Во ТИРЗ Кичево денеска стартуваше изградба на фабрика за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ каде во првата фаза ќе бидат инвестирани 10 милиони евра и ќе се отворат 120 до 200 вработувања. Александар Голабоски, извршен директор на Авеста Скопје, најави извоз од 50 милони евра во првата година од инвестицијата која вели ќе достигне 40 милиони евра, а бројот на вработени 600. – Се ...

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска објави дека листата на производи од акцијата „Новогодишна кошница“ е зголемена на повеќе од 900 производи. – Интересот за приклучување на компаниите во акцијата „Новогодишна кошница“ расте, за една недела листата на производи се зголеми од 650 на повеќе од 900 производи, напиша Ристески на социјалните мрежи. Тој најавува дека од задутре, кога почнува акцијата па до 15 јануари ...

Можам да најавам дека до крај на годината уште најмалку шест нови авио линии ќе имаме од скопскиот и охридскиот аеродром. Веќе донесовме 4 од Скопје и 2 од Охрид, овие нови шест дополниелно ќе ги објaвиме до крај на годината, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата Само Интервју. “Ќе имаме нови дестинaции. До крај на годината уште нови 6 линии ќе објавиме кои ќе оперираат од скопскиот и охридскиот ...

Премиерот Христијан Мицкоки, во коментар на акцијата на МВР „Адитив“ поврзана со работењето на РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“ најави дека борбата со криминалот ќе продолжи и најави десетици такви случаи во следниот период. -Да, ќе продолжи. Ние рековме внимателно, рековме нема да правиме естрада од сето тоа, ќе продолжи. Се држиме до тоа што сме го кажале. Кога ќе се обезбедат докази и основано сомневање за сторен криминал МВР заедно со ...

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања, „Тејст атлас“ (Taste Atlas) ја објави листата на 100 најдобри национални кујни во светот за 2024 – 25 година. Македонската кујна го зазеде 47. место (со оценка 4,16 од 5). На гастрономската платформа има повеќе од 10.000 јадења и пијалаци. Се препорачуваат и традиционални јадења и автентични ресторани. Годинашните ранг-листи се креирани врз основа на речиси 400.000 оценки за храна и 115.000 ...

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Струмица- ОВР Валандово запленети се околу четири тони марихуана од правно лице во село Јосифово- Валандово. Имено, при крајот на октомври и почетокот на ноември 2024 година во правното лице за производство,трговија и услуги со приоритетна дејност, одгледување на останати повеќегодишни посеви и добиена лиценца за ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изврши серија инспекциски контроли во различни градови низ земјата, откривајќи небезбедна храна со поминат рок, соопштуваат од АХВ. Овие контроли резултираа со уништување на над 2 тони небезбедни прехранбени производи и со изрекување парични казни за оператори со храна. Во Скопје, по добиена иницијатива од граѓани, беше спроведен вонреден надзор во киосци управувани од еден оператор. „Затекнавме 1.920 ...

Против поранешен директор на Фондот за иновации и технолошки развој е поднесена кривична пријава за нереализиран проект на фирмата Хојо тек од Струга. Се работи за проектот наречен Грин Хојо, кофинансиран од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Проектот бил за собирање податоци преку IoT-уреди за да се искористи решението за паметен дом за да се направи енергетски поефикасна канцеларија/куќа/стан. Постои основано сомневање дека Фондот ...

Полициски службеници по Наредба на ОЈО Скопје во моментот постапуваат во Судски совет. Полициски службеници по Наредба на ОЈО Скопје постапуваат во Судски совет, односно се обезбедуваат два записници за да се проверат евентуални елементи на кривично дело, потврдуваат од ОЈО. Претресот не бил поврзано со формираниот предмет за “црната листа” на САД, туку се однесувал на известување од МВР во кое била побарана наредба за обезбедување записници од ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека Владата не планира да ја ограничи употребата на ТикТок откако беа повредени деца во предизвикот „Супермен“. Вели дека внимателно ја следат ситуацијата. – Таму нивото на безбедност и заштита е пониско од останатите мрежи и затоа може да се споделуваат видеа што повикуваат на насилство, омраза, булинг… Внимателно следиме и ќе се однесуваме онака како што ќе се однесуваат ...

Епископ Хераклејски г. Климент е новиот портпарол на Синодот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, соопшти денеска Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА. -Во иднина, секретарот на Синодот, Неговото Преосвештенство Епископ Хераклејски г. Климент ќе ја извршува должноста портпарол на Синодот и на јавноста ќе ги изнесува официјалните ставови на САС на МПЦ – ОА. Неговата должност ќе започне на 1 јануари 2025 ...

