Педесет дена ѝ даде рок Србија на Русија да ја продаде Нафтената индустрија на Србија (НИС), артеријата на целиот економски живот на земјата, чија работа е загрозена поради американските санкции. Ако по 50 дена не дојде до продажба, српските власти најпрво ќе воведат принудна управа во НИС, а потоа ќе им ја понудат на „руските пријатели“ највисоката цена, изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ. „Сакаме да бидеме фер кон руската ...

Дискусиите во кои учествуваат американски, руски и украински претставници во Абу Даби, се најновиот чекор во обидите на администрацијата на Трамп да протурка мировен договор за прекин на конфликтот во Украина, пренесува Гардијан. Секретарот на американската армија, Ден Дрискол, се сретна со руска делегација во понеделник вечерта во емиратот во Персискиот Залив, а разговорите продолжија и во вторник. „Разговорите одат добро и ние остануваме ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од ставот четврток да е краен рок за Украина да се согласи со мировниот план поддржан од САД. Трамп, зборувајќи со новинарите во авионот „Ер Форс Уан“ додека леташе за Флорида за празникот Денот на благодарноста, рече дека американските преговарачи напредуваат во разговорите со Русија и Украина, а Москва се согласила на некои отстапки. Тој не ги детализираше. Рамката за завршување на војната, ...

Специјалниот пратеник на Доналд Трамп, Стив Виткоф, минатиот месец му рекол на висок функционер на Кремљ дека постигнувањето мир во Украина ќе бара Русија да ја преземе контролата врз Донецк и потенцијално посебна размена на територија, според снимка од нивниот разговор што ја добил Блумберг. Во телефонскиот разговор од 14 октомври со Јуриј Ушаков, главниот помошник за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, Виткоф рекол ...

Француските власти уапсија уште четири лица во врска со минатомесечната спектакуларна кражба на крунски накит од Лувр во вредност од околу 88 милиони евра. „Станува збор за двајца мажи на возраст од 38 и 39 години и две жени на возраст од 31 и 40 години, сите од регионот на Париз“, изјавија полициски извори. Француските медиуми објавија дека меѓу уапсените е и последниот наводен член на бандата од четири лица што упадна во музејот. ...

Поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, мора да почне да ја отслужува својата 27-годишна затворска казна за заговор за обид за државен удар, одлучи судијата на Врховниот суд, Александар де Мораес. Одбраната на поранешниот претседател одлучи да не поднесе конечна жалба по неговата пресуда за заговор за државен удар во 2022 година за соборување на неговиот наследник, претседателот Луиз Инасио Лула да Силва. Како резултат на тоа, ...

Бидејќи не даде најпрецизно објаснување зошто Владата на Србија му остави токму 50 дена на мнозинскиот сопственик на НИС да го продаде својот пакет акции, претседателот на Србија остави неколку опции, првата би подразбирала дека НИС и државата имаат резерви на нафта и деривати за толку денови, за пазарот да може непречено да функционира, пренесува „Н1“. „Дури и ако одговорот на американскиот OFAC на барањето за продолжување на лиценцата биде ...

Најмалку 13 лица загинаа, а повеќе од 15 се повредени во пожар што денеска избувна во неколку високи станбени згради во населбата Тај По, во северниот дел на Хонг Конг, пишува Гардијан. Пожарот брзо се проширил низ згради, при што густ сив чад се издигнувал од објектите додека противпожарните екипи се обидувале да го изгасат пожарот. Полицијата соопшти дека повеќе луѓе останале заробени во зградите, а две лица се во критична состојба со тешки ...

Двајца припадници на Националната гарда од Западна Вирџинија беа повредени откако вооружен напаѓач отвори оган врз нив во вооружена пресметка вчера попладне во центарот на Вашингтон. Американскиот претседател Доналд Трамп нападот го нарече чин на зло, омраза и терор, нагласувајќи дека станува збор за злосторство против целата нација. Осомничениот е идентификуван како 29-годишниот Рахманулах Лаканвал, кој поднел барање за азил во САД во 2024 ...

Најмалку 44 лица загинаа во голем пожар што зафати станбен блок во областа Таи По во Хонгконг – а повеќе од 270 сè уште не се пронајдени. Властите утрово изјавија дека пожарот е под контрола во четири од седумте погодени згради – велејќи дека се надеваат дека ќе ги изгаснат преостанатите пожари до вечерта. Според информации од властите, речиси 40% од 4.600 луѓе што живееле во станбениот комплекс Ванг Фук Корт се на возраст од најмалку 65 ...

