Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Њујорк, 17 август 2026 (МИА) - Минатата година, низ целиот свет беа убиени 350 хуманитарни работници, од кои повеќе од половина во Појасот Газа, соопшти денеска Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања. Бројот на жртви е се уште малку под 377 смртни случаи регистрирани во претходната 2024 година. Канцеларијата во соопштението наведе дека во 2025 година е поставен „темен рекорд“ со вкупно 907 убиени, повредени или киднапирани ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) – Министерот за правда Јетон Шасивари одржа работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото, на која беа разгледани досегашната соработка и договорени идните активности за поддршка на реформите во правосудството. Во изминатиот период, како што соопшти Министерството за правда, проектот обезбеди значајна експертска и финансиска поддршка во клучни реформски процеси, меѓу кои и ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Можностите за продлабочување на економската соработка, со посебен фокус на следната мисија на јапонска бизнис делегација во Скопје, која е закажана за ноември, беа тема на разговор на денешната средба на директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски со Тадаши Мураками, генерален директор на канцеларијата во Виена на Јапонската организација за надворешна трговија (JETRO), што се одржа во рамки на соработката ...
Вашингтон, 17 август 2026 (МИА) - Пентагон денеска објави дека потпишал договор вреден нешто помалку од 23 милијарди долари за забрзување на производството на ракети „Томахавк“. Министерството за одбрана на САД изјави дека е потпишан договор вреден точно 22,9 милијарди долари со „Рејтеон“ за забрзување на производството на крстосувачки ракети „Томахавк“ за американската морнарица. Големата нарачка доаѓа во време кога Вашингтон се стреми брзо ...
Брисел, 17 август 2026 (МИА) - Бројот на новорегистрирани компании во Европската Унија се намали за 0,5 проценти во вториот квартал од 2026 година во споредба со претходните три месеци, додека бројот на стечаи се зголеми за 5,7 проценти, според податоците на Евростат. Падот на бројот на новорегистрирани фирми е забележан во пет од осум економски сектори, се наведува во извештајот. Најголем пад е забележан во индустријата, каде што бројот на ...
Тирана, 17 август 2026 (МИА) - Во Албанија во јули инфлацијата достигна ниво од 3,4 отсто, што е второ последователно зголемување и е над целта од проектираните 3 отсто на Централна банка на Албанија. Според државниот завод за статистика, ИНСТАТ, инфлацијата била 3,2% во јуни, додека во јули минатата година 2,5 отсто. На месечно ниво до крајот на јули, цените се зголемиле за 0,2%. Храната продолжува да го носи главниот товар во зголемувањето ...
Велес,17 август 2026 (МИА) - Територијалната противпожарна единица Велес утрово во 7 часот почнала да интервенира на шумскиот пожар кој се движел во насока на велешкото село Карабуниште со едно противпожарно возило возило и четворица пожарникари. По пристигнување на лице место велешките пожарникари веднаш пристапиле со гасење на кракот кој преставувал опасност за селото и истиот попладнево е изгаснат, а велешките пожарникари околу 15 часот се ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна средба со постојаниот координатор на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбиа, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан и проектен менаџер од УНОПС Калинка Габер. Како што се наведува во соопштението од Министерството за локална самоуправа, на средбата која се одржала во конструктивна атмосфера, било разговарано за актуелните и ...
Манчестер, 17.август 2026 (МИА) – Заминувањето на Родри од Манчестер Сити во Барселона направи голема празнина во средниот ред на „граѓаните“, кои последната сезона остана и без титулата во Премиер лигата. Сега тимот од „синиот“ дел на Манчестер експресно ќе треба да најде засилување – играч на таа позиција. Англиските медиуми почнаа со шпекулации, откако Челзи ги „затвори“ сите можности за трансфер на Енцо Фернандез ова лето. Манчестер Сити ...
Њујорк, 17.август 2026 (МИА) – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по поразот од 2-1 во сетови од Аргентинецот Тиаго Тиранте на Мастерсот во Синсинати донесе загрижувачки вести за организаторите на УС опен. Ова откако тенисерот изјави дека веќе неколку години има здравствени проблеми во услови на висока температура при голема влажност на воздухот. Поранешната француска тенисерка, Камил Пен која коментира за Еуроспорт, напомена дека проблемите со ...
