Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Супстанцијата што се наоѓа во руколата и другиот зелен зеленчук вклучувајќи брокула и зелка, би можела да помогне во спречувањето на дебелината и ублажувањето на ефектите од исхраната со многу масти. Студијата на италијанските научници, објавена во научното списание „Фитотерапевтски истражувања“, е спроведена под водство на Универзитетот во Пиза, со учество на истражувачи од Болоња, Фиренца и Неапол. Од нашата мрежа Зошто речиси сите носат ...
Турската актерка Еџе Иртем, позната по своите улоги во популарните телевизиски серии како што се „Шербет од брусница“ и „Господин погрешен“, почина ненадејно на 35-годишна возраст, а властите истражуваат можна поврзаност помеѓу нејзината смрт и каснување од мајмун во текот на патувањето во Тајланд. Иртем почина на 15 јуни, само неколку часа откако го прослави 35-тиот роденден. Според првите информации, се сомневало на срцев удар во нејзиниот ...
ТИТАН Усје е одговорен член на заедницата кој транспарентно работи и делува во согласност со законските обврски и континуирано инвестира во развој на општеството во целина. Како прва компанија во Скопје што доби А-интегрирана еколошка дозвола и една од првите во државата, ТИТАН Усје уште тогаш ја потврди својата определба за примена на највисоки стандарди во индустријата. Компанијата е во постојан инвестициски циклус за модернизација и ...
Со Ребалансот на буџетот, за околу 1,1 милијарда денари е зголемена и ставката за плати, која се однесува токму на барањата за нови вработувања, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Таа рече дека со ребалансот буџетскиот дефицит се зголемува за 4,1 % од Бруто домашниот производ и ќе изнесува 46,1 милијарда денари. Од овие средства најмноу ќе одат на капитални инвестиции. Најмногу пари со ребалансот ќе добие ...
Ребалансот на буџетот Министерство за финансии денес треба да го предаде во Собрание, откако тој помина на Влада. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска рече дека со ребалансот е предвидено вкупните приходи да се ревидираат на 379, 2 милијарди денари, а вкупните расходи се проектираат на 425,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит ќе изнесува 4,1 процент од Бруто домашниот производ и тој ќе изнесува 46,1 милијарда денари, од кои ...
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска вината за тоа што Министерството за финансии не дало согласност за педесетина договорци на Клиниката за детски болести повторно ја префрли кон раководството на здравствената установа. Таа на прашање на „Локално“ зошто годинава не дала согласност за договорците, кои и лани исто биле ангажирани на Детска клиника и за која клиниката имало обезбедено средства за плати, рече дека директорот на ...
На свеченото одбележување на Денот на јавната администрација, кое годинава се одржа под мотото „Доверба, интегритет и резултати: темели на модерна и европска јавна администрација”, министерот за јавна администрација Горан Минчев порача дека реформата на јавната администрација не е само европска обврска, туку суштинска инвестиција во институциите, луѓето и иднината на државата. На настанот се обратија и Претседателот на Владата, проф. Д-р ...
Европскиот суд за човекови права донесе одлука во предметот „Талески и други против Северна Македонија, кој се однесува на законската интервенција преку Законот за помилување во 2016 година од страна на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на осомничените од СЈО, со кој било овозможено поништување на претседателски помилувања доделени на апликантите околу шест недели претходно, во време кога тие се сметале за конечни и ...
Опозициската СДСМ обвини за нов, како што велат, скандал поврзан со Владата, тврдејќи дека генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е поврзан со компанија регистрирана во Бугарија. На прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, посочи дека според документи објавени во бугарски медиуми, Јанушев е поврзан со фирмата ФЛУГБАН ТРАНС ДОО со седиште во Ќустендил. Според партијата, компанијата се занимава со патен превоз на ...
Во Чешката Република ескалира спорот околу тоа кој смее да ја претставува земјата на претстојниот самит на НАТО во Анкара на 7 и 8 јули. Либералниот претседател Петр Павел во вторникот на својата интернет-страница објави дека поднел тужба до Уставниот суд во Брно за да добие правна поддршка за своето учество на состанокот на лидерите на одбранбениот сојуз. Десничарската влада претходно одлучи на самитот да ги испрати премиерот Андреј Бабиш, ...
