
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



ЕСМ снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје упати апел до потрошувачите да ги отстранат евентуалните пречки и дефекти во внатрешната инсталација, а заедниците на станари или управителите на зградите да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична ...
Уставниот суд на денешната 27. седница донесе одлука да го укине „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Одлуката нема да важи ретроактивно, односно сите оние кои се вработиле преку оваа алатка остануваат на работа, без разлика дали Македонци се пишале како Албанци, Албанци се изјасниле за Македонци, или Турци се изјасниле како Срби само за да се вработат. „Со оспорените одредби Законодавецот ...
Министерството за внатрешни работи заедно со Основното јавно обвинителство Тетово преземаат мерки и активности за расчистување на настанот во тетовското село Слатино каде вчера беа пронајдени починати мајка и дете. „Првичните сознанија од наредената обдукција упатуваат на труење како веројатна причина за смрт на лицата, па од починатите се земени примероци за дополнителни токсиколошки анализи со цел да се утврди причината за труењето. Кај ...
Треба да се инвестира во обучувањето на младите во дигитални вештини, да се зголеми дигиталната писменост и како и пристапот до дигитални уреди, особено кај маргинализираните групи, како што се Ромите. Ова беа заклучоците на денешната панел-дискусија на темата „Дигитални вештини и младинска невработеност“, во рамките на Националната конференција за имплементација на политиките за инклузија на Ромите, организирана од Институтот за истражување и ...
Играта за деца „Bear and Breakfast” е бесплатна за преземање на Epic Games до утре (четврток). Станува збор за одлично сработена игра за деца која е наменета, низ детален микроменаџмент на предмети во играта, да уредувате и да градите куќа со мечка- мајстор како комичен лик. Ова им дава храброст на децата да вршат и покомплицирани задачи. Играта не може а да не нè потсети на две референци од цртани филмови за деца. Првата сличност е со ликот на ...
Иако поминаа повеќе од четири години од донесувањето на Законот за младинско учество и младински политики, неговата имплементација останува далеку, покажува Мониторинг извештајот за имплементацијата на законот изработен од НМСМ. Најголемата слабост мониторингот забележува на општинско ниво, каде голем број од механизмите наведени во законот, сè уште не се имплементирани. Од сите законски предвидени механизми, извештајот покажува дека 42 отсто од ...
Од страна на Владата е почната комуникација со компаниите во делокругот на информатичката технологија кои до крајот на оваа година треба да финализираат и истите да резултираат со утврдување на пристап кој е најповолен и преку кој ќе се изнајде најдобра методологија за распределба на парите. Ова денеска на прес-конференција го изјави портпаролката на Владата, Марија Митева, а во врска со предвидените владини мерки – 250 евра ваучери за ...
Во пресрет на празникот „Halloween“ или „Ноќта на вештерките“, кој традиционално во западните земји се одбележува на 31 октомври, Новинската агенција „Мета.мк“, во соработка со Книжевниот центар „Антолог“, објавува Конкурс за краток хорор расказ, кој се организира по петти пат. Право на учество на конкурсот имаат сите млади лица на возраст од 16 до 29 години. Во расказите треба да доминираат морничави и мистериозни случувања во кои се опишува ...
На Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ денеска се отвори студиото во рамките на Центарот за иновации во медиумите, проект кој цели да ја подобри практичната настава на новинарските студии. Деканот на Правниот факултет, „Јустинијан Први“ – Скопје, Сашо Ѓеоргиевски, на денешниот настан по повод отворање на студиото истакна дека ова е проект кој е посветен на унапредување на медиумското образование. „Јас сум сигурен дека преку центарот на ...
Општина Вевчани имплементираше иновативен проект за заштеда на електрична енергија преку инсталација на фотоволтаичен систем на прочистителната станица за отпадни води. Овој проект има повеќекратна корист за локалното население затоа што придонесува за поекономичен третман на отпадните води, производство на енергија од обновливи извори, а со тоа и намалено негативно влијание врз животната средина. Вевчани е една од вкупно 10 општини од Западен ...
Стипендирањето студенти треба да стимулира упис на дефицитарни струки, па оттука и стипендиите на МОН веројатно ќе подлежат на ревизија, најави денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Периодов во Министерството за образование и наука (МОН) се прави анализа која треба да покаже кои струки се дефицитарни и на тие струки да се доделуваат стипендии. „Преку мултиресорски пристап ќе се фокусираме на креирање нови мерки и ...
