Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
На Ал-Наср му е забрането да регистрира нови играчи, објави на својата веб-страницата Светската фудбалски федерација (ФИФА). Според „Аријадитах“ одлуката е донесена бидејќи клубот не успеал да изврши една од своите плаќања за трансферот на дефанзивецот Ајмерик Лапорт од Манчестер сити. Забраната ќе биде укината откако ќе се плати сумата, која според изворот е девет милиони евра. Триесет и едногодишниот Лапорт играше за Ал-Наср од 2023 до 2025 ...
Барселона одлучи за иднината на напаѓачот Маркус Рашфорд, кој е на позајмица од Манчестер јунајтед. Како што пишува „Мундо Депортиво“ тренерот на каталонскиот клуб, Ханс-Дитер Флик, ја цени разновидноста на британскиот напаѓач во нападот. Се наведува дека откупот на 28-годишникот би можел да го чини клубот 30 милиони евра. Рашфорд одигра 23 натпревари за Барселона во сезоната 2025/26, постигнувајќи седум гола и 11 асистенции. Неговата ...
На 67-годишна возраст денеска почина македонскиот актер Лазе Манасков. -Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасков почина денеска. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј” ќе биде изведена во негова чест! Нека му е вечна слава!, наведуваат од Драмски театар. Манасков е роден во 1958 година. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во ...
Со полагање цвеќе и пригодна комеморација, денес во беровското село Русиново беше одбележана 119-годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер Даме Груев, еден од клучните идеолози на борбата за слободна Македонија. Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес присуствуваше на одбележувањето посветено на ликот и делото на Даме Груев, кој на 23 декември 1906 година загина во борба со османлиските сили на ...
Нуркачите од Охрид ја продолжуваат традицијата со китењето на новогодишната елка во водите на Охридското Езеро. По 20-ти пат нуркачите на Нуркачкиот центар „Амфора“ во соработка со Здружението за ретки болести и со поддршка на волонтерите на Црвениот Крст од Охрид денеска ја поставија новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските – Музеј на вода, симболично одбележувајќи ги претстојните новогодишни и божикни празници. „Оваа празнична ...
Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот Аеродром Скопје има пет откажани, два пренасочени и шест летови со доцнење. Од 12 часот временските услови се подобрени, така што три лета пристигнаа, еден полета, а три лета се спремни да полетаат, информираат од ТАВ Македонија. Од ТАВ Македонија апелираат до сите патници дека временските услови се менуваат ...
Поради густата магла која ја зафати скопската котлина, а која предизвика намалена видливост, на Меѓународниот Аеродром Скопје, денеска од 00:00 часот до 18 часот, има 16 откажани и 11 пренасочени летови. Три авиони слетаа и три авиони полетаа после пладне, кога се подобрија временските услови. Слетаа авионите од Дортмунд, Истанбул и Париз, а полетаа за Истанбул, Осло и Баден-Баден, информираат од ТАВ Македонија. Бидејќи временските услови се ...
Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Куртис Џонс, изјави дека напаѓачот Мохамед Салах им се извинил на своите соиграчи за неговото интервју во кое ги критикувал клубот и менаџерот Арне Слот по ремито 3:3 со Лидс. – Мо е свој човек и може да го каже она што го мисли. Ни се извини и рече: „Ако сум навредил некого или сум направил некого да се чувствува непријатно, се извинувам.“ Таква личност е тој. Можам да зборувам само од она што го знам ...
Атлетико Мадрид е заинтересиран за потпишување на играчот од средниот ред на Баерн, Леон Горецка. Според „АС“, 30-годишниот фудбалер би можел да се приклучи на клубот како слободен агент во летниот преоден рок, бидејќи Баерн нема намера да го продолжи договорот на Горецка, кој истекува во јуни 2026 година. Јувентус и Наполи, исто така, наводно ја следат ситуацијата на играчот. Според „Трансфермаркт“, моменталната пазарна вредност на Горецка ...
Во завршна фаза е уредувањето на модуларната болница, во која ќе се сместат амбулантите за специјалистички прегледи преку „Мој термин“ на Клиничка болница-Штип. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев вели дека за Новогодишните празници се очекува дел од амбулантите да бидат префрлени во модуларната болница, со што пациентите ќе може навремено да ги завршуваат своите потреби. Се работи и на уредување на паркинг простотор пред ...
