Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска и утре, 28 и 29 ноември 2024 година, ќе престојува во официјална посета на Црна Гора. Денеска, во Цетиње, претседателката Сиљановска Давкова со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекана од претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, по што ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете држави. Предвидено е претседателката ...

Судскиот совет со заклучок сака да менува законска норма! Во понеделникот во Судскиот совет се одржал работен колегиум, затворен за јавноста, на кој се отворила расправа за противзаконско продолжување на мандатот на претседателката на Републичкиот судски совет (РСС). Имено, членот на РСС Весна Дамева на 5 декември 2022 година е избрана за претседател на Судскиот совет, а мандатот ѝ завршува на 5 декември годинава, пишува на својот ...

Сѐ повеќе граѓани се жртви на измами со биткоини во Македонија, а овој пат, мета се охриѓани. Во вторникот двајца охриѓани биле жртви на телефонски измами, еден од нив бил оштетен за сума од 730.000 денари, а другиот бил измамен за сума од околу 6.000 евра. На 26 ноември 2024 година, во 11.00 часот во СВР Охрид, 54-годишник од Охрид пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од околу 730.000 денари. Според пријавеното, лицето му се јавило ...

Поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, професорката од Правниот факултет во Скопје Ана Чупеска, Методија Илиевски член на Советот на општина Битола и Кристина Костова член во Централниот одбор во СДСМ ќе бидат идни потпретседатели на СДСМ.Поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, професорката од Правниот факултет во Скопје Ана Чупеска, Методија Илиевски член на Советот на општина Битола и Кристина Костова член во ...

Обвинителот, Ислам Абази чиј избор ја збуни јавноста пред точно две години, денеска го презентираше првиот извештај за својата работа. Отчет даваше пред Советот на јавни обвинители. Се пофали дека во соработка со агенцијата ОТА, следењето на телефонски комуникации за потреби на предметите, сега се прави од просториите на обвинителството. Во 2023 година, биле поднесени помал број на кривични пријави во споредба со годината кога не беше на ...

Судски процеси кои нема да траат со години бидејќи не може да се обезбеди вештачење, но и квалитетни и навремени одлуки. Ова ќе биде главното мото по кое ќе се раководи Комората за вештаци која е регистрирана пред еден месец. – За МП основањето и работата на Комората е многу важно. Без квалитетно и навремено вештачење многу судски постапки се одолговлекуваат, а во некои случаи невозможно е да се донесат правилни и објективни одлуки. Вештаците ...

Ние нашите црвени линии ги дефиниравме. И од тоа ниту ние, ниту кој било ќе се помести, ниту милиметар. Не затоа што имаме какви било причини за да правиме напред или назад, туку едноставно доволно граѓаните на Македонија и македонскиот народ отстапивме, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. – Нема да бидеме жртва на билатерализација на процесот на приклучување на Македонија кон ЕУ. Ние кажавме што можеме да направиме и тоа е максимумот ...

Деполитизацијата на јавната администрација зависи од политичката волја на владејачката структура. Јас сум силно уверен дека оваа Влада, на чело со премиерот и ние како МИОА таа волја од ден на ден ја докажуваме, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Горан Минчев. Според министерот Минчев, доколку постои политичка волја и законско решение кое што ќе го овозможи тоа, тоа ќе се спроведе. – Без таа политичка волја ние не ...

Во Македонија, како и во сите унитарни земји од регионот и насекаде во светот, постои само една национална академија, која ја претставува државата во европската, но и во други меѓународни асоцијации на академии. Така, актуелниот притисок за формирање моноетничка албанска академија е нерационален и неоснован. Ова денеска на одбележување на 57-годишнината од основањето на Македонската академија на науките и уметностите – Денот на МАНУ го посочи ...

Вања Ѓорчевска, невино, безгрижно 14-годишно девојче од Скопје точно една година не е меѓу живите – лани, на денешната дата, таа беше грабната од пред својот дом во 7.30 часот наутро и сурово убиена во околината на селото Бразда, два часа подоцна. Наместо да стаса на училиште, тој кобен понеделник на 27 ноември 2023 година таа заврши со куршум во главата, закопана во дупка среде пустелија, со план на убијците никогаш да не бидат пронајдени ниту ...

