Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против тројца 15-годишници од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), на 21 март 2026 година, пријавените пред маркет во Свети Николе предизвикале пожар. По преземените мерки и активности, од страна на надлежните полициски ...
АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години. Потпишувањето на договорот следува после интензивни преговори помеѓу двете најголеми државни компании и врз основа на Одлука на Владата. -АД ЕСМ склучи тригодишен стратешки договор со косовската државна енергетска корпорација КЕК со кој АД ЕСМ доби концесија во рудникот во Обилиќ и можност за ...
Министерството за здравство, предводено од министерот Сашо Клековски, презема засилени и координирани активности за следење и справување со состојбата со западнонилската треска во земјава. Комисијата за заразни болести редовно ја следи епидемиолошката состојба и предлага соодветни мерки и препораки. На иницијатива на министерот Клековски, денеска е формирано координативно тело во кое, покрај институциите од здравствениот сектор, се вклучени и ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски соопшти дека еден од најочекуваните проекти за жителите на Бутел, веќе влегува во својата завршна фаза – темелно уредување на коритото на реката Серава и изградба на нова пешачка патека. -Она што со години беше само ветување, денес е речиси целосно реализирано! Новата пешачка патека во должина од 1.590 метри создава целосно нов, безбеден и уреден простор за прошетка, рекреација и дружење. ...
Академијата „Раул Валенберг“, во соработка со Шведскиот институт и амбасадите на Шведска, со гордост ги објави овогодишните добитници на наградата Young Courage Award (Награда за младинска храброст). Наградата им оддава признание на млади лица на возраст од 13 до 20 години кои, и покрај ограничените ресурси, дејствувале во духот на Раул Валенберг, покажувајќи исклучителна храброст и извонредна иницијатива. Годинава наградата достигна до ...
На 16.08.2026 во 23:00 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на патот Зрновци-Пониква, во близина на место викано „Компосара“, мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од Ј.Ј.(18) од с.Тркање, кочанско, се превртел на патот, информира МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кочани. Известен е јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кочани. На 16.08.2026 во 23:00 ...
Актерката Ен Хатавеј се расплака откако официјално беше примена во Дизниевата куќа на славните за време на настанот D23 за фановите на Дизни. За време на нејзиниот говор, Хатавеј не можеше да ги задржи своите емоции. „Денес сум тука затоа што сум една од најсреќните луѓе на светот. Многу сум среќна што се родив во семејство каде што глумата, раскажувањето приказни и имагинацијата беа ценети и славени“, рече таа, покажувајќи кон своите ...
Премиерот на автономниот регион Ирачки Курдистан, Масрур Барзани, соопшти дека изминатата ноќ неговиот кабинет бил мета на ирански напад со дронови. Во истиот напад, изведен на периферијата на градот Пирмам во провинцијата Ербил, мета била и резиденцијата на шефот на локалната Агенција за безбедност и разузнавање. Во инцидентот нема жртви ниту повредени. „Мојот личен кабинет и домот на раководителот на Агенцијата за безбедност и разузнавање ...
На 16.08.2026 во 20:30 часот во СВР Битола, А.С.С.(35), параглајдерист од Полска пријавил дека слетал на непознат терен над с.Стровија, долго пешачел, дека е изморен, но не и повреден. -На 17.08.2026 околу 03.00 часот на непристапен терен на планината Даутица, полициски службеници од Полициското одделение Ропотови и од Полициската станица Прилеп го пронашле А.С.С. во добра здравствена состојба и е пренесен во местото каде престојува, ...
Сите градежни зафати во објектот биле изведени нелегално, без проектна документација, без стручен надзор и без одобрение од надлежните институции – истакна вештото лице Маријана Лазаревска на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според неа, промените не може да се третираат како надградба, доградба или адаптација, туку претставуваат реконструкција за која е задолжителна целосна законска постапка, што во случајот не ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, повторно апелираше до граѓаните да бидат внимателни и одговорни во текот на летниот период и да не палат оган на отворено поради опасност од предизвикување пожари. При обиколка на подрачје покрај реката Треска, Ангелов преку видео порака покажа огниште за скара поставено во непосредна близина на сува трева и куп суви гранки кои водат кон блиската шума. Тој предупреди ...