Жените во германскиот град Франкфурт ќе можат да користат такси по субвенционирана цена од шест евра, со цел да се зајакне нивната безбедност. Одлуката веднаш стапува во сила и е достапна за сите девојки и жени постари од 14 години. Такси превозот ќе може да се користи во периодот од 22 до шест часот, за да можат безбедно да се вратат во домот. Жените за да го користат евтино такси треба да преземат ваучер од градската управа. Предвидени се ...
Со свечена академија продолжија активностите за одбележување на јубилејот 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово. На свеченоста која ја организираше Библиотеката беа доделени признанија на вработените со над 20 години работен стаж, на шест пензионирани библиотекари, на најредовните читатели како и на Општина Тетово и Министерството за култура и туризам. Воедно со краток документарен филм беше претставен историскиот ...
Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има откажани и летови што се реализираат со задоцнување, додека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, но со намалена видливост на одредени патни правци. – Магла со видливост до 50 метри има на патиштата Македонски Брод-Битола-Ресен-Охрид и Дебар, а од 100 до 200 метри ...
Европските компании за извршување на своите деловни активности многу често делумно или целосно ангажираат надворешни лица или партнери лоцирани во странство, се наведува истражувањето насловено „Глобални вредносни синџири“. Во него се посочува дека во периодот од 2021 до 2024 година ваквата пракса, позната како „аутсорсинг“, ја користеле 72,8 отсто од европските претпријатија, кои пренесувале некои од своите деловни функции на субјекти во ...
Американскиот блогер Џејк Пол е хоспитализиран со скршен и повредена вилица по боксерска борба со поранешниот шампион во тешка категорија Ентони Џошуа. – Скршена вилица. Ви благодарам за поддршката, момци, добро сум, објави Пол на социјалните мрежи. Џошуа го нокаутираше Џејк Пол во шестата рунда од борбата одржана ноќеска во Мајами. – Пол имаше тежок период во рингот, но постојано стануваше, продолжуваше да се бори. Само вистински мажи можат ...
Во еден од најинтересните натпревари во историјата на кошаркарската Евролига, Барселона синоќа на домашен терен ја победи Басконија дури по три продолженија. Предводник до триумфот на каталонскиот великан беше Кевин Пантер со 43 постигнати поени. На гостувањето во Каунас кај Жалгирис, тимот на Партизан го претрпе еден од најтешките порази од своето постоење. Резултати на натпреварите од 17. коло на Евролигата одиграни синоќа: Анадолу Ефес – ...
Францускиот фудбалски репрезентативец и член на Ал-Хилал, Тео Ернандез, откри дека го напуштил Милан под притисок од раководството. -Никогаш не сакав да го напуштам Милан. Бев подготвен да останам, но кога раководството ќе ве повика и ќе ви каже: „Ако останете, ќе ве изоставиме од тимот“… Тогаш единственото нешто што треба да се направи е да се бара нова средина, рече Ернандез во интервју за „Газета дело Спорт“. Дваесет и осумгодишниот ...
Интер синоќа загуби од Болоња во полуфиналето на Суперкупот на Италија што се одржува во Саудиска Арабија. Натпреварот на стадионот на „Универзитетот на Крал Сауд“ во Ријад беше решен по изведување пенали (3:2), откако основните 90 минути немаше победник (1:1). Напаѓачот на „нераѕурите“, Маркус Турам, го отвори резултатот во втората минута. Пред полувремето, Рикардо Орсолини реализираше пенал за израмнување на резултатот. Во финалето, Болоња ...
Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, ги коментираше гласините извештаите за можно продолжување на договорот. – Ако клубот ми понуди нов договор? Прашање е за клубот дали заслужувам нов договор, го цитираше новинарот Фабрицио Романо Мареска. Четириесет и петгодишниот Италијанец е тренер на Челзи од летото 2024 година. Под негово водство, „сините“ одиграа 89 натпревари и постигнаа 55 победи, 14 нерешени и 20 порази. Во тековната сезона, Челзи освои ...
Милан е блиску до потпишување на напаѓачот на Вест Хем, Никлас Филкруг, објави инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа X. Според Романо, конечните детали сè уште не се договорени. Клубовите продолжуваат со преговорите. Самиот играч се согласил за трансферот на позајмица пред неколку дена. Милан ќе го добие 32-годишниот Германец на позајмица со опција за откуп за 14-15 милиони евра. Трансфермаркт ја проценува неговата вредност на 8 ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ...
