Загреб, 17 август 2026 (МИА) - Германскиот претприемач Кристоф од Франкфурт, кој 18 години летува на хрватскиот остров Брач и таму поседува куќа, објави отворено писмо на германскиот портал „Кроација вести“ во кое остро ја критикува прекумерната комерцијализација и растот на цените во хрватскиот туризам. Во објавата насловена „Не е дека немаме пари – имаме, но повеќе не сакаме да плаќаме за вашите илузии“, тој предупредува дека краткорочната ...

Месина, 17 август 2026 (МИА) - Во музеј на Сицилија, украдени се четири слики со непроценлива вредност од Ренесансата, соопшти италијанскиот министер за култура, Алесандро Џулио. Надлежните потврдија дека три панели од „Полиптихот на Свети Григориј“ од 1473 година, како и двострана плоча со прикази на Богородица и распнатиот Исус Христос, биле украдени од Регионалниот интердисциплинарен музеј во градот Месина, во саботата навечер. Уметничките ...

Атина, 17 август 2026 (МИА) – Припадниците на противпожарната станица на аеродромот во градот Ираклио на грчкиот остров Крит биле повикани да интервенираат во еден несекојдневен „инцидент“ и да спасат мршојадец кој „слетал“ на задното крило на авион паркиран на пистата, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарникарот Антонис Петракис на социјалните мрежи објави фотографии од мршојадецот, коментирајќи дека бил спасен откако претходно слетал ...

Милано, 17.август 2026 (МИА) – Екипата на Милан има ново засилување, откако успеа да го договори Диего Мореира од Стразбур. Веста за трансферот ја објави Фабрицио Романо. Италијанскиот тим ќе треба да плати 50 милиони евра и дополнителни бонуси. Француската екипа ќе има приход и од следниот трансфер на фудбалерот во друг клуб. За белгискиот фудбалер, кој квалитетно може да игра на двете страни на теренот интерес имаше и од клубови од ...

Лондон, 17.август 2026 (МИА) – Аргентинскиот репрезентативец Хулијан Алварез е еден од најбараните напаѓачи овој преоден рок. Тој е цел на Барселона, но неговиот сегашен клуб Атлетико Мадрид не дозволува трансфер. Фудбалерот во меѓувреме инсистира на разговори со тренерот Диего Симеоне и раководството на клубот за трансфер во Барселона, но тоа не се случува. Последните информации се дека и менаџерот на шампионот на Премиер лигата Микел ...

Охрид, 17 август 2026 (МИА) - Со учество на поети и автори од Македонија и повеќе европски земји, од 21 до 23 август во Велестово и во „Лапидариумот“ во Охрид ќе се одржува 38. издание на меѓународната културна манифестација „Поетска ноќ во Велестово“. Програмата започнува во петок, 21 август во Велестово, со кус музички концерт на Иван Христов и Петар Чухов од Бугарија, по што следува „Поетски портрет на Јовица Ивановски“, со поетско читање ...

Скопје, 16 август 2027 (МИА) Цветин ЧИЛИМАНОВ При крајот на јули, американската јавност беше шокирана кога го проследи сведочењето на Ентони Фаучи, поранешниот директор на инфективниот институт НИАИД и главен медицински советник на претседателот Трамп за време на Ковид епидемијата, во Сенатот. Сенаторите го повикаа Фаучи да го сослушаат за периодот кога имаше огромна моќ врз животите и економијата на САД и на целиот свет, и кога еден негов ...

17 август 2026 Бранка Д. НАЈДОВСКА Првото нешто што ќе го слушнете во Воден не е ниту улицата ниту вревата од луѓе. Тоа е водата. Некаде зад ѕидовите на старите куќи нешто постојано ромори, тивко, но упорно, како во заднина постојано да тече некаков скришен, неразбирлив разговор. Подоцна сфаќате дека водата не е само украс, туку постојан придружник на овдешниот живот со векови. Едеса односно, Воден, е подигнат на карпа над рамницата на Пела. ...

Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа се изречени 63 санкции за возење под дејство на алкохол на територија на цела држава, додека лишени од слобода се осум возачи по член 297-а од Кривичниот законик. Во текот на измината вечер (16/17.08.2026) во периодот од 23:00 до 05:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на ...

Oтава, 17 август 2026 (МИА) - Канада се подготвува за нов бран од 50 проценти американски царини што треба да стапат на сила в среда, бидејќи преговарачите од двете земји се уште се далеку од постигнување трговски договор. Новите царини ќе бидат насочени кон канадски увоз вреден речиси 20 милијарди долари, или околу 5,2 проценти од вкупниот американски увоз од земјата до 2025 година. Претседателот на САД, Доналд Трамп, минатиот месец се ...

