Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Американските и иранските претставници изјавија дека се согласиле за рамка за завршување на нивната војна, запирање на американската блокада на Иран и повторно отворање на Ормускиот теснец, прелиминарен договор што ги намали цените на нафтата, но ја остави судбината на нуклеарната програма на Иран на понатамошни преговори. „Договорот со Исламската Република Иран сега е завршен“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на својата ...
Британските вооружени сили денеска пресретнаа санкциониран танкер за нафта од руската флота во сенка во Ла Манш, во прва операција за спречување на приходите од нафта што помагаат во финансирањето на војната на Русија во Украина. На бродот „Смиртос“, кој пловел под камерунско знаме, се истовариле командоси на Кралската морнарица и претставници на Националната агенција за борба против криминалот (NCA) во раните утрински часови, со поддршка од ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека од следната недела ќе започнат разговори со колаиционите партнери за реконструкција на Владата. Разговорите, како што посочи, ќе започнат по 17 јуни, кога во Струмица ќе биде одбележан роденденот на ВМРО-ДПМНЕ. „Следниот ден почнуваме со разговори со владините коалициони партнери околу реконструкцијата на Владата“, одговори премиерот. За реконструкција на Владата се зборува од август минатата ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека Македонија, на европскиот пат не треба да се фрустира од перцепцијата дека е мала држава и не треба да се однесува субмисивно. Таа во интервју за МИА, вели дека и Европската Унија треба да размисли за методологијата на преговорите, а не како што вели, да ги води по принципот „молчи и слушај“, бидејќи и кандидатите за кандидати имаат што да кажат. „Македонија мора да ги изнесе националните ...
Пет поетски книги, од вкупно 37 пристигнати од 35 автори, се дел од потесната листа од која годинава ќе се избере добитникот на наградата Златен венец на Струшките вечери на поезијата. Фестивалот ќе започне на 24 јуни со традиционалното засадување на дрво во Паркот на поезијата од страна на годинашниот добитник на наградата, Анеке Брасинга од Холандија, а официјалното отворање ќе биде вечерта во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во ...
Уставниот суд од денеска ја пушта во употреба новата комуникациска платформа „Дознај ФАКТИ од Уставен суд“, наменета за навремено, точно и официјално информирање на граѓаните, медиумите и пошироката јавност. Како што информираат од Судот, платформата е создадена како дел од заложбите за поголема транспарентност, отвореност и достапност на информациите од јавен интерес. Нејзината цел е да обезбеди проверени факти и појаснувања за работата на ...
Околу 200 демонстранти во саботата ги урнаа металните и оградите од бодликава жица околу луксузен градежен објект на јадранскиот брег на Албанија, што е уште еден знак за растечкиот гнев против градењето во еколошки чувствителни области. Албанците со недели протестираат против планираниот луксузен проект поддржан од компанија поврзана со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, во близина на Валона, која е позната по ...
Претседателот Доналд Трамп изјави дека договорот за прекин на борбите меѓу САД и Иран е закажан да биде потпишан во недела, откако Иран изрази сомнеж во врска со времето. Во објава на социјалните мрежи, Трамп рече дека Ормускиот теснец, клучен поморски пат, ќе биде отворен за сите откако ќе се постигне договор. Во саботата, Пакистан, клучен посредник, исто така изјави дека веројатно се очекува договорот да биде финализиран во рок од 24 часа и ...
Основното јавно обвинителство — Битола поднесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен маж, осомничен дека од јануари до јуни годинава во неколку наврати вршел полови односи со девојче на 12 години. Според обвинението, со дејствата е сторено продолжено кривично дело — силување на дете кое не наполнило 15 години, по член 188 став 1 од Кривичниот законик. Како што се наведува во Наредбата, осомничениот стапил во контакт со ...
Играта „Pokémon Go“ е сè уште активна. Додека беше во подем играчите „ловеа покемони“ со сликање локации, каде виртуелните покемони се појавуваат во реалниот свет на улица или во околината на играчите, и се детектираат со мобилен телефон. Податоците собрани од локациите што милиони играчи ги сликале, моментално служат за систем за навигирање дронови напаѓачи и тренираат ВИ модели за милитаристички цели, во случај на леталата да им се попречи ...
Автопатот Скопје-Блаце ќе го гради македонската градежна компанија „Гранит“, информира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Министерот денеска оствари работна средба со Фатих Туркменоглу, директор на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која се разговарало за изградбата на автопатот Скопје-Блаце. Од Министерството информираат дека на средбата, претставниците на ЕБОР информираа дека во ...