Поранешниот македонски премиер, Зоран Заев е единствениот жив политичар од Балканот кого поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, експлицитно го споменува во своите меморари, пишува германскиот новинар Михаел Мартенс од „Франфуртер алгемајне цајтунг“ во својата објава на „Икс“. Меркел го опишала поранешниот премиер како храбар и решителен, открива новинарот додавајќи дека таа не ги спомнува ниту српскиот претседател Александар Вучиќ, ...

Владата на вчерашната седница одлучила да издвои 20 милиони евра за финансирање на проектот за плоштадот „Скендербеу“. Првиот вицепремиер Изет Меџити најави дека овие средства ќе бидат наменети за изградба на подземниот паркинг, чии работи се очекува да започнат во 2025 година, додека на две подземни нивоа се предвидени 371 паркинг место. „Дозволете ми, како прв потпретседател на Владата на Република Северна Македонија, со големо задоволство да ...

Мицкоски потенцира дека во изминатиот период администрацијата се соочувала со бавни просеси, недостаток на дигитализација, а понекогаш и недоволна транспарентност и отчетност, но и партизација која е отворен проблем исто како и недоволната компетентност визави приватниот сектор. Денес зборуваме за една важна тема која со годините многу малку била предмет на една темелна- студиозна анализа, ниту пак била предмет на еден професионален пристап, а ...

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески ги израдува граѓаните со информацијата дека „се подготвува новогодишната потрошувачка кошничка, при што граѓаните треба да очекуваат околу 500 производи со пониски цени“. Во тој контекст Ристески изјави дека се извршени сите консултации со стопанските комори, синдикатите и Асоцијацијата за заштита на потрошувачите. – Имавме поопсежни консултации со повеќе фактори што влијаат на крајната ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими Венко Филипче, претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и претседател на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието. На средбата беа разменети мислења за општествениот амбиент, со посебен акцент на политичките и безбедносните состојби. Во разговорот Венко Филипче ја информираше претседателката за актуелните партиски промени врзани за изборот и конституирањето на ...

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на 28 ноевмри на Плаошкиот манастир во Охрид, одлучи Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква. Заупокоената Света Литургија и Опелото ќе бидат извршени во четврток во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот. Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), во постојан состав, на 26 ...

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, објави дека ја повлекол својата кандидатура за премиер и планира да го врати мандатот за формирање нова бугарска влада. „Не сакам веќе да имам работа со оваа држава. Затоа веднаш ќе го вратам мандатот штом ќе го примам“, кажа Борисов. ГЕРБ победи на последните парламентарни избори минатиот месец, седми за период од три години, по што Борисов ѝ понуди договор на коалицијата „Продолжуваме со промената-Демократска ...

Актуелната градоначалничка на Скопје Данела Арсовска не размислува да се кандидира и по втор пат да ја бара довербата од скопјани за да остане на чело на главниот град. Арсовска денеска во изјава за медиумите рече дека повеќе не сака да работи со луѓе за кои рече знаат само да саботираат и да блокираат. Според Арсовска, она што се случува во градот Скопје и во Македонија е „едно крајно поларизирана атмосфера од политичките елити кои во овој ...

Мајката, која 35 години се борела со стерилитет, имала десет ин витра и десет спонтани абортуси, денеска беше испратена од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје дома, со својата рожба Петар в раце. Таа, на 61-годишна возраст, е највозрасната родилка во Македонија. – Овие родители не потклекнале на неуспесите, не потклекнале на притисоците од околината, на предрасудите и стереотипите со коишто живееме. Затоа на Петар и ...

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска преку проектот „ЕУ за чист воздух“ доби шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, донација од Европската унија. Оваа активност која денес ја спроведуваме е проект вреден 10 милиони евра којшто ќе придонесе за намалување на загадениот воздух, бидејќи тоа е еколошки проблем што го чувствуваме веднаш по почетокот на грејната сезона и со години го зема данокот врз здравјето на граѓаните, ...

До крајот на неделава ќе се финализираат сите постапки за парите од унгарскиот заем наменети за бизнисот да бидат достапни за фирмите. Компаниите да направат квалитетни проекти за кои би добиле до 8 милиони евра за инвестиции по фиксна каматна стапка од 1.95 отсто. Премиерот Мицкоски вели дека е задоволен од постигнатиот договор со банките кои подадоа рака со Владата за условите по кои ќе ги даваат заемите за стопанството од 250-те милиони евра ...

