
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Државни делегации и членови на семејствата денес ќе положат цвеќе во помен на трагично загубените животи во авионската несреќа пред 21 година, кога загина тогашниот македонски претседател, Борис Трајковски. Авионската несреќа се случи на 26 февруари 2004 година кај Мостар. Во несреќата загинаа и Димка Илкова – Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Лозановска – советници во Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски, вработен во МНР, Борис Велинов, ...
Судењето за обвинетите во случајот со малтретирањето и убиството на бездомното куче Феликс се одложи бидејќи еден од обвинетите и неговата одбрана до сега не го добиле обвинителниот предлог. Процесот го води судијката Лидија Петровска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Зоран Здравев. Судењето е одложено за 13 март. Пред почетокот на судскиот процес група активисти за правата на животните одржаа мирен протест. Од судот побараа ...
Според послендиот годишен извештај на организацијата „Фридом Хаус“, која ја следи состојбата на демократијата ширум светот, Македонија повторно е делумно слободна земја, и нема поместувања во позицијата во споредба со минатата година. Во заклучокот се забележува дека земјата продолжува да се бори со корупцијата, и додека медиумите и граѓанското општество учествуваат во енергичен јавен дискурс, новинарите и активистите се соочуваат со притисок и ...
САД и Украина ќе потпишат договор за украинските ретки минерали. Соединетите Американски Држави и Украина постигнаа договор за ретките минерали и наскоро ќе потпишат договор што предизвика жестока расправија меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишува Фајненшл тајмс. Договорот би можел да биде потпишан во четврток, на 28 февруари. Украинските власти потврдија за ФТ дека Киев сега е целосно ...
Новинската агенција БГНЕС од Бугарија објави лажна вест дека Македонија вчера гласала против резолуцијата на Украина усвоена од Генералното собрание на Обединетите нации. „Претставникот на Северна Македонија во Генералното собрание на ОН гласаше против резолуцијата на Украина со која се осудува руската инвазија на земјата, која започна на денешен ден пред три години. Така Македонија, заедно со Белорусија, се покажа единствена европска земја што ...
Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска поминал на владина седница, откако Министерството за правда го подготви предлогот. Во предлогот од Правда се вели дека Коцевски постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои тој требало да знае и требало да се изземе. Сега Владата ќе треба да го ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денес во Владата оствари продуктивна средба со раководството на Казанчи Холдинг групацијата, која преку своите енергетски компании претставуваат еден од најголемите енергетски гиганти во својата област. Со повеќе од 25 години искуство, Акса енерџи е водечка турска компанија во енергетскиот сектор и клучен глобален инвеститор во одржлива енергија. Компанијата располага со инсталиран капацитет од над ...
Трговците на мало (малите, средните и големите) да ги објавуваат цените на производите на своите веб страници за потрошувачите да бидат подобро информирани, а оние што имаат повеќе од еден продажен објект, да ги објавуваат цените на стоките поединечно, за секој свој продажен објект. Ова го налага Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите што денеска го разгледа собраниската Комисија за економски прашања, ...
Советот за безбедност на Обединетите нации во понеделникот усвои резолуција подготвена од САД по повод третата годишнина од руската инвазија на Украина, која зазема неутрална позиција за конфликтот, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да посредува за крај на војната. Генералното собрание на Обединетите нации денеска усвои резолуција со која се осудува руската агресија врз Украина, по повод третата годишнина од почетокот на ...
Возач прегазил 72-годишник во Скопје по што го превел до неговиот дом, но подоцна на прегазениот му биле констатирани тешки повреди во болница, информираше МВР. „На 24.02.2025 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул. Живко Фирфов и ул.Иван Хаџи Николов во Скопје, патничко возило удрило во пешакот П.Р.(72) од Скопје, по што возачот со возилото го однел пешакот во неговиот дом, но подоцна во Градската општа болница ...