Вашингтон, 17 август 2026 (МИА) - Мнозинството американски гласачи во анкета на британскиот весник „Фајненшл тајмс“ (ФТ) изјавија дека им е полошо под актуелниот претседател Доналд Трамп. Истражувањето беше спроведено од 7 до 10 август од непартиската онлајн компанија Фокалдата, со седиште во Лондон, на 1.913 регистрирани гласачи. На помалку од три месеци до среднорочните избори во ноември, повеќе од 53 отсто од американските гласачи кои ...
Париз, 17 август 2026 (МИА) - Авион на француските ВВС денеска принудно слета на автопатот 113 во Салон де Прованс, по што се запали, а двете лица во него се полесно повредени. Инцидентот се случил околу 9:45 часот наутро, кога авионот, кој се користи за обука на пилоти на воздухопловните и вселенските сили, од воената база 701 во Салон де Прованс, морал принудно да слета на патот, пренесува Фигаро. Во авионот имало инструктор и пилот на ...
Белград, 17 август 2026 (МИА) - Сопственикот на компанијата „Алпак Капитал“, Педро Варгас Сантос Давид, денеска официјално е регистриран како директор на сите независни медиуми ANN, членки на „Јунајтед Груп“ во Србија, објави Н1 на сајтот. Во Агенцијата за деловни регистри, одлуките за назначување на сопственикот на „Алпак Капитал“ се донесени денеска, 17.08.2026 година. Михаило Јовиќевиќ, директорот на порталот и весникот „Нова“, како и на ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски соопшти дека еден од најочекуваните проекти за жителите на Бутел, веќе влегува во својата завршна фаза - темелно уредување на коритото на реката Серава и изградба на нова пешачка патека. -Она што со години беше само ветување, денес е речиси целосно реализирано! Новата пешачка патека во должина од 1.590 метри создава целосно нов, безбеден и уреден простор за ...
Пробиштип/Кочани, 17 август 2026 (МИА) - Лишен е од слобода 23 годишниот И.Д. од Пробиштип, кој со мотоцикл учествувал во сообраќајна несреќа и бил под дејство на алкохол. Од СВР-Штип соопштија дека денеска во 3:30 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода 23 годишниот И.Д. од Пробиштип. -Претходно, тој на улицата „Илинденска“ во Пробиштип, со мотоцикл кој го управувал, учествувал во сообраќајна незгода, а ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Почна процесот на порибување на Охридското Езеро со охридска пастрмка. Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со претставници на Државниот инспекторат за земјоделство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид денеска учествуваше во првата фаза од порибувањето. Согласно договорот помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и ЈНУ Хидробиолошки завод ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Дваесетгодишниот Јован Костадинов од Виница, кој спаси 21 живот во трагичниот пожар во дисоктеката „Пулс“ во Кочани во март 2025, ризикувајќи го својот живот, е меѓу 16-те добитници на годинашната награда „Младинска храброст 2026“ (Young Courage Award). Академијата „Раул Валенберг“, во соработка со Шведскиот институт и амбасадите на Шведска, им ја доделува наградата на млади од 13 до 20 години, кои со своите ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Ристо ТАСЕВ - На 14 јули 1946 година татко ми го затворија, го зедоа буквално пред порта. Со браќата подоцна се шегувавме дека границата со Грција ја поместиле пред нашата порта бидејќи по дваесетина дена, во весникот „Нова Македонија“ беше објавено дека е фатен на грчка граница при обид за бегство. Ние не знаевме каде е. Мајка ми, за да дознае каде е, отиде во Белград и ја прими Тито. Не знам дали е познато ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години. Потпишувањето на договорот следува после интензивни преговори помеѓу двете најголеми државни компании и врз основа на Одлука на Владата. -АД ЕСМ склучи тригодишен стратешки договор со косовската државна енергетска корпорација КЕК со кој АД ЕСМ доби концесија во ...
Ерусалим, 17 август 2026 (МИА) - Поранешниот британски премиер Тони Блер и бугарскиот дипломат Николај Младенов ќе учествуваат на средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот преговарач Џаред Кушнер. Блер и Младенов, кој ја врши функцијата врховен претставник на Советот за мир за Газа, ќе му се придружат на Кушнер во разговорите со Нетанјаху во обид за деблокирање на мировниот процес. Кушнер, кој е зет на американскиот ...
