Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Во текот на 2026 година Грција планира предвремено да отплати 13 милијарди евра од јавниот долг со што, според грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, земјата го остава зад себе негативниот рекорд на „најзадолжена држава на нашиот континент“, јавува дописничката на МИА од Атина. Преку објава на Фејсбук, Мицотакис посочи дека Грција континуирано го намалува јавниот долг од минатото побрзо од која било друга европска земја, објаснувајќи дека ...
На 17.08.2026 во 17:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С.(20) од с.Слатино, тетовско, излетало од коловозот и удрило во И.Љ.(67) од Тетово, кој извршувал работни задачи во плац на правен субјект од Тетово. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Љ., додека со телесни повреди се здобиле возачот и неговиот ...
Смртта на американската актерка Хејден Панетиер, ѕвезда на сериите „Херои“ и „Нешвил“, го потресе Холивуд, а само еден ден по трагичниот настан се појавија нови информации поврзани со околностите на нејзината смрт. Актерката на 16 август била пронајдена без свест во Гринвил, Јужна Каролина. На местото бил пронајден и лек кој се користи во итни случаи при предозирање со опиоиди. Станува збор за Наркан, лек базиран на налоксон, кој може да ги ...
Уште еден пациент во тешка здравствена состојба кај кого претходно лабораториски беше потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска почина на Универзитетската клиника за инфективни болести. Хоспитализирани се 20 пациенти со западнонилска треска од кои 18 се лабораториски потврдени случаи, додека два случаја се водат клинички како суспектни. На интензивна нега се пет пациенти со потешка клиничка слика и кај нив се одвива лекувањето ...
Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, денеска, оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Метју Лосон, на која се разговараше за важноста од зајакнување на заемната соработка и унапредување на односите меѓу двете земји. Како што соопштуваат од Министерството, значаен дел од разговорот бил посветен на прашањата поврзани со безбедноста во земјата и регионот, имајќи ја предвид важноста на ...
Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Сашко Лафчиски, на централната церемонија по повод 18 Август – Денот на АРМ, истакна дека во последните десет години како никогаш досега се вложува во модернизацијата на Армијата, како и во обука и опремувањето на нејзините припадници. -Времињата се менуват, заканите се менуваат, технологијата напредува, но нашата должност останува иста – да бидеме подготвени, одлучни и посветени секогаш да ...
Уште еден пациент во тешка здравствена состојба кај кого претходно лабораториски беше потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска почина на Универзитетската клиника за инфективни болести. Хоспитализирани се 20 пациенти со западнонилска треска од кои 18 се лабораториски потврдени случаи, додека два случаја се водат клинички како суспектни. На интензивна нега се пет пациенти со потешка клиничка слика и кај нив се одвива лекувањето ...
Македонската Армија денеска, 18 август, одбележува 34 години од формирање. На централната церемонија која се одржа во Охрид, министерот за одбрана, Владо Мисајловски истакна дека Македонија е безбедна и стабилна држава, а Армијата е столб на стабилноста и институција на која граѓаните и партнерите можат да се потпрат. Тој ја искористи можноста да истакне дека модернизацијата на Армијата се реализира согласно планираното, со набавка на ...
Пржењето сланина изгледа едноставно, сè додека парчињата не почнат да се виткаат и да загоруваат по рабовите. Добро испржената сланина може да биде рамномерно крцкава и без дополнително масло – со еден многу едноставен кулинарски трик. Сланината има слоеви месо и маснотии кои не се однесуваат исто кога ќе ги ставите на силен оган. Месото брзо се стега, рабовите почнуваат да се подигнуваат, а парчињата се виткаат. Ако на тоа додадете масло и ...
Камерата за безбедност на сообраќајот во Европа којашто во 2025 година забележала најмногу прекршоци се наоѓа на автопатот А-7 близу Валенсија, Шпанија. Имено, лани со неа се регистрирани 90.766 казни за брзо возење. Ова значи дека оваа камера казнувала возач на секои шест минути, а ѝ донела дури 18,9 милиони евра на шпанската држава, објави „Ел Индепендиенте“. А-7 е еден од најважните патишта долж брегот на Шпанија, каде што обично може да ...