Напредокот во усогласувањето на националното законодавство со европското сè уште се одвива бавно, а во последната година скоро и да нема напредок во усвојување на нови законски прописи кои произлегуваат од поглавјето за животна средина и климатски промени. Потребно е да се усвојат сите закони и навремено да се транспонираат ЕУ регулативите, што е особено значајно за Поглавјето 27 со цел подобрување на состојбите во животната средина и климата. ...
Од 17 до 20 октомври ќе се одржи големиот „Есенски базар“, во организација на Скопје Сити Мол, каде учество ќе земат 28 индивидуалци – занаетчии. „Рачната изработка е во подем и бројот на современи креативци, кои создаваат уникатни производи сè повеќе се зголемува. Деликатно направениот избор на модерни ракотворци е со единствена цел да се поддржи занаетчиството на оригинални производи. Во секој рачно создаден производ, компримиран е креативниот ...
Ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди за сите студенти во државата, најави премиерот Христијан Мицкоски во вечерашната отворена програма „100 дена Влада“ што се емитуваше на јавниот сервис МРТ1. Одговарајќи на прашањето за иселувањето на младите, Мицкоски во програмата во која се говореше за сработеното на Владата во првите сто дена работење, рече дека Владата за студентите понудила проект за електронски уреди, но и до 30.000 евра ...
Avatar the Last Airbender е една од најпознатите франшизи на „Николодеон“ која што со првата анимирана серија привлече огромна фан база, која што прерасна во креирање на продолжение, многу стрипови, и многу други серијали. Фановите на ова франшиза, често бараат некоја игра. До сега има повеќе обиди да се направи тоа, но секогаш добиваат разочарувачки проекти. Едно од најпопуларните студиа за видео игри, „Сејбер Интерактив“ изјавија дека ...
Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава пренасочува интернет сообраќај кон странски веб-страници кои рекламираат онлајн курсеви за изучување на странски јазици, објави Вистиномер. Текстот го пренесуваме во целост: Анализираме објава на Фејсбук која вели дека Mинистерството за образование од ...
Францускиот претседател Емануел Макрон повика на запирање на испораката на оружје за Израел за употреба во Газа, што предизвика критики од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пишува Би-Би-Си. Макрон за радиото Франс Интер изјави дека е приоритет да се бара политичко решение и да се престане со доставување оружје кое ќе се користи за војување во Газа. На самитот во Париз во саботата, францускиот претседател ја повтори својата загриженост ...
По разорните поплави во делови на Босна и Херцеговина, во кои загинаа најмалку 18 лица, општина Јабланица прогласи тридневна жалост, јавува босанската телевизија БХРТ. Со одлука на локалните власти, денови на жалост се денеска, утре и вторник. Најмногу загинале во Јабланица, 13, двајца во областа Коњиќ и три во Фојница. Покрај човечки жртви, поплавите предизвикаа и огромни материјални штети. Спасувачите и денеска се на терен и трагаат по ...
Светскиот месец посветен на ракот на дојка се одбележа вчера во Градскиот парк во Скопје, со настанот „Розов Пикник“. Посетителите имаа можност да добијат едукативни материјали на информативните штандови, можност да научат основни техники како да направат самопреглед на дојките и консултации со лимфедема. Извршната директорка на здружението ЕЗРА, Лиридона Лимани ја истакна важноста на раната дијагностика, охрабрувајќи ги сите да преземат ...
На дваесеттиот јубилеен Виз Ер Скопски Маратон, што се одржува денеска, учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји. Ќе се трчаат четири трки, маратон на 42.195 километри, полумаратон 21.097 километри, штафетен маратон, како и трката за рекреативци на пет километри. Стартот на сите трки беше во 8 часот пред Собранието, а финишот на Плоштадот Македонија. „Оваа година имаме рекорден број натпреварувачи со што е надминат бројот од 2019 ...
Центарот за Управување со кризи информира дека во Тетово има намалено количество вода во водоводот, а во Гостивар водата воопшто не е за пиење. Јавното комунално претпријатие „Шар“ од Тетово соопшти дека поради загаденост на водата во изворите на Лешница, системот на филтер станицата е целосно затворен, а жителите на Тетово се снабдуваат со намалено количество вода. Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар, пак, информира дека поради ...