Со изложбата „Пркосните 12“, поставена во КСП Центар Јадро во Скопје, беше заокружен тримесечниот инклузивен курс за фотографија организиран од граѓанската организација Пркос, под менторство на фотографот Драги Неделчевски. Изложбата содржи 30 портретни фотографии создадени во рамки на две фотосесии реализирани за време на практичниот дел од курсот. На фотографиите се претставени самите учесници, кои во текот на програмата биле и фотографи и ...
Американските војници го убија водачот на венецуелската банда Трен де Арагва во воздушен напад, објави претседателот Доналд Трамп, пренесува Би-Би-Си. „По моја наредба, Јужната команда на Соединетите Американски Држави изврши брз и смртоносен кинетички удар за успешно да го егзекутира Нињо Гереро“, напиша Трамп на социјалните мрежи. Нињо Гереро, чие целосно име е Хектор Растенфорд Гереро Флорес, беше долгогодишен водач на Трен де Арагва. ...
Договорот со САД за прекин на борбите во Иран е блиску и вклучува повторно отворање на Ормускиот теснец, изјави иранскиот министер за надворешни работи на Иран. Сејед Абас Арагчи изјави за државната телевизија дека договорот, исто така, вклучува и укинување на блокадата на САД кон Иран, но дека разговорите за нуклеарната програма на Иран ќе започнат подоцна. Американските претставници потврдија некои од деталите од договорот, велејќи дека ...
Откако беше пропуштен рокот за усогласување со одлуката на федералниот судија за отстранување на името на претседателот Доналд Трамп од Центарот Кенеди, историското место за сценски уметности бара дополнително време за спроведување на неговата директива, пренесува Си-Ен-Ен. Адвокатите на Министерството за правда кои го претставуваат центарот изјавија дека додека работата е во тек, грмотевиците во областа на Вашингтон предизвикале одложувања. ...
Вработените во јавнообвинителската служба во сите обвинителства во државата денеска преку писмено соопштение реагираат на новиот предлог-закон за јавнообвинителска служба, кој е веќе во собраниска процедура. Според нив, предложеното законско решение, кое треба да го замени постојното, донесено пред 10 години, не претставува реформски исчекор, туку, како што велат, пропуштена можност за спроведување на неопходните промени во ...
Во светот постојат околу 2,4 милијарди деца на возраст под 18 години. Но, речиси речиси 138 милиони од овие деца, околу едно од 17, се вклучени во детски труд, вклучувајќи 54 милиони кои работат во опасни услови што го загрозуваат нивното здравје и безбедност, според проценките на Меѓународната организација на трудот (ILO) и УНИЦЕФ, пренесува Ал Џезира. По повод Светскиот ден против детскиот труд, Ал Џезира ги анализира најновите податоци за ...
Премиерот Христијан Мицкоски на Бизнис-форумот Македонија – Турција во Истанбул денес, упати повик до турските компании да инвестираат во земјава и да станат дел од, како што рече, „развојната приказна на Македонија“. „Постои навистина голем интерес кај турските бизнисмени за инвестиции во Македонија, а она коешто ние ќе го правиме овие два дена овде во Истанбул е да ги презентираме можностите на македонската економија и сите оние можности и ...
На социјалните мрежи деновиве кружи повик до граѓаните на општините Виница и Кочани да присуствуваат на, како што се вели, „сенароден собир и разговор“ посветен на македонско-руското пријателство, на православната поврзаност и на иднината на Македонија. Според објавата, собирот е најавен за 14 јуни пред руската православна црква во селото Блатец. Останува непознато е кој е организатор на собирот. По објавувањето на повикот, следуваше реакција ...
Кинеското Министерство за надворешни работи потврди дека е уапсен американски научник, обвинувајќи го за шпионажа и загрозување на кинеската национална безбедност, пренесува Би-Би-Си Њуз. Ју Мин Зин, директор во тинк-тенк фокусиран на Мјанмар, бил уапсен на почетокот на јуни, изјавиле извори претходно за „Њујорк тајмс“. Тој наводно исчезнал додека бил во кинескиот град Кунминг, кој се наоѓа на границата со Мјанмар, се наведува во извештајот. ...
