Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Турските власти приведоа неколку лица, вклучувајќи новинари, академици и членови на левичарски групи, во рации низ неколку провинции, објавија денеска локалните медиуми и синдикати, додека владата ги засилува безбедносните операции пред самитот на НАТО што оваа недела ќе се одржи во Анкара, јавува ДПА. Рациите во Анкара, Истанбул и неколку други провинции беа насочени кон левичарските и социјалистичките партии, синдикатите и групите на ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија планира да воспостави безбедносна или тампон зона долж границата со Украина, наведувајќи дека овој потег е условен, како што рече, од „агресивната природа на киевскиот режим“. „Почнувајќи од агресивната природа на киевскиот режим, за да ја гарантираме безбедноста на нашите граѓани, ќе мора да воспоставиме безбедносна или тампон зона. Таа се формира според планот. Нашите сили ...
Во текот на изминатото деноноќие полицијата лиши од слобда пет лица и со тројца извршен службен разговор во вкупно девет пријави за семејно насилство во Скопје, Куманово, Тетово, Велес и Штип информираат од Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 22:40 часот го лишија од слобода Ф.С. (32) од Куманово, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Тој бил приведен во ...
Очекувам да имаме зголемување од околу 2 до 2,5 денари за литар за дизел горивото и околу денар за бензините. Но, да почекаме утре Регулаторната комисија да ги каже последните бројки, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што рече, има зголемување на цената на нафтата од околу 5-6 проценти на светските берзи во текот на минатата седмица и благо зголемување на цената на бензините за 2 до 3 проценти. -Но, и покрај тоа што станува ...
Граната од Втората светска војна била пронајдена вчера при ископ на земја за изградба на објект на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје. Министертството за внатрешни работи соопшти дека за гранатата вчера во 12 часот во полиција пријавил Н.И., по што бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје и било констатирано дека се работи за граната која потекнувала од Втората светска војна. -Известена е Дирекцијата за заштита и ...
Четириесет и деветгодишен жител на Охрид со иницијали А.Ј. починал во болницата „Св. Еразмо“ откако претходно се здобил со тешки телесни повреди при пад од покрив. Според информациите од полицијата, несреќата се случила додека мажот работел на изградба на куќа на својата парцела, која се наоѓа покрај стариот пат Охрид–Струга. Тој паднал од покривот и бил итно пренесен во болница, каде што им подлегнал на повредите. Полициски екипи извршиле ...
Големиот пожар што доцна синоќа избувна во солунското предградие Ореокастро, зафати бизниси и фабрики, беа евакуирани две села како и установа за лица со хронични заболувања, рано утрово беше ставен по контрола. По битката со огнените јазици што траеше во текот на ноќта, уапсен е 76-годишен маж за предизвикувањ ена пожарот, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос, за државната ...
Пожар избувна на Бруклинскиот мост во Њујорк за време на градскиот огномет по повод Денот на независноста. Пламен и облак од чад се издигнаа над мостот пред пожарникарите да го изгаснат пожарот. Американските медиуми пренесуваат дека според достапните информации од локалните служби во пожарот никој не е повреден. Две противпожарни возила учествуваа во гаснењето на пожарот, објави градската противпожарна служба. Пожарникари околу 22 часот беа ...
Осум лица, меѓу кои и четири деца, се ранети во пукотница што се случила на Кони Ајленд, населба во Бруклин, во Њујорк, наведе полициската управа на Њујорк (NYPD). Полицијата околу 22,37 часот одговорила на пријавите за повеќекратни ранувања од огнено оружје, објави Ен-би-си Њуз (NBC News). По пристигнувањето на местото на настанот, полицајците пронашле осум лица со рани од огнено оружје, кои биле пренесени во блиските болници. Според ...
Полициски службеници од СВР Скопје вчера попладне го лишиле од слобода 21-годишниот С.Б. од Скопје, кој е осомничен за обљуба врз малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, истиот ден во 13:20 часот, жена од Скопје пријавила дека на 3 јули на подрачјето на Шуто Оризари, осомничениот се обидел да изврши обљуба врз нејзината 16-годишна ќерка. Во пријавата било наведено и дека пред околу шест месеци ...
