
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Тешко ми е да замислам дека Балканот би можел да биде приоритет за Соединетите Американски Држави, со оглед на сите турбулентни настани што се случуваат во светот, вели поранешниот висок функционер на американскиот Стејт департмент Филип Рикер. – Потрошивме многу време фокусирајќи се на Балканот, особено во текот на 1990-тите и раните 2000-ти години, кога работев во регионот. Сега, има и други предизвици. И, како што истакна новоизбраниот ...
Над 1.200 ученици го формираа најголемото македонското знаме! Стоиме заедно обединети под светлината на нашето Македонско знаме! Во црвено и жолто, го формиравме најголемото Македонско знаме!, објави на Фејсбук градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски. „Стоиме заедно обединети под светлината на нашето Македонско знаме! Во црвено и жолто, го формиравме најголемото Македонско знаме! Благодарност до Андријана Јаневска која на маестрален ...
За приредбата во училиштето седми март во Челопек каде настапија деца со униформи со ознаки на УЧК и пластични пушки, просветниот инспекторат утврдил пропусти и одговорност кај наставничката која ја организирала приредбата. Записникот од вонредниот надзор е готов, инспекторите утврдиле неправилности поради што одговорност ќе понесе една од наставничките која била организатор на приредбата, изјави министерката за образование и наука Весна ...
За точно една недела Уставниот суд ќе решава за судбината на Законот за употреба на јазиците. По 5 години од неговото донесување и во зовриена меѓуетничка атмосфера, уставните судии на седница во среда ќе ги разгледаат 13-те иницијативи со кои се оспорува законот, како и начинот на кој беше донесен. Подносители на иницијативите се граѓани, здруженија, политички партии, меѓу кои и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, како и универзитетски професори кои ...
Секој којшто нема да ја оправда довербата, без разлика на неговата улога во општеството треба да си замине, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во однос на оставката на досегашната претседателка на судскиот совет, Весна Дамева. Мицкоски најави дека ќе продолжи да упатува пораки кон обвинителите и судиите, како што рече, „да си ја работат својата работа, да не бидат партнери со криминалците без разлика дали се тоа политички или вистински ...
Министерството за внатрешни работи досега има уапсено 18 лица поврзани со инцидентите на Денот на албанското знаме, од кои четворица се во притвор, додека за десетина се покренати прекршочни постапки поради „дивеењeто“ на улиците и сообраќајниот хаос којшто настана, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по денешната билатерална средба со неговиот босански колега Ненад Нешиќ. Тошковски упати апел за разум и мудрост, и ...
Венко Филипче, неврохирургот и потрчко на Заев се гордее со Зоран Заев и не планира да се откаже од него, истакна на денешната прес конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Филипче наместо да покаже дека е автентичен, се забетонира себе си на дното, изразувајќи му лојалност на Зоран Заев, човекот кој ги направи сите предавства и под чија капа беа сите криминали. Венко Филипче не се откажува од Заев, а со тоа не се откажува ...
Австрискиот Врховен суд осомничи брачна двојка пензионери од областа Штаерска, дека 35 години го злоупотребувале австрискиот Закон за развод со цел да добијат финансиски придобивки. И тоа, на перфиден начин: 12 венчавки и 12 разводи. Сѐ почнало, како што објавија австриските медиуми, кога сега жената останала вдовица, бидејќи ѝ починал првиот сопруг… Така добила вдовичка пензија. Но, набргу потоа го запознала својот втор сопруг и во 1982 година ...
„Низок обид за манипулација на јавноста“, ова е директниот одговор на министерот за внатрешни работи Министерот Панче Тошковски на прозивките на ДУИ и барањето за интерпелација по инцидентите на 28 ноември, на денот на албанското знаме. Тошковки одговарајќи на новинарски прашања каде беше прашан за иницијативата на ДУИ за негова интерпелација во парламентот. „Тезите кои што се поставуваа во изминатиот период од страна на опозицијата, особено од ...
Руските пранкери Вован и Лексус, поранешниот премиер на Македонија, Зоран Заев, го нарекоа „најглупавиот херој“ на нивните шеги. Имено, тие успеаја да го надмудрат Заев претставувајќи се како „Петар Порошенко“ и воспоставија комуникација со него. Шегаџиите тврдат дека снимката од разговорот со Порошенко ја чувале во тајност околу една година, додека Заев несвесно продолжил да комуницира со нив. Наивноста на Заев доведе до тоа тој да испраќа ...
