Во просториите на Синеплекс се одржа Македонската премиера на краткометражниот игран филм „Ракетно моделарство“, работен по сценарио и режија на Златко Калеников, а во продукција на Стримон филм. На црвениот тепих покрај познатите Македонски актери Никола Ристановски и Катерина Коцевска присутни беа бројни гости од академската, јавната и уметничката сцена. Главните детски ликови во филмот ги играат Дамјан Ѓуроски во улогата на Калин, Матја ...

Бразилските власти ја стопираа изградбата на фабрика за кинескиот гигант за електрични возила BYD, велејќи дека работниците живеат во услови кои може да се споредат со „ропство“. Повеќе од 160 работници се спасени во североисточната бразилска држава Баија, се наведува во соопштението на Канцеларијата на Јавното обвинителство за труд (МПТ). Тие наводно биле ставени во „понижувачка“ средина, а градежната фирма им ги задржала пасошите и платите. ...

Изградба на европска држава со демократски систем ќе биде мојата главна цел. Почитување на европското и меѓународното право ќе биде моето политичко оружје, изјави меѓу другото, македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова во своето годишно обраќање во Парламентот пред пратениците. Таа посочи дека надворешната дипломатија ја водела на добра волја заснована со аргументи. Се фокусираше на европската интеграција, на АРМ, но и на домашната ...

ВМРО-ДПМНЕ го критикува лидерот на СДСМ, Венко Филипче дека прави „кловн од себе“ по денешниот негов коментар на вчерашната одлука на СДСМ и непокревањето постапка против првиот човек на АНБ, Бојан Христовски. Според партијата на власт, токму нивните противници на политичката сцена ја направиле партизацијата на АНБ, а, како што велат, судскиот совет беше „Зајас Муртински совет“. -СДС кои го поставија митаџијата Наќе Георгиев сега зборуваат за ...

Актуелниот шампион на Англија, Манчестер Сити е во огромна криза. Во пресрет на „Boxing Day“ (ден по Божиќ според Грегоријанскиот календар), „Граѓаните“ се на седмото место на табелата во Премиер лигата со 12 бода помалку од лидерот Ливерпул. Сити претрпе три последователни порази, а пошироката слика покажува дека има забележано дури девет порази на последните 11 натпревари. „Граѓаните“ ќе имаат шанса да ја прекинат серијата порази на 26 ...

Кога во февруари 2023 година јавно излезе и призна дека е хомосексуалец, поранешниот чешки репрезентативец Јакуб Јанкто ја шокираше јавноста, но пред се семејството и пријателите! Сепак, речиси две години подоцна, Јанкто конечно може да го живее животот без страв од осуда, што го покажа и со својата најнова фотографија. На Бадник, преку Инстаграм, на сите им ги честиташе празниците – со страстен бакнеж под елката со своето момче Војтех Штулик. ...

Кралицата на Божиќ, пејачката Мараја Кери ја објави песната „All I Want For Christmas Is You“ во 1994 година и оттогаш заработува милиони, иако ја напишала за само 15 минути. Божиќната песна „All I Want For Christmas Is You“, која Мараја Кери ја сними пред точно 30 години, се уште е најслушана за време на празниците, поради што пејачката секоја година заработува околу 2,5 милиони долари. Ова го објави Форбс, повикувајќи се на пресметката на ...

И покрај тоа што се разведуваат, Бен Афлек (52) оваа празнична сезона се сети на својата поранешна сопруга Џенифер Лопез и и стави подарок под елката. Ѕвездата на Бетмен купил книга на Марлон Брандо со автограм за неговата поранешна сопруга, а двајцата си размениле божиќни подароци во неделата, три дена пред Божиќ, според Page Six. Сопственикот на Mystery Pier Books, Луис Џејсон, откри за Page Six дека Афлек купил неколку книги во неговата ...

Данската влада најави огромно зголемување на буџетот за одбрана на Гренланд, неколку часа откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја повтори желбата да ја купи територијата на Арктикот. Данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен не ја прецизираше точната бројка, но рече дека одбранбениот пакет вклучува „милијарди во двоцифрена сума“, додека локалните медиуми проценуваат дека ќе изнесува околу 12-15 милијарди круни, што е ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска предупреди дека курдските бунтовници во Сирија или ќе го положат оружјето или „ќе бидат погребани со него“. – Сепаратистичките убијци или ќе се збогуваат со оружјето, или ќе бидат погребани во сириските земји заедно со оружјето – им порача Ердоган на пратениците од неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) во парламентот. Тој исто така рече дека Турција наскоро ќе отвори конзулат во ...

