Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на опозицијата Венко Филипче денеска повторно разменија спротивставени ставови во врска со Изборниот законик. Филипче уште еднаш го проблематизираше начинот на кој ќе треба да гласа дијаспората, и нагласи дека СДСМ ја поддржува европската агенда, но не и можноста за изборна злоупотреба. Тој побара да се повлече спорниот член за начинот на гласање на дијаспората и да се формира работна група, во која ќе ...

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, коментирајќи ги евроинтегративните процеси на Албанија и Црна Гора, како и на Молдавија и Украина во однос на Македонија и нашиот евроинтеграциски процес, ја обвини опозицијата за која вели дека е таа што ја довела Македонија во сегашната состојба, бидејќи прифатила предлог што не успеала да го испорача, но и кој е целосно асиметричен во однос на националните интереси на граѓаните и на државата. Мицкоски ...

Агенцијата за управување со одземен имот повторно објави датум за лицитација за продажба на трите запленети станови на поранешниот премиер Никола Груевски. Становите, кои беа конфискувани во судскиот предмет „Плацеви на Водно“ ќе се продаваат на лицитации закажани за 29 јули, во 9, 11 и во 13 часот. Според огласот, сите станови се на иста адреса на Водно, најголемиот има 200 квадтарни метри, вториот е малку помал, 199 квадратни метри, а ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја прошири истрагата против четири нови лица за предметот за нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала. Од таму информираат дека биле реализирани претреси на пет локации во Скопје, меѓу нив и на две здравствени установи при што се приведени три лица, од кои двајца доктори. Врз основа на прибраниот доказен материјал, е почната ...

Демократската партија на Турците на Македонија официјално стана дел од владеачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ. Со потпишување на договорот бројот на пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“, се зголеми на 59 пратеници. „Со овој договор се испраќа јасна порака дека кога станува збор за интересите на граѓаните и иднината на државата, постои простор за обединување околу заеднички вредности, принципи и цели. Партнерството е засновано врз доверба, ...

Здружението Отворена порта/Ла Страда ја доби престижната Награда за човекови права „Слобода – Еднаквост – Братство“ на Француската Република за 2025 година, доделена од Француската национална консултативна комисија за човекови права (CNCDH). Наградата официјално ја врачи амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер. Отворена порта/Ла Страда беше избрана меѓу 163 кандидати од целиот свет, како потврда за влијанието и вредноста на долгогодишната ...

САД сакаат Иран јавно да изјави дека Ормускиот теснец е отворен и да вети дека ќе престане да пука врз комерцијалните бродови како дел од преговорите што треба денеска да се одржат во Оман. Американските медиуми цитираа неименувани претставници кои велат дека Техеран приватно им признал на советниците на претседателот Доналд Трамп дека пукањето врз бродовите било грешка, иако Иранците наводно ја префрлиле вината на одметната внатрешна група. ...

Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал во содејство со Секторот за меѓународна полициска соработка учествуваше во меѓународната операција „FIRSTLIGHT 2026“ за сузбивање на онлајн измами и перење пари координирана од Интерпол, која се реализираше во периодот од 15.01.-30.04.2026. Во операцијата учествуваа надлежни институции од 97 држави и територии, со заедничка цел откривање и сузбивање на измами со модус ...

Јавен обвинител од Одделението за малолетници при Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот судија за деца поднесе барање да се поведе подготвителна постапка против две 14-годишни девојчиња за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат во Јавното обвинителство. „За еден 15-годишник се бара ...

Авион на „Рајанер“ што летал од Солун до Меминген бил принуден да се врати во Грција денес по инцидент што се случил за време на летот, откако поради сериозен дефект на моторот кратко по полетувањето, фрагмент од моторот удрил и скршил прозорец. Според пишувањето на повеќе медиуми, повреден бил патник што седел до прозорецот, а се активирале и маските за кислород, но немало пукнатина или пробив во трупот на авионот. „Екипажот го открил ...

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ продолжија со меѓусебни обвинувања околу измените на Изборниот законик, чија собраниска процедура е блокирана поради спорот за начинот на гласање на дијаспората. Портпаролката на СДСМ и членка на Извршниот одбор на партијата, Богданка Кузеска, на прес-конференција обвини дека премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат, како што рече, да ја манипулираат јавноста преку Изборниот законик и прашањето за гласањето на ...

