
Скопје
2ᴼ /
2ᴼ



Откако дел од трговците ги качија цените на основните продукти кои не се дел од новогодишната кошничка, премиерот Христијан Мицкоски остро реагираше, по што биле забележани корекции на ваквите злоупотреби. -Утрово разговарав со министерот за економија и труд Дурмиши, но и претходниве ден-два добивам информации од страна на Државниот пазарен инспекторат дека најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на она ниво на кое што беа пред овие ...
На пет дена до Нова Година, вчера Град Скопје објави дека ќе има прослава на плоштадот „Македонија“. Но, што се случи со минатогодишната? Дел од оние кои ги забавуваа скопјани- останаа без пари. Музичарите сè уште чекаат да ги добијат своите хонорари! Пејачката Викторија Лоба, која е една од „извисените“, за вели дека институциите треба да постапат и да го разрешат случајот. Најавува дека доколку го земе чесно заработениот хонорар, ќе го донира ...
Има кртови во Министерството за внатрешни работи кои на поранешни високо позиционирани функционери им оддаваат тајни на криминалците за акциите на полицијата, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, одговарајќи на пратенички прашања. Пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ постави пратеничко прашање што е преземено за враќање на избеганиот Артан Груби во државата, кој е осомничен за проневера на 8 милиони евра од Државна ...
Министерството за внатрешни работи денеска ја промовираше надградената услуга за електронско издавање уверение за државјанство која е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk. – Услугата и досега беше достапна на порталот, но иако можеше да се аплицира во секое време, сепак издавањето на е-државјанството беше можно само во работно време. Отсега услугата станува целосно дигитална и граѓаните може да аплицираат во секое време ...
Се надевам предметното лице ќе покаже дека е подготвен да одговара пред лицето на правдата, да дојде и да ја потврди фразата дека е чист како солза и дека не сторил ништо на штета на државата и граѓаните. Најодговорно тврдам, согласно сите оние докази кои што ги имаме, нема да му биде лесно да докаже дека е чист како солза, посочи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од собраниската говорница, во одговор на пратеничко прашање во врска ...
Финансиска полиција поднесе кривична пријава против 4 физички и едно правно лице поврзани со тендерите во Лотарија. Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против П.Б. во својство на Председател на Управен одбор- Генерален директор на АД за приредување на игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела, ...
Уапсен е сопственикот на кумановската компанија „Ритрон копи“, Артан Ајрули, пренесуваат повеќе медиуми. Апсењето на Ајрули е во рамки на друга истрага поврзана со работата на поранешното раководство на Државната лотарија. Станува збор за добиени тендери за набавка на телевизори за државното акционерско друштво. Полицијата влегува во Лотарија на Македонија, ќе ја чешла работата по сомнежот за сериозен криминал На 17 декември, РСЕ објави дека ...
Артан Груби не е државјанин на Албанија. Нема ниту запис во албанскиот службен весник кој би покажал дека Груби се здобил со нивно државјанство, објавува истражувачката мрежа БИРН. Тие контактирале со кабинетот на Албанскиот претседател од каде добиле потврда дека Груби нема нивни пасош. Според ова, доколку навистина екс-вицепремиерот, за кој има сомнеж дека се наоѓа во местото викано Хамалај во близина на Драч, сака Албанија да му биде ...
Струга и годинава нема да има организиран пречек за Нова година. Во пресрет на новогодишните празници градот е украсен онака како што доликува на една туристичка дестинација. Светилки и новогодишни реквизити блескаат низ централното градско подрачје, Чаршијата, новото шеталиште и кејот на реката Црн Дрим. На Чаршискиот мост, традицинално е поставена новогодишната елка. За најмладите предвидена е предновогодишна забава на 30 декември пред ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со цел воведување ред во користењето на националните богатства и фер наплата, од 1 јануари 2025 година започнува со наплата на до 100% зголемени надоместоци за експлоатација на природните ресурси. Со измените во Тарифник за утврдување на висината на надоместоците за издавање на дозволи и концесии за вршење детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални ...
