
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Одбележувањето на 120 годишнината од подмолното убиство на нашиот револуционер Гоце Делчев, во организација на познатиот наш и светски уметник и голем хуманист, Живко Поповски- Цветин, група еминентни и докажани уметници, поети, писатели, артисти и поддржувачи на Цветиновата мироцветна мисија за мир, во трговскиот Центар „Бисер“ во Аеродром – Скопје, на пригоден начин му оддадоа почит на великанот. На овој во нашата историја трагичен и тажен ...
Во Кавадарци одржан седми регионален настан за инклузивно образование како дел од кампањата на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран” Кавадарци, 03.05.2023 – Денес во Општина Кавадарци се одржа седмиот регионален настан во рамки на третата проектна кампања на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран” кој е финансиран од Европската Унија, а го спроведуваат Фондацијата „Чекор по чекор”, заедно со партнерите Здружение за ...
Швајцарската драма „Фамилија“, во режија на Фред Баилиф, од 4.05.2023 година е на репертоар во кино „Милениум“. Филмот се фокусира на проблемите на тинејџерите во дом за згрижување деца во Женева. Исто така, денеска филмот ќе биде прикажан и во Дом на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци со почеток од 19.30 часот. На 18. месецов, „Фамилија“ ќе се прикажува и во Домот на културата во Македонски Брод, додека пак на 25.мај во Кинотека на ...
Пo повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик, утре (5 мај) во Националната опера и балет во 12:00 часот, во организација на Министерството за култура, ќе се одржи панел-дискусија во насока на афирмацијата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. ННадебатата, покрај министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, ќе учествуваат и: заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ; министерот за образование и ...
Во петокот вечер, на покана од македонскиот Културно информативен центар во Тирана, групата „In the mood“ од Скопје, имаше извонреден настап на Тирана џез фестивал. Првиот дел на тиранскиот фестивал, секоја година се одржува на крајот на април и редовно е богат со голем број на различни имиња од европскиот џез. Овој пат, неколку дена имаше тематски вечери насловени ,,Средбата на Италија со Балканот“ каде настапуваа по две групи од Италија и ...
Во Галеријата на МКЦ, во присуство на бројни посетители, вечерва, 28 април 2023 година беше свечено отворена изложба на академската сликарка Марија Чепишева , која преку неколку десетици графики го прикажа својот креативен авторски сјај. Станува збор за исклучителна креативна уметница, поранешна позната новинарка на “Екран”, која се истакнува со целосно позитивни и создавачки карактеристики на повеќе полиња. Да потсетиме на нејзината биографија: ...
По повод 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, дневниот весник „Ел Нуево Хералд“ од Мајами, САД, во денешниот број објави опширен напис посветен на нашиот поет за кого се вели дека „македонскиот јазик практично му го должи својот влез во светот на литературата“. „Станува збор“, потенцира француско-кубанскиот писател Вилијам Наварет, „за исклучителен пример на јазик кој се афирмира преку литературата, a особено преку поезијата, жанр што Шопов го ...
По повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик, в петок ќе се одржат повеќе културни настани во организација на Министерството за култура преку кои ќе се одбележи овој значаен ден. Во Музејот на македонската борба, во 18:00 часот, концерт ќе одржи Музичката младина на Македонија, која годинава одбележува јубилеј – 60 години од формирањето. Во 19:00 часот на „Школка“, во Градскиот парк, концерт ќе одржи рок- бендот „Црно собрание“, кој е составен ...
3 мај: Аудиобиблиотеката „Самоглас“ го најавува својот нов проект, што го реализира во соработка со МТФ „Војдан Чернодрински“ од Прилеп. Станува збор за театарски поткасти чија реализација е поддржана од Министерството за култура и Europe House Скопје. Во рамки на истиот се предвидени две поткаст сезони. Во првата епизода „Почетоците на фестивалот“, што e објавена денеска, гостинка е проф. д-р Јелена Лужина, една од најдобрите познавачи на ...
Четвртото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во организација на дискографската куќа „ПМГ Џез“ ќе биде отворено на 18 мај. Трите фестивалски вечери ќе се случуваат на малата сцена во Македонската филхармонија и во Младинскиот културен центар. Организаторите предвидуваат најквалитетна и најразновидна програма досега и неколку промоции на нови музички изданија. Фестивалот е дел од програмата за размена на фестивали („FEX-Festival Exchange“) ...
