Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Изјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по увид во градежните активности од првата фаза од изградбата на фекална канализација во населеното место Идризово, Општина Гази Баба. Со проектот е предвидена изградба на нова мрежа за фекална канализација во должина од 1.478 метри. Вредноста на договорот изнесува 49.188.012 денари, а средствата се обезбедени од вториот јавен повик на Владата. ...
Скопје, 16 август 2026 (МИА) – Инфлацијата во Македонија во јули годинава изнесува 2,3 проценти на годишно ниво, додека цените на мало во маркетите се зголемени за 1,8 проценти, што ја става земјата на второто место со најниска инфлација во регионот, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања по увид во градежни активности за изградба на фекална канализација во населеното место Идризово во општина Гази Баба, ...
Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, придружуван од министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и од градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска изврши увид во градежните активности од првата фаза од изградбата на фекална канализација во населеното место Идризово, Општина Гази Баба. Со проектот е предвидена изградба на нова мрежа за фекална канализација во ...
Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Денес од одмор на јахтата на Заев во Грција, Венко Филипче смисли нова тема за ширење на хистерија, овој пат за селската чешма со кисела вода во Кривогаштани. Пуштија СДС со сериозно предупредување бидејќи самопрогласениот „микробиолог“ Венко констатирал со Заев, меѓу две капења, дека селската чешма во Кривогаштани е загадена. Експресно дознале дека е загадена селската чешма, иако претходно како министер за ...
Кратово/Кавадарци, 15.август 2026 (МИА) – Фудбалските прволигаши попладнево ќе одиграат два натпревара од третото коло. Прволигашки фудбал ќе се игра во Кратово и во Кавадарци. Дуелот во Кратово меѓу Силекс и Скопје е закажан за 16 часот, додека 30 минути подоцна е почетокот на дуелот меѓу Тиквеш и Шкендија Арачиново. Утре се игра дербито на колото во Струга меѓу Струга Трим Лум и Вардар почеток 16:30 часот, а од 19 часот е почетокот на ...
Торино, 15.август 2026 (МИА) – Хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ е пред враќање во европскиот фудбал односно во екипа од Серија А. Тој три сезони настапуваше за екипата на Ал Наср во Саудиска Арабија. За 33-годишниот фудбалер интерес во моментов има од Јувентус и соработка брзо би можела да биде договорена особено што повторно тренер би му бил Лучијано Спалети. Под негова „палка“ Брозовиќ успешно настапуваше во дресот на милански ...
Минеаполис, 15.август 2026 (МИА) – Во чест на Кевин Гарнет, НБА екипата Минесота Тимбервулвс ќе го повлече дресот со број 21. Гарнет е еден од најдобрите играчи на Минесота во нејзината историја, а уште некои од неговите клупски рекорди се актуелни. Свечениот чин ќе се случи на 28.февруари 2027 година кога во Минесота ќе гостува Бостон Селтик, вториот тим на Гарнет каде настапуваше од 2007 година. Притоа како дел на Бостон во 2008 година ја ...
Мадрид, 15. август 2026 (МИА) – Капитенот на Тотенхем, Кристијан Ромеро е нов член на Атлетико Мадрид. Со трансферот Атлетико доби квалитетно засилување, а Тотенхем 34,2 милиони фунти и дополнителни 15% од следниот трансфер на Аргентинецот. Ромеро потпиша петгодишен договор со мадридскиот клуб, претходно настапуваше во Аталанта. 28-годишниот фудбалер во последната сезона кога Тотенхем се бореше за опстанок во Премиер лигата доби два црвени ...
Бирмингем, 15. август 2026 (МИА) – По два златни медали за Шпанија и Италија на денешните трки во брзо одење на Европското првенство што се одржува во Бирмингем, а во женска конкуренција новите шампионки поставија и светски рекорди. Највредниот резултат го постигна Софија Фиорини од Италија, која до златниот медал во маратонот во брзо одење стигна со време на нов светски рекорд – 3:15.11 часа, пред Катерина Ждрибело од Полска и Ракел Гонзалез ...
Пјештани, 15. август 2026 (МИА) – Македонската кошаркарска судијка Ема Никочевиќ доби голема признение од ФИБА. Таа е номинирана да го суди денешниот финален натпревар на меѓу Белгија и Шведска на ФИБА Европското првенство за кадетки – дивизија Б. Ема Никочевиќ ќе биде дел од судиската тројка на овој натпревар, заедно со Сузана Вујичиќ од Црна Гора и Иван Илиев од Бугарија. Шампионатот се одржува во Пјештани, Словачка. За Никочевиќ ова ќе ...