Јавните обвинители од републичкото јавно обвинителство денеска вршат контрола во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Надзорот, како што соопштија од Јавното обвинителство е по одлука на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски. „Е, ако де, тоа е сега. Здравје“ одговори Абази на прашањето зошто не се гонат високи функционери „Надзорот се врши во согласност со член 21 од Законот за јавното ...
Таканаречениот Европски фронт, кој сега ги фрла последните клоци, се обидува да сее несигурност кај граѓаните. Тоа што Фронтот наречен “европски“ беше дестабилизиран не значи дека треба да се дестабилизира државата. Тоа што се поделија, не значи дека општеството ќесе подели како нив, велат од Коалицијата ВРЕДИ. Во овие клучни моменти за иднината на државата, ги повикуваме сите политички актери кои и посакуваат добро на државата, да се обединат ...
Јавниот обвинител со исклучителна сериозност ги зема апелите на премиерот Мицкоски за зголемување на борбата против корупцијата. Од ЈОРМ информираат дека Коцевски наредил итна и сериозна реорганизација на силите во сите јавни обвинителства, а донесено е и упатство според кое се задолжуваат сите јавни обвинители итно да дадат приоритет во постапувањето на предметите за корупција и од особен јавен интерес. На ваквите предмети приоритет ќе се дава ...
Владата нема да го прифати предлогот на Фискалниот совет да се оди во пензија со 67 години и ќе бара друг начин да го стабилизира ПИОМ. Синдикатот смета дека решение е вработување на младите како единствен начин да се полни касата на Фондот. Предлогот на фискалниот совет да се зголеми старосната граница за пензионирање предизвика бура реакции во јавноста и речиси да не доби никаква поддршка од граѓаните, синдикатите и институциите, пренесува ...
Оставката на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева е политички фолклор, бидејќи на истекување на неколку дена од нејзиниот мандат е всушност политички маневар, вели државниот секретар во Министерството за правда, Дејанчо Ефтимов, кој денеска одговараше на новинарско прашање како ја коментира оставката на Дамева пред да почне и третата стручна дебата за во штипскиот Апелациски суд за Предлог законско решение за изменување и дополнување ...
Општината не може да изработи нови урбанистички планови сѐ додека не се донесе Закон за ре-прогласување на Национален парк Маврово и не се усвојат зоните на заштита, додека состојбите на немање на урбанистички планови и неможноста да се издаваат решенија за градење придонеле на територијата на општината да се изградат голем број на бесправно изградени објекти, пишува во извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на ...
„Зелен хуман град“ во вторник, на 10 декември, во 16:00 часот закажа протест против захадениот воздух во главниот град. Протестниот марш ќе започне пред Министерството за животна средина, а потоа ќе се одвива пред Собрание и пред Влада. Се бара изработка на план за режим на сообраќај кој ќе се активира веднаш штом се надминат граничните вредности на загадувачки материи и доколку тоа трае подолго од 24 часа и усвојување на Правилник за ...
Од ВМРО-ДПМНЕ упатија жестоки критики кон јавниот обвинител Љупчо Коцевски, обвинувајќи го за, како што велат, „целосно непостапување“ по бројни случаи на корупција и криминал, со што ја продлабочува недовербата на граѓаните во правосудниот систем. „Од слоганот на СДСМ – ‘Нема правда, нема мир’, денес сме сведоци дека правдата е на дното, а правосудството е претворено во алатка за заштита на криминалот на власта,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од ...
Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење, при што е запленета разна стока, меѓу коишто делови за мобилни телефони, поголема количина масло од црно семе, фиберскопи за индустриски цели, облека, но и производи од заштитени трговски марки. Во продолжение детали: Спречено криумчарење на масло од црно семе, фиберскопи, делови за мобилни телефони и играчки со потпис на познати трговски марки – 16.5 литри ...
Како дел од проектот „Бистро-матно“ за редовни месечни и годишни анкети за корупција, „Транспаренси интернешнл-Македонија“, ги објави настаните кои беа актуелни во ноември. Како дел од „матните“ настани во месец ноември предничи незаконското назначување на четири нови членови на УО на Академијата за судии и јавни обвинители. „Државната комисија за спречување на корупција одлучи дека незаконски се назначени 4 нови членови на УО на Академијата за ...