Македонија добива нов скијачки центар. На 1 јануари ќе биде пуштен во употреба ски-центарот „Михајлово“ кај Кавадарци, во срцето на планината Кожуф. Снегот, кој врнеже во изминатите денови, го има во изобилие, а во функција се ставени и топови за вештачки, порача градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. „Зимската служба на ЈП „Комуналец“ Кавадарци е активна на терен од утринските часови. Со четири возила се чистат патните правци кон селата ...
Државниот пазарен инспекторат итно излезе на терен и врши контроли со цел да утврди како се движеле цените на основните прехранбени производи во изминатите месеци. Контролите се спроведуваат кај добавувачите, производителите и маркетите. Целта, како што информира ДПИ, е да се направи мониторинг и анализи и да се утврди дали постои нелогично зголемување на цените кај одредени производи. Цените пораснаа до 25 проценти кај некои продукти, рече ...
По повеќе од 50 години започна целосната реконструкција на салата „Градски парк“ – некогашниот симбол и гордост на центарци и на сите навивачи на КК Работнички. Салата „Градски парк“ повеќе од 10 години пропаѓаше оставена на забот на времето, што резултираше и со принудно иселување на Работнички поради немањето на основни услови во истата. Клубот е приморан како домаќин да игра во салата „Кале“. Конечно работите почнаа да се движат кон ...
Претседателката на народното собрание на Република Србија Ана Брнабиќ остро реагираше на изјавата на хрватската претседателска кандидатка Ивана Кекин дека „стратегиски интерес на Хрватска е Александар Вучиќ да не биде на власт“. Брнабиќ кажа дека оваа изјава е пример за директно мешање во внатрешните работи на една земја и дека, ако е нешто во стратешки интерес на некоја земја, на тоа му се посветени сите нејзини институции, а особено ...
Шест месеци по изборите опозицискиот лидер повикува на заедничка натпартиска државна стратегија која како што вели ќе го гарантира развојот на државата на долг рок. Планот е сите партии да договорат заеднички правец во кој ќе се движи државата и политики кои нема да се менуваат со секоја промена на власта. „ Во последните шест месеци слушнавме различни предлози за национални платформи, но жално е како владејачките партии го користат терминот ...
Еден од клучните проблеми на македонските граѓани е правдата. Но, правдата е загрозена поради ендемската корупција и организираниот криминал, што, заедно со судирот на интереси, непотизмот и клиентелизмот, го поништуваат владеењето на правото, ги обезвреднуваат институциите, ги иселуваат младите и ни ја празнат државата. Без правда нема извесност на планирањето на животот, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова во годишното обраќање ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во синоќешното интервју за ТВ Алсат рече дека со проневерените пари од АД „Државна лотарија“, како што рече, се купувале скапи имоти во земјата и во странство. Тој рече дека во истрагата, поради која во странство избегаа поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами, се вклучени институции од Финансиската полиција, Финансиското разузнавање, ...
На одредени продукти во маркетите цените им се зголемени до 25 проценти, изјави премиерот Христијан Мицкоски кој најави реакција од институциите. Според Мицкоски, ваквото однесување н трговците не е етичко, особено што се случува пред празниците. „Тоа што мислеа дека ќе не надмудрат и си играат со трпението на граѓаните и Владата не е добро. Тоа не е коректно однесување, особено пред празници. На ваков начин не треба да се прават големи ...
Годинава беше исполнета со многу случувања и важни одлуки кои влијаат и на странците кои ќе стигнат до блокот и на граѓаните на ЕУ, а следната година исто така носи нови правила и прилагодувања. Промените нема да изостанат во 2025 година. Од проширувањето на Шенген зоната до лансирањето на два нови гранични системи, ова се некои од клучните ажурирања кои доаѓаат во ЕУ следната година. Системот за влез/излез и европскиот систем за информации и ...
