
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Познатите чевли со рубинова црвена боја на Дороти, носени од актерката Џуди Гарланд во класичниот филм „Волшебникот од Оз“ (The Wizard of Oz), беа продадени за 28 милиони долари на аукција, пренесува Би-Би-Си. Еден од четирите преостанати пара чевли користени во филмот пред многу години беа украдени од музеј во Минесота, па поради таа причина беше креирана аукција за да се продадат сите што се останати. Онлајн аукцијата започна пред еден месец, ...
Порталб.мк подготви поинакво интервју од Европскиот парламент во Стразбур, каде разговараше со најинтересните европратеници. Еден од нив има 24 години и доаѓа од Кипар. Тој е инфлуенсер и јутјубер со над 2,6 милиони следбеници. На последните избори во ЕУ беше изгласан за пратеник на Европскиот парламент, каде работи како независен европратеник. Прочитајте го интервјуто со Фидиас Панајоту кој раскажа повеќе за неговото патешествие. Интервјуиран ...
Делегацијата на Европската Унија во земјава и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование и наука (МОН), и во соработка со гејминг здружението Галактик Омнивор и Македонското здружение на млади правници, денеска ја пуштија во употреба онлајн играта „Навигатор“. Станува збор за иновативна и образовна платформа која преку интерактивен и забавен пристап ги едуцира младите и јавноста за човековите права Играта ...
Изминатата недела пристигнаа двете популарни и долгоочекувани игри „Path of Exile 2“ и „Marvel Rivals“, a во Tekken 8 се враќа познатиот карактер „Ана Вилијамс“. Path of Exile 2 по долго време очекување, официјално пристигна во Early Acess варијанта, и сите гејмери низ светот иако очекуваа дека ќе е бесплатна како првиот дел, сепак решија дека ќе дадат мала сума на пари и ќе ја купат играта. Планот се смени поради зголемената популарност и ...
Постојаниот Комитет на Бернската Конвенција уште еднаш побара да се раскинат сите концесии за мали хидроцентрали во Националниот парк Маврово. На последната седница беше нотирано дека земјава не ги почитува доследно нивните преораки бидејќи иако концесиите за Жировничка 5 и 6 беа откажани, одлуката за конечно раскинување на нивните договори не е донесена. Концесијата за хидроцентралата Рибничка, пак, сѐ уште не е раскината. Наспроти препораката, ...
Бунтовниците во Сирија влегоа во главниот град Дамаск, без да наидат на сериозен отпор, а сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска заминал од Дамаск со авион, напуштајќи го градот во непознат правец, пишува Ројтерс. Бунтовниците во изјава наведоа дека го слават „ослободувањето на затворениците“ од воениот затвор „Седнаја“, симбол на режимот на Асад. Затворот се наоѓа во предградијата на Дамаск и беше место каде беа затворени илјадници ...
Осмото издание на „Винодонија“, престижниот Скопски вински салон, ќе се одржи на 13 и 14 декември во хотел „Мериот“ во Скопје, информираат организаторите. Настанот кој традиционално ги собира најзначајните имиња од винската индустрија, оваа година продолжува со уште поголем ентузијазам и квалитетна програма. Како што информираат оттаму, настанот ќе биде отворен за посетители од 15 до 21 часот, овозможувајќи им да уживаат во уникатните вкусови на ...
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и неделава, покрај редовни, продолжија со спроведување на вонредни инспекциски контроли. Со надзори, во текот на оваа недела опфатени беа 38 кујни во приватните градинки на целата територија на Македонија. Со надзорите, утврдено беше дека 11 од контролираните кујни не се регистрирани во АХВ како оператори со храна за што се издадени налози за итна регистрација и се изречени ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во текот на претходната постапка ја потврдуваат основаноста на сомненијата дека обвинетиот на 1 декември во попладневните часови, во семејната куќа во Љубанци, вршел семејно насилство, при што телесно ја повредил поранешната сопруга со која по ...
Основното јавно обвинителство Скопје започна истражна постапка против 26-годишник кој е осомничен дека сторил повеќе кривични дела разбојништво и тешки кражби. Негови жртви биле жени или девојчиња, кои ги напаѓал на различни локации во Центар и Аеродром во Скопје и насилно им ги одземал чантите, ранците, паричниците, накит, телефони и други вредни предмети. „Обезбедени се докази кои даваат основано сомнение дека тој е извршител на најмалку пет ...
Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија Чин Ганг. Видео материјалот е од средба којашто Баербок ја имала со Ганг на 14 април 2023 година, како што може да се види од фотографиите од настанот објавени на бројни светски медиуми тој ден и деновите кои следуваа потоа. ...
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со Зеленски во Париз, пишува Ројтерс. „Добро го познавам Владимир. Ова е негово време да дејствува. Кина може да помогне. Светот чека!“, објави Tрамп на социјалната мрежа „Truth Social“, мислејќи на рускиот претседател Путин. Во врска со изјавата на Трамп, ...
Падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад се прославува на улиците низ многу градови на Европа и светот. Сиријците и денеска спасуваат преживеани од озлогласениот сириски затвор Седнаја, каде се откриваат луѓе чувани во подземни ќелии. Меѓу нив има на мајки со мали деца. Ослободувањето на затворениците се споделува преку видеа на Здружението на затвореници и исчезнати во затворот Седнаја (ADMSP) со седиште во Турција. Во меѓувреме, ...
На јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол му е забрането да ја напушти земјата поради неуспешниот обид за воведување воена состојба, изјави денеска официјален претставник на Министерството за правда, поради зголемените повици за негова оставка и продлабочената лидерска криза. Јун се извини за неуспешниот обид и рече дека ја препушта својата политичка и правна судбина на неговата владејачка Партија за народна моќ (ППП), но не поднесе оставка. ...