Париз, 15.август 2026 (МИА) – Херојот на финалето на Мундијалот Феран Торес е новото засилување на европскиот првак ПСЖ откако го потпиша договорот до 2031 година. Тој во ПСЖ ќе настапува во дресот со број 9. - Среќен сум што почнувам нова авантура во амбициозен клуб како ПСЖ. Благодарност до претседателот Насер Ал-Келафи, Луис Кампос и до тренерот Луис Енрике што ми дадоа шанса да се приклучам на екипата, се надевам на освојување на што е ...
Грандтули, 15.август 2026 (МИА) – Македонскиот кајакар на диви води Благој Гугинов го освои деветтото место на Европското јуниорско првенство во Грандтули, Шкотска. Ова е еден од највредните резултати за македонски претставник на континенталниот шампионат. Младиот македонски репрезентативец најпрво обезбеди пласман за финалната трка со одличен настап во квалификациите, а потоа во финалната трка имаше уште едно забележително возење. Пласманот ...
Скопје, 15. август 2026 (МИА) – Македонската кадетска кошаркарска репрезентација со пораз од Бугарија (62-102) го заврши настапот на Европското првенство од дивизијата „Б“, кое во изминатите денови се одржува во Македонија. Во натпреварот за 13. место, Бугарија беше подобар противник и заслужено стигна до победата. Македонските кадети не успеаја да го повторат пристапот од претходните натпревари, па противникот постепено ја зголемуваше ...
Кратово/Кавадарци, 15.август 2026 (МИА) – Победи за Силекс и Шкендија Арачиново на денешните дуели од третото коло од Првата фудбалска лига. Силекс во вториот дел успеа да го „скрши“ отпорот на Скопје и славеше со 3:0, додека новиот прволигаш Шкендија Арачиново направи изненадување и го совлада Тиквеш на негов терен со 1:0. Во Кратово домашниот тим поведе во 48.минута преку Есмир Хасукиќ. На 2:0 во 60.минута зголеми Никола Богдановски од ...
Велес, 12 август 2026 (МИА) - Во паркот пред Општина Велес вечер во 20,30 часот е најавен музичко- сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ посветен на 35 години независнот на Македонија. На сцената ќе настапат околу 80 уметници, меѓу кои дваесетина познати македонски пејачи, актери и танчари. Низ вечерта ќе води Игор Џамбазов, а режијата на музичко-сценскиот спектакл е на Дејан Пројковски. Настанот вечерва во Велес е дел од карванот кој во ...
Скопје, 12 август 2026 (МИА) – Од 20 до 27 август со мото „Само сонот е стварност“ ќе се одржува 17. Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“. Во осумте фестивалски дена ќе бидат прикажани 71 филм - нови документарци, ќе има над сто гости од странство и обемна дополнителна програма со мастер-класови, работилници, панел-дискусии и дводневен МакеКоПроДокс форум за развој на проекти од регионот (25-27 август). Фестивалот годинава ќе ...
Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Културниот едукативен центар Лабораториум, во склоп на летната иницијатива „Скопје вибрира“, организира сликарска сесија со македонскиот сликар и графичар Роберт Дандаров, замислена како неформална средба за создавање, разговор и размена помеѓу креативци, а домаќин на вечерта ќе биде младата уметница Ивана Павловска. Како што соопшти организаторот, за разлика од класичниот формат на ликовна работилница, настанот ...
Охрид, 13 август 2026 (МИА) - Шест концерти на реномирани домашни и странски џез музичари ќе се одржат од вечерва до 16 август во рамките на новата програмска целина „Џез вечери“ на фестивалот „Охридско лето“. Првото издание на „Џез вечерите“ ќе се одржува на сцените во црквата „Света Софија“, нејзиното Предворје и на Долни Сарај, а на програмата се концерти на Крсте Роџевски, „Дине Донеф трио“, Националниот џез оркестар, Питер Сомуа, Нубаја ...
Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Институтот за македонска литература ја објави книгата „Жени во македонскиот фолклор од XIX век“ од д-р Славчо Ковилоски, продолжение на претходните книги „Жени во македонската книжевност од XIX век“ и „Македонското женско творештво од XIX век“, со кои авторот ги афирмира непознатите женски имиња во македонската култура, книжевност, образование, револуционерни борби и фолклор. Тргнувајќи од основната идеја дека ...
Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Со изведба на претставата „Кармен“ на НУ Драмски театар Скопје, утре во Неготино ќе биде отворен Театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“. Ова е трет фестивал што се одржува во чест на истакнатиот македонски актер Бранко Ѓорчев. Фестивалот ќе се одржува во салата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“, а сите претстави ќе започнуваат во 20 часот. Влезот за публиката е слободен. Од 14 до 23 август, публиката во Неготино ...
