Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, изјави дека се залага за суспензија на Шпанија од шенгенскиот простор, по вчерашниот инцидент кога стотици мигранти илегално пристигнаа во шпанската енклава Сеута во Северна Африка. „Поддржувам затворање на шенгенскиот простор кон Шпанија“, напиша Тајани на платформата „Икс“ осудувајќи ја, како што наведе, „нерегуларната и неконтролирана миграција“. Мигранти вчера ја преплавија ...

Маж од Германија завршил со тешки повреди откако акумулаторот што го носел во ранецот ненадејно експлодирал додека возел велосипед, објави „Билд“. Во несреќата тешко бил повреден 45-годишниот маж, додека 9-годишно момче се здобило со полесни повреди. Двајцата возеле велосипеди по улица во градот Јуксен, во германската покраина Тирингија, кога акумулаторот без предупредување експлодирал во ранецот на мажот. По експлозијата, облеката на ...

Почина фудбалската легенда на Италија и Милан, Франко Барези (66 години) веста за смртта ја потврди и неговиот клуб Милан. Барези повеќе од една година имаше здравствени проблеми. Барези беше заштитен знак на Милан, откако целата кариера ја мина клубот за кој дебитираше во 1978 година и одигра 20 сезони. Мина и низ тешкиот период во клубот кога се наоѓаше во Серија Б. Но, беше и дел од големиот Милан од крајот 80-тите и почетокот на 90-тите ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така се очекува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето гостување на МРТ се осврна на динамиката и процедуралните опструкции за време на седницата за пратенички прашања, како и на прашањата поврзани со употребата на албанскиот јазик во законодавниот дом. Гаши истакна дека координациите и честите паузи за време на седница за пратенички прашања не се вообичаена практика, посочувајќи дека процедуралните обраќања сè почесто се користи за политички ...

] Шпанија ќе распореди армиски сили за да воспостави ред на границата со Мароко во Сеута, откако илјадници мигранти влегоа во малата шпанска територија во северна Африка. Локалните власти во Сеута побараа од централната влада во Мадрид засилување за справување со граничната криза што се создаваше пред да ескалира денеска, кога толпи луѓе ја пробија граничната ограда. Шпанската влада вечерва објави дека ќе испрати вооружени сили за да ѝ ...

📣За ДПМНЕ, очигледно, негативен ревизорски извештај не е причина за политичка одговорност, туку препорака за унапредување. Додека Државниот завод за ревизија констатира сериозни финансиски и системски пропусти во работењето на Фондот за здравствено осигурување, поранешниот директор на Фондот, Сашо Клековски, денес е награден со раководење на едно од најважните институции, Министерството за здравство. ❗️Ревизијата покажува дека Фондот не ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска ги предупреди Кипар и Бугарија да не им дозволуваат на САД користење на нивните воени бази за евентуални напади врз Иран. Во телефонски разговор со кипарскиот министер за надворешни работи Константинос Комбос, шефот на иранската дипломатија нагласи дека треба да се спречат „непријателските сили“ да ги користат странските воени бази на Кипар за операции против Иран. Арагчи предупреди ...

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагираше за начинот на кој Судскиот совет, на денешната седница определи вршители на должноста претседател на Апелациониот суд Скопје и на Основниот суд Струга. Во реакцијата се наведува оти Советот директно ги прекршил одредбите од членот 89 од Законот за судовите, кои наложуваат дека за в.д. претседател мора да се избере судијата кој е оценет со највисока позитивна оцена и има добиено најголем број ...

Фудбалската федерација на Македонија го поддржува ставот на УЕФА околу котроверзниот план на ФИФА за продажба на дел од комерцијалните права за Светското првенство. – Едногласно и недвосмислено го отфрламе предлогот на ФИФА за пренесување на сопственички удели во Светското првенство и другите натпреварувања на ФИФА на приватни инвеститори. Светското првенство е наследство, а не инвестициски производ. Светското првенство не смее да се третира ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека би можел привремено да ја повлече номинацијата на Тод Бланш за министер за правда. Трамп наведе дека и понатаму целосно го поддржува Бланш, кого го опиша како „ѕвезда“, и порача дека би го задржал на функцијата вршител на должноста министер за правда сè додека републиканските сенатори Џон Корнин од Тексас и Том Тилис од Северна Каролина не го напуштат Сенатот. „Немам ништо против привремено да ...