Латиноѕвездата Шакира вчера ги изненади учениците од настраданите училишта по големиот земјотрес што го погоди Кибдо, Колумбија на десетти август. За време на посетата таа вети реконструкција на десет училишта во еден од најсиромашните региони на Колумбија, заедно со Хауард Бафет, син на милијардерот и филантроп Ворен Бафет. – Она што најмногу ме загрижува е училиштата да не бидат обновени откако ќе заврши оваа вонредна состојба. Пропуштените ...
Стратешки важната Ормуска Теснина ќе остане затворена за сообраќај сè додека Соединетите Американски Држави не ги исполнат сите услови од привремениот договор што го потпишаа со Иран во јуни – изјави главниот ирански преговарач Мохамад Бакер Калибаф во обраќање пред иранскиот парламент. Калибаф прецизираше дека условите на Техеран подразбираат целосно укинување на американската блокада врз иранските пристаништа, укинување на сите санкции ...
Македонската Aрмија денес е високо организирана воена формација со професионален интегритет, оперативна кредибилност и висока интероперабилност со сојузничките сили, порача претседателката и врховна командантка Гордана Сиљановска-Давкова на свеченоста по повод Денот на Армијата во Охрид. Во обраќањето таа потсети на историскиот развој на Армијата, од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“ во 1943 година до членството на земјата во НАТО, ...
Православна црква и нејзините верници утре на 19 август го слават празникот посветен на Преображение Господово. На Преображението, небото исто така трипати се преобразува во ноќта. Во православието овој празник се вбројува меѓу 12-те големи Христови празници и е посветен на споменот на настанот на Христовото преображение на гората Тавор во Светата Земја (Израел), кога тој ги објави своите последователни страдања и слава. Како што известуваат ...
Според ново научно истражување објавено во списанието „JAMA Internal Medicine“ во кое биле опфатени над 500 различни професии, најголема стапка на смрт од рак поради преголема радијација има кај стјуардесите, а веднаш по нив се и пилотите. За потенцијален причинител научниците го издвојуваат космичкото зрачење на кое екипажот е подложен во текот на летањето. – На површината на Земјата атмосферата делува како природен заштитен штит кој ...
Владимир Чупиќ, еден од четирите лица уапсени под сомнение за подметнување пожари на 10 локации во Задарската жупанија, е сопственик на земјиштето во бенковачкото село Билјане Доње на кое со години се наоѓаше озлогласеното „Црно Брдо“ — депонија со околу 140.000 тони канцероген индустриски отпад, објави хрватскиот портал Нет.хр, повикувајќи се на извештајот на РТЛ Данас. Хрватската полиција го уапси Чупиќ заедно со уште двајца хрватски ...
На 17.08.2026 околу 22:00 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишија од слобода Р.С.(59) од Латвија. -При контрола во патничко возило „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Египет. Мигрантите се сместени во Прифатни транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, информира МВР. Р.С. е предаден во ...
Во овој момент активен е пожарот, кој од Велес премина во Зелениково. Благодарност до велешките пожарникари кои значително го намалија и заштитија две загрозени села. Во Македонски Брод пожарот е значајно намален. Имаме пожар на територија на општина Студеничани село Рамни Габер, но тој е оддалечен и не загрозува ниту едно село, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов давајќи пладневен преглед за ...
Енергетиката е една од најважните теми за секоја држава, но и тема која директно го засега секое семејство. Затоа определба на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е да обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија, да го зголеми домашното производство и да создаде услови за предвидливи и пониски трошоци за граѓаните и компаниите, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Ангелинка Петкова, пратеник на ...
Индонезискиот остров Суматра денеска беше погоден од земјотрес со магнитуда од 6,1 степен според Рихтеровата скала, соопшти Индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика. Според официјалните мерења, подземниот потрес бил регистриран во 13:02 часот по локално време, со епицентар на длабочина од 29 километри. Првичните информации укажуваат дека засега нема податоци за евентуални жртви или за причинета материјална штета. ...