Неексплодирана артилериска граната од 155 милиметри, тешка околу 45 килограми, што потекнува од Првата светска војна, била отстранета од водите на Вардар кај Неготино, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Од таму велат дека поради непристапниот терен и локација на неексплодираното убојно средство во коритото на реката Вардар, интервенцијата беше реализирана во сложени услови. „Oпасната граната беше пронајдена во атарот на ...

Во собранието се доставени измени на Законот за студентски стандард, со кои се заоструваат условите за користење на сместувањето во државните студентски домови преку изрекување на воспитни мерки до забрана за престој, како и определување на 30-годишна возраст, како горна граница, до кога ќе може да се добие сместување во дом. Со законските измени, на студентите кои не се придржуваат на утврдениот куќен ред може да им се изрече воспитна мерка ...

Производството на електрична енергија од хидроелектраните е зголемено за 76 проценти во однос на истиот период минатата година, додека производството од ветерните електрани бележи раст од околу 10 проценти. Истовремено, исполнетоста на акумулациите достигнува околу 80 проценти, што претставува значајна резерва за стабилно и сигурно снабдување во периодите на зголемена потрошувачка. Паралелно, се гради втората фаза од ветерниот парк Богданци, ...

Аниме играта Granblue Fantasy: Relink штотуку ја доби експанзијата наречена Endless Ragnarok, се работи за игра многу слична со „Genshin Impact“ со тоа како изгледаат околините и ликовите и „Honkai Impact“ во смисла на борбите кои се со многу слични светлосни ефекти, но целата игра највеќе потсетува на „Monster Hunter“ серијалот игри што во последно време е во подем на играност ширум светот-затоа и оваа игра привлече огромно внимание. Пред ...

Русија воведе забрана за извоз на дизел како дел од низа мерки за поддршка на домашниот пазар на гориво откако систематските украински напади со беспилотни летала врз рафинериите за нафта предизвикаа недостиг на бензин и скокови на цените. Возачите во многу региони се соочуваат со часови редици за полнење гориво, бидејќи интензивните украински напади врз руската енергетска инфраструктура ги намалуваат залихите на дизел и бензин. Вицепремиерот ...

Иранските вооружени сили започнаа напади врз американската воена инфраструктура во земјите од Персискиот Залив, по американските напади врз јужните крајбрежни и источни провинции на Иран, дополнително нарушувајќи го тринеделното примирје. Иранските медиуми подоцна објавија повеќекратни експлозии низ јужен Иран, вклучувајќи го и Бушер, каде што се наоѓа една од нуклеарните централи на земјата, заедно со Конарак, Чогадак и Бандар Абас. ...

Најмалку 12 лица загинаа во шумски пожар во Лос Гаљардос во југоисточната покраина Алмерија, според регионалната влада на Андалузија, додека шест се повредени. Некои од жртвите се пронајдени во возила кои биле зафатени од пламенот. Сведоците велат дека пожарот бил предизвикан од паднат далновод, а брзо се проширил во блиската пошумена област. Властите не ја потврдија причината за пожарот. Постојаниот топлотен бран со температури од околу 40 ...

Европскиот парламент во четвртокот даде зелено светло за почеток на преговори со Советот на ЕУ за предлогот за дигитално евро, нова електронска форма на јавни пари што би ја издавала Европската централна банка. Со 416 гласа „за“, 169 „против“ и 22 воздржани, европратениците го поддржаа отворањето меѓуинституционални преговори за создавање дигитално евро. Со гласање со кревање рака беше одобрено и започнување преговори за поврзаниот предлог со ...

КанцерДизинфо ја претставува својата нова алатка со отворени податоци, која овозможува пребарување низ 265.000 писмени пратенички прашања, почнувајќи од она што парламентарната евиденција на Турција го открива за ракот и отчетноста. Од 2002 година, пратениците во Турција поднеле речиси 265.000 писмени прашања до министрите. Ова претставува јавна евиденција на прашањата за кои избраните претставници на граѓаните барале одговори и што Владата ...