Над 1000 деца од Тетово уживаа во двете изведби на симфониската бајка „Петар и волкот“ на македонски и албански јазик. Националната установа „Музички Ансамбл” Тетово го реализираше вториот проект од Годишната програма поддржана од Министерството за култура и туризам преку кој децата во Центарот за култура уживаа во маестралното дело на Сергеј Прокофјев, оркестрирано и диригирано од палката на Ангел Спировски и Агона Чупи, со нарација на Рахим ...
Утрово имаше експлозии во јужен Бејрут, кратко откако израелските сили наредија граѓани во тој предел од градот да се евакуираат, пренесува Гардијан. Дополнително, копнената офанзива на Израел во јужен Либан продолжува, каде има пресметки меѓу Хезболах и израелските сили. Израел вчера соопшти дека го таргетирал разузнавачкиот штаб на Хезболах со своите воздушни напади. Повеќе од милион либански жители, или околу 20 отсто на вкупното население на ...
Русија изврши неколку бранови напади врз Кијив и други градови, поради што источниот дел на Украина беше под воздушна тревога повеќе од пет часа, соопшти украинската војска. Руски беспилотни летала влегоа во главниот град на Украина во неколку наврати и од различни правци, изјави шефот на воената управа на Кијив, Серхи Попко и додаде дека е уништено целото воздушно оружје како и дека нема информации за штети или повредени. Воздушната тревога за ...
Проширување на мрежата на централно греење во Скопје и шест нови еколошки автобуси за ЈСП, но и гасификација на целата држава се дел од мерките за справување со аерозагадувањето кои денеска ги најави министерот за животна средина, Изет Меџити. Тој посочи дека проблемот не може да се реши само со една мерка, туку на него треба да се работи во контимуитет. „Работиме Град Скопје да добие шест еколошки автобуси. Мислам дека со проширувањето на ...
И покрај ветувањето на градоначалникот на општината, Висар Ганиу, пред последните локални избори, во Чаир сè уште не е отворен социјалниот центар за лица со посебни потреби. Од Општина Чаир се правдаат дека за формирање на овој центар е потребна инвестиција од Министерството за социјална политика, а од Министерството апелираат до општината да биде проактивна на овој план, пишува Порталб.мк. Ветувањето за социјален центар за лица со посебни ...
Иранскиот врховен лидер Али Хамнеи го предупреди Израел дека атентатот на лидерот на Хезболах, Саид Хасан Насрала „нема да помине неодмазден“. Додека ударните бранови од воздушниот напад во петокот вечерта во кој беше убиен Насрала одекнаа низ регионот, а Израел продолжи да гаѓа цели во Либан, Али Хамнеи вчера објави петдневна жалост и повика на итен состанок на 57-члената Организација за исламска соработка, јавува Гардијан. Иран, исто така, ...
Во Австрија денеска се одржуваат парламентарни избори на кои, според анкетите, најголеми шанси за победа има крајнодесничарската Партија на слободата (ФПО). Партијата пред пет години излезе од владината коалиција со конзервативната Народна партија поради корупциски скандал. Поранешниот министер за внатрешни работи и долгогодишен стратег на кампањата на ФПО, Херберт Кикл, цели кон тоа да стане новиот канцелар на Австрија. Како што пишува ...
Израелската војска започна копнена офанзива во јужен Либан, пренесува Гардијан. „Израелските одбранбени сили (ИДФ) започнаа со ограничени, локализирани и таргетирани копнени напади, чии цели се одредени врз основа на прецизни разузнавачки информации против терористички цели и инфраструктура на Хезболах во јужен Либан. Овие цели се лоцирани во села блиску до границата и претставуваат непосредна закана за израелските заедници во северен Израел. ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека ќе пратат нови трупи во Либан, пренесува Гардијан. Ова проширување на копнената офанзива доаѓа откако Иран вчера лансираше ракети врз воени цели во Израел, како одговор на интензивираните напади на Израел врз Либан и Хезболах во изминатите две недели. Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, како и безброј други високорангирани израелски функционери, ветија „одмазда“ за вчерашниот напад. Сè уште не ...