
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Уникатно искуство со секој филџан кафе – тоа е само еден од адутите кој на едно скопското кафуле му го обезбеди местото меѓу најдобрите 100 кафулиња во светот. Во The Dude велат дека се трудат секојдневно да го извадат максимумот од зрното што го продаваат. Kафе кое не е обично, туку е меѓу најдобрите 100 во светот – The Dude specialty coffee е на 63 место, меѓу 4.000 локали селектирани од The world’s 100 coffee shops во Мадрид. „Покрај тоа што ...
На говорницата на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците во Вашингтон македонскиот премиер Христијан Мицкоски беше претставен како поддржувач на политиката на Доналд Трамп, дури и пред тој да биде избран за претседател на САД, а Македонија еден од големите стратешки партнери на Америка. Христијан Мицкоски го коментираше и говорот на потпретседателот Џеј Ди Венс на Минхенската безбедносна конференција: – Можеби некои европски ...
На ДУИ конечно им текна дека треба да се чистат самите себе од криминал. Конечно погодија каде е криминалот, велат од Коалицијата ВРЕДИ. ДУИ, партијата што дваесет години ги третираа Албанците како основа само и единствено како основа за фамилијарна фирма и бизнис, деновиве најавува „ветинг” – прочистување на функционерите од криминал и корупција. Одлично! Конечно им текна дека треба да се чистат самите од себе. Но, ако навистина се сериозни, ...
Аргумент плус дека државниот обвинител е зрел за менување покажува и неговата Одлука за надзор, со која тој ги прекршил нормите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, вели Антонио Милошоски, во својата објава на социјалните мрежи. Поточно, на 07.10.2024г обвинителот Коцевски потпишува Одлука за вршење надзор на работата на Вишото обвинителство – Скопје и за таа цел формира работна група, во која битна улога И дал на ...
Туристичките водичи се соочуваат со нелојална конкуренција, квази водичи, странски нелиценцирани водичи кои си земаат за право да ја превртуваат историјата во нивен терк, беше посочено на денешниот настан поврзан со одбележување на Меѓународниот ден на туристичките водичите 21 февруари. Беше побарано од страна на домашните професионални туристички водичи, институциите во државата да изнајдат начин за надминување на овој проблем. Претседателот ...
Шефот на Владата е на вистинското место – онаму каде што се лобира за поголема поддршка, онаму каде што е најголемото влијание на светските политички елити – претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја поздрави посетата на Христијан Микцоски на Вашингтон бидејќи делегацијата остварува средби со клучни актери и фактори во креирањето на американската политика. Тоа е политички одговор на огромните трансформации бурни во кои влезе светот. Се ...
Последните докази на обвинителството, снимките од видео камерите од куќата на обвинетиот Велибор Манев, кои вчера беа презентирани на судењето за двојното убиство на Панче и Вања, и зададоа силен удар на одбраната на првообвинетиот. Она што можеше да се види од снимките ја запечатија верзијата на обвинителниот акт, дека првоосмничениот Љупчо Палевски бил организатор на групата од Десна која ладнокрвно ликвидира повозрасен човек и младо девојче. ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека химната на државата не треба да се менува и посочи дека таа, знамето и грбот во некои држави се опишани во Уставот. Но, предупредува дека кога секогаш почнуваме да разговараме за етнички прашања и симболи, не ни останува време за соочување со вистинските дилеми. – Мојата дилема е следнава, дека секогаш кога почнуваме да разговараме за вакви прашања, етнички прашања, симболи итн. со таква ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче е единствен кандидат за претседател на партијата на редовните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 16 март 2025 година, утврдила Централната изборна комисија. Комисијата одржала седница за разгледување на поднесените кандидатури за претседател на СДСМ и утврдување на листа кандидати за редовните внатрепартиски избори. -Врз основа на Статутот на СДСМ како и врз основа на Член 9 од Правилникот за ...
Новиот државен Јавен обвинител треба да биде обвинител што ќе даде поголем придонес во рамки на легитимитетот за борба против организиран криминал и висока корупција, кај граѓаните, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Прашан која е најголемата критика во работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, за кого Владата бара разрешување, Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања по јавната дебата за Безбеден град, рече ...