Меморандум меѓу САД и Иран за запирање на војната во Заливот би можел да биде потпишан веќе во недела, изјави западен извор за Ројтерс во петокот, а Женева се појавува како најверојатно место. Изворот рече дека формулацијата во меморандумот сè уште се финализира и дека Иран се држи до својата позиција дека договорот мора да ги прекине и борбите во Либан, каде што Израел се бори против милицијата Хезболах, поддржана од Иран. Целта беше да се ...
Деветтоодделенците од денеска електронски се пријавуваат за упис во средно образование за учебната 2026/2027 година. Согласно конкурсот, пријавувањето се одвива преку порталот uslugi.gov.mk, со корисничките имиња на schools.mk, каде што учениците треба да ги прикачат скенирани или фотографирани документите за упис, односно свидетелствата од 6 до 9 одделение, додатоците на свидетелства како и извод од матична книга на родени. Како и изминатите ...
Претседателот Доналд Трамп се закани дека ќе ја заземе нафтената инфраструктура на Иран, вклучувајќи го и главниот извозен терминал на островот Харг, „во не толку далечна иднина“, објави Си-Ен-Би-Си. Трамп во објава на „Truth Social“ изјави дека американската војска ќе го нападне Иран „МНОГУ ЖЕСТО“ вечерва, откако во средата беа извршени воздушни напади. Претседателот се закани дека ќе ја преземе „целосната контрола“ врз пазарите на нафта и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека почетниот договор за завршување на војната со Иран е близу, откако објави дека ги откажал нападите врз земјата. „Тукушто постигнавме одлично решение за војната со Иран“, изјави тој пред новинарите во Овалната соба. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави за државната телевизија дека извештаите за договор се шпекулативни и дека ништо не е финализирано. ...
Цените на нафтата паднаа над еден долар утрово, продолжувајќи ги загубите од претходната сесија откако американскиот претседател Доналд Трамп ги откажа плановите за напад врз Иран, и ги намали стравувањата од ескалација на непријателствата. Фјучерсите на Брент паднаа за 1,83 долари или 2% на 88,55 долари за барел, додека американската сурова нафта од Западен Тексас (WTI) падна за 1,60 долари или 1,8% на 86,11 долари. Трамп, кој прво се закани ...
Британската економија се намалила за 0,1% во месец парил, покажаа бројките објавени во петок, бидејќи влијанијата од војната во Иран продолжуваат да го попречуваат растот, пренесвуа Си-Ен-Би-Си. Намалувањето од 0,2% во услужната активност беше наведено како главен двигател на негативниот раст, а официјалните лица рекоа дека делумно е компензирано со зголемување од 0,1% на градежништвото. Производството покажа нулти раст за месецот. ...
НАТО постепено ќе ја прилагодува силата на својата мисија за поддршка на мирот во Косово, која е во сила од 1999 година, во текот на следната година поради стабилната безбедносна ситуација во земјата, соопштија денеска од Алијансата. „НАТО и КФОР се целосно посветени на безбедноста и сигурноста во Косово“, изјави генералот на воздухопловните сили на САД, Алексус Г. Гринкевич, врховен командант на сојузничките сили за Европа (SACEUR). „Токму ...
Околу еден милион млади луѓе во Англија, Велс и Шкотска ќе добијат можност да се вакцинираат за заштита од менингитис Б, пренесува Би-Би-Си Њуз. Еднократната програма е воведена поради загриженоста од најголемото и најбрзо растечко жариште на менингитис Б досега во Обединетото Кралство, регистрирано годинава во Кент, како и по појавата на уште две „невообичаени“ групирања на случаи во Вејмут во Дорсет и Ридинг во Беркшир. Вакцината, која се ...
Мајка од Канада ги тужи „OpenAI“ и нејзиниот извршен директор, Сем Алтман тврдејќи дека „ChatGPT“ ја охрабрил нејзината ќерка да се самоубие. Тужбата е најновата во низата обвинувања дека компанијата не успеала да се справи со опасните разговори меѓу корисниците и четботот на компанијата, објави Гардијан. Кристи Кериер во тужбата поднесена до државниот суд во Сан Франциско изјави дека нејзината ќерка, Алис, му кажала на четботот за своите ...
Елон Маск се очекува да стане првиот билионер (АНГ:trillionaire) во светот по долгоочекуваното деби на неговата компанија СпејсИкс на американската берза, пренесува Д Хил. Се очекува најбогатиот човек во светот, чие моментално богатство е околу 790 милијарди долари, да го види своето богатство над 1 билион долари откако акциите на неговата компанија за вселенски летала и сателитски комуникации денеска во текот на денот ќе почнат да се ...