Вештачката интелигенција направи уште еден голем скок во биологијата. Научниците, користејќи генеративни ВИ-модели, дизајнирале цели геноми на бактериофаги – вируси што напаѓаат бактерии, а коишто сега може да се произведуваат во лабораторија. Од илјадници обиди, 16 вируси се покажале како функционални. Истражувањето го водеше д-р Брајан Хеј од Универзитетот „Стенфорд“ во Калифорнија (САД), а користени се модели „Ево 1“ и „Ево 2“ (Evo 1 / 2), ...
Продуцентот Џери Брукхајмер потврди дека актерот Џони Деп е во преговори за враќање во шестиот филм од франшизата Пиратите од Карибите. Серијалот, кој го прослави Деп во улогата на легендарниот капетан Џек Спероу, досега имаше пет продукции, од кои последната беше „Пиратите од Карибите: Одмаздата на Салазар“ (Мртвите не раскажуваат приказни) од 2017 година. -Разговараме со Џони, работиме на сценариото и се надеваме дека ќе можеме да го ...
Општина Илинден е во завршна фаза од реализацијата на еден од позначајните капитални инфраструктурни проекти, изградбата на нов плочест мост и сервисната улица „500“, со кои се воспоставува нова сообраќајна врска меѓу населеното место Марино и населбата Јака. Во рамки на завршните градежни активности, започнато е поставување на првиот асфалтен слој. Сервисната улица „500“ е во должина од 260 метри, со коловоз широк 5,5 метри и тротоари со ...
На 16.08.2026 во 05:56 часот во ОВР Ресен било пријавено дека околу 05:37 часот на ул.„Корчуланска“ во Ресен, патничко возило „шевролет“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од 66-годишната Л.С. од с.Стење, ресенско, излетало од патот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Л.С. и нејзината 71-годишна сопатничка Р.Д. од Ресен, констатирани во Клиничка болница Битола, информира МВР. Известен јавен обвинител, а увид бил извршен ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска потпиша договори за грант со девет општини во рамки на Првиот јавен повик за развој на социјални услуги на локално ниво, во рамки на Вториот проект за подобрување на социјалните услуги. Со грантовите, како што соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади, ќе се воспостават и унапредат услуги наменети за старите лица, лицата со попреченост и ...
Вршителката на должноста претседателка на Косово, Албулена Хаџиу, од владејачкото движење „Самоопределување“ на премиерот Аљбин Курти, ги повика претставниците на опозициските партии на заедничка средба што треба да се одржи утре, а на која ќе се разговара за излез од институционалниот застој настанат поради нецелосното конституирање на Собранието на Косово. Целта на средбата е да придонесе кон политичкиот дијалог за изборот на претседател, ...
Со учество на поети и автори од Македонија и повеќе европски земји, од 21 до 23 август во Велестово и во „Лапидариумот“ во Охрид ќе се одржува 38. издание на меѓународната културна манифестација „Поетска ноќ во Велестово“. Програмата започнува во петок, 21 август во Велестово, со кус музички концерт на Иван Христов и Петар Чухов од Бугарија, по што следува „Поетски портрет на Јовица Ивановски“, со поетско читање и разговор. Вечерта продолжува ...
На 16.08.2026 во 21:10 часот во Полициската канцеларија Пехчево било пријавено дека на локален пат Пехчево – туристичка населба „Равна река“, патничко возило „опел“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(34), излетало од патот. -Во несреќата со повреди се здобиле возачот и неговите сопатници М.Б.(40), О.Д., А.С.(35) и Н.С.(52) , констатирани во Општа болница Кочани, информира МВР. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кочани. ...
Да се почитуваат мерките за лична заштита од убоди од комарци, а особено на места каде има застојана вода во дворови или во нивна непосредба околина. Општините каде е прогласена епидемија ќе добијат СМС пораки со насоки за постапување изработени од Институтот за јавно здравје. Според епидемиолошките очекувања август и септември историски се месеци на врв на вакви епидемии, каква што е западнонилската треска, изјави денеска министерот за ...
