Владата ќе потроши осум милиони евра за софтверски лиценци за виртуелна платформа наменети за повеќе државни институции. Договорот за набавката, која е објавена на веб страницата на Бирото за јавни набавки е склучен со компанијата „Дигитал оне“ и предвидува да се реализира до 2028 година или додека не се исцрпат средствата. Компанијата, која е релативно нова, формирана во 2024 година, набавката ја добила во конкуренција на уште две компании. ...

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. „Осомничениот 48 годишник, при вршење семејно насилство, на 26 ноември во семејниот дом во селото Просениково, се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга. Тој ја фатил за главата и со шприц се обидел насилно да и вбризга во устата ...

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ денеска информира дека е исправна водата за пиење во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во Влае, откако пред два дена имаше масовно труење на околу 40 ученици, повеќето од одделенска настава. Пред два дена екипи од претпријатието извршиле вонреден мониторинг врз основа на пријава од „Димо Хаџи Димов“. „Секторот за санитарна контрола зема 4 примероци од две локации (училница и кујна) од кои две ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска издаде жолто ниво на предупредување поради најавените обилни дождови и потенцијалната опасност од поплави. Од УХМР апелираат граѓаните претпазливо да се движат покрај реките и суводолиците, пред сè на оние во југоисточните, источните и североисточните делови на земјата. Според прогнозата на Управата, денеска е активен портокалов метеоаларм заради обилни врнежи од дожд во источните делови од ...

ВМРО ДПМНЕ денеска ги обвини функционерите на СДСМ, Зоран Заев, Венко Филипче и Љупчо Николовски, дека дозволиле 2000 тони пченица и јачмен во вредност близу 800.000 евра од државните стокови резерви да се најдат на црн пазар на една соседна држава. Викторија Андоновска од ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција посочи дека иако пченицата постоела и била употреблива, директорот Димковски и уште 4 лица направиле записник во кој напишале дека ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека неговиот помлад син бил дел од децата кои се затруени во училиштето „Димо Хаџи Димов“, но демантираше дека тој бил хоспитализиран во тешка состојба. Рече дека детето три дена примало инфузија и дека очекува од понеделник да се врати на училиште. „Имаше некои медиуми кои пренесоа дека е во тешка состојба, дека бил хоспитализиран. Сакам да демантирам. Беше во состојба во која што беа сите други ...

Воспоставувањето национален модел за справување со странското мешање и манипулирање со информации (СММИ) ќе и овозможи на Северна Македонија да премине кон интегриран, функционален и одржлив систем за институционален одговор кон ваквите закани, беше кажано на конференцијата „Хибридни и информациски закани: од препознавање кон национален системски одговор“, што ја организираше Институтот за комуникациски студии (ИКС). Странското мешање и ...

Во примерокот од мусаката која на децата им била послужена за ручек во основното училиште „Димо Хаџи Димов“, се пронајдени грам-негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии кои исто така се пронајдени и на 3 чешми во училиштето, информираа денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Пред неколку дена имаше масовно труење кај деца кои јаделе мусака и мусли со млеко по што добиле стомачни тегоби, а некои од нив ...

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, изјави дека проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан би претставувало „реобединување на Европа“, алудирајќи на изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, од нејзиниот последен говор за состојбата на Унијата. „Мислам дека иднината на мојата земја е во Европската Унија. И покрај сите понижувања и разочарувања, кои се дел од моменталната ...

Поранешниот шеф на кабинет на Белата куќа, член на конгресот, секретар за одбрана и потпретседател на САД, Дик Чејни, почина на 84 години, соопшти неговото семејство. Чејни беше еден од најмоќните потпретседатели во земјата, за кој се вели дека имал големо влијание врз помалку искусниот Џорџ В. Буш, претседателот под чие водство служел. Чејни беше на функцијата на 11 септември 2001 година за време на терористичките напади врз Њујорк и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го поддржа Ендру Куомо во трката за градоначалник на Њујорк, повикувајќи ги гласачите да не го избираат левичарскиот фаворит Зохран Мамдани. „Без разлика дали лично ви се допаѓа Ендру Куомо или не, навистина немате избор. Мора да гласате за него и да се надевате дека ќе заврши фантастична работа“, објави Трамп на Truth Social во понеделник вечерта. „Тој е способен за тоа, Мамдани не е!“ Одговарајќи на ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вели дека српските служби веќе три дена залудно трагаат по двајца снајперисти кои, според него, се наоѓаат во Белград, но не посочи кој би можел да биде нивната мета. Ова Вучиќ го кажа во интервју за српската ТВ Прва, каде исто така обвини поединечни државни обвинители дека се криминалци и дел од „корумпирана банда“. „Ние во моментов во Белград бркаме двајца снајперисти за кои знаеме дека се во ...