ДУИ е поразен, Груби не е доволно да си замине од политиката туку да ги врати парите за кои се сомничи за криминал. Воедно потребна е одговорност на сите оние кои во ДУИ му даваа политичка поддршка и СДС кои му беа оперативци во криминалот, изјави Бране Петрушевски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Артан Груби не бил сам во случаите на сомнежи за криминал. Тој имал свои соучесници кои мора да одговараат. Не е можно Артан Груби да се сомничи за криминал, ...

Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, застана во одбрана на сопартиецот Артан Груби, кој се најде на т.н. „црна листа“. Статусот на Бектеши може да се сфати и како тешење на Груби, а откако тој реши да се повлече од јавниот живот, но не и партискиот. „Тие што го познаваат Артан, добро знаат дека тој носи одлуки од општ интерес, а не од личен! Така е и оваа одлука полна со храброст, каде семејството е пред се. Артан се издвојува од многу ...

ДУИ силно ги осудува последните случувања во Уставниот суд, каде што моноетничките интервенции во повеќеетничка држава создаваат опасен преседан. „Одлуката за продолжување на процесот на проценка на уставноста, и покрај бојкотот од судиите од албанската и турската заедница, претставува загрижувачки показател за недостаток на почит кон еднаквоста и меѓуетничката хармонија. Сепак, реакцијата на Претседателот на Уставниот суд на ...

Апелациониот суд ги прифатил жалбите на обвинетите и ја поништил првостепената одлука за случајот „Беса транс“ со која сопственикот Беким Хаџиу е осуден на 20 месеци затвор. Работата не е директно поврзана со причините за несреќата на автобусот на Беса Транс на 23 ноември 2021 година во Бугарија, каде што загинаа 45 лица, туку со фалсификувањето на потврдата за сообраќајна дозвола за автобуска несреќа. Според првостепеното решение кое се ...

Потпретседателот на ДУИ, Артан Груби, вечерва се огласи на Фејсбук и изјави дека се повлекува од јавниот живот, за што го известил и лидерот на партијата, Али Ахмети, откако поради корупција се најде на црната листа на САД. Тој вели дека иако е „чист како солза“, овој потег е неопходен поради мирот на неговото семејство и зачувувањето на личниот и почитичкиот живот. „Целиот мој јавен живот бескомпромисно сум посветен на еднаквоста на Албанците ...

Поранешниот почесен конзул на Македонија во САД, Џејсон Мико, го осуди бојкотот на седницата на Уставмиот суд на Македонија за Законот за употреба на јазиците од судиите Албанци Осман Кадриу и Насер Ајдари. „Судиите етнички Албанци од Уставниот суд во #Македонија треба да одговараат за неизвршување на должноста со бојкотирањето на судската седница. Очигледно си играат политика“, коментира Мико на Твитер. Првите пораки од Уставен: „Уставноста ...

Политико објави листа на најмоќните луѓе во Европа, на која има 28 имиња, а за најмоќна личност во Европа ја прогласи италијанската премиерка Џорџа Мелони. За помалку од една деценија, Мелони од ултранационалистичка лидерка беше избрана за премиер на Италија и се етаблира како личност со која Брисел, а сега и Вашингтон, можат да работат, наведува медиумот. Ова се најмоќните во Европа според Политико: Giorgia Meloni Ursula von der Leyen Vladimir ...

Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство и мерки на претпазливост против 23 лица кои утрово беа спроведени во судот, а поврзани со акцијата од обвинителството означена како „Адитив“, донесоа решенија со кои: По произнесување на Јавниот обвинител и приведените осомничени лица, ...

Оформен е предмет за поранешниот прв вицепремиер Артан Губи и судијата Енвер Беџети откако завчера беа ставени на „црната листа” на САД. Ова денеска на брифинг со новинарите го соопшти државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Тој посочи дека предметот, кој бил оформен вчера, е доставен до надлежно обвинителство за прибирање докази. -Поради сериозноста на наводите во последното назначување лица на „црната листа“ на САД, ги искористив своите ...

Гоце Трајковски кој требаше да сведочи за исчезнувањето и убивањето на Вања Ѓорчевска, извршил палење на објект во Кисела Вода. „Во однос на сведокот Гоце тој е осомничен и за друго тешко кривично дело и во моментов тој е недостпаен. Осомничен е за палење на обејкт во кој над објектот живеат станари, станува збор за тешко дело, каде две лица соизвршитеи се во притвор. Тоа се случило на на 13-ти ноември и има соопштение за опожарено кафуле во ...