Големиот ајатолах Џафар Собани утрово ја предводеше погребната молитва за Али Хамнеи во Техеран, на вториот ден од официјалната жалост за починатиот врховен лидер на Иран. Високиот верски лидер (97) беше прикажан на државната телевизија како го води обредот за Хамнеи, кој беше убиен во израелски воздушен напад врз неговата официјална резиденција во Техеран на 28 февруари. Тројца синови на убиениот ирански лидер, ајатолахот Али Хамнеи, се ...
Украина во текот на ноќта нападна неколку трафостаници во Крим, како резултат на што полуостровот што се наоѓа под руска окупација остана без електрична енергија, објавија каналите на социјалните мрежи. Цели на украинскиот ноќен напад беа трафостаниците Бахчисарај и Жимино, објавено е на каналот на Телеграм Ексиленова Плус. Проукраинскиот канал Кримски ветер претходно извести за прекини во снабдувањето со електрична енергија низ Крим како ...
Четири дена пред својот воведен натпревар во Конференциската лига на УЕФА, македонскиот вицешампион Шкендија ги засили денеска редовите со фудбалерот од средниот ред Флорент Рамадани. Дваесетипетгодишниот Рамадани се враќа во својот матичен клуб, откако изминатите шест месеци настапуваше за косовскиот прволигаш Дрита со кој ја освои шампионската титула. Рамадани, како што е соопштено, стави потпис на двегодишен договор. „Заемната желба на ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар вчера предложи пратениците да имаат ограничен мандат од максимум 12 години како дел од поширокиот пакет уставни реформи. Маѓар оваа идеја ја објави на Фејсбук, велејќи дека е дел од амандман што го доставил до парламентот. Во средината на јуни, партијата Тиса на премиерот Маѓар, која има двотретинско мнозинство во парламентот, одобри уставен амандман со кој се ограничува мандатот на премиерот на два ...
Американскиот потпретседател, Џ.Д. Венс, изјави дека Велика Британија „долго време е разочарана од своето лидерство“, додавајќи дека се надева дека следниот премиер на земјата ќе може да ги спроведе структурните промени што ги бараа гласачите по години политички превирања. Во интервју за весникот „Сандеј тајмс“, Венс рече дека честите промени на владата укажуваат на подлабоки проблеми во британската политика. Премиерот Кир Стармер минатиот ...
Почна функционирањето на новиот состав на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за новиот мандатен период (1 јули 2026 – 1 јули 2029) по конститутивната седница на Сенатот одржана на 23 јуни 2026. Универзитетскиот сенат ги извршува своите надлежности во согласност со законските и статутарните одредби на УКИМ. Како што објави Универзитетот, по спроведено гласање на конститутивната седница проф. д-р Владо ...
Селекторот на норвешката фудбалска репрезентација, Стале Солбакен, изјави пред вечерашниот осминафинален дуел на Светското првенство против Бразил дека петкратниот светски првак не е веќе голем фаворит како во минато. Солбакен посочи дека неговата репрезентација ќе има шанса да го елиминира Бразил, но за тоа да се случи ќе мора да одигра совршен натпревар. „Сè уште го гледам Бразил како фаворит, но не мислам дека се голем, голем фаворит, како ...
Првиот пациент на кому му беше дијагностицирана зараза со ебола во Франција успешно е излекува и тој веќе е отпуштен од болница, објави министерката за здравство Стефани Рист. Според неа, „по два негативни ПЦР (PCR) тестови, пациентот сега заздраве и може безбедно да се врати дома“, што донесе олеснување по првиот случај регистриран на француска територија, пишува Евроњуз (Euronews). Пациентот, кој сега е надвор од опасност, е лекар ...
Не се точни изјавите на Мицкоски дека нашите барања во Работната група за измена на Изборниот законик биле целосно прифатени. Напротив, нашите барања беа пред сѐ, една изборна единица и укинување на платеното политичко рекламирање и беа одбиени. Во текот на целиот процес за подготовка на Изборниот законик во Работната група, Левица беше конструктивна, целеше кон консензус и имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, се наведува во ...
Членови на националистичката група „Патриотски Фронт“ вчера маршираа низ Вашингтон за да ја одбележат 250-годишнината од независноста на земјата. Фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи покажаа десетици маскирани лица кои носеа знамиња во близина на Јунион Стејшн, во населбата Вашингтон Капитол. Весникот „Вашингтон пост“ објави дека „стотици“ униформирани членови на бела супремациска група марширале кон американскиот Капитол, ...