Газа, 17 август 2026 (МИА) - Најмалку пет Палестинци се убиени, а 18 повредени во новите израелски напади врз Појасот Газа во изминатите 48 часа, соопшти Министерството за здравство на енклавата. „Израел уби најмалку 1.265 лица и рани 4.198 во Газа откако стапи на сила „прекинот на огнот“ постигнат со посредство на САД минатиот октомври“, се вели во соопштението на министерството, објавено на Телеграм. Од октомври 2023 година, војната во Газа ...
Вашингтон, 17 август 2026 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека ќе го бомбардира Оман доколку земјата „на кој било начин“ се придружи на договорот за Ормуската Теснина. Оман и Иран со недели преговараат, без учество на САД, за стратешкиот воден пат. „Доколку Оман на кој било начин се придружи, ние ќе го бомбардираме со полна сила“, изјави Трамп за Фокс њуз како одговор на прашање за тековните преговори меѓу ...
Анкара, 17 август 2026 (МИА) – Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека неговата земја инсистира претседателот на САД, Доналд Трамп, да го исполни ветувањето дадено на Турција во рамките на програмата за продажба на борбените авиони од петтата генерација Ф-35, пренесува телевизијата „Си-Ен-Ен Турк“. Според медиумот, Ердоган изјави дека потпишувањето на трилатералниот договор од Мека меѓу Турција, Саудиска Арабија и Пакистан ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Да се почитуваат мерките за лична заштита од убоди од комарци, а особено на места на кои има застојана вода во дворови или во нивна непосредба околина. Општините во кои е прогласена епидемија ќе добијат СМС-пораки со насоки за постапување изработени од Институтот за јавно здравје. Според епидемиолошките очекувања, август и септември историски се месеци на врв на вакви епидемии, каква што е западнонилската треска ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Сите градежни зафати во објектот биле изведени нелегално, без проектна документација, без стручен надзор и без одобрение од надлежните институции - истакна вештото лице Маријана Лазаревска на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според неа, промените не може да се третираат како надградба, доградба или адаптација, туку претставуваат реконструкција за која е задолжителна целосна законска ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски денеска потпиша договори за грант со девет општини во рамките на првиот јавен повик за развој на социјални услуги на локално ниво во рамките на Ввориот проект за подобрување на социјалните услуги. Со грантовите, како што соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади, ќе се воспостават и унапредат услуги наменети за старите ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, повторно апелира до граѓаните да бидат внимателни и одговорни во текот на летниот период и да не палат оган на отворено поради опасност од предизвикување пожари. При обиколка на подрачје покрај реката Треска, Ангелов преку видеопорака покажа огниште за скара поставено во непосредна близина на сува трева и куп суви гранки, кои водат кон ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Се подготвуваме да потпишеме меморандум за натамошните чекори со Светскатабанка и Европската инвестициска банка (ЕИБ) и финансирањето, што се однесува на капиталните инвестиции во клиничките болници во Штип, Тетово и Кичево, ќе биде комбинирано од двете институции. Министерството за финансии оцени дека нивната понуда е поповолна бидејќи е на подолг период и има грант-компонента. Ова денеска го истакна министерот ...
Приштина, 17 август 2026 (МИА) – Вршителката на должноста претседателка на Косово, Албулена Хаџиу, од владејачкото движење „Самоопределување“ на премиерот Аљбин Курти, ги повика претставниците на опозициските партии на заедничка средба што треба да се одржи утре, а на која ќе се разговара за излез од институционалниот застој настанат поради нецелосното конституирање на Собранието на Косово. Целта на средбата е да придонесе кон политичкиот ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - На 16/17.08.2026 во Скопје, на разни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.К.(29), Ф.И.(27), И.Д.(33), Н.З.(18), сите од Скопје, како и 16-годишник од с.Огњанци, Скопско, К.И.(28) од с.Јурумлери, Скопско, Н.М.(40) од населба Гоце Делчев, Скопско, и З.Ш. (37) од Германија, со престој во Штип, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста и бела прашкаста ...