Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
На регионалниот пат Тетово–Скопје, кај селото Желино, вчера се случила сообраќајна несреќа во која тешко е повреден 63-годишен пешак. Од СВР Тетово информираат дека несреќата била пријавена на 15 август 2026 година во 12:50 часот, а во неа учествувале патничко возило „ауди“, управувано од М.С. (33) од село Требош, и пешакот З.Е. (63) од село Желино. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила ...
Папата Лав Четиринаесетти повика на прекин на актите на насилство врз палестинските цивили на Западниот Брег, јави ДПА. „Го обновувам мојот апел за прекин на насилствата врз палестинското цивилно население на Западниот Брег“, рече папата. Тој го упати апелот од својата летна резиденција во Кастел Гандолфо, во близина на Рим. Папата ја повика меѓународната заедница итно да поддржи решение за две држави „за праведен и траен мир – сценарио во ...
Ноќеска (16.08.2026) во 00:50 часот, на брана „Топлик“ Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.А.(44) од Гевгелија. При преглед на патничко возило „поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Д.А. биле пронајдени марихуана и предмети со остатоци од марихуана, соопшти МВР. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде ...
Кристијано Роналдо сериозно размислува за крај на својата кариера. Во интервју за „Вог“ изјави дека сериозно размислува за крај на својата кариера. Ова ќе биде веројатно мојата последна сезона во фудбалот, изјави популарниот CR7. Роналдо има договор со Ал Наср до јули 2027 година, кога ќе има 42 години. Португалецот е на чекор до неверојатен рекорд односно му фалат 30 голови за да стигне до бројката од 1.000 голови. Лигата во Саудиска Арабија ...
На магистралниот пат Струмица–Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица синоќа го лишиле од слобода 25-годишниот Д.М. од Струмица, откако при преглед на возилото што го управувал биле пронајдени марихуана и четири таблети екстази. Според информациите од полицијата, на 15 август 2026 година околу 21 часот, при извршен преглед на патничко возило „поло“ со струмички регистарски ознаки, Д.М. од возилото извадил и им предал на полициските ...
Центарот за управување со кризи информира за нов пожар над селото Вржале во околината на Скопје. Поради непристапниот терен утре наутро планирана е и воздушна интервенција, а екипи ќе останат на терен во текот на ноќта. – Поради непристапниот терен, кој не овозможува целосна локализација на пожарот со интервенција од земја, за утре наутро е планирана и воздушна интервенција, која ќе се реализира во зависност од временските услови и состојбата ...
Првакот Вардар втор натпревар во низа е поразен откако попладнево загуби на гостувањето кај Струга ТЛ со 1:0 во дербито на третото коло. Вардар имаше шанса да остане непоразен во дербито, но во судиското надополнување на вториот дел Давид Бабунски (90+5 минута) не реализираше пенал (го промаши голот). Единствениот гол на дуелот го постигна Христијан Малески во 61.минута. По голот стружани не реализираа уште неколку шанси за зголемување на ...
Центарот за управување со кризи попладнево информира дека до 18 часот на ниво на државата се регистрирани 14 пожари на отворен простор од кои пет се активни, а три се под контрола. Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер во општина Студеничани, кај месноста викана Видуш во општина Македонски Брод, кај селото С’лп, м.в. Горно Село во Општина Велес, со проширување кон с. Карабуњиште и селата Добрино и ...
Денес од одмор на јахтата на Заев во Грција, Венко Филипче смисли нова тема за ширење на хистерија, овој пат за селската чешма со кисела вода во Кривогаштани, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија додаваат дека ја пуштија СДС со сериозно предупредување бидејќи самопрогласениот „микробиолог“ Венко констатирал со Заев, меѓу две капења, дека селската чешма во Кривогаштани е загадена. Експресно дознале дека е загадена селската чешма, иако ...
Безживотни тела на две лица биле пронајдени за време на гаснење на пожарот што избувна на грчкиот остров Саламина и брзо се прошири поради силниот ветер, а девет лица со изгореници се префрлени во болница, додека пак превентивно беа евакуирани шест населени места, јави дописничката на МИА од Атина. Во период од 15 минути избувнаа два пожари на две различни локации, едниот во јужниот, другиот во источниот дел на островот, а безживотните тела ...
