Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Тетово, 2 август 2026 (МИА) - Со интонирање на државната химна и со читање на делови од Крушевскиот Манифест и реферат за двата Илиндена, во Тетово денеска беше одбележана 123 годишнината од Илинденското востание и 82 годишнината од првото заседание на АСНОМ. Прославата, организирана од Сојузот на борците од Тетово, се одржа пред споменикот на Револуцијата во центарот на градот. -2 Август не е само датум, тој е завет. Од Херонеја каде што ...
Кочани, 2 август 2026 (МИА) - Со положување цвеќе на Споменикот на слободата и на споменикот на Никола Карев во Паркот на Револуцијата, во Кочани денеска беше одбележан големиот национален празник 2 Август – Илинден. На одбележувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, членови на Советот на Општината, како и општински граѓански и партиски делегации. Градоначалникот Грозданов посочи дека Илинден обединува две ...
Делчево, 2 август 2026 (МИА) – Со полагање цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и пред споменикот на паднатите борци од Народноослободителната војна во центарот на Делчево, денеска беше одбележан 2 Август – Илинден, Денот на Републиката. На спомен-плочата со имињата на загинатите борци стои пораката „Сонцељубиви, зар без вас ќе бевме ова што сме“, како потсетник на нивната жртва и придонес во борбата за слобода. Во рамки на одбележувањето, ...
Дојран, 2 август 2026 (МИА) - Илјадници посетители денеска го чествуваа големиот македонски национален празник 2 Август – Илинден во Дојран, истовремено оддавајќи почит на заштитникот на градот, светиот пророк Илија. Градот пречека туристи од повеќе места од земјава, а дојранчани за кои празникот има посебно значење си посакаа меѓу себе желби за благосостојба, напредок на местото каде живеат и мир во семејствата и меѓу најблиските. ...
Куманово, 2 август 2026 (МИА) - Во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце денеска со свечена државна церемонија и културно-уметничка програма беше одбележан Денот на Републиката – 2 Август. На свеченоста се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, кој упати честитка по повод Денот на Републиката и ја истакна историската важност на Илинден и АСНОМ за македонската државност. Делегација на Општина ...
Дебар, 2 август 2026 (МИА) – Македонското друштво „Илинден“-Тирана, друштвото „Преспа“ и здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ упатија честитки по повод 2 Август – Илинден, порачувајќи дека празникот претставува завет на достоинство и симбол на единството на Македонците. -Да го почитуваме и достоинствено да го славиме овој голем ден, посветен на Илинденското востание од 1903 година, како и на славниот Илинден од 1944 година, кога беа поставени ...
Битола, 2 август 2026 (МИА) - Со полагање цвеќе на споменикот на двата Илиндена на плоштадот „Гоце Делчев“ и Споменикот на илинденците во Храмот „Света Недела“, денес во Битола беше одбележан големиот државен празник Илинден. Пред 123 години започна востанието кое ги постави темелите на нашата борба за слобода, а пред 82 година АСНОМ ја зацврсти идејата за независна држава. Денес го славиме Илинден – симбол на заедништво, храброст и ...
Пустец, 2 август 2026 (МИА) - По повод големиот македонски национален празник Илинден, делегација на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), предводена од претседателот Васил Стерјовски, положи свежо цвеќе на споменикот на борците во селото Туминец, Општина Пустец. Споменикот е подигнат во чест на илинденците, како и на борците од Туминец кои се приклучија на македонските партизански одреди и учествуваа во борбата за ...
Скопје, 2 август 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити информираше дека е завршен уште еден значаен инфраструктурен проект во населбата Дижон, во рамки на инвестициите за модернизација на комуналната инфраструктура и подобрување на условите за живот на граѓаните, информира Општина Чаир во соопштение што МИА го објавува интегрално. Во рамките на проектот на улицата „Фаик Коница“ целосно е реконструирана водоводната мрежа, ...