Ова е едно од оние едноставни медитерански јадења во кои малку состојки создаваат богат и ароматичен вкус. Шкампите се подготвуваат во лесен сос од домати, бело вино, лук и магдонос, а презлата му дава на сосот пријатна густина. Најдобро се служат топли, со свеж леб за уживање во вкусниот сос. Состојки: 1,5 кг шкампи 1 главица лук 1 китка магдонос 200 мл бело вино 200 мл доматен сос 1 главица кромид 2 лажици презла масло сол по вкус ...

Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Ристо ТАСЕВ - На 14 јули 1946 година татко ми го затворија, го зедоа буквално пред порта. Со браќата подоцна се шегувавме дека границата со Грција ја поместиле пред нашата порта бидејќи по дваесетина дена, во весникот „Нова Македонија“ беше објавено дека е фатен на грчка граница при обид за бегство. Ние не знаевме каде е. Мајка ми, за да дознае каде е, отиде во Белград и ја прими Тито. Не знам дали е познато ...

Белград, 17.август 2026 (МИА) – Српскиот кошаркар Никола Калиниќ на 34.години објави крај на играчката кариера. Тој во новата сезона ќе биде дел од стручниот штаб на КК Црвена Звезда, каде и ја играше последната сезона. „Ја завршувам кариерата, ќе бидам помошен тренер во Звезда. Поради животната ситуација сакам да бидам во Белград“, напиша кошаркарот на социјалните мрежи. Во Црвена Звезда тој настапуваше во три наврати, а во странство играше ...

Крушево, 17.август 2026 (МИА) – По десетдневна интензивна физичка подготовка, машката репрезентација до 20 години влегува во втората фаза од темпирањето на формата во Крушево, за Зонските квалификации за ЕП 2027, односно започнува со воигрување на тимот. Селекторот Јован Шапе и неговиот асистент Миодраг Новески работат во одлична атмосфера. - Засега подготовките течат според договореното. Во првиот дел одработивме физичка и техничка ...

Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Документарниот филм „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски, кој ја тематизира трагедијата во „Пулс“ во Кочани, синоќа имаше светска премиера во официјалната документарна конкуренција на 32. Сараевски филмски фестивал. Како што наведува ПР-тимот на Манчевски, „Добри луѓе” е снимен со минимална филмска екипа, само еден месец по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 млади луѓе. Манчевски го снимил со ...

Барселона, 17.август 2026 (МИА) – По заминувањето на Феран Торес од Барселона во редовите на европскиот првак ПСЖ, каталонскиот клуб до крајот на преодниот рок ќе се обиде да најде замена. Како прва опција останува Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, но конкурентот од шпанската лига тешко се откажува од играчот. Во таква ситуација Барселона како нов играч можно е да го донесе напаѓачот на Арсенал и репрезентативец на Шведска Виктор Ѓокереш. ...

Вашингтон, 17 август 2026 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД не бараат да го продолжат Меморандумот за разбирање што го потпишаа со Иран. -Техеран нема да се согласи со видот на договор за кој Трамп вели дека е потребен, изјави американскиот претседател. Трамп, исто така, рече дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун одговорил на неговите предлози откако американскиот претседател му нареди на Пентагон да ги намали ...

Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Алармантна е состојбата со сипаниците кај малите преживари. Досега се угинати 7.000 до 10.000 овци, уништени се 40 - 50 стада, финансиските загуби се големи, секој ден има појава на нови жаришта, а некои сточари ги носат грлата на добиточните пазари без да знаат дали се заболени, што е дополнителен ризик. Бараме од државата побрзо да ја организира вакцинацијата на овците и да го преиспита обесштетувањето кое во ...

Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Општина Ѓорче Петров вечерва започна со вонредно прскање од земја против комарци, со цел навремено и ефикасно да се намали нивното присуство и да се заштити здравјето и квалитетот на живот на жителите. - Реагираме навремено. Се грижиме за секое населено место. За побезбедно и попријатно Ѓорче Петров! Грижата за граѓаните е наш приоритет! - напиша на Фејсбук градоначалникот оваа скопска општина Александар ...

Скопје, 17.август 2026 (МИА) – Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ги почнаа подготовките за новата сезона во која ќе играат на четири фронта – македонската Суперлига, македонскиот куп, АБА2 лигата и ФИБА Еврокуп. Тренерот Васко Атанасов го одржа првиот тренинг со сите кошаркари кои во моментов ги има на располагање, во работна атмосфера. Целта на клубот сезонава е одбрана на пехарите во домашните натпреварувања и борба за што подобар ...