Министерството за здравство информира дека го задолжило Центарот за јавно здравје – Скопје вечерва да спроведе дополнителна терестичка (од земја) адултицидна дезинсекција во населбата Драчево. – Оваа активност претставува превентивна мерка што се реализира врз основа на стручната информација и проценката на ризик изготвени од Центарот за јавно здравје – Скопје за состојбата со комарците и потребата од дополнителна адултицидна дезинсекција, ...

– Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, се збогува со Барселона, каде што играше на позајмица сезоната 2025/26. – Неверојатно сум благодарен на сите во клубот што го направија мојот престој тука толку позитивно и незаборавно искуство. Уживав во секој момент и носам многу посебни спомени со мене. Им посакувам на клубот и на сите негови фанови многу среќа и голем успех во претстојната сезона, напиша Рашфорд на социјалните мрежа. Во ...

Турција распореди пет борбени авиони Ф-16 и нивните екипажи во Естонија како дел од мисијата на НАТО за воздушна полиција, соопшти денеска турското Министерство за одбрана. „Како дел од зајакнатата мисија на НАТО за воздушна полиција, завршено е распоредувањето на пет авиони Ф-16 и нивниот персонал во воздухопловната база Емари во Естонија, каде што ќе бидат стационирани од 1 август до 30 ноември 2026 година“, се наведува во соопштението на ...

Локализиран е пожарот кај тетовското село Лешница, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) и нагласува дека во неговото гаснење учествувале и два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување. -Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамет Али, веднаш по добиената дојава за пожарот во реонот на Лешница кај Тетово, лично излезе на терен со цел да ги координира активностите на надлежните институции за локализирање на пожарот. ...

Во невремето летна кровот на базенот, и делови паѓале внатре во патеките за пливање, каде во тој момент имало посетители, по што се правела евакуација. Базенот во рамките на Спортскиот центар (СЦ) „Борис Трајковски“ нема да работи две години откако е затворен по невремето кое го зафати Скопје на 21 јули. Во невремето летна кровот на базенот, и делови паѓале внатре во патеките за пливање каде во тој момент имало посетители, по што се правела ...

Руската војска употребила севернокорејска ракета во синоќешниот напад врз Криви Рог, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, јавија денеска светските агенции повикувајќи се на свои извори. Русија и претходно користеше ракети испорачани од Пјонгјанг против украински цели, но распоредувањето на овој вид оружје за бомбардирање на Криви Рог сугерира дека дошло до обновување на резервите со руска муниција, изјави неименуван ...

– Сите 55 членки на УЕФА одлучија да ги бојкотираат турнирите на ФИФА по планот на претседателот Џани Инфантино да продаде удел од Светското првенство на приватни инвеститори, се вели во соопштението на УЕФА. – УЕФА и нејзините 55 асоцијации членки се обединети. Едногласно и недвосмислено го отфрламе предлогот на ФИФА за префрлање на сопственоста на Светското првенство и другите натпреварувања на приватни инвеститори. Светското првенство не ...

Во функција се камерите на „Безбеден град“ во дел од општина Дебрца, наскоро ќе стартуваат и во Охрид, соопштија вечерва од Министерството за внатрешни работи. Во соопштението се појаснува дека по извршеното финално тестирање, ставени се во функција безбедносните камери на системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца. – Наскоро камерите на „Безбеден град“ ќе бидат ...

На територијата на државата до 19 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, три сè уште се активни, а останатите се изгаснати, соопштија вечерва од Центарот за управување со кризи. Првиот активен пожар е на територија на општина Желино, во регионот на село Горна Лешница, каде горат сува трева и мешана шума. Ниска вегетација е опожарена во општина Валандово, на подрачјето на село Удово покрај реката Вардар. Последниот ...

