Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, не е на продажба, и покрај интересот од турскиот гигант Галатасарај. Според медиумите, клубот од Истанбул подготвува понуда за 31-годишниот Португалец, кој со Јунајтед има договор до следното лето, со опција за продолжување на уште една сезона. Сепак, на „Олд Трафорд“ немаат намера ниту да разгледуваат понуди за својот капитен. Фернандеш минатата сезона беше прогласен за најдобар играч во ...
Пентагон денеска објави дека потпишал договор вреден нешто помалку од 23 милијарди долари за забрзување на производството на ракети „Томахавк“. Министерството за одбрана на САД изјави дека е потпишан договор вреден точно 22,9 милијарди долари со „Рејтеон“ за забрзување на производството на крстосувачки ракети „Томахавк“ за американската морнарица. Големата нарачка доаѓа во време кога Вашингтон се стреми брзо да го зголеми својот производствен ...
На 16 август 2026 година околу 16:50 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Р.М.(27) од Кичево. Како што информира МВР, полицијата постапила по претходна пријава дека 27-годишникот физички го нападнал неговиот 27-годишен зет за сестра, исто така од Кичево, а потоа му се заканувал со остар предмет. Остриoт предмет бил пронајден и одземен, а Р.М. бил задржан во полициска станица. Од МВР информираат дека по ...
НАТО „внимателно ги следи руските воени активности, вклучувајќи ги и нивните капацитети за удари со голем дострел и беспилотни летала“, изјави денеска неименуван портпарол на НАТО за британскиот весник „Индипендент“. Ова беше кажано по истрагата на друг британски весник, „Телеграф“, која откри нови бази што и овозможуваат на Москва да лансира беспилотни летала способни да стигнат до територијата на земјите-членки на НАТО. Врз основа на ...
Бутел, Скопје Север и Радишани вечерва се опфатени со голема акција за расчистување на дивите депонии и подобрување на јавната хигиена. Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, објави дека во соработка со КХС Скопје, екипи и механизација вечерва се на терен, каде се расчистуваат критичните локации. „Нашата цел е јасна – почиста, поуредна и поздрава општина за сите наши жители“, порача Костовски. Активностите ќе продолжат сè додека ...
Започна исплатата на парите од повратот на дел од ДДВ преку апликацијата „Мој ДДВ“, а граѓаните веќе пријавуваат дека средствата им легнуваат на трансакциските сметки. Станува збор за редовната исплата за вториот пресметковен период за месеците април, мај и јуни. Управата за јавни приходи и Министерството за финансии ги префрлаат средствата на сметките на корисниците кои редовно ги скенираат фискалните сметки. Согласно законските рокови, ...
Пожар што избил денеска околу 13:30 часот во близина на прилепското село Чаниште брзо се проширил кон населеното место, при што зафатил најмалку една куќа и помошен објект, но со навремена интервенција на противпожарните екипи е спречена поголема катастрофа. Медицинските екипи интервенирале кај две жителки на селото кои вдишале чад, но нивната здравствена состојба во моментот е стабилна – изјави директорот на Дирекцијата за заштита и ...
Општина Ѓорче Петров вечерва започна со вонредно прскање од земја против комарци, со цел навремено и ефикасно да се намали нивното присуство и да се заштити здравјето и квалитетот на живот на жителите. – Реагираме навремено. Се грижиме за секое населено место. За побезбедно и попријатно Ѓорче Петров! Грижата за граѓаните е наш приоритет! – напиша на Фејсбук градоначалникот оваа скопска општина Александар Стојкоски. Вонредното прскање против ...
Долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во Долно Соње добива конкретно решение. Денеска започна бушењето на нов истражно-експлоатационен бунар, со планирана длабочина од 100 метри. Информацијата ја објави градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, кој посочи дека Општината е целосно свесна за проблемот со кој со години се соочуваат жителите. Работите на терен ги изведува Градежниот институт на Македонија, а очекувањата се дека ...
Министерот за правда Јетон Шасивари одржа работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото, на која беа разгледани досегашната соработка и договорени идните активности за поддршка на реформите во правосудството. Во изминатиот период, како што соопшти Министерството за правда, проектот обезбеди значајна експертска и финансиска поддршка во клучни реформски процеси, меѓу кои и подготовката на законите за ...