Рим, 17 август 2026 (МИА) - Европските организации за спасување денеска пријавија најмалку 21 смртен случај на мигранти во изминатите денови во централниот Медитеран, јави ДПА. Италијанската организација „Имрџенси“ пронајде седум тела на преоптоварен брод и спаси 57 лица. Според организацијата, двајца од спасените биле во критична состојба. Мигрантите испловиле од либискиот крајбрежен град Зуара со дрвен брод. Според организацијата, ...

Брисел, 17 август 2026 (МИА) - НАТО „внимателно ги следи руските воени активности, вклучувајќи ги и нивните капацитети за удари со голем дострел и беспилотни летала“, изјави денеска неименуван портпарол на НАТО за британскиот весник „Индипендент“. Ова беше кажано по истрагата на друг британски весник, „Телеграф“, која откри нови бази што и овозможуваат на Москва да лансира беспилотни летала способни да стигнат до територијата на ...

Загреб, 17 август 2026 (МИА) - Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре ќе испрати барање за вонредна седница на хрватскиот Парламент поради еколошката катастрофа во Лика. Милановиќ поднесува барање за вонредна седница на Парламентот врз основа на одредбите од член 79, став 2 од Уставот на Република Хрватска, потврди денеска Никола Јелиќ портпарол на претседателот. Според Деловникот на хрватскиот парламент, откако Милановиќ, како овластен ...

Скопје, 17 август 2026 (МИА) – Пожар што избил денеска околу 13:30 часот во близина на прилепското село Чаниште брзо се проширил кон населеното место, при што зафатил најмалку една куќа и помошен објект, но со навремена интервенција на противпожарните екипи е спречена поголема катастрофа. Медицинските екипи интервенирале кај две жителки на селото кои вдишале чад, но нивната здравствена состојба во моментот е стабилна - изјави директорот на ...

Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Во касарната „Илинден“ во Скопје вечерва единицата на артилерискиот баталјон на Армијата изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија во пресрет на утрешното одбележување 34 години од формирањето на македонската Армија. - Нека одекне гордоста - кусо напиша министерот за одбрана Владо Мисајловски на својот профил на Фејсбук каде се објавени снимките од почесната ...

Вашингтон, 17 авуст 2026 (МИА) - Специјалниот пратеник и зет на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, ги заврши дводневните состаноци со лидерите на Израел и радикалната палестинска група Хамас за да го прекине застојот околу мировниот план на Трамп за Газа, но нема знаци за напредок. Кушнер се сретна со премиерот Бенјамин Нетанјаху во Израел еден ден по средбата со политичкиот лидер на Хамас, Калил ал-Хаја, во Египет, за да ...

Атина, 17 август 2026 (МИА) –Безживотните тела на три лица биле пронајдени откако приватен хеликоптер падна на грчкиот остров Сифнос, по што и се запали, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите од противпожарната служба на Грција, за време на гаснењето на пожарот биле откриени трите тела, чиј идентитет засега е непознат. Хеликоптерот паднал во близина на хелиодромот во северниот дел на островот околу 18.17 часот, по што ...

Тирана, 17 август 2026 (МИА) - Според податоците на Националниот институт за статистика (ИНСТАТ), бројот на странски посетители кои престојувале во сместувачките капацитети во јуни, во Албанија, изнесувал 445.846,што е зголемување за 20,6% во споредба со истиот месец минатата година, додека вкупниот број на посетители се зголемил за 17%. Бројот на ноќевања се зголеми за 9,8% на годишно ниво. Ноќевањата на странски посетители се зголемија за ...

Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Македонија се подготвува во септември официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор, напиша министерката за енергетика Сања Божиновска на својот фејсбук профил и додаде дека приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор е значајна стратешка можност Македонија да стане важна алка во европската енергетска мрежа. -Преку интерконекторите со Грција и Србија ќе обезбедиме пристап до нови извори и правци на ...

Охрид, 17.август 2026 (МИА) – Ракометарите на Вардар постигнаа победа во првиот натпревар од новоформираната Регионална лига. Тие попладнево во Охрид ја совладаа Војводина со 36:30. Ова беше дуел од 8.коло од ова натпреварување. Двата тима се дел од турнирот во Охрид, кој почнува утре. Во регионалната лига настапуваат десет екипи, поделени во две групи, а во секоја од групите има по два македонски тима. Во групата А се Алкалоид и Еурофарм ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Калај

46.54

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32