Царинската управа информира дека е откриен случај во кој автобус со косовски регистарски таблички кој извршува редовен превоз на патници на релација Истанбул – Приштина бил специјално конструиран, адаптиран и прилагоден со цел криење стока. Случајот бил откриен на граничниот премин Деве Баир. При тоа биле запленети над 500 парчиња облека со потпис на познатите трговски марки Ралф Лаурен и Лакоста поради сомневање за повреда на право од ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против Б.Ф. од Тетово и четири компании под негово управување, поради сомневање за даночно затајување во износ од 16.085.644 денари или над 260.000 евра. Според информациите, осомничениот, кој е сопственик и управител на неколку компании, во периодот од 2013 до 2023 година, наводно, вршел финансиски трансакции во кои префрлал средства на свое и други компании без соодветно пријавување. ...
Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби кој е во бегство поседува „бомби“ за раководството на ДУИ, а тие „бомби“ му се дадени токму од поранешниот премиер Зоран Заев, тврди ексминистерот за финансии Џевдет Хајредини. Тој вели дека Груби е хорор за поранешните и за актуелните партиски функционери. Груби, според внатрешни извори, со поддршка на Али, е хорор за поранешните и за актуелните партиски функционери. Овој разумен страв доаѓа од фактот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон се на билатерална средба во Белата куќа, по што ќе одржат заедничка прес-конференција. Претходно тие учествуваа на видео-конференциска средба со претставниците на Г7, по што американскиот претседател одговори на неколку новинарски прашања. Трамп изјави пред новинарите дека „војната во Украина би можела да заврши за неколку недели“ и додаде дека „не гледа проблем во ...
Соединетите држави беа принудени да се воздржат од гласањето на Генералното собрание на Обединетите нации во понеделникот за резолуцијата што ја подготвија по повод третата годишнина од руската војна во Украина, откако телото од 193 членови се согласи со амандманите предложени од европските држави, триумфалистички известија Reuters и AFP. Генералното собрание на ОН во понеделникот усвои резолуција, подготвена од Украина и нејзините европски ...
Одлучивме дека ќе бидеме коспонзори на резолуцијата која што ја поднесена од САД, изјави премиерот Христијан Мицкоски, запрашан зошто Македонија е една од земјите коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина, а не на резолуцијата предложена од ЕУ, предводена од Германија и од Франција. Мицкоски рече и дека очекува таа резолуција да биде поддржана од мнозинството земји во Обединетите нации. Советот за безбедност на ОН денеска ќе гласа за ...
Тригодишнината од руската војна во Украина, победата на ЦДУ во Германија и плановите за изградба на зајакната европска безбедност се во фокусот на европската и македонската јавност. Македонскиот премиер Христијан Мицкоски синоќа ја честиташе за победата на ЦДУ на вчерашните избори во Германија. „Честитки за значајната победа на ЦДУ на изборите. Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на ...
Почеток на два големи проекти вредни 14,7 милиони евра, најавија денеска од Владата. Се работи за реконструкција и адаптација со опремување на интензивна нега на градската болница „8 Септември“, за што предвидени се 12 милиони евра, и реконструкција на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ во вредност од 2,7 милиони евра. -Дел од договорот кој го постигнавме со компанијата ТАВ која е концесионер на македонските аеродроми и е дел од договорот ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски се обрати на Регионалниот развоен форум во организација на Интернационалната телекомуникациска унија (ИТУ), кој овие денови се одржува во Будимпешта, Република Унгарија. На сесијата посветена на состојбата на дигиталниот развој, предизвиците и можностите на новите трендови, Андоновски истакна дека во Македонија дигиталната индустрија придонесува со над 5% во БДП, и дека оваа бројка оди ...
Европа е тука да ја зајакне Украина во овој критичен момент и веќе во март ЕУ на земјата ќе и исплати дополнителни 3,5 милијарди евра помош, најави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на Меѓународниот самит за поддршка на Украина, што се одржува во Киев. – Ќе презентирам и сеопфатен план за тоа како да ги зголемиме нашето европско производство на оружје и нашите одбранбени способности. И Украина, ...
Владината коалиција е стабилна, односите меѓу партнерите се одлични, а различните мислења не се несогласувања, дециден е премиерот Христијан Мицкоски. Судирот меѓу министерот за јавна администрација Горан Минчев од ЗНАМ и вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, околу евентуални партиски вработувања, премиерот ги окарактеризира како обид за зголемување на рејтингот во јавноста. -Нема таква работа ниту ќе има додека сум ...
