Британскиот премиер Енди Бернам ја разгледува можноста за отворање јавна истрага за активностите во Велика Британија на починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епстин – изјави денеска министерката за жртви Алекс Дејвис-Џонс за Би-Би-Си. Таа рече дека премиерот „ја разгледува“ можноста за таква истрага и дека се согласил да се сретне со жртвите на Епстин. – Добив уверување дека премиерот многу сериозно пристапува кон ова прашање. Тој ќе ...

Британската Тајна разузнавачка служба (МИ6) е најмоќната надворешна разузнавачка служба во Европа, пред француската Генерална дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ) и холандската разузнавачка служба, покажуваат резултатите од истражувањето на францускиот магазин „Л’Експрес“, во кое учествувале 60 експерти од 25 земји. Како што пренесува „Гардијан“, МИ6 освоила 251 поен и добила високи оценки за својата способност за регрутирање ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку својата официјална фејсбук страница информира дека од 3 август 2026 година Бугарија воведе засилени официјални контроли при увоз на пратки со свежо овошје и зеленчук – домати, пиперки, праски и лубеници – преку граничните контролни пунктови Ѓуешево (Деве Баир) и Златарево (Ново Село). Мерката се однесува на пратки со потекло од трети земји, вклучително и од Македонија, кои се наменети за ...

Шеесет и двегодишен жител на делчевско село е лишен од слобода по пријава дека подолг период агресивно се однесувал, ѝ се заканувал и физички ја напаѓал својата сопруга, соопшти Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници го привеле мажот на 4 август околу 15:10 часот во Македонска Каменица, по што бил задржан во полициска станица. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Шеесет и ...

Нов пожар избувна во област со ниска вегетација во Дридза, во општината Коропи, јужно од Атина, поради што грчките власти спроведоа голема мобилизација на противпожарните сили. Според весникот „Катимерини“, пожарот бил пријавен денеска околу 13:45 часот, по што било испратено предупредување до жителите во поширокото загрозено подрачје.Во гаснењето учествуваат 52 пожарникари, три специјализирани тимови, 14 противпожарни возила, како и два ...

Според ново истражување, спроведено во Мајами, Флорида, САД, научниците дошле до заклучок дека комарците не ги избираат своите жртви случајно. Имено, природните супстанции што се наоѓаат на кожата на некои луѓе ги прават многу попривлечни за овие инсекти, што објаснува зошто некои луѓе имаат десетици каснувања кога се надвор, додека други речиси и да немаат ниеден белег. Комарците не се само здодевни летни напасници – тие пренесуваат болести ...

Тешка сообраќајна несреќа утрово го блокираше магистралниот пат А3 Битола – Прилеп, во близина на мостот на реката Шемница. Во верижниот судир учествувале четири возила, а сообраќајот на оваа делница е во прекин од 09:00 часот. Веднаш по пријавата, на местото на несреќата интервенирале екипи на СВР Битола, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола и Службата за итна медицинска помош. – – Во Клиничката болница во Битола биле ...

Вчера во Полициското одделение Сарај, И.Х.(41) – директор на ЈКП Сарај, пријавил дека во периодот од 16:30 часот на 31.07.2026 до 06:40 часот вчера, во неговата канцеларија која е сместена во објектот на општината, со употреба на сила била отворена влезната врата од канцеларијата и фиока од негово работно биро. Како што се наведува во полицискиот билтен, притоа украдени биле пари од прометот на ЈКП Сарај. Се преземаат мерки за расчистување ...

Со новата извршна наредба, американскиот претседател Доналд Трамп воведува построги правила за снабдување на воената индустрија со критични минерали. Од почетокот на 2027 година ќе биде дозволена употреба само на суровини произведени во САД или во земји-партнери, додека металите со потекло од Кина, Русија, Иран и Северна Кореја ќе бидат исклучени од синџирот на снабдување. Овој потег дополнително ја засилува глобалната конкуренција за ...

За помалку од еден месец, цената на дизелот се зголеми од 82,5 на 99,5 денари за литар. Тоа се цели 17 денари повеќе, односно зголемување од 20,6 отсто. Зголемувањето во Северна Македонија е приближно четири пати поголемо од просечното зголемување забележано во земјите на Европската Унија во истиот период, се вели во соопштението од ДУИ. Ова поскапување граѓаните ќе го платат повеќекратно. Дизел од 99,5 денари значи поскап транспорт, поскапа ...