Скопје, 29 јули 2025, (МИА) Пишува: Слободан ИВАНОВ - Битката кај Беласица на 29 јули 1014 година е позната по победата на византиската војска над Самуил, која, се чини, го означила почетокот на крајот на Самуиловата држава; но се помни и по преданието за ослепувањето 14.000 или 15.000 Самуилови војници веднаш по битката. Всушност, еден од најпознатите византолози на овие простори, советско-југословенскиот историчар Георги Острогорски, ...
Скопје, 29 јули 2026 (МИА) Слободан ИВАНОВ Битката кај Беласица, според историчарите, се смета за одлучувачкиот миг за иднината и судбината на Самуиловото Царство, но падот на македонската средновековна држава почнал многу порано - кај реката Сперхеј кон самиот крај на Х век. Судирот кај реката во близина на историскиот град Ламија во средишна Грција, имено, е првиот воен неуспех на цар Самуил. Според историчарот Стјепан Антољак и неговиот ...
Куманово, 2 август 2026 (МИА) Александра МАКСИМОВСКА На 2 август 1944 година, во манастирот „Свети Прохор Пчињски“, на тогашната слободна територија, делегатите на Првото заседание на Антифашистичкото собрание за народно ослободување на Македонија (АСНОМ) усвоија девет историски одлуки, од кои четири имаа државотворно значење за современата македонска државност. Меѓу нив беше и Декларацијата за основните права на граѓанинот на Демократска ...
Берлин, 30 јули 2026 (МИА) - Германскиот автопроизводител „Ауди“ го претстави новиот „Ку-9“ (Q9) - првиот луксузен СУВ-теренец од целосна големина во својата историја. Новиот модел се одликува со пространа кабина, врвна технологија и напредни системи за помош при возење, а првите испораки се очекуваат во четвртото тримесечје од 2026 година. Со должина од 5,31 метри, „Ку-9“ е најголемиот автомобил „Ауди“ произведен досега. Стандардно располага ...
Кочани, 1 август 2026 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Кочани при претрес во дом во Кочани пронашле и одзеле над 160 грама кокаин, хашиш и марихуана, информира Министерството за внатрешни работи. Како што соопштува МВР, денеска по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.Р. во Кочани, при што била пронајдена наркотична дрога. Лицето А.Р. е лишено од слобода, известен е јавен обвинител, а по целосно ...
Кавадарци, 1 август 2026 (МИА) - Кавадарчанец бил приведен по обвинение дека ја нападнал малолетната партнерка, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес. - Денеска во 00:10 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишија од слобода У.С., 26-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека на кејот во градот, тој физички ја нападнал неговата 16-годишна партнерка од Кавадарци - појаснија од СВР - Велес. ...
Скопје, 1 август 2026 (МИА) - СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.А.(33) и С.Б.(22), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 18.07.2026, полициски службеници извршиле претрес кај пријавените на две локации, при што биле пронајдени и одземени кокаин и дигитална вага. СВР Скопје поднесе ...
Битола, 2 август 2026 (МИА) - Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес, во потпелистерското село Трново ќе ја одржат 55-та по ред, Семакедонска средба. Според востановената традиција, на средбата ќе и претходи утринска богослужба во црквата „Успение на ...
Скопје, 2 август 2026 (МИА) - Министерот за јавна администрација Горан Минчев упати честитка до граѓаните по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, истакнувајќи дека овој празник е најсветлиот симбол на македонската државност, слободарскиот дух и вербата во сопствената иднина. -Илинден е најсветлиот симбол на нашата државност, слободарскиот дух и непоколебливата верба во сопствената иднина. На овој голем празник со длабока почит им ...
Крушево, 2 август 2026 (МИА) Елизабета МИТРЕСКА Тргнале да загинат, за Крушево да преживее. Нивната смрт, нивната жртва на крушевчани им донела живот. Тоа е приказната за битката кај месноста Слива, над Крушево која заедно со епопејата на Мечкин Камен е една од најтешките во периодот на Илинденското востание, кога со последните сили се бранела Крушевската Република пред нејзиниот крај, на 12 август 1903 година. Неколку десетина востаници му ...
