Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на граничниот премин Табановце, на територијата на Општина Куманово, претставува директно прекршување на законот и на уставните обврски за употреба на јазиците, стои во соопштението на Демократската унија. Ова е тешка провокација и јасен доказ за екстремната немоќ на Вреди да ги заштити дури и најосновните права на Албанците. Бараме албанскиот јазик веднаш да биде вратен на државните ...
Млад македонски државјанин кој се здобил со тешка повреда – скршеница на вратен пршлен – ќе биде транспортиран од Турција во Македонија со владиниот авион, пренесе „Скопје1“. Според неофицијални информации, денеска се вршат последните подготовки за летот, откако родителите на момчето побарале помош од македонските институции за негово безбедно враќање во земјава. Момчето е хоспитализирано во Турција, а поради сериозноста на повредата не може ...
Вчера Венко Филипче со панична прес-конференција од Ново Село сакаше да го сврти вниманието и да ги прикаже за жртви оние кои тој ги нарече деца. Всушност, вистината е сосема поинаква, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на партискиот портпарол Валентин Манасиевски. „Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за ...
Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница ќе се одржат на 18 октомври годинава Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска соопшти дека ја потпишал одлуката за распишување на предвремени избори за градоначалник на Брвеница, по неодамнешната ненадејна смрт на Јовица Илиевски, кој на локалните избори одржани есента минатата година го доби вториот мандат да ја води општината. Предвремените избори ќе се одржат на 18 октомври ...
Доаѓањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски во посета на Србија можеби е најава за заедничка фабрика за дронови, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. За весникот зборува Кристофер Хил, доскорешниот амбасадор на САД во Србија, кој опишува како српската муниција била извезувана во Украина Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, в сабота (8 август) пристигнува во Белград, пишува германскиот весник ...
Вооружениот 14-годишен напаѓач, кој денеска отвори оган во училиште во близина на тајландскиот главен град Бангкок, првично ги застрелал своите баба и дедо во нивниот дом пред да се упати кон училиштето, соопшти тајландската полиција. Според најновите податоци од тајландското Министерство за здравство, објавени од Би-би-си, билансот на пукотницата е осум мртви, во која ученик од деветто одделение на возраст од околу 14 години убил пет ...
„Бараме итна и целосна транспарентност: колку работници, колку механизација и колку средства во моментов се ангажирани на Коридорот 10-Д, а колку на Коридорот 8? Кој ја донел одлуката за ваквиот сооднос и врз која основа?“, прашуваат од ДУИ. ДУИ обвинува дека коридорите 8 и 10-Д не се градат сразмерно зашто постои политичка наредба за патот Прилеп-Битола да биде завршен до следните избори. Оттаму тврдат дека во моментов се работи во сооднос ...
И покрај позитивните движења во индустријата, македонското рударство продолжува да заостанува. Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека индустриското производство во јуни 2026 година е зголемено за 6,5 проценти во споредба со истиот месец лани, но секторот „Рударство и вадење камен“ бележи пад од 3,8 проценти. Овој тренд трае веќе подолг период и упатува на структурни предизвици во индустрија која традиционално има ...
Со положување цвеќе и пригодна церемонија пред спомен-обележјето во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, вечерва од 18 часот ќе започнат чествувањата по повод 25-годишнината од трагичниот настан кај Карпалак, во кој на 8 август 2001 година загинаа десет прилепски бранители. Во заседа на армискиот конвој на патот Скопје–Тетово тогаш животот го загубија резервистите Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован ...
Француската влада планира да спроведе симулација на голем прекин на електричната енергија низ целата земја во втората половина на 2027 година за да ја тестира својата подготвеност за кризни ситуации, соопштија денес извори запознаени со подготовките. Во вежбата ќе учествуваат операторите на електричната мрежа Enedis и RTE, неколку државни институции, министерства и француската воена администрација, објави денес бриселскиот „Политико“. Целта ...