На 3 август 2026 година, автобус на „Дурмо Турс“ се запали на автопатот Тетово–Гостивар. Патниците овојпат успеале да го напуштат возилото и била избегната нова трагедија. Но, безбедноста на луѓето не смее да зависи од среќата, брзината на евакуацијата или од тоа дали пламенот ќе се прошири неколку минути порано или подоцна. Кога гори автобус на превозник чие име е нераскинливо врзано со Ласкарци, државата нема право случајот да го третира ...

Денешната прес-конференција на СДСМ е уште еден обид за создавање хистерија и дезинформирање на јавноста. Наместо да понесе одговорност и да се извини за штетата што ја нанесе врз националните и надворешнополитичките позиции на државата, СДСМ повторно пласира груби невистини и конструкции. Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици што СДСМ ѝ ги пласира на јавноста, се вели во реакцијата од ...

Ние сакаме преку вас до граѓаните да соопштиме една многу важна вест. Таа е поврзана со она што го слушнавме од министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, дека постои, цитирам, таен договор за започнување на преговори со Европската Унија. Денеска оваа прес-конференција е посветена токму на тоа, односно да го разоткриеме, како опозиција, тој план. Почитувани граѓани, се подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог, се вели во ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М. (53) од струшкото село Мислодежда поради сомнение дека сторил кривични дела „пустошење шуми“ и „непреземање мерки за заштита при работа“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, на 20 април 2026 година, без претходно одобрение за сеча и спротивно на одредбите од Законот за шуми, на туѓ недвижен имот на локалитетот Лениште, во атарот на селото Мислодежда, пријавениот ...

Владата денеска излезе со демант во врска со соопштението на СДСМ, во кое опозициската партија тврди дека договорот со „Кожувчанка“ за набавка на вода за пиење за граѓаните во Гостивар е склучен со директно договарање, без јавен оглас. Од Владата нагласуваат дека станува збор за обид за манипулирање на јавноста и дезинформации и дека постапката со преговарање ја спровела Службата за општи и заеднички работи, а договорот преку тендер го ...

Полицијата во Тетовско истражува случај во кој две девојки, според пријавата, скокнале од такси возило во движење, откако возачот почнал да се однесува непримерно и не ги однел до побараната локација. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 4 август во 16:30 часот во Полициското одделение Теарце од страна на Д.Ќ. Според пријавеното, неговата 20-годишна девојка Е.И. и нејзината 16-годишна другарка, двете ...

Осум лица се здобиле со тешки телесни повреди во верижна сообраќајна несреќа кај Битола во која учествувале четири патнички возила. Од СВР Битола посочија дека сообраќајната несреќа се случила на регионалниот патен правец Прилеп-Битола-Охрид, на три километри од влезот во Битола и притоа во незгодата се судриле четири моторни возила. Во интервенцијата за итна помош на повредените беа вклучени повеќе болнички возила, повредените се згрижени ...

Сојузот на синдикатите на Македонија ги потсетува работниците дека доколку не се почитуваат нивните права, тоа може да го пријават кај синдикалниот претставник, претставникот на работниците за безбедност и здравје при работа, во Државниот инспекторат за труд, како и во самиот Сојуз Сојузот на синдикатите на Македонија бара работодавците да ги заштитат работниците од топлотниот бран со температури до 40 степени, кој ја зафати земјава. ...

Соопштение на СДСМ Иван Стоилковиќ, не ни сметаат Србите во Македонија. Не ни смета Србија. Ни сметаш ТИ. Ни сметаш затоа што ги застапуваш руските интереси во земја членка на НАТО. Ни смета што славиш со Ноќните волци на Путин. Ни смета српски министер кога се изјаснува како четник – Никола Селаковиќ a ти славиш со него и со Додик, и со главните европски промотори на анти-ЕУ политики. Ни смета што си близок со Гашиќ, поранешен директор на ...

Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено и по суви коловози, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Сепак, од 9 часот утринава во целосен прекин е сообраќајот на магистралниот пат А3, на делницата Битола–Прилеп, во близина на мостот на реката Шемница, поради сообраќајна незгода. Засега нема информации кога ќе биде воспоставен нормален сообраќај на оваа делница. АМСМ информира дека во текот на денот е ...

Договорот, велат од СДСМ повикувајќи се на јавно достапните информации, Службата за општи и заеднички работи на Владата го склучила со „Кожувчанка“ – компанија која е сопственост на градоначалникот на Кавадарци Опозицискиот СДСМ обвини дека Владата ја искористила моменталната ситуација во Гостивар да за склучи договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100 000 евра, без претходно распишан тендер. Договорот, велат од СДСМ, повикувајќи ...

Нова.рс Масовната миграција на десетици илјади мигранти од Мароко во шпанската Сеута се помалку се смета за спонтана мигрантска криза, а се повеќе и повеќе за хибридна операција зад која стојат сериозни политички и геостратешки интереси. Шпанските аналитичари предупредуваат дека САД, Израел и Мароко, чии односи значително се зајакнаа во последните години, би можеле да имаат најголема корист од новата ситуација. Помеѓу 50.000 и 70.000 луѓе ...

Во Фејсбук групата „Грчка Инфо“ е објавено предупредување до туристите кои престојуваат во Пефкохори, дека грчката полиција спроведува засилени контроли и изрекува казни, при што на дел од возилата им се одземаат и регистарските таблички. Според објавата, акцијата се спроведува на магистралниот пат кај кружниот тек во Пефкохори. „Полицајците на сите по ред им ги симнуваат табличките. Прво на едно грчко возило, потоа на џип со регистарски ...

„Онколошките пациенти чекаат со месеци за резултати и терапија, системот ги остава сами“, Стојчевска со критики за состојбата на Онкологија Бојана Стојчевска преку објава на социјалните мрежи упати критики за состојбата во здравствениот систем, осврнувајќи се на искуствата на онколошките пациенти кои, како што наведува, со месеци чекаат за дијагностички резултати, прегледи и терапија. Таа посочува дека пациентите по повеќемесечни терапии ...

Вооружен маж е уапсен во голф-клубот „Трамп Нешнл“ во округот Лос Анџелес, откако бил забележан како фотографира и снима видео на теренот, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес. Полицијата го пронашла возилото на осомничениот на паркингот на клубот, а при претрес кај него бил пронајден пиштол со куршум во цевката, рамка со 16 куршуми со експанзивна муниција и уште една наполнета рамка во неговото возило. По апсењето, ...

Жителите на областите северозападно од Атина погодени од големите шумски пожари почнаа да се враќаат во своите оштетени домови, откако огнената стихија беше ставена под контрола. И покрај тоа, стотици пожарникари остануваат на терен поради опасност од повторно активирање на пожарите во тешко достапните ридски предели. Во гаснењето и натаму учествуваат воздушни сили, а на грчките екипи им помагаат пожарникари од Романија и Франција, кои се ...

Будењето со главоболка често се поврзува со состојби како што се нарушувања на спиењето и алергии. Идентификувањето и справувањето со овие причини може да помогне во ублажување на утринските главоболки. Иако повремената утринска главоболка може да се појави од различни причини и обично не е причина за загриженост, повторувачките главоболки можат да укажуваат на одредени здравствени проблеми или навики на живот на кои им е потребно внимание. ...

Речниот товарен сообраќај на австрискиот дел од Дунав е речиси целосно во прекин поради исклучително нискиот водостој на реката, соопшти синоќа австриското Министерство за иновации, мобилност и инфраструктура. „Товарната пловидба практично е прекината, додека сообраќајот на речните крстаречки бродови исто така е значително ограничен“, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството. Министерството предупреди дека ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени Целзиусопви. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени. Според највите од Управата за ...

Откако десетици илјади мигранти преминаа од Мароко во шпанската енклава Сеута, повеќето од нив се вратија во својата земја, но голем број деца и млади останаа во Шпанија без родители и соодветна грижа, објави „Индипендент“. ⛔️ “Please, uncle, I’ll kiss your head”.. A Moroccan child cries to a Spanish officer in Ceuta.. for not being returned home with the migrants who were deported‼️ ⛔️What are the reasons that made a young child cry for not ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87