Не сакајќи премногу да го коментира судењето на осминафиналниот дуел на Светското првенство против Парагвај (1-0), селекторот на Франција, Дидие Дешан, изрази жалење за навредите разменети за време на натпреварот кој беше тензичен, а на крајот можеше да заврши и со физичка пресметка меѓу играчите на теренот на стадионот во Филаделфија. „Нема да го критикувам судијата, но натпреварот го завршивме со три жолти картони, иако видов секакви работи ...
Од овогодишното издание на Macedonian Open 2026 остана да се одигра уште финалниот дуел во кој македонскиот тенисер Калин Ивановски ќе се соочи со искусниот Владислав Орлов од Украина. За Ивановски ова е вкупно 11. финале во кариерата, а оваа година има извонреден ефект и 12 победи на 13 натпревари, претрпувајќи пораз единствено во финалето на турнирот во Загреб минатата недела. Ивановски има и пет турнирски победи, од кои последната во јули ...
Македонската карате репрезентација оствари извонреден успех на ЕТКФ Европскиот куп за деца, што се одржа вчера во „Овергас Арена“ во Софија, Бугарија, освојувајќи вкупно 58 медали и прво место во генералниот пласман. Како што информира Македонската традиционална карате федерација (МТКФ), македонските натпреварувачи освоија 17 златни, 14 сребрени и 27 бронзени медали, со што се пласираа на врвот меѓу учесниците на турнирот. Второто место во ...
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус сака да ја спречи крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) да пристапи до класифицирани информации доколку влезе во владата, а како причина за тоа ги наведе блиските врски на партијата со Русија, пренесе ДПА. Тој за неделното издание на тиражниот весник „Билд“ изјави дека близината на партијата со рускиот претседател Владимир Путин е неоспорна. Чувствителните информации не ...
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор, од кои еден е ставен под контрола, а 16 се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите на ЦУК, под контрола е пожарот во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде што биле зафатени борова шума и ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во Општина Ѓорче Петров кај селото ...
Пожарите на дивите депонии не се случајност – тие се последица на човечка несовесност, апелираат од ТППЕ Струмица и притоа појаснуваат дека во изминативе денови пожарникарите интервенирале при гаснење на пожари на депониите во Добрашинци и Гечерлија. -Ваквите интервенции бараат голем ангажман, трошат вода, гориво, опрема и човечки ресурси, кои во секој момент може да бидат потребни за спасување човечки животи и имот. Горењето на отпадот ...
Франција се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, откако синоќа во Филаделфија со доста мака го совлада Парагвај со 1-0. Килијан Мбапе го постигна единствениот гол на натпреварот, реализирајќи од пенал во 70. минута. За Мбапе ова беше седмиот гол на ова Светско првенство, со што се израмни со аргентинскиот капитен Лионел Меси на листата најдобри стрелци. Франција во четвртфиналето на 9 јули ќе игра против Мароко, кој претходно ...
Двата земјотреса што ја опустошија северна Венецуела пред десет дена досега одзедоа речиси 3000 животи, покажаа официјалните бројки објавени вчера, додека меѓународните спасувачки екипи постепено ја прекинуваат потрагата по преживеани во урнатините. Во градот Ла Гваира, епицентарот на катастрофата, лоциран четириесет километри северно од главниот град Каракас, на 24 јуни се урнаа и срамнија со земја бројни згради. Многу жртви се уште се на ...
Облечи ја униформата со гордост!“ е мотото на јавниот повик на Министерството за внатрешни работи за прием на 200 ученици во новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија за учебната 2026/2027 година. Со него ќе се возобнови средното полициско образование во државава по пауза од 26 години, односно од завршувањето на последната генерација (1996-2000) пред укинувањето на тогашниот Центар за образование на кадри од областа на ...
Стравот на Венко Заев и СДС е едноставен, тие знаат дека дијаспората нема да гласа за нив затоа што тие луѓе си заминаа од државата токму поради нивното катастрофалното раководење, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го пренесува интегрално. Венко Заев и СДС денес панично го блокираат Изборниот законик со илјадници амандмани од една единствена причина, бидејќи стравуваат дека македонската дијаспора нема да им ја даде довербата. ...