Земјите од Европската Унија одобрија построги имиграциски правила за Украинците на воена возраст, соопшти денеска портпаролот за ДПА. Чекорот, преземен на барање на Киев, има за цел да ги исклучи оние кои се обидуваат да избегнат служење воен рок во војната на Украина против Русија од добивањето поедноставен влез во Европската Унија. Според договорот, Украинците на возраст од 23 до 60 години ќе можат да ја користат шемата за привремена ...

– Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека одлуката за евентуалното продолжување на судирот со Иран е на американскиот претседател Доналд Трамп, при што изрази скептицизам за постигнување дипломатско решение со Техеран. Нетанјаху за американската телевизиска мрежа Еј-Би-Си изјави дека Соединетите Американски Држави остануваат „главен партнер“ на Израел и дека Трамп е единствениот задолжен за американската стратегија. ...

Поранешниот украински министер за одбрана Михајло Федоров денеска изјави дека неговата смена е поврзана со отпорот што го предизвикале неговите реформи во министерството, особено во областа на набавката на оружје, но негира дека ја напуштил функцијата по личен судир со воената команда. Федоров во интервју за весникот „Украинска правда“ изрази уверување дека неговата желба процедурите за набавка на оружје да ги направи потранспарентни и да го ...

Христијан Мицкоски попладнево се сокри зад неговиот сателит – ЗНАМ за да побегне од одговорите на пратеничките прашања. Бидејќи нема одговор на ниту едно прашање, нема одговори за неисполнетите ветувања, за труењето на Македонија, за економскиот колапс, за изолацијата…. По целодневните процедурални одлагања, токму во моментот кога претседателот на СДСМ, Венко Филипче требаше да му постави дополнително прашање на Мицкоски, привезокот ЗНАМ ...

– Еден месец по формирањето на Работниот тим (Task force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, Министерството за внатрешни работи бележи значајни резултати во борбата против организираниот нарко-криминал. Засилената координација, побрзата размена на информации и заедничкото дејствување на организациските единици овозможија поефикасно откривање и сузбивање на криминалните структури што се занимаваат со недозволена трговија со ...

Со невообичаени прашања од типот „каква боја е вратоврската што ја носите“, американскиот сенатор Џош Холи го започна вчерашното испрашување на поранешниот директор на Националниот институт за алергија и инфективни болести на САД, Ентони Фаучи, за време на сослушувањето во американскиот Сенат, обидувајќи се да го истакне апсурдот на неговото континуирано одбивање да сведочи повикувајќи се на Петтиот амандман од Уставот. Сенаторите од ...

– Македонското Собрание ја заврши седницата на која требаше да се поставуваат пратенички прашања. Таа, како што беше најавено продолжи во 17:10 часот, но по барањето за пауза од еден час од Координаторот на пратеничката група на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Бобан Карапејовски, потпретседателката на Собранието Весна Бендевка рече дека седницата ќе заврши бидејќи со тој еден час пауза ќе се излезе од рамките на редовната работа до 18 ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изрази солидарност со сојузничката Полска откако летечки објект, за кој владата во Варшава се сомнева дека е руска ракета, падна во близина на украинската граница. Руте разговараше за „повредата на полскиот воздушен простор од страна на руска ракета“ со полскиот премиер Доналд Туск, соопшти денеска шефот на НАТО. И Полска и НАТО ги активираа своите воздушни и копнени одбранбени системи, рече Руте. – ...

По морски пат, со патролен брод на крајбрежната служба на Грција и два приватни чамци беше евакуирано 51 лице од плажата Превели во јужниот дел на Крит, поради големиот пожар што избувна вчера и сè уште не е ставен под контрола, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција, објавија видео од акцијата за спасување и информираа дека се спровела во неповолни временски услови, со северни ветрови со јачина од 8 Бофори. ...

– Пораки од бројот 112 за итни случаи беа испратени до жителите и сите оние кои се наоѓаат во неколку населени места на грчките острови Парос и Андрос поради пожарите што избувнаа денеска, а активен пожар има и на островот Калимнос, додека пак на Крит што избувна вчера јужно од градот Ретимно сè уште не е ставен под контрола, јави дописничката на МИА од Атина. На Андрос, поради пожарот што гори ниска вегетација во западниот дел на островот, ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Калај

46.54

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25