Полицијата во Израел ја уапси и притвори највисоката правна службеничка на војската Јифат Томер-Јерушалми откако таа призна дека споделила снимки од војници кои наводно напаѓаат палестински притворен, а потоа всушност лажеле за своите постапки пред високиот суд на Израел. Воената адвокатка, Томер-Јерушалми, минатата недела во писмо за оставка изјави дека одобрила објавување на видеото за да се смират нападите врз воените истражители и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека, засега, не разгледува договор што би ѝ дозволил на Украина да добие ракети „Томахавк“ со долг дострел за употреба против Русија. Трамп посочи дека не сака да ја ескалира војната, но додаде и дека може да се предомисли. Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, разговараа за идејата за „Томахавк“ кога се сретнаа во Белата куќа на 22 октомври. Руте во петокот изјави дека прашањето е во ...

Пет германски планинари загинаа откако беа погодени од лавина во северна Италија, соопштија спасувачите. Телата на три жртви – двајца мажи и една жена – беа пронајдени во саботата, додека телата на уште две исчезнати лица, еден маж и неговата 17-годишна ќерка, беа пронајдени во недела наутро, пренесува Гардијан. „Тие беа влечени до долниот дел од клисурата каде што се случи лавината“, рече Федерико Катанија, портпарол на алпската спасувачка ...

Претседателот Доналд Трамп ѝ се закани на Нигерија со потенцијална воена акција и изјави дека САД може да ја прекинат помошта што ја даваат, обвинувајќи ја владата на западноафриканската земја дека не ги заштитува христијаните, пренењува Њујорк Тајмс. Трамп во објава на социјалните медиуми рече дека му наложува на Пентагон „да се подготви за можна акција“ за уништување на „исламските терористи“ во земјата. „Ако нападнеме“, напиша тој, „тоа ќе ...

Две лица се уапсени откако десет лица беа избодени со нож во воз кој одел кон Кембриџшир. Британската полиција ја исклучи можноста за тероризам во врска со масовниот напад со нож во воз во централна Англија, бидејќи две лица се во животно загрозувачка состојба во болница, пренесува Би-Би-Си. Двајца мажи кои се британски државјани беа уапсени во врска со нападот, во кој 10 лица беа однесени во болница со возила за брза помош. До недела наутро, ...

Турскиот суд денеска осуди 11 лица, вклучувајќи го и сопственикот на хотелот Гранд Картал, на доживотен затвор поради пожарот во јануари во кој загинаа 78 лица, вклучувајќи околу 30 деца. Истрагата за пожарот што го зафати хотелот во северниот планински луксузен ски-центар Карталкаја покажала дека биле прекршени безбедносните норми. Покрај 78-те мртви, повредени се и 137 лица. Цели семејства беа убиени во пожарот, а роднините поставија слики ...

Илјадници претежно млади луѓе во Србија започнаа дводневен марш од Белград со цел да се приклучат на голем собир во Нови Сад овој викенд, со кој ќе се одбележи годишнината од смртоносната катастрофа на железничката станица. Падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад уби 16 лица на 1 ноември минатата година, а трагедијата предизвика протестно движење предводено од млади против автократскиот претседател Александар Вучиќ, пишува ...

Ураганот Мелиса, кој уби 24 лица во Хаити, опустоши цели региони на Јамајка и ја поплави Куба, денес пристигнува до Бермудските острови по неколкудневно патување низ Карибите. Климатските промени предизвикани од човекот го направија ураганот Мелиса помоќен и подеструктивен, според студија објавена во вторник од климатолози на Империјал колеџ во Лондон. „Условите на Бермуда брзо ќе се влошат доцна попладне и навечер“, соопшти Националниот ...

Американскиот Сенат вчера зазема став против глобалните царини на Доналд Трамп што влијаат на повеќе од 100 земји, гласајќи за поништување на таканаречените реципрочни царини. Четири републиканци се здружија со сите демократи за да гласаат со 51-47 за резолуција за укинување на царините што претседателот ги воведе преку извршна наредба. Ова беше трет пат републиканците да гласаат заедно со демократите за резолуција за царини оваа недела, ...

