Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Скопје, 4 август 2026 (МИА) - До 13:00 часот во земјава се регистрирани пет пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а четири се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во Општина Кавадарци - села Раец, Ќесендре и Дреново, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во Општина Прилеп, ул. „Дебарска“, кај м.в. Теќе каде е зафатена депонија, Општина Теарце - села Шемшово и ...
Кавадарци, 4 август 2026 (МИА) - Од околу 30 пожари кои биле регистрирани вчера на отворен простор на разни места низ државата, пожарот во Кавадаречко бил најтежок за интеревенција и се очекува до крајот на денот, да биде изгаснат во целост, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов на заедничката прес-конференција со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. - Во текот на вчерашниот ден имавме околу 30 пожари ...
Скопје, 4 август 2026 (МИА) - Уште едно лице, на возраст од 76 години, кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија од серум за вирусот западен нил е хоспитализирано во текот на изминатото денонокие на Клиниката за инфективни болести. Со тоа вкупно седум пациенти се водат како клинички суспектни, а кај 10 е потврдено присуството на западнонилска треска од кои тројца се во ...
Скопје, 4 август 2026 (МИА) - Министерството за здравство денеска соопшти дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Вкупно 78 прегледи се регистрирани вчера, што е за шест помалку споредено со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи. Во однос на западнонилската треска, на Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај. Во тек се потребните ...
Скопје, 4 август 2026 (МИА) - Во текот на наредните два дена, 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош, сподели денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. - Во миговите кога животот нè соочува со најтешките предизвици, нашата човечност се мери со подготвеноста да подадеме рака, да покажеме разбирање и да бидеме поддршка за оние на кои им е најпотребна. Водени од искрена грижа и одговорност кон нашите ...
Скопје, 4 август 2026 (МИА) – Водата од водоводот во Гостивар сè уште не е за пиење, останува да се употребува како техничка, изјави попладнево на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по состанокот на Главниот штаб за кризи што тој го предводи. Како што рече, договорено било како ќе се одвиваат следните испитувања и дека тие ќе бидат почести, односно ќе се зголеми континуитетот на мерења на клвалитетот на водата ...
Скопје, 4 август 2026 (МИА) – Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење и смее да се користи исклучиво како техничка, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по денешниот состанок на Главниот штаб за управување со кризи. За да се прогласи водата за исправна, ќе бидат потребни три последователни позитивни резултати од сите мерни точки. Тошковски нагласи дека квалитетот на водата и понатаму варира, поради што остануваат ...
Скопје, 4 август 2026 (МИА) - На територијата на државава заклучно со 18 часот регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, четири се под контрола, а девет се изгаснати. Активен пожар има во Стопански Двор, Општина Ѓорче Петров каде гори сува трева и грмушки, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се ставени пожарите во Општина Кавадарци кај селата Раец, Ќесендре и Дреново каде гореше ...
Скопје, 4 август 2026 (МИА) Рената ПЕПЕЉУГОСКА Во однос на квалитетот на здравствените услуги, јавното здравство, вклучително и Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје, во ниту еден сегмент од доменот на своето работење, не заостанува зад приватното здравство, како по квалитетот на услугите кои ги нуди на пациентите, така и во однос на современата апаратура со која располага, особено по последните вложувања ...
Скопје, 4 август 2026 (МИА) - Во текот на јули 2026 година, Народната банка, заедно со банките и останатите учесници во МИПС, успешно го спроведе првиот циклус тестирање на новото системско решение, при што беше потврдена неговата функционалност и подготвеноста за продолжување на следните фази од примената. Во рамките на тестирањето беа успешно обработени најголемиот дел од платежните пораки предвидени со проектот, согласно со стандардот ISO ...
Скопје, 4 август 2026 (МИА) - За само две години Владата успеа да ја зачува сигурноста во снабдувањето со енергенси, да обезбеди едни од најниските цени на горивата во регионот, да спроведе значајни инфраструктурни проекти, да го модернизира пазарот на електричната енергија и да воспостави политики кои се усогласени со европските стандарди, изјави денеска на прес-конференција Жан Дрвошанов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува ...