Најстудено изутринава е во Берово, каде се измерени – 5 степени, по што следуваат Битола и Струмица, -4, Скопје-Петровец и Штип, – 3, Демир Капија, Велес и Куманово, – 2. Во Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп, Mаврови Анови и Претор температура од – 1, Крива Паланка, Попова Шапка, 0, Охрид, 1, Виница и Kрушево 2, информира Управата за хидрометоролошки работи (УХМР). Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви ...
Винодонија 2025 – најпрестижниот вински настан во Македонија и годинава ветува незаборавно искуство за сите љубители на виното. Деветтото издание на салонот ќе се одржува денеска и утре во Скопје, а посетителите ќе имаат можност да ги вкусат најдобрите вина од земјата и од странство, додека 15 гастро-изложувачи ќе ги надополнат елегантните вински моменти со ексклузивни деликатеси. -Салонот ќе биде винска сцена за споделување на вкусови, ...
Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува од денеска 30 декември на Железничката станица во Скопје, со почеток од 19 часот. Претставата ја организираат Училиштето за театар „Од игра до претстава“, Македонски железници Инфраструктура и Македонски железници АД Транспорт. Публиката ќе може да го следи големото доаѓање на Дедо Мраз од Лапонија, со неговиот волшебен воз во центарот на Скопје, преку ...
Чешкиот скијач Јан Забустран е сензационален победник на супервелеслаломот што денеска во рамки на Светскиот куп се одржа на патеката Саслонг во италијанскиот центар Вал Гардена. Кога речиси сите мислеа дека најдобриот скијач на денешницата, 28-годишниот Швајцарец Марко Одермат, ќе победи втор ден по ред во супервелеслаломот во Вал Гардена, 27-годишниот Чех се појави на стартот со реден број 29 и ја мина патеката долга 2.415 метри со најдобро ...
Бугарскиот тенисер Григор Димитров ја прекина соработката со долгогодишниот тренер Даниел Валверде. Ова се случува само еден ден откако Карлос Алкараз објави дека повеќе нема да работи со Хуан Карлос Фереро. Димитров со Валверде работеше во периодот од 2016 година (јуни) до 2019 година, а втората соработка ја имаше од 2022 година и во тој период Димитров успеа да се врати во ТОП 10. – Неверојатен пат на и надвор од теренот. Ти благодарам што ...
Кошаркарската федерација на Македонија во недела 21.декември 2025 година ќе ги организира All Star натпреварите, кои повторно стануваат дел од официјалниот календар како симбол на современа, отворена и атрактивна кошарка. Планирани се три натпревари: натпревар за македонските надежи (М20) – почеток 12 часот; женски сениорски All Star натпревар – почеток 15 часот и машки сениорски All Star натпревар – почеток 18 часот. Во двата сениорски ...
Екипата на ТФТ оствари победа во првиот дуел од 11.коло од М-Тел Супер лигата откако вечерва го совлада тимот на Тиквеш со 89:58. Со овој триумф екипата на ТФТ го обезбеди првото место по првиот дел од сезона. Дуелот со кавадарчани беше изедначен и по две четвртини беше нерешено 32:32. Фаворитот во продолжението успеа да се одлепи и без поголеми проблеми во завршницата да стигне до убедлива победа. Рејмонд Сомервил од ТФТ со 19 поени беше ...
Голманот на ПСЖ Матвеј Сафонов ќе мора да направи пауза од еден месец поради скршена дланка, изјавија од клубот од Париз. Сафонов стана вистински херој откако пред неколку дена во финалето на Интерконтиненталниот куп против Фламенго успеа да одбрани четири пенал во серијата по завршувањето на регуларниот дел. Инаку, Сафонов е првиот голман во светот, кој на еден натпревар во организација на ФИФА успеа да одбрани четири удари од белата точка ...
Тензиите меѓу менаџерот на Ливерпул Арне Слот и најдобриот играч на клубот од ланската сезона Мохамед Салах се во состојба на мирување. Причината е едноставна Салах како дел од репрезентацијата на Египет го очекува настап на АФКОН (Африкански куп на нации). Слот на прес конференцијата во пресрет на утрешниот дуел со Тотенхем се осврна и на оваа ситуација: Минатата недела изјавив дека делата зборуваат повеќе од зборовите. Продолжуваме ...