Возилото на кумановскиот заменик-обвинител Џелал Бајрами, близок до ДУИ и фотокопирницата на Советникот на Општина Куманово од истата партија, Фитор Јакупи во 3 часот после полноќ беа запалени. Запалено е уште едно возило, но засега не се објавува кој бил сопствикот. Кумановската полиција вели дека во текот на ноќта вкупно изгореле три возила, фотокопирница и фасада на куќа. Две возила се наоѓале на иста улица, а третото било на друга локација, ...
„Комитите се дел од историјата на државата Македонија и тие се влезени во наставните програми. Комити биле и Македонци, и Албанци, и Турци, и други етникуми. Се бореле во Втората светска војна против заеднички непријател, а ние тие луѓе треба да ги чествуваме. Тие луѓе кои се бореле за слобода и за сопствена држава и за просперитет на сопствената држава“. Вака министерката за образование Весна Јаневска одговори на реакцијата на ДУИ дека „не ...
Од Владата оценуваат дека оставката на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева е единствената можна и исправна одлука по огромните забелешки за нејзината работа. – Разбираме дека од ваквата одлука ќе има многу засегнати и загрижени поради нивното сомнително работење, огромните сомнежи за криминал, како и фалсификување на записници, но правдата мора да профункционира, стои во одговорот од Владата. Весна Дамева си поднесе оставка од ...
Вонреден инспекциси надзор во училиштето “7 март” во Челопек ќе ги одреди неправилностите кои се направени за време на прославата на албанското знаме, потврди министерката за образование. Јаневска откри дека покрај овој случај, документирани се слични настани во уште четири училишта, две во Тетово и по едно во Чаир и Струга за кои инспекторатот допрва треба да постапува. “Просветниот инспекторат е тргнат во училиштето во Челопек, дополнително ...
Странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра, што е зголемување од 348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и убедлив рекорд во изминативе дваесет години. Доколку приливот на странски инвестиции продолжи со исто темпо голема е шансата Македонија прв пат во историјата да оствари над милијарда евра странски директни инвестиции во текот на една година, анализира ...
Правничката Весна Дамева поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Судскиот совет. Ќе остане член на Советот, додека ѝ трае мандатот. Својата одлука таа денеска ја соопшти во обраќање до јавноста, во кое истакна дека во изминатиот период политичари од власта правеле обиди да го нарушат нејзиниот личен интегритет. – Во изминатиот период нема слух кај извршната и кај законодавната власт за да се обезбеди брза и ефикасна судска ...
Американскиот претседател Џо Бајден синоќа соопшти дека го помилувал својот син Хантер, кој чекал пресуда за случаи на недозволено поседување огнено оружје, лажни изјави при проверка на оружјето, за што претходно бил прогласен за виновен, како и за затајување данок, што тој самиот призна. Иако Бајден претходно уверуваше дека нема да даде претседателско помилување на неговиот 54-годишен син, сега одлучи да го стори тоа. Објавена е изјавата на ...
Во јули оваа година, петмина членови на криминалната група Дуќанџик/Грчец беа обвинети за трговија со кокаин и двојно убиство. Како водач на групата беше посочен Шеваљ Муареми, кој е прогласен за бегалец и се бара со меѓународна потерница. Според неофицијални информации, тој се наоѓа во Дубаи. Екипата на КОД, која првично објави за неговото бегство, успеа да стапи во контакт со Муареми. Тој, преку неформален разговор, тврди дека против него ...
По кратко и тешко боледување вчера на 74- годишна возраст почина пензионираниот генерал-мајор Ѓорѓи Бојаџиев, поранешен началник на Генералштабот на Армијата. Бојаџиев е роден 31 март 1950 година во Ново Село, Струмица. Завршил гимназија во 1969 година, а потоа своето образование го продолжил на Воената академија на Копнената војска на ЈНА и истата ја завршил во 1973 година. Командно-штабна академија завршил како припадник на АРМ во 1995 ...
Освен притисоци врз обвинители, цели шест месеци нема ништо друго од сработеното на државниот обвинител во борбата со криминалот и корупцијата. Вака дел од адвокатската фела ја оценува работата на првиот човек на Државното обвинителство, Љубомир Коцевски. Нема ниту една сериозна истрага за организиран криминал, а не е мрднато со прст ниту за она што го остави неговиот претходник, Љубомир Јовевски како што е случајот со пожарот на модуларната ...