Скопје, 4 август 2026 (МИА) - Евростат ги објави најновите податоци за минималната плата во државите од Европската унија и во земјите кандидати. Според стандардите за куповна моќ (PSS), најголем напредок бележат Македонија и Романија кај кои е забележан скок за осум места по што следи Србија која има напредок од пет места. Според овој параметар, Македонија е држава која е рангирана пред седум земји членки на Европската унија. Според овој ...
Скопје, 4 август 2026 (МИА) - Од полноќ за два денари поевтинуваат бензините, а дизелот се зголемува за еден денар. Нова, поскапа цена за половина денар ќе има и Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Според ова, максималната малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 91 денар за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 93 денари за литар. Цената на дизелот од полноќ ќе биде 99,5 ...
Скопје, 4 август 2026 (МИА) - Додека аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, ACI Europe повторно ги рангира македонските аеродроми меѓу најбрзорастечките во Европа. Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, го забележа најуспешниот месец јули во својата историја, поставувајќи ...
3 Јули 2026 Бета Турција чека речиси 40 години за да влезе во Европската Унија, додека Украина, од друга страна, доби статус на кандидат за неколку месеци по почетокот на руската инвазија. Зад ваквиот контраст, европското проширување осцилира меѓу политичките барања, институционалната блокада и стратешките императиви, оцени белгискиот јавен сервис РТБФ. Дали Турција, Украина или Молдавија некогаш ќе се приклучат на ЕУ? За Турција, тоа прашање ...
4 јули 2026 Си-ен-ен Меѓународна полициска операција во седум земји откри високо организирани мрежи на сторители кои ги дрогираат и силуваат своите партнерки, додека разменуваат совети, се охрабруваат едни со други и споделуваат снимки од она што властите го опишаа како „грозоморни“ злосторства преку затворени онлајн групи. Во повеќето случаи, жртвите се жени кои биле дрогирани, силувани и сексуално нападнати, соопштија Европол и британската ...
6 Јули 2026 Хина Лидерите на земјите членки на НАТО ќе се соберат утре и во среда во турската престолнина Анкара на состанок на врвот, на кој европските членки би требало да го преземат главниот товар за одбраната на сопствениот континент. „Ги удвојуваме нашите напори со цел да го направиме НАТО она што отсекогаш требаше да биде: балансиран сојуз со Европа на чело за сопствената одбрана – НАТО 3.0“, изјави американскиот министер за одбрана, ...
7 Јули 2026 Анадолија Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, во пресрет на самитот на НАТО во Анкара, ја опиша Турција како силен и стратегиски сојузник со централна улога во Алијансата, истакнувајќи ги нејзината одбранбена индустрија, воените капацитети и геополитичката позиција. Во разговор за Анадолу во седиштето на НАТО во Брисел, пред 36. самит на НАТО што ќе се одржи на 7 и 8 јули во Анкара, чиј домаќин е ...
8 јули 20226 Њузвик Пензионираниот адмирал на американската морнарица Џејмс Ставридис, поранешен врховен командант на НАТО за Европа, синоќа ги наведе трите опции што му се достапни на претседателот Доналд Трамп по новата воена акција на САД против Иран. Ставридис го објави својот став за ситуацијата на социјалната мрежа Икс и го објасни подетално за време на гостувањето на Си-ен-ен, пишува „Њузвик“ (Newsweek). Три опции за Иран Првата ...
9 Јули 2026 „Политико“ Коалиција од девет европски земји го повикува Брисел да ја продолжи итната флексибилност за системот за влез/излез (ЕЕС) со аргумент дека блокот сè уште не е подготвен да ги укине моментните заштитни мерки. Во заедничкото писмо со датум од 7 јули, во кое „Политико“ имаше увид, Белгија, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија му порачаа на комесарот за внатрешни работи Магнус ...
13 јули 2026 Нова.рс По најновите американски воздушни напади врз Иран и одговорот на Техеран со напади во Ормуската Теснина, администрацијата на претседателот Доналд Трамп се соочува со избор кој нема лесно решение. Аналитичарите проценуваат дека опциите на Вашингтон се многу ограничени и дека секоја од нив носи сериозни воени, политички и економски последици. Најновата ескалација се случи само неколку недели откако Трамп потпиша меморандум ...