Европскиот парламент го поздрави отворањето на првиот кластер, фундаментални права, од пристапните преговори со Украина и побара конструктивна расправа за тоа како да напредува нејзината европска интеграција земајќи ги предвид стратешките интереси на ЕУ. Во извештајот усвоен со 460 гласа „за“, 136 „против“ и 59 воздржани, пратениците наведуваат дека земјите членки треба да ја земат предвид динамиката во земјите кандидатки, вклучително и ...

Претседателот на Србија Александар Вучиќ повторно ја прозва Хрватска, откако се спротивстави на отворањето на нов преговарачки кластер на Србија со Европската унија, објави Н1 Хрватска. Во изјава за дневникот на Радио телевизија Србија, Вучиќ рече дека Хрватска сака да ја види Србија „на колена“ и додаде дека одлуката на Брисел не била донесена според заслуги. Според неговите зборови, српските институции го исполниле сето она што го барала ...

Американската војска и денеска изврши напади врз Иран, втор ден по ред и неколку часа откако претседателот Доналд Трамп изјави дека привремениот договор за прекин на војната е завршен. Доцна во среда, иранските државни медиуми објавија експлозии во пристанишниот град Бандар Абас во Ормускиот теснец; во Сирик, друг јужен крајбрежен град и југозападната покраина Бушер, каде што се наоѓа комплексот на нуклеарна централа на Иран. Трамп напиша на ...

Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД ќе ѝ доделат на Украина лиценца за производство на ракетни пресретнувачи „Патриот“, што е огромен поттик за Киев, кој долго време бара дозвола за производство на одбранбено оружје. „Ќе ви дадеме лиценца за производство на „Патриот“. На овој начин, не можете да се жалите дека не им даваме доволно“, рече Трамп на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на НАТО во Анкара. „Тоа ...

Писателката Е. Џин Керол може да добие 5,8 милиони долари откако поротата утврди дека претседателот Доналд Трамп сексуално ја злоупотребил и правел клевета кон неа, пресуди федерален судија. Адвокатите на Трамп веднаш поднесоа жалба, но им беше одбиена итна наредба за блокирање на плаќањето, пренесува Асошиејтед Прес. Трамп ги депонираше парите на сметка кратко откако поротата пресуди против него во 2023 година. Врховниот суд на САД неодамна ...

Западна Европа е погодена од најжешкиот јуни досега, велат научниците, додека Велика Британија влегува во третиот топлотен бран оваа година, а пожарите ги пустошат Франција и Шпанија. Смртоносниот јунски топлотен бран помогна да се зголемат температурите на површинскиот воздух во регионот за 3,06 степени Целзиусови над просекот од последните децении, покажува службата за следење на климата „Коперникус“ на ЕУ. Глобално, јуни 2026 година бил за ...

Туурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ми подари на секој лидер на НАТО гравиран револвер со нивното име и кутија со боева муниција по самитот на алијансата во Анкара. Ердоган, исто така, му даде на секој лидер писмо со кое се откажува од извозните контроли на Турција за оружјето за да им се дозволи да го изнесат од земјата. Нема официјална информација од кабинетот на претседателката Гордана Силјановска-Давкова дали и таа добила револвери ...

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска е првиот македонски филм што доби две номинации за 78. награди „Еми“, најпрестижните награди во светската телевизиска индустрија. Филмот е номиниран во категоријата Исклучителна вредност во документарното филмско творештво, една од најзначајните документарни категории на наградите „Еми“, која препознава дела со исклучителна авторска, уметничка и општествена вредност. Втората ...

Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристоф Ле Риголер, во интервју за Порталб.мк вели дека француско-германскиот предлог за постепена интеграција на земјите кандидатки во Европската Унија не подразбира создавање меѓустатус или „втора лига“ за земјите од Западен Балкан. Напротив, според него, целта на Франција и Германија е процесот на проширување да добие нова динамика и земјите кандидатки, вклучително и Македонија, да имаат поголеми ...

Инспекциските служби на Град Скопје вчеравечер затекнале лица кои нелегално исфрлале градежен шут и отпад на три локации во градот, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Според неговата објава на социјалните мрежи, две од локациите се во Аеродром, а третата е на улицата „Франклин Рузвелт“ во централното градско подрачје. Ѓорѓиевски наведе дека со ваквото одлагање отпад „директно се загрозуваат животната средина, здравјето на граѓаните и ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Калај

46.54

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87