Вашингтон, 30 јули 2026 (МИА) - На Марс е откриено пространо подрачје покриено со необични шестоаголни структури што потсетуваат на саќе. Ваквите необични структури се откриени од роверот „Кјуриосити“ (Curiosity) на НАСА, кој во тој момент се движел по планината Маунт Шарп. Така наречените полигонални пукнатини и претходно биле забележани на Црвената Планета, но на помала површина. - Откритието на роверот навистина нè изненади, пред сè поради ...

Вашинтон, 30 јули 2026 (МИА) - Актерката Дона Милс привлече големо внимание откако на 85-годишна возраст отвори профил на платформата „Онли фанс“ Одлуката ја донела за да биде поблиску до обожавателите. - Воопшто не ми пречи што сум најстара креаторка на оваа социјална мрежа. Според мене дигиталните медиуми нудат можност за поинаков начин на комуникација со публиката која ми пружи многу во текот на мојата актерска кариера. Сакам само да ѝ се ...

Лос Анџелес, 31 јули 2026 (МИА) - Завршен и необјавен филм во којшто глуми Николас Кејџ, мистериозно исчезна од студио на Нетфликс. Следствено, продуцентот загрижен за можна појава на пиратски изданија и примероци, тврди дека проектот е уништен и бара отштета. Стрим-гигантот отфрла секаква вина. Бараната отштета е 105 милиони долари. Продуцентот Сајмон Афрам тврди дека копија од неговиот филм „Fortitude“ (Стаменост) е украдена од холивудското ...

Спрингфилд, 31 јули 2026 (МИА) - Американската сојузна држава Илиноис направи значаен чекор во унапредувањето на правата на лицата со попреченост откога гувернерот Џеј Би Прицкер го потпиша Законот за проширена примена на поддржаното одлучување (Supported Decision-Making). Законот гарантира поголема самостојност и независност во носењето одлуки за својот живот. Поточно, новото законско решение ќе им овозможи на полнолетните лица со ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Заклучно со 30 јули, во државата се потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска. Од нив, 10 пациенти се хоспитализирани на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, а тројца се наоѓаат во критична здравствена состојба, соопшти денеска Министерството за здравство. Од вкупниот број заболени шест се од Драчево, по двајца се од Аеродром и Гази Баба, а по еден од Илинден, Сопиште и ...

Велес, 30 јули 2026 (МИА) - Во сообраќајка што утрово се случила околу 9 часот на патот од Градско на клучката за експресниот пат кон Прилеп помеѓу две патнички возила од Скопје и Битола, повредени се деветмина, од кои двајца потешко. Потешко повредените се пренесени во болници во Скопје, а останатите судуммина, меѓу кои и три деца се хоспитализирани во Велешката болница. Ниту еден од повредените не е во животозагрозувачка состојба. Како што ...

Велес, 30 јули 2026 (МИА) – Во СВР Велес утрово околу 08:20 часот било пријавено дека на експресниот пат на делницата од Градско кон Прилеп, во близина на Градско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната А.Д. од Битола и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(48) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле ...

Скопје, 30 јули 2026 (МИА) - Еден месец по формирањето на Работниот тим (Task force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, Министерството за внатрешни работи бележи значајни резултати во борбата против организираниот нарко-криминал. Засилената координација, побрзата размена на информации и заедничкото дејствување на организациските единици овозможија поефикасно откривање и сузбивање на криминалните структури што се занимаваат со ...

Скопје, 30 јули 2026 (МИА) - Во функција се камерите на „Безбеден град“ во дел од општина Дебрца, наскоро ќе стартуваат и во Охрид, соопштија вечерва од Министерството за внатрешни работи. Во соопштението се појаснува дека по извршеното финално тестирање, ставени се во функција безбедносните камери на системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца. - Наскоро камерите ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Лишен од слобода е жител на струмичко село кој предивикал пожар во дворот и на улицата на која живее, забележан е од полициски службеници - соопшти Министерството за внатрешни работи. -Синоќа во 22:00 часот во село Габрово, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.К..(63) од Струмица, со престој во селото. Полициски службеници го забележале како во неговото дворно место предизвикал ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Полициски службеници денеска лишиле од слобода едно лице при претрес во Гостиварско откога кај него се пронајдени дрога и муниција - соопшти Министерството за внатрешни работи. - Денеска, во 7.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Д. С.(58) од с. Равен, Гостиварско, поради основано сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - По најавата на УХМР за топлотниот бран што ќе ја зафати земјата во наредните денови, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) предупредува дека на удар се и животните поради што е неопходно нивно соодветно згрижување. Според АХВ, доколку животните се држат во несоодветни услови, кога температурите се исклучително високи, во објекти со висок процент влага и недоволна вентилација, може да дојде до топлотен удар. ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен - информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Зголемена фреквенција на возила е регистрирана на граничниот премин Богородица за излез од државата и на Табановце за влез, но засега нема поголеми задржувања на македонската страна. Од АМСМ апелираат возачите да ја ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска, на промоцијата на 26. класа студенти/питомци во чин потпоручник и слушатели на курсот за офицери во чин поручник во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во касарната „Гоце Делчев“ порача дека новата генерација офицери претставува инвестиција во иднината на македонската Армија, но и во безбедноста на државата. На свеченоста беа промовирани вкупно 36 ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар бележи значително подобрување, со континуирано намалување на бројот на пациенти што побарале медицинска помош. Во текот на вчерашниот ден во Општата болница и во Здравствениот дом во Гостивар биле извршени вкупно 36 прегледи, што е за 37 помалку во споредба со претходниот ден, кога биле регистрирани 73 прегледи. Во моментот во ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Во текот на јули, во просек дневно се регистрираа по околу 15 пожари на отворен простор. Благодарение на навремените интервенции на пожарникарите, како и поддршката од воздухопловните средства на Дирекцијата за заштита и спасување, сите пожари беа успешно ставени под контрола и изгаснати. Ова го соопшти денеска во изјава за медиумите директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Посочи дека ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Директорот на Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) ,Гоце Димовски, ја посети компанијата „Шахтерм“, каде што изврши увид во текот на градежните активности на инвестицијата, чија реализација почна во мај минатата година, а почетокот на производството се очекува до крајот на годината. Како што стои во соопштението од ТИРЗ, во рамките на посетата Димовски оствари средба со менаџментот на компанијата, на која ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за учебната 2025/2026 година. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната ...