Минатата недела Русија употреби речиси 500 воздушни бомби, повеќе од 400 беспилотни летала и речиси 20 проектили од различен тип против Украина, информираше претседателот Володимир Зеленски, пишува Укринформ. „Нашите градови трпат постојани терористички напади. Секој ден, бранителите на нашето небо се борат против рускиот терор. Само во изминатата недела, Русија лансираше речиси 500 воздушни бомби, над 400 нападни беспилотни летала и речиси 20 ...
Повеќе од 500 вина од 70 винарии од Македонија и странство ќе бидат изложени на најновото издание на Винодонија што ќе се одржува на 13 и 14 Декември во хотелот „Мериот“ во Скопје. Овој салон има за цел да ја подигне винската свест, да ги зближи љубителите на виното со најдобрите производители и да ја поттикне културата на вино кај македонските потрошувачи. Освен извонредниот избор на вина, дел од Винодонија годинава ќе бидат и над 15 изложувачи ...
Според податоците од Државниот завод за статистика, растот на бруто домашниот производ во третото тромесечје од годинава, во месеците јули, август и септември изнесува три проценти. Како што информираат од Владата, овој раст е највисок споредбено со земјите од регионот и Европа. Најголем придонес во растот има јавната потрошувачка, за 13.3%, како и приватната потрошувачка, која се зголеми за 1.9%. „Само пет земји членки на ЕУ имаат повисока ...
Артан Груби, поранешен вицепремиер на Северна Македонија и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд се најновите имиња на црната листа на САД. „Согласно членот 7031(в), Стејт департментот јавно ги назначува Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност на Северна Македонија и ...
Зелен хуман град утре од 16 часот организира протестен марш за чист воздух, кој ќе започне од Министерство за животна средина и преку Собранието ќе заврши пред Владата. Од организацијата велат дека протестот се организира заради огромниот број на смртни случаи кои се диртектна последица на загадувањето на воздухот. Секоја година од 3.828 до 5000 луѓе во Македонија ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички ...
Месечните трошоци на студентите во Северна Македонија достигнуваат повеќе илјадници денари, вклучувајќи ги високите цени за образование, сместување, патување, храна и други потреби. Анализата направена од Форумот за образовни промени, покажува дека просечните трошоци за еден семестар само за студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини 81.335 денари или 1.317 евра. Во септември Meта.мк направи една анализа на трошоците на студентите за ...
Во текот на пет дена во ноември, посетителите на меѓународните студентски средби „Скомрахи“ трчаат од Академска сцена на Факултетот на драмски уметности (ФДУ) и Драмскиот театар до Младинскиот културен центар и Албанскиот театар за да постасаат на сите настани на богатата програма. Оваа година тие наидоа на танцови перформанси, претстави од Горан Стефановски на словенечки, филозофско-туристички тури низ Скопје, длабински разговори за креативниот ...
Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата значеше дека националното собрание го нема потребниот број на гласови – 200 – за да го започне процесот на импичмент на Јеол. „Со вкупно 195 гласови, бројот на членови кои гласаа не го достигна ...
Поради влошената безбедносна ситуација во Сирија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика. „Апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава. Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Сирија“, се наведува во соопштението од ...
Филипче не нудел ништо ново на политичката сцена и Филипче бил криминалец, освен што е марионета на Заев и негова продолжена рака. Вака комуницира со јавноста владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ за лидерот на опозициската СДСМ. Но, за да не бидат таквите тврдења спин, ВМРО-ДПМНЕ треба малку посериозно да ги аргументира. За новата политика треба малку да се причека па да се прави проценка, а за обвинувањата за криминал треба да се понудат посериозни ...
Основното јавно обвинителство Струга поднесе обвинение против 38-годишник од селото Велешта за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија. Тој е обвинет за продолжено извршување на кривичното дело, бидејќи во периодот од ноември минатата година до мај годинава пренесувал и нудел детска порнографија преку компјутерски систем. На два мобилни телефона, преку апликациите за комуникација Сигнал, Вајбер, Енигма, Телеграм и други, ...
Новите протести на опозицијата во Србија ја активираа старата мантра на српскиот претседател Александар Вучиќ за постоење на наводно „македонско сценарио“ кое треба го руши неговиот систем. Наведувајќи дека ги видел видеата од Грузија, каде 7- годишно дете фрла со предмети кон полицијата за време на актуелните антивладини протести во оваа земја, Вучиќ изјави: Спин: Кој го објави тоа, каде се неговите родители? Прво го објавија западните медиуми, ...
По пет години интензивни напори за реконструкција, париската катедрала Нотр Дам од утре повторно ќе ги отвори своите врати за јавноста. Вечерва ќе се одржи голема свечена церемонија на повторното отворање на катедралата, јавуваат француските медиуми. Според „Франс24“, церемонијата на отворање треба да започне околу 19 часот по локално време, со говор на францускиот претседател Емануел Макрон. Меѓу долгата листа на гости кои се очекува да ...
Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата изјава на Мицкоски значи извесна недоследност кон предизборното ветување транспонирано и во Програмата на Владата за даночно олеснување и данок од 5 отсто за привлекување на мултинационални компании кои имаат висока нето-добивка над 50 милиони ...
Денес, особено претпладне, ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови од земјава, каде се очекува да наврне и до 20 литри на метар квадратен, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Минималната температура по градовите измерена во 7 часот утрово е во интервал од 2 степени Целзиусови во Куманово до 8,7 степени Целзиусови во Демир ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и дестабилизација на земјата. Писмото што го објави Телевизија 21 е испратено пред претстојната седница на Уставниот суд закажана за во среда, на која треба да се разгледува уставноста на делови од Законот за употреба на јазиците. ДУИ во писмото изразува ...