Во Командата за обука и доктрини при касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес во салата на Војничкиот клуб денеска свечено беа одбележани 34 години од формирањето на македонската Армија. Пред бројните присутни гости и армиски претставници и поранешни команданти, Денот на Армијата – 18 август од свечената говорница им го честита полковник Дарко Стојкоски, заменик командант на Командата за обука и доктрини (КОД). Тој потсети дека 18 август ...
По 40-тата година, гледањето на вагата и оптоварувањето со вишокот килограми може да нè одведе во погрешна насока. Тој мал уред, кој многу жени го гледаат со страв, не знае да разликува масно ткиво од мускули, ниту може да покаже колку ни се силни коските, стабилна рамнотежата или способноста без напор да станеме од подот. Затоа целта во средните години не треба да биде достигнување „идеален“ конфекциски број. Многу поважно е да изградиме ...
Судењето на Дуејн „Кифи Ди“ Дејвис, обвинет за осмислување и организирање на убиството на раперот Тупак Шакур во 1996 година, почнува денеска во Лас Вегас. Дејвис (63) е обвинет за убиство со смртоносно оружје со намера за поттикнување, напредување или помагање на криминална банда. Обвинителите не велат дека тој бил стрелецот, туку дека го организирал нападот како одмазда за тоа што Тупак и неговата придружба го претепале внукот на Дејвис во ...
Авокадовото масло во последните години сè почесто се користи за нега на кожата и косата благодарение на бројните хранливи својства. Маслото од авокадо, богато со витамини, масни киселини и антиоксиданси, е погодно за различни типови кожа, а особено за лицата кои имаат проблем со сува кожа, иритации или чувствителен скалп. Авокадовото масло се добива со ладно цедење на месото од зрело авокадо. Високата содржина на олеинска киселина, витамини ...
Во пресрет на 18 август – Денот на македонската Армија, денеска пред платото на министерството и Генералштабот, традиционално со припадниците на Армијата и вработените во одбраната го одбележавме овој значаен ден, пишува на свијата Фејсбук страница министерот за одбрана Владо Мисајловски. Благодарност до сите, за вашата непоколебливост, посветеност и професионалност, за сигурна и безбедна Македонија. Продолжуваме да функционираме како едно ...
Министерот за здравство Сашо Клековски, одговарајќи на новинарски прашања за епидемијата во Гостивар, рече дека Министерството ќе го објави епидемиолошкиот извештај на 20 август потенцирајќи дека фокусот од оваа епидемија е да се излезе транспарентно и јасно со научени лекции. – Првин сакам да расчистам една дезинформација што се шири. Јас кога објавив, реков дека ќе објавиме информации на 20 август, тоа е епидемиолошкиот извештај за ...
Македонскиот олимписки комитет (MOK) денес во просториите на СРЦ „Јане Сандански“ ја претстави делегацијата која ќе ја претставува Македонија на Медитеранските игри Таранто 2026. За подготовките, очекувањата и амбициите пред настапите говореа дел од спортистите, како и претседателот на МОК, Даниел Димевски. – Одиме максимално подготвени. МОК даде максимална логистичка поддршка. Тоа значи патувањето, сместувањето, опремата и сето друго што се ...
Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекуваат утре во земјава – најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во среда претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност. Од УХМР најавуваат дека од четврток следува период на многу топло време. Во деновите од викендот дневните температури се очекува да надминат 40 степени. Низ земјава денеска ќе преовладува сончево и топло време со ...
До 13 часот денеска, регистрирани се вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола, а три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во: Општина Студеничани: с. Моране, с. Вртекица и с. Рамни Габер каде гори мешана шума, во Општина Македонски Брод кај м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица, опожарена е ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во Општини Велес кај ...
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја пофали палестинската милитантна организација Хамас за нејзината соработка и исполнувањето на обврските во рамки на планот за мир во Газа, во интервју за „Ал Џезира“. Тој истакна дека Хамас покажува „вистинска соработка“, истовремено критикувајќи го Израел за продолжувањето на нападите врз Појасот Газа и додавајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп исто така е загрижен поради таквите ...