Велес, 13 август 2026 (МИА) – Во ликовниот салон на Народниот музеј во Велес отворена е изложбата на младата уметничка од Илинден,Скопје, Катерина Трајковска Поп-Арсова насловена „На земјата ѕвезди-на небото светулки“, на која авторката се претставува со 25 свои дела, акрил на платно. По Илинден, Скопје каде и живее авторката со изложбата која ја претстави во Домот на културата, во Велес изложбата е збогатена со нејзини нови 10 уметнички ...
Скопје, 14 август 2026 (МИА) - Со изведба на претставата „Кармен“ на НУ Драмски театар Скопје вечер во Неготино ќе биде отворен Театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“. Ова е трет фестивал што се одржува во чест на истакнатиот македонски актер Бранко Ѓорчев. Фестивалот се одржува во салата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“. Претставите почнуваат во 20 часот, а влезот за публиката е слободен. Публиката во Неготино до 23 август ќе има можност да ...
Охрид, 14 август 2026 (МИА) - Националниот џез оркестар вечерва ќе настапи на сцената „Долни Сарај“ во рамки на „Охридско лето“, каде пред охридската публика ќе ја претстави концертната програма „Македонски сновиденија“. Концертот започнува во 21 часот, под диригентската управа на Владимир Николов, а специјален гостин ќе биде истакнатиот западноафрикански трубач, Питер Сомуа од Гана. „Македонски сновиденија“ носи спој на македонскиот фолклор ...
Скопје, 14 август 2026 (МИА) - Живко Поповски – Цветин, македонски уметник и хуманист, изработи 35 метарска мироцветна патека по повод три и пол децении македонска независност. Оваа цветна патека, според него, претставува Симбол на мирољубивиот македонски народ и сите народности кои живеат во Македонија. - Во сите овие триесет и пет години, како македонски народ, покажавме и докажавме дека чекориме по цветната патека на мирот. Ние сме ...
Струга, 14 август 2026 (МИА) - Во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга во понеделник ќе биде отворена изложбата „Оркестрација“ на македонската визуелна уметница Аница Китаноска. Кураторот на изложбата е Стефан Александар Јовановски, а аудио-инсталацијата на Марко Китаноски. Отворањето, како што соопшти Центарот за култура, ќе биде проследено со звучен перформанс на Дамјан Томоски. - Природата дејствува преку непрекинати процеси ...
Скопје, 15 август 2026 (МИА) - На „Школка“ во Градскиот парк во Скопје вечер ќе биде промовирана книгата „Радосница за деца“ од Боби Додевски, со илустрации на Мила Доневска. Предвидено е настанот да почне во 19:30 часот. - „Радосница за деца“ е збирка искрени, духовити, поучни и разиграни стихотворби, наменети за децата, но и за родителите кои сакаат преку книгата да создадат заеднички моменти, да читаат, да се смеат и да го откриваат светот ...
10 август 2026 Ал Џезира - Доха Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го одби планот од 15 точки на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за Газа, велејќи дека израелските сили нема да се повлечат додека Хамас не биде „вистински разоружан“. „Израел го одбива документот од 15 точки“, рече тој на седница на кабинетот, нагласувајќи дека Хамас мора да се откаже од целото свое оружје пред какво било повлекување. Трамп на ...
Рабат, 15 август 2026 (МИА) - Мароканските безбедносни сили денеска спречија неколку стотици мигранти, претежно од подсахарска Африка, нелегално да ја преминат границата во шпанската енклава Сеута. Благодарение на интервенцијата на мароканските безбедносни сили, ситуацијата остана мирна на шпанската граница помеѓу Сеута и Мароко, која е во состојба на зголемена готовност со силно присуство на безбедносните сили, јавија шпанскиите медиуми. ...
Џакарта, 15 август 2026 (МИА) – Бројот на загинатите во силниот земјотрес што денеска ја погоди источна Индонезија се зголеми на 38 лица, потврди за новинарите Сухарјанто, директор на индонезиската Национална агенција за управување со катастрофи (БНПБ). Спасувачките екипи ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани во подрачјето во близина на островот Флорес, каде што земјотресот со магнитуда од 7,7 степени предизвика сериозни ...
Кабул, 15 август 2026 (МИА) – Талибанските власти во Авганистан денеска одбележуваат пет години од доаѓањето на власт со воени дефилеа, собири и спортски манифестации, истакнувајќи ги „слободата и безбедноста“, додека Обединетите нации и меѓународните организации ги осудуваат сè построгите ограничувања на човековите права во земјата. Точно пет години откако талибанските бунтовници влегоа во Кабул по хаотичното повлекување на силите предводени ...