Излезе од печат 102-от број на првиот печатен медиум на македонски јазик „Преспа“, гласило на Македонците во Албанија, кое повеќе од три децении придонесува кон зачувувањето и афирмацијата на македонскиот јазик, култура, традиција и национален идентитет. Првиот број на „Преспа“ е објавен во 1994 година. Од тогаш до денес, весникот претставува значаен медиумски простор за информирање на македонската заедница во Албанија и за негување на ...
Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16 години) со два пехара го заврши настапот на тунриот Југ Опен 2026 што изминативе денови се одржуваше на терените на ТК Југ во Скопје. Турнирот е од рангот Ј60 Скопје за тенисери и тенисерки до 18 години. Митевска во сингл финалето денеска ја совлада Верица Зориќ од Србија со 2-1 во сетови (26 63 63). Македонската тенисерка заедно со Андреја Глушкова од Бугарија беа најуспешни и во конкуренција на ...
Вчера (15.08.2026) во 19:15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги привеле Ж.В.(22), Ј.В.(19) и М.В.(47), сите од Кочани, како и И.А.(46) од село Баница, струмичко. Лицата биле приведени затоа што по претходна расправија на ул. „Тодосија Паунов“ во Кочани го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале шест лица, соопшти МВР. По преземените мерки и целосно документирање на настанот, против лицата ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Н.И.(47) од делчевско поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“, „загрозување на сигурноста“ и „неизвршување на судска одлука“. На 16.07.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата мајка и ѝ упатувал закани, со што постапил спротивно на решението од Основен суд Делчево, со кое му е изречена ...
Потребни состојки: 1 лимон (исечен на тенки кругови) 1/2 краставица (исечена на тенки парчиња) 10–12 листови свежо нане 1 литар ладна вода или газирана вода мраз 1–2 лажички мед (по желба) Подготовка: Во бокал ставете ги лимонот, краставицата и нането. Додајте мраз и прелијте со ладна вода. Ако сакате поблаг вкус, додадете мед и добро промешајте. Оставете напитокот да отстои 15–20 минути во фрижидер, па послужете го добро изладен. Овој ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против Д.Р.(73) од Валандово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и муниција“ и „фалсификување на огнено оружје“. На 24.03.2026, по извршени проверки, констатирано е дека пријавениот има дозвола за поседување и носење на оружје за пиштол „Црвена Застава“ калибар 9мм и ...
Во пожар што избувнал во хотелот „Бруклин” во приморскиот албански град Валона, повредени се повеќе туристи, при што петмина се пренесени на лекување во Тирана, еден е во критична состојба. Според Министерството за здравство, тројца од повредените се примени во Универзитетската клиничка болница „Мајка Тереза“. Еден од пациентите е во сериозна состојба, поради високиот процент на изгореници и бара континуирано медицинско следење и нега, ...
На 15.08.2026 година полициски службеници од ПО Попова Шапка ги лишиле од слобода И.И.(34) и М.И.(29), двајцата од Скопје, поради тоа што истиот ден околу 17:50 часот во угостителски објект на регионален пат Тетово – Попова Шапка физички ги нападнале вработените Г.А.(50) од с. Лисец, кој се здобил со тешки телесни повреди, и Б.Ј.(47) од Тетово, кој се здобил со телесни повреди. По консултација со јавен обвинител, лицата се задржани за ...
На 15.08.2026 околу 20:30 часот Полициската станица Центар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Н.(59) од Скопје по претходна пријава дека околу 16:30 часот во домот физички ги нападнал неговата 58-годишна сопруга и нејзината 78-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 15.08.2026 околу 20:30 часот Полициската станица Центар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска експлозивна направа била фрлена кон куќа во Бардовци и предизвикала штета. Како што соопшти полицијата, околу 02:35 часот, К.Б.(70) од Скопје пријавил дека во скопското село Бардовци, кон домот бил фрлен предмет кој предизвикал експлозија и направил оштетување на скалите од влезот на куќата. – Направил оштетување на скалите од влезот на куќата, бил скршен прозорец, потоа оштетено било ...