Папата Лав денеска замина на своето прво патување надвор од Италија како водач на Католичката црква. Тој ќе ја посети Турција, каде што се очекува да упати апел за мир на Блискиот Исток и да повика на единство меѓу долго поделените христијански цркви. Првиот американски папа ја избра претежно муслиманската Турција како своја прва странска дестинација за да ја одбележи 1700-годишнината од значајниот ран црковен собор таму, на кој се создаде ...

Противпожарните власти во Хонг Конг соопштија дека денеска ќе ги завршат операциите за пребарување и спасување, откако најлошиот пожар во градот во речиси 80 години уништи огромен станбен комплекс, при што загинаа најмалку 94 лица, а десетици се уште се водат како исчезнати. Пожарникарите речиси целосно го локализираа пожарот што го уништи станбениот комплекс Ванг Фук Корт во северниот округ Таи По. Зградата од осум кули, во која живеат ...

Членката на Националната гарда која беше застрелана во близина на Белата куќа во заседа за која истражителите велат дека ја извршил авганистански државјанин, почина вчера како последица од повредите. За претседателот Доналд Трамп нападот е последица на неуспешните проверки на имиграцијата во ерата на Бајден, и нареди сеопфатен преглед на случаите за азил. Сара Бекстром, 20, почина од повредите, а нејзиниот колега од гардата Ендру Волф, 24, се ...

Претседателот Владимир Путин ги дуплира своите основни барања за прекин на војната во Украина, велејќи дека Русија ќе го положи оружјето само ако трупите на Киев се повлечат од територијата што ја бара Москва. Путин долго време се залага за законско признавање на украинските територии што Русија ги зазеде со сила. Тие го вклучуваат Крим, анектиран во 2014 година, и источниот регион Донбас, кој Москва сега го окупира во најголем дел. За Киев, ...

Украинските антикорупциски институции денес извршија претрес во домот на во шефот на кабинетот на Володимир Зеленски, Андриј Јермак, објави Политико. Националното биро за борба против корупција (НАБУ) и Специјалното антикорупциско обвинителство (САП) соопштија преку „Фејсбук“ дека спроведуваат „истражни дејства“ во просториите на шефот на Кабинетот на претседателот. Од таму нагласија дека акцијата е дел од тековна истрага и најавија ...

По повод започнувањето на глобалната иницијатива „16 Дена активизам за борба против насилство врз жените“, младите од волонтерската група на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, денес на Платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја претставија својата младинска кампања „Феминизам кој потфрла/ Failed Feminism“. Кампањата е критичка реакција на долгогодишните институционални пропусти во превенцијата и ...

Македонското еколошко друштво ќе стипендира студенти на природните науки од преспанскиот крај. Целта, како што велат од организацијата е да се недмине недостигот од кадар потребен за заштита на природата и животната средина. „Програмата ја претставивме пред ресенските средношколци од трета и четврта година во СОУ „Цар Самоил“ – Ресен која предвидува стипендирање на универзитетски студии по еколошки, биолошки, шумарски и земјоделски науки. ...

Поранешниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари доби кривична пријава заради несовесно работење во службата. Како што информира Министерството за внатрешни работи, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица, кој, како градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство. ...

Изградбата на Униврзалната сала во Скопје заглави во тендерските постапки. Како што информираше денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков тендерот за изведувач на Универзална сала пропаднал и идната недела ќе мора повторно да биде објавен, што веројатно ќе го одложи процесот за дополнителни два месеци. Љутков денеска информираше дека Министерството добило известување од Комисијата за жалби дека тендерот за Универзална сала не ...

Основното јавно обвинителство Скопје денеска информираше дека е поведена постапка против пет лица поради основано сомневање дека се соизвршители на кривично дело, злоупотреба на службената положба и овластување и дека го оштетиле државниот буџет за над 700.000 евра. Како што информираат од Обвинителството, осомничените иако биле должни да ја известат Владата за фактичката состојба во Јавното претпријатие за берзанско работење „Агро берза“ ...

Во 2026, државата ќе троши за околу 30 отсто помалку пари за студентски стандард, наведено е во предлог-буџетот за образование за следната календарска година. Како што е наведено, во 2026 година ќе има намалување од 560 милиони денари за студентски стандард, односно за безмалку една третина помалку средства, споредено со тековната година, кога буџетот за оваа намена изнесува 1,8 милијарди денари. Во Министерството за образование и наука (МОН) ...

