Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север, синоќа околу 23:00 часот, постапувајќи по Оперативниот план за спречување, откривање и фаќање лица кои вршат криумчарење преку државната граница, на подрачјето на село Блаце, поточно на граничната линија меѓу Блаце и Хани Елезит, ги лишиле од слобода Н.Б. (27), Х.Б. (26) и Е.Џ. (21), сите од село Блаце. Според МВР, лицата биле затекнати додека ...
Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Пред да заминете на патување треба да се информирате за здравствената состојба, присутните заразни болести и потенцијалните здравствени ризици во земјата или регионот каде патувате, најмалку еден месец претходно треба да проверите дали се препорачува вакцинација или превентивна терапија (на пример, вакцинација против жолта треска или профилактична терапија за маларија), да се осигурате дека вие и членовите на ...
Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Високите температури ќе се задржат и во текот на вечерните и ноќните часови. За денеска се најавува многу топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а ...
Крушево, 1 август 2026 (МИА) - Со кревањето на знамето на Крушевската Република на Гумење и свечена програма, вечер во Крушево почнува традиционалната манифестација „10 Дена Крушевска Република“, со која стартуваат чествувањата по повод Илинден – Денот на Републиката и 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Програмата започнува претпладне со положување цвеќе на гробот на Дамјан Груев, по што делегација на ...
Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта во земјава утрово се одвива непречено и по суви коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце за влез во државата и на Богородица за излез се бележи поголема фреквенција на возила, при што времето на чекање изнесува од околу 30 минути до еден час. На ...
Скопје, 1 август 2026 (МИА) Славица СТЕФАНОВСКА „Убавото нема смисла ако не е споделено“. Реченица, која, според раскажувањата и усните преданија, го отсликува животот на Јоргос Зорбас или Гркот Зорба во Скопје. Она што го заработувал не го задржувал себично само за себе, туку го делел со пријателите, познајниците и со случајните минувачи. Им помагал и на сиромашните, не затоа што ги жалел, туку поради ставот дека ништо што поседуваш не е ...
Скопје, 1 август 2026, (МИА) Блаже МИНЕВСКИ Македонците „не го сакаат Господ, бидејќи дозволил Македонија долго да страда од османското угнетување“. Многумина велат „ние бараме помош од силите кои се блиску, а Господ е многу далеку“. Ова е дел од извештајот на британскиот генерален конзул во Софија до државниот секретар за надворешни работи на Велика Британија, испратен на 21 јуни 1903 година, кој на мошне илустративен начин ги опишува ...
Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Завршена е изградбата на новата водоводна и канализациона мрежа на улицата Фаик Коница (поранешна Дижонска 15) во Општина Чаир, проект реализиран со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање во вредност од 6,9 милиони денари. По повод завршувањето на проектот, теренски увид извршија министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и претседателот на Советот на ...
Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Имавме несовесно работење на вработени од Јавното претпријатие „Водовод“ коишто директно со цевки и пумпи вода од река префрлеле во главниот резервоар. За тоа Обвинителството постапуваше и постапува и веќе имаме лица коишто се обезбедени, сослушани. Очекувам да имаме и проширување во истрагата. Одговорноста е лоцирана и се преземаат мерки, веќе е обезбедена техничка вода за користење. Ова го изјави премиерот ...
Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Министерството за здравство денеска соопшти дека внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка која по царски рез направен во Клиничката болница во Штип останала парализирана. - Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор. По ...
Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд е значително понизок во однос на времето кога беше пикот, информира денеска Министерството за здравство. - На 31 јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со пикот од 18 јули, кога беа евидентирани 649 прегледи. Од ...
Скопје, 1 август 2026 (МИА) - До Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи на западно-нилска треска, соопшти Министерството за здравство. На Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето и за кои се очекуваат резултатите од лабораториските испитувања. - Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и здравствените установи, ...
Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Зголемена фреквенција на возила има на граничните премини кон Грција и Србија. Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека на граничниот премин Табановце за влез и излез од земјава се чека повеќе од еден час, а на граничниот премин Богородица за излез од земјава се чека околу 30 минути. На граничниот премин Блаце за излез од земјава се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, ...
Дебар, 1 август 2026 (МИА) - На 72- годишна возраст во Скопје почина Исмаил Боја, почесен председател на Сојузот на Македонците со исламска религија. -Со голема тага информираме дека почина нашиот почесен председател Исмаил Бојда. Изгубивме голем човек, патриот, другар и пријател. Целиот свој живот го посвети на заложбите за правата на Македонците кои припаѓаат на исламската религија и во тој контекст неговите дела ќе останат како пример за ...
Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Во вториот квартал годинава во Регистарот на цени и закупнини се евидентирани 2.148 закупи. Вкупниот број на закупи бележи пад од 17 проценти на квартално ниво. Вкупна месечна закупнина за овој квартал изнесува 1,2 милиони евра и има раст во однос на првиот квартал за 9 проценти. Најголем број од закупите од овој квартал, 935, припаѓаат на деловни простори (44 проценти) по што следуваат становите со 630, (29 ...
Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Имаме намалување и на државниот и на јавниот долг во вториот квартал и сега сме, би рекол, посебно за државниот долг, на ниво коешто, е најниско од после короната. Имаме намалување за нешто повеќе од 40-тина милиони евра кај државниот и нешто повеќе од 20-тина милиони евра кај јавниот долг во вториот квартал од годината и имаме зголемување на индустриското производство во јуни месец од 6,5 проценти или, ако се ...