Нова студија што го анализира обемот на нелегалната трговија со цигари во Европската Унија (ЕУ) покажува дека потрошувачката на цигари од црниот пазар пораснала за повеќе од 7% на годишно ниво во 2025 година, достигнувајќи повисоки нивоа од цела претходна деценија, при што нелегалните цигари имаат сѐ позначајна улога низ земјите членки. Поконкретно, студијата спроведена од KPMG LLP во име на Philip Morris Products S.A., посочува дека ...
Во текот на изминатото деноноќие полицијата евидентирала девет случаи на семејно насилство низ државата, при што четири лица биле лишени од слобода, а со две лица биле извршени службени разговори. Случаите вклучуваат физички напади, закани и психичко малтретирање меѓу брачни и вонбрачни партнери, родители, деца и други членови на семејството. Во Скопје биле пријавени три случаи. Жена од Кисела Вода пријавила дека нејзиниот сопруг, со кого е ...
Организаторите на протестот што се одржува во Тирана денеска ја објавија листата на барања упатени до албанската влада, меѓу кои се формирање на преодна техничка влада и спроведување на сеопфатни уставни реформи, како и повтореното барање за оставка на премиерот на Албанија, Еди Рама. Учесниците на протестот порачаа дека собирите ќе продолжат по мирен пат до исполнување на барањата, јавува „Албаниан пост“. Во соопштението што беше прочитано ...
Веста ја потврди Кремљ, откако Киев ја обвини Белорусија за помагање во руските напади со дронови врз украинска територија. Зеленски минатата недела порача дека Белорусија мора да ја отстрани комуникациската опрема за која Украина тврди дека служи како поддршка за руските операции со беспилотни летала. Притоа на Минск му даде рок од седум дена, предупредувајќи дека Украина, доколку нема реакција, ќе преземе сопствени чекори. Од нашата мрежа ...
Вуковарско-Сремската полиција прими четири лажни дојави за евентуално поставени експлозивни направи во судовите на подрачјето на таа жупанија, известија од полицијата. Станува збор за судовите во Винковци, Жупања, Оток и Вуковар, каде што е извршен антиексплозивен преглед, при што не е потврдена вистинитоста на примените дојави. Од нашата мрежа Пазарната капитализација на SpaceX се намали за 400 милијарди долари 4 минути biznisinfo.mk 📽️ ...
Под притисок на американската блокада и најдлабоката економска и социјална криза, властите во Куба го покренаа воведувањето на капиталистичко-пазарен економски систем, со отворање кон странскиот капитал, по примерот на политичко-економскиот модел во Кина и Виетнам, оценуваат аналитичарите во Европа и САД. Медиумите во ЕУ сметаат дека комунистичките власти во Хавана повеќе со ништо не можеле да ја спречат целосната пропаст на економијата, ...
Клиниката за детски болести годинава забележала најниска стапка на смртност кај своите пациенти во последните 17 години. Како што истакна д-р Реџеп Мемеди, директор на Детска Клиника, во првиот квартал годинава забележана е стапка на смртност од 0,27 проценти, што е за два пати помалку отколку минатата година Тој појасни дека од 2014 до 2026 година процентот на починати пациенти во однос на хоспитализирани пациенти изнесува 1,51 процент, а во ...
ЕУ мора да ги продолжи постојните политики за пристапување и да не дозволи долготрајните дебати за потенцијалните реформи да ја тргнат од патот, како и да биде проактивна на Западен Балкан и во соседството за таму да не бидат други, изјави премиерот на Ирска, Мајкл Мартин, пред преземањето на ротирачкото претседателство со ЕУ од страна на неговата земја. Мартин за „Фајненшел тајмс“ изјави дека ЕУ треба да се фокусира на својот процес на ...
Просечната месечна исплатена нето-плата во април 2026 година изнесуваше 48.779 денари и бележи годишен раст од 7,3 % во споредба со истиот месец лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-платата за истиот период изнесува 73.366 денари, а најголем скок на примањата е забележан во секторот на финансиските дејности и осигурувањето. Во април 2026 година, во однос на април 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата ...