Битола Втори Мај, 2023 На 05 Мај 2023 ќе се одржи убав настан во Кино Манаки – КИЦ Битола 18 часот. Влезот е слободен. Зајакнување на независната музичка сцена е мини проект на фестивалот „Локум фест-музика и традиција“ поддржан од партнерската мрежа на балкански фестивали MOST како дел од поголем проект поддржан од Creative Europa.Тоа е еден од петте региоални мини проекти кои има за главна цел зајакнување на капацитетите на независните ...
Концерт со маестро Шаровски и хорнистот Боштјан Липовшек В петок, на 5 мај, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонска филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Вилает“ на кој како солист ќе настапи хорнистот Боштјан Липовшек од Словенија, а диригент е маестро Јерухам Шаровски од Израел. На програмата се „Унгарски танц“ бр. 1 и Четвртата симфонија од Јоханес Брамс и Концертот за хорна и оркестар од Реинхолд Глиер. Германскиот ...
Веб страна и промоција на музичките артисти, работилници и нови културни политики за независната музичка сцена во Битола. Зајакнување на независната музичка сцена е мини проект на фестивалот „Локум фест-музика и традиција“ поддржан од партнерската мрежа на балкански фестивали MOST како дел од поголем проект поддржан од Creative Europa, а во соработка со КИЦ Битола. Тоа е еден од петте регионални мини проекти кои има за главна цел зајакнување на ...
Театар Комедија ја најавува новата премиера за 5. Мај, Ревизор од Гогољ, во режија и адаптација на Андреј Цветановски. Ревизор, според режисерот Цветановски, зборува за малограѓанштината не како географска одредница, туку како состојба на духот. Зборува за стравот од нешто повисоко и за расипаноста на оние кои го обожуваат врховното божество, власта. Гротеска на односот на граѓаните кон власта и нивната заслепеност од сјајниот костум на ...
Националната установа Библиотека „Григор Прличев“од Охрид, утре – петок на свечен начин ќе го одбележи Денот на македонскиот јазик и азбука. На 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца, Министерството за просвета го озаконува првиот правопис на македонскиот јазик. Петти мај е ден за паметење и славење. Утре во нашата Библиотека од 10.00 часот во ...
Во објектот Даут пашин амам на Националната галерија е во тек второто издание на музејската едукативна работилница „ЛАВИРИНТ НА УМЕТНОСТА 2“. Наменета е за ученици од петтите и шестите одделенија од основните училишта. Реализацијата на работилницата започна на Први Април 2023. Оваа музејска работилница има едукативен, истражувачки и награден концепт. Пред сите учесници е поставена загатка, а одговорот се крие низ уметничкиот лавиринт на ...
Од 4 до 7 мај, во организација на Скопје Сити Мол и во соработка со Занаетчиска комора Скопје ќе бидат отворени „Денови на филигранство и накит“, настан на кој ќе се претстават 23 „артизанс“ индивидуалци – уметници. Ова е единствена можност на едно место да се видат рачно изработени уметнички форми на накит од сребро, бакар, челик, преку епоксидна смола, чисто сребро 925, полимерна глина, до керамика, плексиглас и мурано стакло. Најголем дел од ...
На 28 април 2023 година, во 20 часот, во Галеријата на МКЦ свечено ќе биде отворена изложба на скопјанката Марија Чепишева. Изложбата е насловена “Три круга за да бидам таму” и на неа ќе изложи свои дела. ТРИ – КРУГА ЗА ДА БИДАМ ТАМУ Ова е серија на дигитални графики, работени во еден мултидисциплинарен пристап каде освен класичен пристап кон графиката, се вметнува и еден посовремен, дигитален пристап. Во делата фотографијата преовладува ...
Април, 2023 година Швајцарската драма „Фамилијата“ која се фокусира на проблемите на тинејџерите во дом за згрижување деца во Женева од денес се прикажува во домашните киносали. Филмот, во режија на Фред Баилиф, денеска се прикажува во Домот на култура во Свети Николе и Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино, од каде продолжува низ другите градови и тоа во Центарот за култура- Битола (сабота), Центарот за култура „АСНОМ“- Гостивар (2 ...