Почесна артилериска стрелба денеска се одржа во касарната „Илинден“ во Скопје. Министерот за одбрана Владо Мисајловски на социјалните мрежи сподели видео од свечениот чин и порача: „Нека одекне гордоста!“. Почесната артилериска стрелба е дел од одбележувањето на празникот посветен на Армијата, нејзините припадници и нивната посветеност во исполнувањето на задачите и заштитата на безбедноста на државата. Денот на Армијата – 18 Август, се ...
Во касарната „Илинден“ во Скопје, единица од артилерискиот баталјон на Армијата изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Почесната стрелба, како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување празници, се реализира во рамките на активностите по повод 18 август — Денот на Армијата. Во касарната „Илинден“ во Скопје, единица од артилерискиот баталјон на Армијата изврши почесна ...
Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 20 години, Деан Стојанов, одлучи кои 14 девојки ќе настапат во Зонските квалификации за пласман на ЕП 2027. Тринеделните подготовки му овозможија на селекторот и стручниот штаб, да го изберат тимот на кој ќе му ја дадат довербата. Репрезентацијата патува за Мостар, а утре попладне треба да одработи официјален тренинг. Натпреварите ќе ги стартува в среда, а сите натпревари ќе се играат во ...
Поразот од Арсенал покажа дека Сити во моментов не е на нивото на актуелниот англиски шампион, а една од причините е што остана и без еден од клучните играчи. Но, финансиската моќ на премиерлигашите ќе стапи на сцена и во оваа ситуација, па Сити подготвува двојно засилување, за што ќе потроши над 200 милиони евра. Преговорите за Ајуб Буади од Лил се одамна започнати и францускиот клуб очекува околу 100 милиони евра за Мароканецот, додека ...
Македонија се подготвува во септември официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор, напиша министерката за енергетика Сања Божиновска на својот фејсбук профил и додаде дека приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор е значајна стратешка можност Македонија да стане важна алка во европската енергетска мрежа. -Преку интерконекторите со Грција и Србија ќе обезбедиме пристап до нови извори и правци на снабдување со природен гас и ...
Македонскиот ракометен шампион Вардар со победа го започна својот настап во новоформираната Регионалната ракометна лига (РРЛ). Во првиот меч во ова натпреварување, Вардар ја победи српската Војводина со 36-30. Љевар и Да Силва постигнаа по 6, а Георгиевски, Малус и Фадуиле по пет гола за Вардар. Во групата А на РРЛ ќе настапуваат: Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Партизан, Ловќен и Дубочица. Тимовите што ќе завршат на првите две места, ќе играат ...
Италијанскиот гигант постигнал договор со Стразбур за трансферот на Диего Мореира, кој би требало да изнесува 50 милиони евра, плус бонуси и процент од идниот трансфер. Овој фудбалер е интересен и за неколку германски клубови, наводно јасно ставил до знаење дека сака преселба на „Сан Сиро“. Токму неговата желба била важен фактор во завршувањето на преговорите. Личните услови со фудбалерот се веќе договорени, а останува уште да ги помине ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека ќе го бомбардира Оман доколку земјата „на кој било начин“ се придружи на договорот за Ормуската Теснина. Оман и Иран со недели преговараат, без учество на САД, за стратешкиот воден пат. „Доколку Оман на кој било начин се придружи, ние ќе го бомбардираме со полна сила“, изјави Трамп за Фокс њуз како одговор на прашање за тековните преговори меѓу двете земји. (МИА) Американскиот ...
До 18:00 часот регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, два се под контрола, а 13 се изгаснати. Центарот за управување со кризи соопшти дека активни е пожарите во с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума), с. Батинци, Општина Студеничани, с. Палиград (ниска вегетација и шума), Општина Зелениково, м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки), ...
