завршија во болница, а одговорност сè уште нема. Функционери и политичари држат здравица, пијат вода пред камери а цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Срам и брука. А одговорност нула!, вели Кети Штерјова од СДСМ во изјава што ја лиферува ...

Варшава, 14 август 2026 (МИА) – Полската опозициска партија „Право и правда“ (ПиС) го исклучи од своите редови поранешниот премиер Матеуш Моравјецки и голема група пратеници по длабокиот внатрепартиски раскол, соопшти денеска за јавниот сервис ТВП претседателот на дисциплинското тело на партијата, а пренесе агенцијата ДПА. Исклучувањето опфаќа вкупно 38 пратеници, меѓу кои и Моравјецки, како и двајца сенатори. Внатрешното дисциплинско тело ...

Хаг, 14 август 2026 (МИА) – Две лица загинаа, а неколкумина се повредени утрово во тешка сообраќајна несреќа на автопатот А59 во близина на селото Хеш, во јужната холандска покраина Северен Брабант. Несреќата се случила на крајот од колона возила предизвикана од протест на земјоделци кои со трактори го блокираа сообраќајот, изјави за телевизијата РТЛ Њуз портпарол на Кралскиот туристички сојуз. Во верижниот судир учествувале четири ...

Виена, 14 август 2026 (МИА) – Австриското Министерство за одбрана испрати предупредување до сите припадници на вооружените сили со повик итно да ја известат воената контраразузнавачка служба доколку стапиле во контакт со некој од 21 руски дипломат осомничен за шпионажа и врски со разузнавачките служби на Москва, објави весникот „Кронен цајтунг“. „Ако познавате едно или повеќе од овие лица или тие стапиле во контакт со вас, ве молиме да ја ...

Мадрид, 14 август 2026 (МИА) - Илјадници шпански и марокански полицајци и војници денеска се распоредени долж границата со Сеута, откако на социјалните мрежи се појавија повици за нов масовен обид на мигранти да влезат во оваа шпанска енклава на северот од Мароко, каде што засега ситуацијата е мирна. Властите во Мадрид и Рабат ги следат спорните објави на интернет и го координираат заедничкиот одговор, пренесува бриселскиот портал „Политико“. ...

Милано, 14 август 2026 (МИА) – Стотици патници останаа заглавени на Сицилија откако густиот чад и острата вулканска пепел од петдневната ерупција на Етна го блокираа авиосообраќајот и предизвикаа целосно затворање на најголемиот меѓународен аеродром на островот, во Катанија. Ова е најдолгиот прекин во работата на аеродромот уште од 2002 година, а според последните најави, тој ќе остане затворен најмалку до утре во раните утрински часови. ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
74%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
62%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
85%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
67%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
59%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53