Два извори блиски до администрацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјавија за „ИранВајер“ (IranWire) дека Моџтаба Хамнеи се нема сретнато со ниту еден член на кабинетот од американскиот напад врз комплексот на Врховниот лидер и убиството на неговиот татко и други членови на семејството на 28 февруари. Според двата извори, гласините дека тој се наоѓа во исклучително критична состојба и дека би можел да почине во секој момент, ...
Брза и храбра реакција на двајца случајни минувачи денеска придонесе за успешно спасување на жена од Вардар кај Камениот мост во центарот на Скопје. Според информациите до кои дојде „Скопје1“, жената, на возраст од околу 50 години, била извлечена од реката благодарение на двајца граѓани од Чаир, кои без двоумење скокнале во Вардар и успеале да ја извлечат на безбедно. Набрзо на местото пристигнале две екипи на интервентната полиција, една ...
На 5 август 2026 година во 08:25 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 32-годишниот В.М. од Тетово.Тој бил пријавен дека во текот на минатата недела, во семејниот дом, им се заканувал на неговите родители со остар предмет. На 3 август, откако родителите не му дале пари, тој оштетил дел од покуќнината, а потоа со остар предмет се обидел да го нападне својот 61-годишен татко. По целосното документирање на случајот, ...
ССНМ предупредува дека ограничувањето на пристапот до информации од јавен интерес и неодговарањето на новинарски прашања се сериозен предизвик за транспарентноста и слободата на медиумите. Синдикатот повикува Владата да воспостави отворена и професионална комуникација со медиумите, со цел новинарите непречено да ја исполнуваат својата улога во интерес на јавноста. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија со ...
Претседателот на опозициската Лига на социјалдемократи на Војводина (ЛСВ), Бојан Костреш, ги осуди нападите врз лидерот на СДСМ, Венко Филипче и оцени дека тие се организирани од, како што вели тој, режимот во Србија и поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. Ова следува откако прво, порталот expres.mk, објави т.н. реакција на „Регионалниот Одбор Куманово на Српската заедница во Македонија“, против Филипче. Во текстот се користат зборовите ...
Од Уставниит суд информираат дека судија од Граѓанскиот суд не почитувал и применил нивна одлука, поради што го алармирале Обвинителството и Судскиот совет. Ова е прв пат Уставниот суд да пријави судија, а се однесува за непримена на одлука на Уставен за предмет на новинарката Наташа Стојановска, поврзан со ,,27 април”. Во продолжение соопштението на Уставниот суд во целост. -Уставниот суд на 24 јули 2026 година го извести Јавното ...
Случајот ,,Талир 2″, во кој е обвинет екс премиерот Никола Груевски, вчера стигнал во Апелација, откако претходно во Кривичниот суд беше досудена ослободителна пресуда. -Ве известуваме дека списите по предметот К.бр.297/24 (Талир 2), на 06.08.2026 година се доставени до Апелациониот суд Скопје. Пресудата по предметот им е доставена на сите странки на 31.07.2026 година. На 05.08.2026 година Основното јавно обвинителство Скопје поднесе жалба ...
Словачка, Австрија и Унгарија забележаа рекордни температури. Словачката хидрометеоролошка агенција соопшти дека во Долни Плахтинце вчера се измерени рекордни 42 степени Целзиусови. Во Полска властите беа принудени привремено да ги затворат термоелектраните на јаглен Козенице и Полањец поради исклучително нискиот водостој на реката Висла, што ја ограничи достапноста на вода за ладење на постројките. Со тоа од електроенергетскиот систем беше ...
Во регионот Алгој, на југот на Германија пронајдена е тиса стара околу 1.100 години. Дрвото се наоѓа во близина на Штајбис и Балдершванг, на надморска височина од околу 1.100 метри. Според процената на Германското дендролошко друштво, животниот век на оваа тиса надминува единаесет века. Експертите објаснуваат дека е вистинско чудо што успеала да преживее толку долг период, имајќи предвид дека расте на северозападната падина на Алпите. Обемот ...