Европски услови, светска апаратура и седум нови операциони сали – градската болница „8 Септември“ во Скопје по повеќе од 80 години ќе биде реконтруирана. Проектот ќе чини 12 милиони евра, и е дел од големиот инвестициски циклус за реконструкција на здравствени установи а парите се обезбедени од ТАВ проект, кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски. Ќе се санира целосно и кровот бидејќи протекува. А ќе има и современи медицински апарати каде што ...
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање информираше дека на лозарите им се исплатени околу 5 милиони евра субвенции. Премиерот уверува: Владата е стабилна, вработувањата на Меџити нема да се остварат -Исплатени се околу 5 милиони евра субвенции за повеќе од 12 илјади лозари и мислам дека таа тенденција и во следната година ќе продолжи исто како и сите останати земјоделски гранки. ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска уште еднаш повтори дека секаде надвор од земјава, пред што повеќе кредибилни соговорници, мора да се кажува вистината за Македонија и за нејзиниот евроинтеграциски пат. Како што изјави по посетата на Општина Гази Баба, тоа е новото нормално што доаѓа од Вашингтон и што ќе го преплави светот. Мора да кажеме која е нашата фрустрација и болка, напомена премиерот, да се бориме пред светот со факти и да укажуваме ...
Викендов полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид во соработка со Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Охрид спроведоа превентивно – едукативна кампања „Не користи мобилен телефон додека возиш“. На повеќе пунктови во Охрид, полициски службеници остварија непосредна комуникација со возачите на моторни возила и им укажуваа дека користењето мобилен телефон при управување со возило може да биде опасно како за ...
Со пуштањето во употреба на тунелот Муриз, најавено за 14-ти идниот месец, кој е дел од автопатот „Патот на Арбр“ (Руга е Арбрит), од граничниот премин „Блато“ кај Дебар, до Тирана ќе се стигнува за еден час. „На 14 март ќе го отвориме големиот тунел Муриз за пристап за сите возила, а ќе продолжиме со работа на помошниот тунел, кој е за итни случаи. Со пуштањето за сообраќај на овој тунел од Дебар, Македонија до Тирана ќе се пристигнува за еден ...
Лешот што вчера го најдоа работниците кои го градат мега паркот во Штип е штипјанецот С. Д. ( 86 ), кој бил пријавен за исчезнат на 15 август 2024 . По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција, а идентификувано е по увидот на СВР Штип и извршеното препознавање. Мртвото тело во распаѓање било забележано од работниците кои со работните машини утринава го расчистувале теренот каде почна да се гради мега паркот во близина на ...
„Коалицијата ВЛЕН продолжува да се обврзува да им гарантира на граѓаните подобра социјална и економска благосостојба и посоодветно да си ги дозволи високите трошоци што ги практикуваше претходната влада. Во ова време кога не само кај нас туку и во целиот регион се соочуваме со поскапување на основните производи, Владата на ВЛЕН презеде иницијатива да го ограничи профитот на трговците за да ги заштити граѓаните од изнуда и сиромаштија“, велат од ...
Крис Павловски, основач и сопственик на платформата „Rumble“ и еден од блиските поддржувачи на претседателот на САД Доналд Трамп и дел од тимот Трамп, се огласи за говорот на премиерот Христијан Мицкоски на CPAC, Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC) во Вашингтон. -Еден од најдобрите лидери во Европа и еден од единствените момци кои ракоплескаа на говорот ба Џеј Ди Венс минатата недела во Германија, напиша Павловски на Х. ...
Гоце Делчев Бугарин, Цар Самоил бугарски владетел на бугарско царство со центар на територијата на денешна Македонија, Македонците се Бугари и говорат дијалект на бугарскиот јазик… Дел од странските туристи во државава, можеби токму ова го добиваат од неовластените странски туристички водичи од Бугарија кои имаат тури во земјава. Првиот човек на македонската асоцијација на туристички водачи и придружници, Димитар Кавраков вели она што ...