Девет кучиња со чип, кои имаат сопственици се згрижени во „Лајка“ во последните недели, откако претходно биле исфрлени на улица. Од таму велат дека сопствениците не се заинтересирани да си ги земат и да се грижат за нив, а институциите не се ни обидуваат да ја исправат законската дупка во која напуштањето милениче е прекршок, но за него нема казна. Од градското претпријатие посочуваат дека трендот на пронаоѓање кучиња со активен чип на улица ...

Во свечената сала „Купола“ во Собранието на Република Северна Македонија денеска се одржа Осмата пленарна конференција на Националната конвенција за Европската Унија (НКЕУ-МК), посветена на регионалните предизвици и реформските процеси на патот кон ЕУ. Темата на конференцијата беше „Реформи од другата страна на реториката: Регионални предизвици на патот кон Европската Унија“ со акцент врз новиот План за раст за Западен Балкан, кој носи ...

Најмалку четириесет деца од одделенска настава во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош се затруле најверојатно од храна која ја консумирале во текот на вчерашниот ден на училиште, потврдија во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Во моментов, екипи од Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Центар за јавно здравје (ЦЈЗ), како и од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ...

Малолетници од Охрид се осомничени дека силувале и уценувале дете од 12 години. СВР Охрид поднесе известување до Основното јавно обвинителство Охрид за 16- годишник од Охрид, дека нападнал и силувал 12-годишно девојче, како и за 14- годишник од Охрид кој сето тоа го снимал и снимката ја искористил за уцена. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на првопријавениот од страна на надлежен судија му е одредена мерка притвор ...

Добивме информација од Агенцијата за храна и ветеринарство, дека се сомневаат на одредено труење со храна кај децата во „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош, а по дојавата пративме техничари и епидемиолог кој излезе на терен. Земени брисеви од раце, нос и грло на вработени во училишната кујна, од работните површини, а земени се и мостри од храна и вода, информира денеска Марија Андоновска, директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). ...

Првата регионална награда на EU Investigative Journalism Awards 2025, што се додели во Приштина и припадна на Истражувачката репортерска лабораторија ИРЛ за сторијата „Адитив“, посветена на злоупотребите преку набавката на адитив за АД ЕСМ. „Ова истражување покажува како упорното новинарство може да открие милионски штети за државниот буџет и да поттикне институционални истраги. Истата сторија годинава ја доби и првата награда за истражувачко ...

Лизгање на земјиште на Водно денеска ги собра на итен координативен состанок надлежните од Општината Центар и Центарот за управување со кризи и претставници од повеќе институции и служби. Директорот на ЦУК, Мухамед Али, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски разговараа за појавеното обрушување на земјиште на Водно, во близина на улиците „Белградска“ и „Партеније Зографски“, која претставува ризик за околните објекти и делови од ...

По вчерашното масовно труење на ученици во основното училиште „Димо Хаџи Димов“, за кое се уште се утврдуваат причините, инспекциски тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денескa спроведуваат вонредни инспекциски контроли во кујните на 9 основни училишта во општина Карпош, со кои стопансисува истиот оператор со храна, за кој вчера директорката на училиштето Лела Николоска, за Мета потврди дека е „Ванила фуд“. Во сопственост на ...

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 денари за литар, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2 денари, одлучија членовите на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Цени на бензините и на мазутот не се менуваат. ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 75 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 77денари, литар дизел гориво ќе чини 70,5 денари, а масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,5 ...

Сејф сити

49 минути - Cooltura
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
66%
1005
weather icon

Белград

5ᴼ / 2ᴼ
1.54
71%
1004
weather icon

Загреб

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
83%
1003
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.06
95%
1008
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
69%
1003
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
76%
1004
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
67%
1004
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1004
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
2.68
91%
1008
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
3.09
85%
1006
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
100%
1007
Currency

61.6038

Currency

52.4152

Currency

70.7683

Currency

35.8859

Currency

38.002

Currency

66.3324

Currency

7.51664

Currency

0.68973

Currency

0.3304

Currency

0.52446

Currency

1.20862

Currency

0.57032

Бакар

11.75

Платина

74080.83

Родиум

324722.54

Сребро

2897.70

Рутениум

45750.51

Злато

147776.72

Калај

49.66

Цинк

3.20

Иридиум

198077.91

Паладиум

57453.38

Кобалт

62.83

Алуминиум

3.13