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ја посети УК за ТОАРИЛУЦ по повод подготвителните активности, кои се во завршна фаза за отпочнување на темелна реконструкција на просториите на КАРИЛ, која се реализира за првпат. -Заради внимателно и безбедно пристапување кон реконструкција на КАРИЛ, информираме дека оваа установа во наредниот период ќе функционира со намален капацитет, за што се известени сите јавни здравствени установи во ...
Проектот „Безбеден град“ (Safe City) предвидува воведување на возила опремени со камери кои ќе ги мапираат неправилно паркираните возила на сообраќајни ленти, велосипедски патеки, тротоари и зелени површини. Овие возила ќе бидат дополнување на постојните фиксни камери на крстосниците, со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот и спречување на нелегално паркирање. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека системот ќе ...
Во шокантното интервју на телевизија Канал 5 во четвртокот, новинарот и аналитичар Сашо Ордановски, човек кој секогап имал блиски контакти со американски дипломати и за кого можело да се каже било што освен дека е антиамерикански настроен, жестоко се нафрли врз американскиот претседател Доналд Трамп. Паметиме многу јавни настапи во кои се критикувани американската политика и американски политичари, но ниту еден американски претседател до сега ...
По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, Македонското друштво „Илинден“ – Тирана упати честитка до припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот, порачувајќи дека „нема ништо поубаво од тоа да се пишува, твори и зборува на својот мајчин јазик“ -Нема ништо поубаво од тоа да се пишува, твори и зборува на својот мајчин јазик. Јазикот е непресушен ...
Центарот за Европа на Атлантскиот совет беше домаќин на премиерот Христијан Мицкоски. Во интервјуто за телевизијата на Атланскиот совет премиерот на Македонија говореше за иднината на трансатлантските односи во Западен Балкан, осврнувајќи се на односите со Грција, посебно со Бугарија и нашето членство во ЕУ. Тој ја нагласи улогата на коридорите коипоминуваат низ Макеоднија и какво е нивното значење за НАТО, како и за гасоводот Александропулис. ...
На 17.02.2025 година, амбасадорот Илбер Села придружуван од Румена Нестороска, прв секретар ја посети клиниката Рон во Бад Нојштад. Она што е специфично за Рон клиниката е дека таму работи високо квалификуван лекарски тим од македонски кардиолози, кардиохирурзи, неврохирурзи, психијатри, пулмолози, анестезиолози и друг медицински персонал предводен од Д-р. Горан Трајковски, кардиолог, шеф на амбулантното одделение. Болницата е со капацитет од ...
Возач на товарно моторно возило, државјанин на Косово, се обидел преку Деве Баир да криумчари разни лекови и анаболични стероиди од кои 126 кутии со вкупно 1.260 ампули Equiamax B200 200mg-1ml, Decamax D200 200mg-1ml, Testomax E250 250mg-1ml, Testomax C200 200mg-1ml, Primomax P100 100mg-1ml, 50 флакони Gemtu 1000mg-10ml, како и 49 кутии со вкупно 4.410 таблети Andromax Oxymetholone 25mg и Danamax Methandrostanolone 10mg, соопшти Царинската ...
Војниците мора да се уредно избричени, останува одредбата дека им е забрането да носат брада, а можат да носат мустаќи. Уставниот суд денеска не покрена постапка за оценување на уставноста и на законитоста на параграфот број 7 од Правилото за односите во вршењето на службата на Армијата на Македонија, донесено во јули 2012 година од Началникот на Генералштабот. Во оспорениот параграф е наведено дека воениот персонал на служба на АРМ мора ...
Унгарската нискобуџетна компанија „Визер“, која држи повеќе од 50 проценти од воздухопловниот пазар на македонските аеродроми, од 9 март ја укинува линијата од Скопје за Будимпешта. На страницата за резервации веќе не може да се купат карти за главниот град на Унгарија. Компанијата нема официјално известување зошто ја укинува и оваа линија од Скопје и дали планира да ја врати со зимскиот ред на летање во октомври. Ова е седма линија што „Визер“ ...
Наместо да се фокусира на вистински политики за подобрување на животот на луѓето, додаваат од опозициската партија, Владата се занимава со безвредни теми и намерни дебати како онаа за промена на државниот грб Опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) обвини оти власта го користи прашањето за промена на државниот грб единствено за да го одвлече вниманието од, како што велат, своите неуспеси. Наместо да се фокусира на вистински политики ...