Демократската унија за интеграција остро го осудува систематското заробување на институциите на правдата од оваа влада и конформизмот на одредени судии и обвинители кои се ставиле во служба на политиката. Како што денеска соопштија од опозициската партија, „Овој загрижувачки тренд го поткопува владеењето на правото и ја уништува довербата на граѓаните во институциите кои треба да гарантираат правда за сите“. „Вчерашната одлука на ...
Авион со 72 лица се урна во Казахстан, соопшти тамошното Министерството за вонредни ситуации. Според првичните информации падот го преживеале 12 лица. Азербејџан ерлајнс објави дека Ембраер 190 летал од главниот град на Азербејџан Баку до Грозни, главниот град на руска Чеченија, но бил пренасочен поради магла, по што морал принудно да слета на приближно три километри од казахстанскиот град Актау. На социјалните мрежи се појави видео од падот на ...
Христијан Мицкоски е виновен за измамата со кошничките, расте сиромаштијата додека трговците профитираат, рече вечерва во Битола претседателот на СДСМ, Венко Филипче на конференција на општинската организација. -Го слушам Мицкоски денеска вели срамота било тоа што го правеле трговците. Не господине Мицкоски, срамота е што вие дозволивте тоа да го прават и што тајно со нив се договарате а во јавноста глумите загрижен политичар. Касно е да ја ...
Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска, присуствуваше на поставување камен темелник за изградба на нова спортска сала. Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска, присуствуваше на поставување камен темелник за изградба ...
Премиерот Христијан Мицкоски не мисли дека пребеганиот поранешен вицепремиер и министер Артан Груби ќе добие политички азил за да избегне враќање во земјата и соочување со сомневањата за сторен криминал. Одговарајќи на новинарски прашања попладнево, Мицкоски рече дека Груби се најде на црната листа на САД не од политички причини, туку поради сомневања за сторен криминал. „Лицето е на листата на санкции на САД. Јасно се наведени причините зошто ...
Стабилното буџетирање, инвестирање во модернизацијата и опремување во човечкиот капацитет се трите столба кои се од приоритетно значење на Министерството за одбрана и Армијата. Ова го истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски денеска оддржа предновогодишен брифинг и коктел со претставниците на медиумите. -Во однос на буџетот изнесува 329 милиони евра, од ...
Ќе растат сите плати во Македонија, ќе растат платите на сите вработени, а нема да растат платите на функционерите. Тоа го кажавме и тоа ги правиме, правиме измена на Законското решение со кое што нема да има покачување на функционерските платаи. Оваа законска измена наскоро ќе биде пред пратениците, најави премиерот Христијан Мицкоски. -Ќе се бориме сите вработени во државата да добијат повисоки плати и ќе работиме на тоа, но тоа право нема да ...
Утврдени важни пропусти и свесно манипулирање во процесот на организатори за настаните за 27 април. Самото Обвинителство денес се произнесе во случајот дека не биле земени во обзир важни факти и настани кои би можеле да влијаат во постапката. Jавното обвинителство во своето мислење констатира дека немало основи за поведување на постапка со што се потврдува тезата дека 6 години незаконски се судени, со што се потврдува тезата дека е извршен ...
„Цените на основните производи секојдневно растат, храната е прескапа, животот за граѓаните во Македонија станува се поскап и се потежок“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. „Последните податоци покажуваат дека минималната синдикална кошница за месец декември изнесува 62.861 денари, што е зголемување за 840 денари во споредба со претходниот месец. Ова значи дека веќе ниту две минимални плати не се доволни за да ги покријат основните ...
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што запленети се златни монети, лекови, фотоапарати, делови за мобилни телефони, автоделови, како и опрема за боречки вештини. „- Странски државјани кои патувале со автомобил управуван од државјанин на Србија се обиделе да криумчарат злато преку граничен премин Табановце. Во нивната намера се спречени од царинските службеници ...
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) констатира дека нема основа за постапување по пријавата за судир на интереси и корупција при именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски. На денешната седница, ДКСК утврди дека Христовски ги исполнува условите за именување според Законот за АНБ, но истакна дека нема надлежност за директна експертиза на дел од документите. Според пријавите, постојат ...