Скопје, 41 јули 2026 (МИА) - Положбата и актуелните предизвици со кои се соочуваат помалубројните заедници во Република Северна Македонија, како и можностите за натамошно унапредување и заштита на нивните права преку засилена институционална соработка, биле во фокусот на денешната средба на директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Далибор Китановиќ, со политичкиот советник во Амбасадата на САД, Ендру Ковтун, и ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Во врска со регистрираната појава на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец на 24 јули Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), во координација со сите надлежни институции, веднаш презеде серија вонредни теренски и лабораториски активности, соопшти Министерство за животна средина и просторно планирање. Инспекторите на ДИЖС, како што се посочува, спроведоа вонредни инспекциски ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Една од темите за која во последно време сѐ почесто се зборува е независноста на централната банка, што е можеби најважниот предуслов за одржување на довербата и стабилноста во монетарната политика. Причината поради која спроведувањето на монетарната политика им е доверено на независните централни банки е тоа што институциите што носат самостојни одлуки полесно обезбедуваат ниска и стабилна инфлација на долг рок - ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Царинските службеници на влез на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегален пренос на готовина во износ од 64.250 евра, пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички, со кој патувал грчки државјанин. Девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд - информираат од Царинската управа. Во конкретниот случај, на прашање на царинските ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Во јуни 2026 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,67% и е намалена на месечна и на годишна основа за 0,02 п.п. и 0,36 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од претходниот месец и изнесува 2,17%. На годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните депозити е пониска за 0,03 п.п. – Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити2, во ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување ја одржа 36. седница, на која беше усвоен полугодишниот извештај за работата на Фондот во 2026 година - соопштија денеска од Фондот. Директорот на Фондот, Никола Мемов, ги известил членовите на одборот за активностите што се преземени во изминатиот период и информирал дека во пензионерскиот дом во Аеродром е оштетен покривот од невремето што го ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача сточарите и другите земјоделци при аплицирање за субвенции да го пријавуваат реалното производство. Не може, како што рече, да се наведе дека една крава дала стопати повеќе млеко од најдоброто грло во светот или дека на еден хектар површина се произведени 35 тони тунун. Мицкоски е дециден дека субвенциите за сточарите се обезбедени и дека исплатата ќе почне веднаш штом ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Во вториот квартал од 2026 година, меѓународните цени на суровата нафта и рафинираните производи останаа на релативно високо ниво, но со надолен тренд во однос на рекордните вредности забележани на крајот од првиот квартал. Овој тренд беше поттикнат од постепеното ублажување на геополитичките тензии на Блискиот Исток и намалувањето на загриженоста поврзана со прекини во снабдувањето. Иако цените на суровата нафта ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Во вториот квартал годинава најголемата постигната цена на стан продаден од инвеститор по метар квадратен изнесува 206.640 денари (3.360 евра) односно за 50 метри квадратни стран во Центар платени се 168.000 евра, покажува денеска објавениот Извештај од Регистарот на цени и закупнини за периодот април - јуни годинава. Од продажбите на стари станови, најголемата постигната цена по метар квадратен е во Охрид и ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола - информираат од Владата. Притоа тој ќе изврши увид на реконструираните одделенија и на набавената нова медицинска опрема, каде што ќе биде дадена изјава за медиумите. сст/ац/ Фото: МИА архива Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Владата од првиот ден работи на решение што ќе ги зајакне позициите на државата, кои се лошо поставени од претходната влада. Целта е решението да биде достоинствено и да обезбеди предвидлив евроинтегративен процес - изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Муцунски во гостувањето во вестите на „Канал 5“ посочи дека се води активен дијалог со земјите членки на Европската Унија, ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Полициската професија не е професија што завршува со истекот на работното време. Таа е животен избор, повик што бара храброст кога е најтешко, смиреност кога сите други се вознемирени, чесност кога никој не ја гледа и човечност во секоја постапка. Ќе има денови кога ќе бидете први на местото на несреќата, први кога некој ќе побара помош, први кога ќе треба да застанете помеѓу опасноста и граѓаните. Токму затоа ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
0.71
43%
1015
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
0.89
69%
1017
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.37
70%
1019
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.66
45%
1015
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.84
50%
1013
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.37
96%
1020
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
1.79
43%
1010
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
1.09
32%
1012
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.86
47%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
4.92
59%
1013
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
57%
1019
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
1.3
65%
1010
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Платина

56038.75

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Бакар

13.23

Цинк

0.00

Алуминиум

3.28

Паладиум

43628.56

Калај

56.36

Сребро

2044.16

Иридиум

252383.36

Злато

139576.04

Родиум

278103.96