Тетовец пријавил дека бил измамен од три лица кои го натерале да потпише документи во банка. Подоцна тој дознал дека осигурителна компанија бара од него да врати 350.000 денари кои му ги пратила за наводна претрпена штета во фиктивна сообраќајна несреќа. СВР Тетово информираше за случајот: „На 18.02.2025 во 11.50 часот во СВР Тетово, 42-годишник од Тетово пријавил дека бил измамен од С.А., А.Л. и А.„Н”. Според пријавеното, во текот на 2021 ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „диктатор без избори“ и рече дека треба брзо да обезбеди мир или нема да има земја. Трамп се огласи неколку часа откако Зеленски возврати на неговата сугестија дека Украина е одговорна за целосната инвазија на Русија во 2022 година, велејќи дека американскиот претседател е заробен во руска дезинформативна мрежа, пренесува Ројтерс. „Диктатор без ...
Уставниот суд смета дека Советот на јавни обвинители вршел дискриминација на обвинителите. Судиите ја прифатија иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска и донесоа одлука за поведување на постапка. Со ова, виси на конец одредбата на Деловникот со која обвинителите се оценуваат за нивната работа кога бараат унапредување, како дел од критериумите. Судиите во Уставен гледаат дискриминација во одредбата, бидејќи, членовите на Советот на јавни ...
На 18.02.2025 во 17.30 часот во СВР Скопје, 79-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 216.949 денари и златен накит. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар од Република Бугарија, кој работи и во болница во Скопје, и ѝ кажал дека треба да ја оперира нејзината ќерка, која се здобила со повреди во сообраќајна несреќа и требало златни штрафови да се вградат во ногата, а за ...
Повеќе од една деценија фантомски живот во Македонија. По 13 години невидливост,девојче од скопско Шуто Оризари, конечно стана видливо за општеството. Нејзините мајка и баба повеќе десетина години се борат со како што велат, неажурноста на инстиуциите, за нивното чедо да добие извод од матичната книга на родени. Бабата на малолетното девојче со силни емоции раскажа дека со години биле препраќани од една во друга институција, за на крај случајот ...
Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска изјави дека САД внимателно ги следат случувањата во правосудниот систем, конкретно владниниот предлог за разрешување на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, но и поднесените интерпелации од страна на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ до Собранието за петминаат членови на Судскиот совет, кој се избрани од закондавниот дом и нагласи дека она што сакаат да го видат е дека во сите ...
Вчера во периодот од 09:30 до 18:30 часот беше спроведена зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територијата на град Скопје, при што санкционирани се 262 учесници во сообраќајот. Од нив 10 возачи управувале без возачка дозвола, изречени се три санкции за нерегистрирани возила, три мерки за непропуштање пешаци на обележан пешачки премин, четири санкции за возач почетник, 12 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците…„Сообраќајните ...
„Со длабока загриженост и целосна одговорност за стабилноста на државата и регионалната безбедност, јавно го осудуваме невиденото етничко исклучување што се случува во безбедносните и разузнавачките структури во Северна Македонија. За првпат од 2001 година, ниту една раководна позиција — директор, заменик-директор или помошник-директор — во трите клучни безбедносни агенции во државата, вклучително Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за ...
Кај 29 годишен пациент извршена е трансплантација на коскен дефект од 6 сантиметри на левата бутна коска поради претходна инфекција и псеудоартроза, објави Министерство за здравство. „Пациентот е со уреден постоперативен тек. Трансплантацијата ја извршија д-р Антонио Гавриловски со асистентите д-р Бојан Будик, д-р Теодора Божиновска и д-р Ангел Тасевски, анестезиолог д-р Лилјана Ангелевска, специјализант по анестезија д-р Ерхан Салкоски, ...
Чистиот воздух е наше заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите нас. Ова е проблем што бара заеднички напори од целата заедница, напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. Ја поздравувам најголемата донација во земјата од страна на македонската компанија ЕКОТИП во вредност од 1 милион евра. Оваа значајна донација на напредни прочистувачи од реномираниот германски производител Mann+Hummel ...