Министерството за здравство е известено од компанијата носител на одобрението за ставање во промет на лекот „фостер“, што се наоѓа на Позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите што го користат овој лек. Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата по рецепт. Тоа важи и за ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отповикал амбасадорите на Украина во Албанија, Хрватска и Црна Гора, согласно претседателските уредби објавени вчера. -Според уредбата отповикан е Володимир Шкуров од функцијата амбасадор во Албанија, кој на оваа дипломатска задача беше од април 2020 година. Васил Кирилич, е отповикан од амбасадор на Украина во Хрватска, како и Олех Херасименко, амбасадор на Украина во Црна Гора, објавија ...
Македонија во текот на 2025 година најголемиот дел од нафтените деривати ги увезла од Грција. Ова го покажува Годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Според извештајот, трговците на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт лани увезувале од вкупно девет држави. Најголем дел од увозот, односно 86,71 проценти, бил од Грција. Потоа ...
Поранешниот гувернер на мексиканската сојузна држава Гереро, Анхел Агире, е уапсен поради сомнение дека наредил уништување докази што можеле да помогнат во истрагата по случајот со исчезнувањето на 43 студенти од учителската школа Ајоцинaпа во 2014 година. Агире кој претходно негираше каква било вмешаност, е осомничен за попречување на правдата и присилно исчезнување, изјави државната обвинителка, Ернестина Годој. Случајот со исчезнувањето ...
Американски суд ѝ наложи на матичната компанија на Фејсбук, „Мета“, да плати 567 милиони долари за санирање на штетите нанесени врз младите од нејзините платформи. Судијата од Ново Мексико, Брајан Бидшајд, пресуди дека платформите на „Мета“ претставуваат „јавна опасност“ и дека компанијата се вклучила во активност што „ги нарушува јавното здравје, безбедноста и добросостојбата“ во Ново Мексико. „Иако ’Мета‘ не е единствена во овој поглед, ...
„Во текот на вчерашниот ден се добиени писмени информации од Институтот за јавно здравје, Општина Гостивар, Јавното претпријатие ‘Комуналец’ и Центарот за јавно здравје. Меѓутоа, тие не се целосни бидејќи не ги содржат сите релевантни податоци и околности во врска со проблемот за загадувањето на водата. Од тие причини, Народниот правобранител ќе се обрати и до други надлежни институции со цел да се добијат конкретни информации“, велат од ...
Трифун Костовски Еуростандард банка, случај што го разоткрива системот Почитувани читатели, Неизвесноста во оваа наша држава станува сè поизвесна и сеприсутна. Несигурноста, полека и сигурно навлегува во речиси секој сегмент од нашето секојдневие. Кога негативностите преовладуваат, оптимизмот и надежта завладуваат. Граѓаните имаат хронично чувство дека се разнишани темелите на иднината. Државата и нејзините институции треба да бидат темелот ...
Седум лица, вклучувајќи го и напаѓачот, се убиени во денешното пукање во училиште во округот Банг Круаи во покраината Нонтабури во Тајланд, соопшти полицијата. Во нападот, кој го изврши ученик од деветто одделение на возраст од околу 14 години, повредени се најмалку 15 лица, од кои двајца се во критична состојба. Претходно властите соопштија дека напаѓачот убил наставник и ранил четири лица, од кои тројца ученици. Тајландскиот премиер Анутин ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера потпиша два нови извршни укази со кои се обидува да го ограничи стекнувањето американско државјанство по раѓање, соопшти Белата куќа. Едниот од указите има цел да го ограничи автоматското стекнување американско државјанство за деца родени во САД чии родители немаат американско државјанство, како што се деца на странски владини функционери и претставници и лица со статус на „непријателски ...
Денеска до 18 часот има два активни пожари на отворено, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму велат дека гори кај местото викано Стојанова Населба во селото Грешница во Општина Македонски Брод и меѓу селата Ново и Старо Коњарево во Општина Струмица. Денеска се регистрирани вкупно 18 пожари, од кои 12 се изгаснати, а четири се ставени под контрола. Под контрола се пожарите кај депонијата во Делчево, кај селото Падалишта ...