Крушево, 2 август 1903, (МИА) - Наместо романтизирана и далечна историја, има неколку историски четива кои нè соочуваат со суровиот, но фасцинантен човечки фактор зад македонскиот бунт од 1903 година. Ова е обид тоа да се стори и со улогата на Питу Гули деновите непосредно, за време и по Илинденско востание потпрено директно на фактите и мемоарите собрани во книгата „Питу Гули“ од Кочо Топузоски. Низ призмата на овие автентични сведоштва, ...
Скопје, 2 август 2026 (МИА) - Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, упати честитка до граѓаните, во која истакна дека идеалите на илинденците и асномската генерација обврзуваат на градење просперитетна, современа и правна држава. -Денес, кога одбележуваме 123 години од Илинденското востание и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, со длабока почит се поклонуваме пред ...
Скопје, 2 август 2026 (МИА) - Струмичките пожарникари утринава успешно спасија мајка и дете кои паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“. Од Територијалната противпожарна единица Струмица информираат дека спасувачката акција започнала околу 05:15 часот, кога тим од пожарникари-спасители бил испратен на местото на настанот. По пристигнувањето на местото на настанот, пожарникарите со употреба на соодветна ...
Смилево, 2 август 2026 (МИА) - Илинден не е само спомен. Тој е меѓник според кој се мери како се однесуваме кога времињата стануваат тешки. И токму затоа денес сме овде. Со почит да се потсетиме на 1903 година и, уште поважно, длабоко да им се поклониме на луѓето што покажаа што значи непокор. Илинденците не ни оставија слободна држава, но ни оставија насока до неа. Не ни оставија готова иднина. Ни оставија обврска да ја создадеме. Тоа е ...
Скопје, 2 август 2026 (МИА) - Министерот за правда Јетон Шасивари беше дел од владината делегација која во Крушево положи свежо цвеќе на Споменикот на бранителите на Крушевската Република и на Споменикот на хероите на месноста „Слива“, во чест на големиот државен празник – Илинден. Со овој чин, како што е наведува во соопштението од Министертвото за правда, беше оддадена почит кон илинденците и сите борци кои со својата пожртвуваност и ...
Скопје, 2 август 2026 (МИА) - Епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции, информира денеска Министерството за здравство. -Во текот на 1 август се регистрирани вкупно 57 први прегледи, што е за три помалку во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 60 прегледи. Нема нови хоспитализации, се наведува во соопштението. Заклучно со 1 август, регистрирани се вкупно 1.041 ...
Скопје, 2 август 2026 (МИА) - До крајот на денот ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени. Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер со променлив правец и со температура до 39 степени. Најтопло денеска ќе биде во Скопје, Велес и Демир Капија со ...
Скопје, 2 август 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено и по суви коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а поради поголемата фреквенција на возила има задржувања на два гранични премини. На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час, додека на ...
Битола, 2 август 2026 (МИА) - Ние сме Македонци, тоа не е политичка определба, тоа е нашиот корен, нашиот јазик, нашата култура, нашата Црква и нашата историја, истакна Драган Ковачки, пратеник и генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, на денешната Семакедонска средба во битолско Трново. На традиционалниот собир на македонците од земјава, соседните држави и странство, Ковачки посочи дека ВМРО ДПМНЕ ќе остане партија на македонскиот идентитет. -И ...
Скопје, 2 август 2026 (МИА) - Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и раководител на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче Ангелов информира дека денеска се регистрирани 20-тина пожари на отворен простор од кои најголем дел се изгаснати. Останатите се ставени под контрола и се очекува да бидат изгаснати во текот на денот. Во гаснењето на пожарите денеска не се вклучени ер -тракторите. - Пожар којшто беше видлив од подалеку ...
Крушево, 2 август 2026 (МИА) - Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Крушево по повод 2 Август – Илинден порача дека вистинската почит кон илинденците се покажува преку градење подобра иднина, а не со останување заробени во минатото. Во своето обраќање, Филипче им оддаде почит на хероите на Илинденското востание и на Крушевската Република, истакнувајќи дека нивната борба била за слобода, правда и право на македонскиот народ сам да ја ...