18-та Ликовна колонија „Марко Цепенков“ Дрен, оваа година става посебен акцент на монументалната скулптура и нејзината улога во јавниот простор. Колонијата претставува значајна средба на уметници, идеи и различни современи скулпторски изрази, со цел уметноста да излезе од галерискиот простор и да стане составен дел од секојдневниот живот на заедницата. Фокусот на монументалната скулптура отвора простор за создавање дела со траен визуелен и ...
Дијалог постојан има, од моментот кога е формирана оваа Влада до денес. Имало период кога дијалогот бил поинтензивен или помалку интензивен, но нема момент во кој ние не сме дискутирале за изнаоѓање соодветно праведно решение во рамките на позициите кои ние ги имаме, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање дали има дијалог за надминување на ...
Во тек се подготовките за заминување на дипломатот Крум Ефремов за амбасадор во Софија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција. – Кога зборуваме за постапката за именување на амбасадори и генерални конзули, таа во одредена фаза е класифицирана и не смеам да коментирам за имиња. Кога се работи за амбасадорот во Софија, веќе постапката е во фаза да таа ...
Летна бура со обилен дожд, ја зафати вчера Никозија, а според кипарските медиуми, противпожарната служба на Кипар примила 35 повици за помош, јави дописничката на МИА од Атина. Невремето создаде проблеми во повеќе населби во Никозија, со поплавени улици, поплавени подруми и граѓани заглавени во нивните возила. Според кипарските медиуми, противпожарната служба примила 35 повици и интервенирала за помош од невремето, а најголем дел од повиците ...
Сократ Вата (29), осомничен дека е сторител на убиството на 20-годишниот француски државјанин Мигел Мендес во Ксамил, е уапсен по неколку часа во бегство. Тешкиот инцидент се случил утрово во крајбрежната зона на Ксамил, каде животот го загубил 20-годишниот Французин. Вата бил уапсен на контролен пункт поставен во Леван, во рамки на полициската акција за негово пронаоѓање. Според информациите, 29-годишникот се обидувал да ја напушти областа ...
Пилотот- грчки државјанин и британски брачен пар за време на нивниот меден месец, загинаа во падот на приватниот хеликоптер на грчкиот остров Сифнос, што се урна и запали вчера попладне, а во тек е истрага за причините за несреќата, јави дописничката на МИА од Атина. Хеликоптерот падна вчера кусо по 18 часот во близина на хелиодромот во северниот дел на островот, по падот избувна пожар, а при интервенцијата на припадници на противпожарната ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на денешната прес-конференција најави дека утре во официјална посета на Македонија ќе престојува заменик-претседателот и министер за надворешни работи на Република Чешка, Петр Мацинка, со кого ќе разговара за продлабочување на билатералните односи, европската перспектива, економската соработка и актуелните регионални и меѓународни прашања. Муцунски посочи дека Мацинка ќе ...
Сочно пилешко, пиперки и кремаст кикирики сос во комбинација со ориз – едноставен, брз и превкусен ручек за целото семејство. Состојки: 4 парчиња пилешко филе 1 шолја ориз 2 свежи црвени пиперки 2 зелени пиперки 4 лажици путер од кикирики 4 лажици соја сос 2 лажици маслиново масло 3 лажици вода 1½ лажичка слатка црвена пипер 1 лажичка мелен црн бибер ¾ лажичка сол 100 г кикирики Подготовка: Оризот исплакнете го со ладна вода додека водата не ...
Даночни прекршувања во висина од 92.000 евра откриле инспекторите од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) за време на ненајавените контроли спроведени на туристички бродови и катамарани што организираат целодневни или попладневни крстарења на грчкиот остров Санторини, при што биле изречени казни во вкупен износ од 43.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Операцијата била под името „Ќе те носам на крстарење 2026“ (според ...
Дваесетгодишен француски државјанин е пронајден без знаци на живот во раните утрински часови, на лежалка на плажа во Ксамил. „Телото на жртвата, Мигел Мендес, на возраст од околу 20 години, е пронајдено утрово во 5:15 часот. Постојат основи на сомнение дека бил избоден со нож, од страна на Сократ Вата, на возраст од 29 години, од северниот албански град Хас, кој веднаш по инцидентот избегал, стои во полициското соопштение. Полициските служби ...