Дебар, 1 август 2026 (МИА) – Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Дебар изјави дека доделувањето на 47 нови социјални станови претставува значаен чекор во обезбедувањето достоинствени услови за живот за најранливите категории граѓани. -Навистина е убав момент кога гледаме 47 среќни семејства кои од денеска добиваат свој дом и можност за посигурна иднина. Станува збор за квалитетно изграден објект наменет за ...
Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ја отвори Летната школа за учење македонски јазик, на која учествуваат деца на наши иселеници од повеќе држави ширум светот. Летната школа се одржува од 31 јули до 6 август и има за цел да им овозможи на младите генерации од дијаспората да го изучуваат македонскиот јазик, да ја запознаат нашата култура, историја и традиција и уште повеќе да ја зацврстат врската со ...
Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Охрид остварил тет-а-тет средба со премиерот на Србија, Ѓуро Мацут. - Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи што ќе придонесат за поголем развој и просперитет на двете држави, напиша ...
Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на државата поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од утре. Владината прес-служба вечерва соопшти дека одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално мобилизирање на сите расположливи ...
Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Дебар ќе присуствува на доделување 47 станови за социјално загрозени категории граѓани. Право на добивање социјален стан имаат лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици на згрижување деца без родители, корисници на правото на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни природни непогоди, без разлика на ...
Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод 2 Август – Денот на Републиката, упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека овој празник нè обединува околу вредностите врз кои се гради и зајакнува нашата држава и нè потсетува на заедничката одговорност да ја зајакнеме со дела, визија и посветеност. -2 Август нè потсетува на идеалите за слобода и самоопределување, поставени врз двата столба на нашата ...
Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова денеска во вила „Билјана“ во Охрид остварила средба со српскиот премиер Ѓуро Мацут. -Во вилата „Билјана“ се сретнав со српскиот премиер, проф. д-р Ѓуро Мацут, придружуван од македонскиот премиер проф. д-р Христијан Мицкоски. Особено ми беше драго што, покрај политичките функции, тројцата нè поврзува и академската професија, којашто секогаш отвора простор за содржаен и ...
Дебар, 1 август 2026 (МИА) – Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Дебар присуствуваше на доделувањето на клучевите за новите 47 социјални станови, со што беше означено пуштањето во употреба на новиот станбен објект наменет за повеќе семејства. Мицкоски им посака на корисниците на становите здравје, среќа и домовите да им бидат место за мир и сигурност, најавувајќи дека Владата ќе продолжи со инвестиции во вакви проекти. -За мене ...
Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Министерот за правда Јетон Шасивари по повод големиот државен празник Илинден упати честитка со порака за обединетост за праведна, еднаква и успешна Република. - Илинден не е само симбол на борбата за слобода, туку и трајна порака дека државата се гради врз идеалите на еднаквост, правда и заедничка иднина. Овие вредности и денес се темелот на нашата Република и на нашата обврска да градиме општество во кое секој ...
Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Христијан Мицкоски денеска изјави: „Верувам дека за првпат по многу години граѓаните ќе користат вода која е целосно бактериолошки исправна.“ За првпат? Значи две и кусур години, додека ВМРО-ОКГ има апсолутна власт, водата во Гостивар не била исправна. Значи две години знаеле. Две години молчеле, велат од СДСМ во писмената реакција што МИА ја објавува интегрално. Две години ги труеле сопствените граѓани. А водата ...
Сан Хозе, 31 јули 2026 (МИА) - „Амазон“ вчера соопшти дека само годинава ќе потроши дополнителни 20 милијарди долари за проширување на својата инфраструктура за вештачка интелигенција наведувајќи ги нагло повисоките цени на мемориските чипови и зголемената побарувачка за компјутерски капацитет - јавува ДПА. Главниот извршен директор Енди Џаси на конференциска врска со аналитичарите ја зголеми прогнозата на компанијата за капитални расходи на ...
Берлин, 31 јули 2026 (МИА) - Бројот на невработени во Германија значително се зголеми во јули и повторно ја надмина границата од три милиони лица - соопшти денеска Федералната агенција за вработување со седиште во Нирнберг. Според официјалните податоци, во јули се регистрирани 3,007 милиони невработени, што е за 71.000 повеќе во однос на јуни и за 28.000 повеќе во споредба со истиот месец лани, пренесува „Ханделсблат“. Стапката на ...
Брисел, 31 јули 2026 (МИА) – Инфлацијата во еврозоната во јули, поттикната од повисоките трошоци за енергија и услуги, се зголеми за 0,1 отсто, покажуваат прелиминарните податоци од Евростат. Годишната инфлација, која во јуни изнесуваше 2,8 проценти, овој месец се искачи на 2,9. Основната инфлација, која ги исклучува волатилните цени на енергијата, храната, алкохолот и тутунот, се искачи на 2,5 проценти од 2,4 отсто претходниот месец. На ...
Скопје, 24 јули 2026 Семос Едукација стана официјален партнер на Anthropic и се приклучи на Claude Partner Network (CPN), глобалната партнерска мрежа на компанијата што стои зад Claude, една од најнапредните платформи за вештачка интелигенција во светот. Ова партнерство претставува значајна пресвртница за Семос Едукација и потврда за нејзината долгогодишна посветеност на развојот на дигиталните вештини, AI едукацијата и имплементацијата на ...