Наместо да се буни, СДС треба да се навикне на функционирање на институциите. Девастираните институции кои ги остави СДС по седумгодишната власт, полека се консолидираат и почнуваат да функционираат. Ама тоа изгледа не им се допаѓа на талогот во СДС, затоа што тие се навикнати само да седат во фотелјите, да уживаат во бенефициите кои ги им ги нудат позициите, а неработењето или, пак, лошото работење никој да не им го провери, посочуваат од ...
На 15.08.2026 година во 23:20 часот, полициски службеници од ПС Гостивар го лишиле од слобода И.Д.(37) од Гостивар поради тоа што околу 23:20 часот влегол во домот на неговата 32 годишна девојка, вербално ја нападнал, а потоа ѝ го одзел и искршил мобилниот телефон. Набрзо потоа, пред зградата и физички ја нападнал, нанесувајќи ѝ телесни повреди констатирани во Ургентниот центар во Гостивар. Тој е задржан во полициска станица и по ...
На 15.08.2026 година во 16:30 часот полициски службеници од ПО Камењане го лишиле од слобода Ј.Н.(45) од с. Боговиње поради тоа што истиот ден во дворот од семејната куќа во с. Боговиње физички ја нападнал својата 34-годишна снаа, при што ѝ нанел телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. На ...
Повредено лице со скршеници на двете потколеници попладнево е спасено од непристапен терен над Мало Езеро на Пелистер. Лицето е извлечено и транспортирано до Инфоцентарот на Пелистер каде ќе биде преземено од екипа на Итната медицинска помош Битола и транспортирано до Клиничката болница во Битола за понатамошно лекување. Повикот за помош е примен на Единствениот број за итни повици 112 во 12:04 часот по што се активирани надлежните ...
На 16.08.2026 година полициски службеници од ПС Гостивар го лишиле од слобода И.Т.(45) од Гостивар. По претходна пријава за физички напад врз неговата 35-годишна сопруга, кај него се измерени 1,01 промил алкохол во крвта. Во текот на вечерта, сопругата дополнително пријавила дека истиот подолг период под дејство на алкохол ја принудувал на сексуални односи, вршел психичко и физичко малтретирање врз неа и децата. Врз основа на тоа, во 23:55 ...
На 15.08.2026 во 17.09 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Прилеп кај место викано “Петилеп” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘бмв” со српски национални ознаки, управувано од Б.С.(46) од Белград и патничко возило “опел” со битолски регистарски ознаки управувано од З.М.(48) од с. Свето Тодори, Општина Могила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.С. и неговите сопатници К.С.(46) и ...
Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода пет лица, сите жители на село Броштица, Општина Центар Жупа, поради физички напад врз лице од село Могорче. -Денеска во 00:20 часот од страна на полициски службеници лишени се од слобода А.В.(19), Н.В.(53), А.В.(50), С.В.(32) и Р.Н.(19) сите од село Броштица, Центар Жупа, информираа од Секторот за внатрешни работи-Охрид. Тоа постапувајќи по претходна пријава од ...
Екипите на градските служби од раните утрински часови спроведуваат активности за чистење и уредување на повеќе локации низ Скопје, во рамки на акција за почист и поуреден град – соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Како што посочува градоначалникот, во рамки на акцијата се перат и уредуваат автобуските постојки, се собира отпад, се расчистуваат јавните површини и се освежуваат најфреквентните делови од градот. -Убав ...
Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 16 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило. Од нив, 10 управувале возило под дејство на алкохол. -Возачи од Тетово, Кочани, Кичево, Прилеп и Португалија биле запрени и при извршениот алкотест кај нив било констатирано присуство на алкохол. Возач од Турција, кај кого биле измерени 1,98 промили алкохол во крвта, предизвикал ...
Италијанскиот клуб Олимпија Милано објави дека македонската кошаркарска репрезентација ќе има нов натурализиран Американец. Станува збор за Мозес Рајт. Тој ќе треба да се приклучи на репрезентацијата за претстојниот августовски „прозорец“ односно за дуелот што македонскиот национален тим ќе го игра против Австрија на 30. август ма гостински терен. Тоа е дуел од квалификациите за Евробаскет 2029 година. Нашата репрезентација во првото коло е ...