14 јули 2026 „Тагешау“ Шефицата на европската дипломатија Каја Калас со месеци е под критики, што делумно е последица на тешките теми од надворешната политика, но и на нејзиниот комплициран однос со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пишува германскиот „Тагешау“. За конфликтот меѓу претседателката на Европската комисија и претставничката за надворешни работи во Брисел се дискутира сè почесто и на отворена сцена, се ...
17 јули 2026 „Дојче веле“ Од прогласувањето на прекинот на огнот меѓу Иран, САД и Израел, на Иранците постојано им се кажува дека војната е завршена. Но, во исто време, нападите, заканите и дипломатските преговори продолжуваат. Иранските власти еден ден зборуваат за преговори, напредок, па дури и за ублажување на санкциите, само за следниот да предупредат за одмазда, понатамошни напади и закани за критичната инфраструктура на Иран. Тоа ...
22 јули 2026 Би-би-си, Њуз Пред два дена, американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Канада за небрежност и се закани дека преку царини ќе наплати за штетата од чадот предизвикана од стотиците шумски пожари на територијата на северниот сосед. Трамп воведе царина од 50 проценти за широк спектар на стоки увезени од Канада како одмазда заради, како што го нарече, „нееднаков третман“ на извозот на американски автомобили, млечни производи и ...
23 јули 2026 Дојче Веле Сирените за воздушен напад повторно се огласија во делови од Јордан во вторникот рано наутро откако иранските ракети беа насочени кон земјата. „Во текот на ноќта, системот за воздушна одбрана пресретна и собори три ракети лансирани од територијата на Иран кои влегоа во јорданскиот воздушен простор и беа насочени кон територијата на кралството“, соопшти јорданската војска. Немаше повредени, но најновите напади следеа по ...
24 јули 2026 Дојче Веле Бавниот економски раст, жестоката конкуренција и вештачката интелигенција им отежнуваат на младите луѓе да ја добијат својата прва работа. Овој проблем првпат беше забележан во Кина, додека во Европа, младите луѓе во Германија и Австрија се моментално најпогодени. Младите луѓе низ целиот свет се соочуваат со сè поголема конкуренција по завршувањето на училиштето. Бројот на академски дипломирани студенти се зголемува, ...
27 јули 2027 Аксиос Командантот на американските сили на Блискиот Исток, адмирал Бред Купер, го препорачал прекинот на бомбардирања на областа околу Ормуската Теснина, бидејќи, според него, кампањата ги достигнала границите на својата ефикасност, изјавија за Аксиос два извори запознаени со неговата позиција. Според нив, препораката на Купер, заедно со советите од други воени и цивилни претставници, влијаела врз одлуката на американскиот ...
28 јули 2026 Евроњуз САД започнаа ревизија на своето воено присуство во Европа, потег што следи по повторените критики на претседателот Доналд Трамп кон европските сојузници на НАТО. Одлуката беше објавена вчера, еден месец откако американскиот министер за одбрана Пит Хегсет објави таков чекор поради, како што наведува администрацијата на Трамп, незадоволителната реакција на европските партнери на војната во Иран, пишува Евроњуз. Целта е ...
Вашингтон, 3 август 2026 (МИА) – Министерот за здравство и социјални служби на Соединетите Американски Држави, Роберт Ф. Кенеди Помладиот, оцени дека САД за време на пандемијата на Ковид-19 направиле низа грешки, посебно во врска со мерките за затворање и односот кон стручњаците со поинакви ставови. Истовремено, тој најави промени во пристапот кон подготвеноста за пандемија, истражувањата на вирусите и безбедноста на храната. Во интервју за ...
Атина, 3 август 2026 (МИА) – Од доцна синоќа во тек е спасувачка акција на крајбрежната служба на Грција по море, копно и од воздух, за пронаоѓање на исчезнат странски државјанин, кој заедно со уште седум лица, кои се спасени, биле на едрилица, што била пронајдена како плови без контрола во морскиот дел во близина на грчкиот остров Сими, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека синоќа, откако ...