Истрагата за случајот Онкологија привршува, а вештачењето спроведено во Србија ги потврди сомнежите за несоодветно лекување на пациентите, информира Обвинителството. Како што беше речено на брифинг со новинарите, во тек се и вештачењата во Словенија кои треба да бидат готови до крајот на јануари. – Со оглед дека кај нас нема вештак онколог, издадовме наредби за вештачења до Србија и Словенија. Во Србија испративме 16 истории и тоа вештачење е ...

Во Кривичниот суд се уште трае распитот на поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Стефанов, кој е еден од 23. лица што се осомничени за криминал тежок 6,5 милиони евра во вчерашната акцијата „Адитив“ на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК). Тој денеска беше спроведен во Кривичниот суд откако вчера беше приведен на граничниот премин Табановце. ВИДЕО: ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска информираше дека екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски не е достапен за домашните органи на прогон. Истакна дека полицијата ќе стори се во рамките на надлежности, со цел Ковачевски да биде изведен пред лицето на правдата. -Вчера имаше многу шпекулации во однос на вашето прашање и каде се наоѓа или дали се откажал од македонското државјанство. Посоченото лице е во рамки на регистарот на ...

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека одлуките на Американскиот Стејт департмент не се оспоруваат, но дека поранешниот заменик-претседател на Владата, Артан Груби, има право на жалба и ќе го води процесот базиран на факти. Ахмети истакна дека оваа постапка нема да му наштети ниту на Груби, ниту на партијата или неговото семејство до моментот кога случајот ќе добие конечна разрешница. На прашањето дали Груби ќе биде отстранет од партијата ...

Се бираат нови двајца членови на Судскиот совет од судиите од судовите што се под надлежност на Апелацискиот суд Штип. Дури пет кандидати се борат за едно место, додека вториот член ќе биде од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20 отсто од населението во Македонија од страна на сите судии запишани во Судскиот изборен именик. На гласачкото ливче се имињата на судиите Ацо Тасев, Мери Гичева и Невена Перица сите од ...

Поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов со лисици беше спроведен во Кривичниот суд. Тој е еден 23-та осомничени за криминал во Електраните на Македонија, вреден 6 и пол милиони евра. Главниот осомничен Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ е недостапен за органите, односно е во бегство, според информациите во Виена, Австрија. МВР со кривични пријави против 23 лица во акцијата „Адитив“ за злоупотреба и перење пари Од Обвинителството ...

Во Уставниот суд се расправа за Законот за јазици. Судијката Елизабета Дуковска, која е судија-известител посочи: „Сметам дека имаме должност да ги увериме граѓаните во нашата непристраснот во одлулувањето согласно Уставот. Факт е дека по овој предмет е оддржана подготвителна седница на која се разгледувала уставноста на членот, нема ништо да изгубиме ако ја викнеме стручната фела и да им поставиме прашања, ценам дека и ова е начин да ги ...

Судиите Насер Ајдари и Осман Кадриу не се појавија на денешната седница на Уставниот суд. Судијата Дарко Костадиновски како претседател на судот, ја отвори седницата, а Фатмир Скендер предложи нејзино одлагање. Причина за ваковото барање е што ќе треба да се почне расправа за Законот за јазици, кој според иницијативите, има незаконски одредби. Па така, според истите, наместо „службена употреба“, тој носи „двојазичност“. Сите судии гласаа против ...

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и формалниот претседател на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, дојдоа пред Уставен суд додека внатре се расправа за Законот за јазици. Тие се придружувани од партиски структури, па така, може да се види и експратеникот Арбер Адеми. Прв пред насобраните кај Уставен се обрати Зијадин Зела кој зборуваше за важноста на Албанците во стабилноста на Македонија и ги упати овиците кои ги слушнавме и изминатите години – да не ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
33%
1011
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
3.09
40%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
37%
1011
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
42%
1012
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.2
55%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
4.63
71%
1012
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
4.92
47%
1012
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
5.66
48%
1016
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
59%
1015
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 20ᴼ
6.17
54%
1014
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
82%
1011
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
6.17
59%
1013
Currency

61.535

Currency

54.0881

Currency

71.7806

Currency

34.5717

Currency

39.1002

Currency

65.8687

Currency

7.42141

Currency

0.65923

Currency

0.37999

Currency

0.52523

Currency

1.42309

Currency

0.63428

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52