Ако овој состав на СДСМ се претставува како новото лице и новата енергија на партијата, тогаш навистина треба да бидат загрижени за својата иднина. Директорот на фондацијата Заев, Венко Филипче, вршител на должноста Претседател на Акционерското друштво СДСМ, во доминантна сопственост на кланот од Струмица, на конгресот си избра нов акционер од друштвото на Сорос, велат од ЗНАМ. Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на ...

Функционери на ДУИ се повикуваат во надлежните обвинителства, тврди министерот за здравство, Арбен Таравари. Не сакаше да открие за кого се работи, но најави дека некои функционери ќе понесат одговорност за нивното работење кога биле на власт и покрај тоа што од ДУИ се обидуваат да ги заштитат и нив, и нивниот имот. Верувам дека за кусо време ќе видите кои се тие. Не знам, не работам во полиција, ниту во обвинителства или судови. Ако ви треба ...

Поранешната врховна судијка Милка Ристова е новата претседателката на Комисијата за помилување,откако претходниот состав си поднесе колективна оставка поради последните помилувања на осуденици. Поранешната врховна судијка Милка Ристова е новата претседателката на Комисијата за помилување,откако претходниот состав си поднесе колективна оставка поради последните помилувања на осуденици. Освен Ристова дел од шест члената Комисија за помилување се ...

Поради нагло влошување на здравствената состојба по шестдневен штрајк со глад, Горан Весиќ -, екс српскиот министер за градежништво е префрлен во болница, пишуваат српските медиуми. Со возило на Итна медицинска помош е испратен на понатамошна нега во Заводот во Сремска Каменица. Како што објаснил управникот на Окружниот затвор во Нови Сад, Миле Јандриќ – Горан Весиќ се пожалил дека во текот на ноќта му се слошило. „Лекарите од одделението го ...

По трите обиди за убиство, Раде Трајковски-Штекли преку социјалните мрежи објави оглас каде бара обезбедувачи. Нуди висока плата, но бара професиоалци, притоа посочува и какво искуство треба да имаат. Ова доаѓа откако пред две недели, во дворот на неговиот семеен дом беше фрлена бомба. Тој изминатиов период постојано споделува „стори“ објави на Инстаграм од кои се гледа дека шета низ Балканот. Раде Штикли го преживеа и третиот напад најавен на ...

Автобусите конечно се вратија да сообраќаат по улиците на Скопје. Главниот град, барем засега има функционален јавен превоз. Во решавањето на проблемот се вклучија сите, освен најповиканата градоначалничката Данела Арсовска. Автобусите на ЈСП во моментов возат со нафтата од државните резерви кои им ja даде владата, но таа ќе трае најмногу две недели. Во меѓувреме, во сообраќај се вклучија и приватните превозници, Скопје наскоро ќе добие и 6 ...

На 73 годишна возраст денеска почина Дебарско-Кичевскиот Митрополит Тимотеј. Тимотеј ја загуби битката откако неколку дена бил на болничко лекување поради проблеми кои ги имал со срцето. Тимотеј е роден на 20 октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Кумановско како Славе Јовановски[1]. Во 1976 година дипломирал на Богословскиот факултет. Потоа работи како службеник во Македонската архиепископија. Од страна на Синодот бил испратен во Рим каде ...

Биткоинот се стабилизираше по растот кон 100.000 долари кој летна далеку од историските нивоа, додека трговците проценуваа дали оптимизмот што произлегува од поддршката на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за криптовалутата е на високо ниво. Дигиталното средство падна на 95.776 долари во неделата, откако достигна 300 долари од шестцифрената пресвртница во петокот. Во понеделникот во 10:37 часот во Сингапур закрепна на 97.550 долари, ...

Убедена сум дека ќе го вратиме статусот, угледот, кредибилитетот, поддршката и победите на единствената државничка партија во Македонија – нашиот Социјалдемократски сојуз на Македонија, порача новата Заменичка-претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова-Пановска, на вчерашниот 30-ти Конгрес на СДСМ. Во обраќањето пред делегатите, Каранфилова-Пановска посочи дека во оваа фаза во која се наоѓа сега СДСМ, клучно е ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
35%
1012
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
1.54
49%
1013
weather icon

Загреб

20ᴼ / 18ᴼ
2.06
48%
1012
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
67%
1013
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.07
57%
1013
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
58%
1013
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
5.14
41%
1012
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
4.12
46%
1015
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
37%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
59%
1012
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
3.6
46%
1012
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
72%
1011
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.35

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52