Уште пет лица беа уапсени во врска со грабежот на крунските скапоцености во Лувр, вклучувајќи и еден човек идентификуван со ДНК како еден од осомничените крадци – изјави денеска парискиот обвинител, сигнализирајќи дека се стегнува мрежата околу осомничените за кражба низ француската престолнина и предградијата. Одделните операции доцна во ноќта во Париз и блискиот Сен-Сен Дени го зголемија вкупниот број на уапсени на седум. Обвинителката, Лор ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Кина Си Џинпинг се договориле да се намалат царините за Кина во замена за тоа Пекинг да се справи со нелегалната трговија со фентанил, да продолжи со купувањето на соја од САД и да го одржи извозот на ретки метали. Разговорите лице в лице на Трамп со Си во јужнокорејскиот град Бусан, првпат по 2019 година, го означија финалето на бурното патување на американскиот претседател низ Азија, ...

Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД ги отстрани Милорад Додик, претседателот на Алијансата на независни социјалдемократи, како и Жељка Цвијановиќ, членка на Претседателството на БиХ, од листата на санкции, пренесува Српскиот Н1. Претходно санкционираните членови на семејството на Додик, нивните компании и блиски соработници исто така беа отстранети од листата. OFAC веќе двапати го ...

Фондацијата Метаморфозис преку својот „Дезинфо радар“ е избрана меѓу 30-те решенија кои се претставени на Форумот за мир во Париз 2025, како глобална платформа што истакнува конкретни иновации за мир и демократска отпорност. Оваа селекција претставува силно меѓународно признание за долгорочното лидерство на Метаморфозис во справувањето со дезинформациите на Западен Балкан. Форумот се одржува во Париз на 29–30 октомври 2025 под темата „Нови ...

Едно дете загина, а уште седум деца и еден маж се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утрово на автопатот Нови Сад-Белград, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија (МВР). Во возилото имало осум деца на возраст од 13 до 16 години, членови на Џудо клубот „Партизан“ од Белград, кои се враќале од меѓународен спортски камп и натпревар во Азербејџан, објави Би-би-си. Според полицијата, дете родено во 2009 година ...

Зголемувањето на глобалната температура убива по едно лице во минута низ целиот свет, открива голем извештај за влијанието на климатската криза врз здравјето. Во него се вели дека зависноста на светот од фосилни горива, исто така, предизвикува токсично загадување на воздухот, пожари и ширење на болести како што е денга треската, а милиони луѓе умираат секоја година поради неуспехот да се справи со глобалното затоплување, пишува Гардијан. ...

Руската економија се соочува со нов сериозен удар, откако неколку од нејзините најголеми купувачи на нафта, меѓу кои и Индија, одлучија да ги прекинат новите нарачки на сурова нафта од Русија. Одлуката доаѓа по најновиот пакет санкции што САД ги воведоа против најголемите руски нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“, што предизвика загриженост кај азиските партнери поради ризикот од секундарни санкци, пренесува Ројтерс. Цените на нафтата се ...

Најмалку 33 Палестинци беа убиени во вчерашниот бран израелски напади во Газа, соопшти агенцијата за цивилна одбрана и болниците управувани од Хамас. Израел ги изврши нападите како одговор на наводно кршење на договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на САД. Министерот за одбрана на Израел го обвини Хамас за напад во јужна Газа во кој беше убиен еден израелски војник во вторникот и за кршење на условите за враќање на телата на ...

Ураганот Мелиса продолжи да се движи кон Куба со сила на моќна бура од категорија 4, неколку часа откако стигна до копното во соседната Јамајка како најсилниот циклон досега што ја погодил таа карипска островска нација. Мелиса се упати кон брегот во близина на југозападниот град Њу Хоуп на Јамајка, со постојани ветрови до 295 километри на час, според Националниот центар за урагани на САД, што е далеку над минималната брзина на ветерот од 252 ...

Сејф сити

49 минути - Cooltura
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
66%
1005
weather icon

Белград

5ᴼ / 2ᴼ
1.54
71%
1004
weather icon

Загреб

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
83%
1003
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.06
95%
1008
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
69%
1003
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
76%
1004
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
67%
1004
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1004
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
2.68
91%
1008
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
3.09
85%
1006
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
100%
1007
Currency

61.6038

Currency

52.4152

Currency

70.7683

Currency

35.8859

Currency

38.002

Currency

66.3324

Currency

7.51664

Currency

0.68973

Currency

0.3304

Currency

0.52446

Currency

1.20862

Currency

0.57032

Алуминиум

3.13

Цинк

3.20

Сребро

2897.70

Иридиум

198077.91

Родиум

324722.54

Паладиум

57453.38

Кобалт

62.83

Рутениум

45750.51

Калај

49.66

Бакар

11.75

Платина

74080.83

Злато

147776.72