Клиниката за детски болести привремено ги спои одделите за имунологија и пулмологија, за да може да се организира сменска работа поради недостиг на средно медицински кадар. Реџеп Мемеди, директор на Клиниката за детски болести, во одговор на новинарско прашање рече дека одделот за имунологија не е затворен, туку привремено е споен со одделот за пулмологија, за да може да има доволно медицински кадар кој ќе пружи квалтетна здравствена услуга. ...
Наместо да се справуваме со последиците од долгогодишните проблеми, во изминатите две години започнавме системски да ги решаваме нивните причини и да создаваме услови за долгорочен развој на општините и регионите, истакна министерот за локална самоуправа Златко Перински презентирајќи ги резултатите од работата на Министерството. „Работата на Министерството за локална самоуправа поретко е во центарот на вниманието на јавноста, затоа што ...
Опозициската партија Левица со соопштение реагира дека во Македонија сè уште се применува застарен систем на рачно отчитување на електричните броила, додека во повеќето европски земји веќе се користат паметни системи за далечинско читање со висока точност. Според партијата, и покрај тоа што технологијата овозможува речиси целосно автоматизирано собирање податоци, граѓаните продолжуваат да се соочуваат со доцнења, проценети читања и корекции ...
Опозициската СДСМ реагира дека најавената реконструкција на Владата претставува, како што велат, козметичка промена без суштински политички или кадровски реформи, при што останува истата структура и истите политики, со единствена разлика во нови персонални решенија. Во реакцијата, партијата оценува дека промените во владините редови не носат реална одговорност ниту нов правец во управувањето, туку само формално прераспределување на функции во ...
„Религијата не треба да биде средство за конфронтација, туку ресурс за дијалог, помирување и градење на заедничка иднина“, истакна државниот секретар во Министерството за култура и туризам Марија С. Ѓоргова на отворањето на Четвртата Светска конференција за религиски дијалог и соработка, посветена на темата „Религијата како оружје на војната: во минатото, сегашноста и иднината“, која од 22-26 јуни се одржува во Скопје. Поздравувајќи ги ...
На 22 јуни 2026 година, околу 18:20 часот, во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 18-годишниот Р.Ш. од истиот град. Акцијата следела по издадена судска наредба од Основниот суд Кавадарци, при што бил извршен претрес во неговиот дом и помошните простории. За време на претресот, полицијата пронашла и одзела марихуана и бела прашкаста материја. Од нашата мрежа Скопје меѓу најевтините: Колку чини изнајмувањето ...
Наплатата на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување и натаму не е доволна за да го покрие дефицитот во пензискиот систем, покажува ревизијата на Државниот завод за ревизија за 2024 година на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија. „Со извршената ревизија за 2024 година изразено е неповолно мислење за вистинито и објективно прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности, како ...
Синоќа ширум окупираниот украински полуостров Крим одекнуваа силни експлозии, додека истовремено ширум полуостровот избија низа пожари. Поради нападот, Керченскиот мост беше целосно затворен за сообраќај во текот на целата ноќ, јавува „Украинска правда“. Повикувајќи се на информации од Телеграм-каналите „Кримски ветер“, „Супернова+“ и каналот за оперативни информации за Керченскиот мост, медиумите наведуваат дека ударите биле почувствувани во ...
Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека во текот на вчерашниот ден одржал работна средба меѓу претставници на Владата и најголемите трговски синџири во државата, на која се разговарале за мерки за справување со инфлацијата и стабилизирање на цените на основните прехранбени производи. Во објавата тој најави дека Владата во следниот период ќе одржи дополнителни состаноци и со добавувачите и производителите, со цел преку ...
Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите во Белата куќа пред претстојната средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Новинарите го прашаа Трамп за најавената ревизија на американското воено присуство во земјите-членки на НАТО, која ја спроведува министерот за одбрана Пит Хегсет, како и за тоа дали Вашингтон планира повлекување на своите сили од Европа. „Ние бевме одлична членка на НАТО, на многу начини ...
Пратеничката и претседателка на ЛДП, Моника Зајкова вчеравечер на емисијата „24 анализа“ на „ТВ 24“ изјави дека на вчерашната конференција во Владата биле презентирани податоци кои укажуваат на значителен пораст на семејното насилство во државата при што е регистриран раст од 67 проценти на случаите на семејно насилство во периодот од јануари до мај годинава во споредба со истиот период лани. „Тоа значи дека ние имаме проблем и дека тој ...