Русија нема да прифати само воспоставување примирје во конфликтот со Украина, потребни се правно обврзувачки договори за да се решат основните причини за конфликтот, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Тој рече дека на Запад и во Украина во моментов зборуваат само за примирје и како „да му се овозможи на режимот во Киев повторно да акумулира сила со помош на Западот“, со цел, според неговите зборови, „да придонесе за ...

Експлозијата во трговскиот центар во рускиот град Владикавказ, во која најмалку едно лице загина, била предизвикана од остатоци од украински беспилотно летало што го собориле руските сили за воздушна одбрана, изјави гувернерот на Северна Осетија, Сергеј Мењаило. Во објава на Телеграм, тој рече дека руските системи за противвоздушна одбрана го собориле ова беспилотно летало околу 8:30 часот по локално време, а руското Министерство за одбрана ...

Технолошкиот портал 9to5Google, фокусиран на уреди со Android, спроведе анкета меѓу своите читатели за да го избере најдобриот телефон со Android во 2024 година. Серијата GooglePixel 9 доминираше во резултатите, при што Pixel 9 Pro го зазеде првото место, додека Pixel 9 Pro XL заврши на второто место. Нивните читатели јасно ја покажаа својата наклонетост кон најновите уреди на Google. Сепак, особено изненадување беше успехот на телефонот Sony ...

ВМРО-Народна партија предлага вклучување на Македонија во рамките на Европската лотарија и во веќе постоечките транснационални игри „Еуро милионс“ и „Еуро Џек Пот“ со можност за нејзино односно учество на нејзините државјани во игрите на среќа организирани од страна на Европската лотарија. -Со ваквиот чекор ќе се овозможат повеќе видови на игри на среќа кои ќе овозможат пак да со исти уплати како и до сега граѓаните играат и за добивки од ...

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска беше во работна посета на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане, која е ремек-дело од XIV век, и во архитектонска и во сликарска смисла. „Она што е особено значајно за ова вредно културно наследство е тоа што по 10 години негрижа и застој во работата, започнаа подготовките за реализација на проектот за конзервација на живописот на црквата, со што ќе се овозможи зачувување на овој ...

Новата година во Скопје, Зоолошката градина ќе ја започне со две бебиња пингвини. Оттаму информираат дека парот Џонатан и Лила се родители на две мали пингвинчиња кои се испилија на 23-ти и 26-ти ноември минатиот месец. -Пингвините несат по најмногу две јајца, а најчесто преживува само едно, но во Скопје ЗОО со сета грижа успешно се справуваме со овој предизвик веќе трета сезона и ова е трета година како што имаме бебиња, што е голема реткост во ...

Кристијано Роналдо (39) ќе остане запаметен како еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот. Во блескавата кариера, петкратниот освојувач на „Златната топка“ освои се што можеше да се освои со клубот, а со португалската репрезентација стана европски првак. Ја проби границата од 900 голови, а пред себе има уште најмалку две цели. Роналдо сака да стане првиот фудбалер во историјата кој постигнал 1.000 голови на официјални натпревари. Тоа ...

Манчестер сити успеа да победи само еднаш во последните 12 одиграни натпревари. Во таа серија има дури девет порази и тимот е во резултатска криза, невидена од преземањето на Пеп Гвардиола во 2016 година. Дел од вината презеде и Ерлинг Халанд. Норвешкиот напаѓач минатата сезона во англиското првенство постигна 27 гола на 31 натпревар, а претходната година дури 36 на 35 натпревари во Премиер лигата. Почна добро и оваа сезона, но на последните ...

Кејт Мидлтон полека се враќа на кралските должности по тешката дијагноза и превентивната хемотерапија. Доказ за тоа е емотивниот говор кој таа го одржа на Бадник на традиционалниот божиќен концерт. Таа ги покани луѓето да „забават“, да „размислат за подлабоките работи што ги поврзуваат“ и „да се свртат кон љубовта“. „Божиќ е еден од моите омилени периоди во годината. Време е за подароци, светла и колачиња, но време е и да се забави и да ...

За некои луѓе Божиќ не е само уште еден датум на календарот, за нив тоа е магично време кога сè светка, мириса на колачи и секој носи насмевка на лицето. Додека некои хороскопски знаци можеби го сакаат Божиќ за слободни денови или подароци, има и такви кои едноставно го живеат. Нивната љубов кон овој празник е заразна, тие ја украсуваат куќата порано од сите, веќе во октомври слушаат божиќни песни и се грижат сите да ја почувствуваат магијата ...

Кремљ денеска објави дека милијардата долари, кои наводно Вашингтон ги испратил во Украина преку Светска банка, а кои биле покриени со профит од замрзнати руски средства, претставуваат еден вид кражба. „Овие пари ни се украдени. И тие резерви што се блокирани, тие се блокирани апсолутно незаконски. Тоа е спротивно на сите норми и правила“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој предупреди дека таквите акции на САД може да доведат до ...