Најмалку пет Палестинци се убиени, а 18 повредени во новите израелски напади врз Појасот Газа во изминатите 48 часа, соопшти Министерството за здравство на енклавата. „Израел уби најмалку 1.265 лица и рани 4.198 во Газа откако стапи на сила „прекинот на огнот“ постигнат со посредство на САД минатиот октомври“, се вели во соопштението на министерството, објавено на Телеграм. Од октомври 2023 година, војната во Газа уби најмалку 73.399 лица, а ...
Просторот покрај реката Серава во Бутел 1, кој со години беше запуштен и неуреден, добива нов лик. Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, објави дека просторот се трансформира во нова, уредена зона наменета за рекреација и одмор. „Создаваме ново место за прошетка, рекреација и дружење, простор каков што заслужуваат жителите на Бутел 1“, порача Костовски. Тој додава дека целта е запуштениот простор покрај Серава да прерасне во ...
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека неговата земја инсистира претседателот на САД, Доналд Трамп, да го исполни ветувањето дадено на Турција во рамките на програмата за продажба на борбените авиони од петтата генерација Ф-35, пренесува телевизијата „Си-Ен-Ен Турк“. Според медиумот, Ердоган изјави дека потпишувањето на трилатералниот договор од Мека меѓу Турција, Саудиска Арабија и Пакистан е чекор од голема важност и ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа се изречени 63 санкции за возење под дејство на алкохол на територија на цела држава, додека лишени од слобода се осум возачи по член 297-а од Кривичниот законик. Во текот на измината вечер (16/17.08.2026) во периодот од 23:00 до 05:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под ...
Досегашниот тек на истрагата, што од февруари годинава се води во ОЈО ГОКК за организиран транспорт на наркотична дрога марихуана од РСМакедонија во РСрбија, укажува на поширок круг лица инволвирани во организираната криминална активност. Обезбедените докази што произлегуваат од преземените истражни дејствија и меѓународната соработка со надлежните органи на РСрбија, резултираа со донесување нова Наредба за спроведување истражна постапка ...
Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна средба со постојаниот координатор на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбиа, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан и проектен менаџер од УНОПС Калинка Габер. Како што се наведува во соопштението од Министерството за локална самоуправа, на средбата која се одржала во конструктивна атмосфера, било разговарано за актуелните и идните проекти, како и за ...
Во рамки на соработката со Јапонската организација за надворешна трговија (JETRO), директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски денес оствари средба со Тадаши Мураками, генерален директор на канцеларијата во Виена. На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на економската соработка, со посебен фокус на следната мисија на јапонска бизнис делегација во Скопје, која е закажана за ноември. Во рамки на средбата беа разгледани ...
На 16 август 2026 година околу 20:00 часот во СВР Скопје, 41-годишниот И.М. пријавил дека во дворот од неговата куќа во село Батинци, скопско, бил физички нападнат од С.С., М.С., Н.С., А.С. и Р.С. Според пријавеното, Н.С. со тврд предмет скршил стакло од влезната врата, додека С.С. со остар предмет им нанел расекотини на пријавителот и неговиот малолетен син. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за ...
Скопје и Гевгелија беа домаќини на Европското првенство за кошаркари до 16 години, Дивизија Б, а Македонија доби позитивни оценки за начинот на кој го организираше шампионатот. За успешно реализираното првенство, Кошаркарската федерација на Македонија доби специјална плакета. Дополнително признание пристигна и од претседателот на ФИБА Европа, Хорхе Гарбахоса, кој за време на престојот во земјата ја пофали организацијата. Гарбахоса оцени дека ...
Најново засилување во Торино е колумбискиот стопер Џон Лукуми, кој пристигнува од Болоња. За неговиот потпис ќе платат 19,5 милиони евра, додека договорот предвидува и дополнителни два милиони евра низ бонуси. Лукуми потпиша петгодишна соработка и треба да биде еден од столбовите на одбраната во новата сезона. Зад себе има четири години искуство во Серија А, а во Болоња се етаблираше како еден од најдобрите дефанзивци. Во Јувентус се очекува ...
Денес започна процесот на порибување на Охридското Езеро со охридска пастрмка. Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со претставници на Државниот инспекторат за земјоделство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, учествуваше во првата фаза од порибувањето на езерото. Согласно договорот помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, во оваа фаза е ...