Групацијата 4iG, преку својата подружница ОНЕ Македонија Телекомуникации, официјално достави писмо за намери до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), каде го изразува својот интерес за обезбедување на достапни радиофреквенции како дел од планот за влез на телекомуникацискиот пазар како нов оператор во Македонија. Овој чекор, велат од групацијата, преставува значителна пресвртница во плановите на 4iG за да придонесе во модернизација на ...

Бумот на генеративната вештачка интелигенција продолжи со забрзано темпо во 2024 година, при што паметните телефони станаа клучно бојно поле за развој на технологијата за вештачка интелигенција откако Samsung, Google и Apple воведоа нови алатки за вештачка интелигенција на своите уреди. Многу коментатори и технолошки компании самите рекоа дека големата пречка кога станува збор за генеративните карактеристики на вештачката интелигенција е да ги ...

Општина Центар започна со целосна реконструкција на салата „Работнички”, која со децении беше во катастрофална состојба – запуштена, оштетена и без основни услови за тренинзи и натпревари. „Со оваа реконструкција го враќаме достоинството на овој спортски симбол на нашата општина, дом на македонската кошарка. Многу мои претходници ветуваа решенија и проекти на хартија, но без реализација. Откако годинава ја добивме надлежноста врз објектот, ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против полициските службеници А.А., на работно место во ПС од ОН Гази Баба, А.А. на работно место во ПО Арачиново, ...

Градоначалникот на Харков, вториот по големина град во Украина, изјави дека утрово се соочиле со нов „масовен ракетен напад врз енергетски објекти“. Ихор Терехов вели дека 12 проектили биле лансирани кон градот, насочени кон енергетски објекти како што се котлари и електрани. Затоа голем дел од Харков во моментов е без греење. Тој вели дека досега во градот се повредени најмалку четири лица. Russians celebrated Christmas morning with a large ...

Русија изврши голем напад врз енергетскиот систем на Украина и градовите во источниот регион утрото на Божиќ, користејќи крстаречки и балистички ракети, соопштија украинските власти. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша нападот како „нехуман“ и остро го осуди рускиот претседател Владимир Путин. „Денес Путин намерно го избра Божиќ за да нападне. Што може да биде понехумано? Повеќе од 70 проектили, вклучително и балистички, и ...

Русија изврши масовен воздушен напад врз Украина на Божиќ наутро според Грегоријанскиот календар. Ова го објави Киев Индепендент, наведувајќи дека мети на ракетите и беспилотните летала се градови низ земјата. Североисточниот град Харков, вториот по големина во Украина, е меѓу најтешко погодените. Локалните власти соопштија дека Харков бил под „масивен ракетен оган“ од балистички ракети, а најмалку тројца цивили биле повредени. Се наведува дека ...

Владата планира да ги понижува работниците со укинување на „Недела неработен ден“, политика која е повторно по барање на трговците и бизнисот, порача денеска лидерот на СДСМ Венко Филипче на прес конференција на која направи пресек на првите шест месеци од мандатот на Владата. Филипче алармира и дека се заговара зголемување на старосната граница за пензионирање што според него е удар врз работниците. ,,Еден од најзначајните проекти на СДСМ со ...

Патнички авион на пат од Азербејџан кон Русија се урна во средата во близина на казахстанскиот град Актау со 62 патници и пет членови на екипажот, соопштија казахстанските власти, додавајќи дека 28 лица преживеале. Непроверена снимка од несреќата покажува дека авионот, управуван од Азербејџан ерлајнс, се запалил кога удрил во земјата и избил густ црн чад. Од делот на трупот кој остана недопрен можеше да се види како излегуваат крвави и ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1025
weather icon

Белград

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1025
weather icon

Загреб

1ᴼ / -3ᴼ
1.03
79%
1025
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
86%
1026
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.4
96%
1026
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.51
92%
1025
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
2.68
79%
1024
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1022
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
0.0
100%
1023
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
83%
1028
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
4.12
79%
1026
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
81%
1027
Currency

61.525

Currency

59.3727

Currency

73.6077

Currency

37.0288

Currency

40.8305

Currency

65.183

Currency

8.25985

Currency

0.6019

Currency

0.3825

Currency

0.52517

Currency

1.6635

Currency

0.68578

Алуминиум

2.59

Кобалт

30.86

Никел

15031.50

Рутениум

15850.32

Калај

30.02

Сребро

1006.70

Злато

89964.12

Бакар

8.59

Паладиум

32022.14

Платина

33179.07

Родиум

149500.97

Цинк

2.71