Се приклучуваме кон големото семејство на џез културата. Ви го најавуваме настапот на Оливер Самоуилан џез квартет во Недела на 30.04.23 Офицерски дом – Плато 13.00 часот, велат од МКЦ Битола. Соработката помеѓу францускиот џез музичар Оливиер Самоуилан со македонските џез музичари Поповски Сашо, Иван Бејков и Ратко Даутовски е континуитет на предходната соработка на Jazz Factory Festival. Џез музиката е универзален јaзик кој не познава граници, ...
Светлана Христова- Јоциќ (Ресен, 27 февруари 1941- Скопје, 27 април 2012)- македонска поетеса, есеист и писател за деца. Завршила Филозофски факултет во Скопје. Работела како новинар во Радио Скопје. Била секретар и претседател на ДПМ и покренувач и главен и одговорен уредник на ревијата „Стожер“. Член e на македонскиот ПЕН центар и на ДПМ. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци” Партнер: Петре М. Андреевски, Владо Јоциќ. Деца: Сергеј ...
Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ изминативе четири дена ги презентира успесите на фестивалот на Самитот на уметнички фестивали во Гирона, Шпанија во чии рамки се одржа и 70. Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА). Поповиќ, која пред две години ја доби титулата почесен делегат на ЕФА, рече дека членството во оваа елитна асоцијација е доказ дека фестивалот „Охридско лето“ е на вистинскиот пат во неговата ...
Пред повеќе десетици претставници на австриските медиуми, денеска се одржа конференција за печат во Кунстхале Виена, по повод вечерашното отворање на изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје”/„No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“ со дела од вредната и уникатна колекција на Музејот на современата уметност– Скопје. Концептот на изложбата, која е резултат на соработката меѓу МСУ– Скопје и ...
Виена, 21 април 2023 година Преку 1000 љубопитни посетители беа на големото отворање на изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје”/„No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“ со дела од уникатната колекција на Музејот на современата уметност – Скопје, која ќе биде отворена се до 28 јануари 2024 година. Галерискиот простор на Кунстхале, буквално беше претесен да ги собере сите оние кои трпеливо ...
Кинотеката, по повод својот „роденден“ на 29 април, секоја година го доделува признанието „Златен објектив“ на филмски работници, кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија. Управниот одбор на Кинотеката на Македонија ги прогласи Тонкица Митровска, аниматорка, и Љупчо Константинов, композитор на филмска музика – за добитници на наградата „Златен ...
Општество во кое ќе ја надминеме стигмата и дискриминацијата, создавање подобри услови за лицата со попреченост, подигнување на инклузивноста и создавање на училишта, кои ќе бидат достапни и отворени за сите, е насоката низ која се движи проектот “За подобрена инклузија” . За да се оствари зададената цел потребна е воља, подршка но и добар тим кој ќе ја спроведе оваа широко општествена акција. За таа цел, тимот на здружението ЗЕОООП оствари ...
На 3 мај (среда) во Националната опера и балет ќе се одржи прес-конференција по повод 51. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“ и премиерата на операта „Набуко“ од Џузепе Верди. На прес- конференцијата ќе ги споделат деталите за 51. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ 2023, Директорот на НУ Национална опера и балет, м-р Васо Ристов, уметничкиот раководител на Операта, м-р Дејан Прошев, Бурхан Дибрани раководител на ...
Регионален настан за инклузивно образование во Тетово како дел од кампањата на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран” Тетово, 26.04.2023 – Во рамки на третата проектна кампања на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран” кој е финансиран од Европската Унија, денес се одржа шестиот регионален настан во општина Тетово на кој присуствуваа претставници од општини, училишта, невладини организации, општествено одговорни ...
26 април, 2023 година Во организација на ОО Црвен крст- Гевгелија, вчера, во Народниот театар- Гевгелија со јавна трибина беше означен почетокот и презентиран проектот: „Секое дете со својата автентичност“, кој OО Црвен крст- Гевгелија со поддршка на Општина Гевгелија ќе го имплементира на подрачјата во негова надлежност. На настанот присустуваа: градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов; пратеници од Гевгелија во Собранието на ...
26 април 2023 година И годинава, ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија со два ученика беше дел од Меѓународниот фестивал „Полихимниа 2023“ во Скопје, постигнувајќи високи резултати. Имено, Јована Кочева од класата по виолина на професорката Соња Панова ја освои Првата награда, додека Благоја Стоев од класата по пијано на професорот Александар Лазаров ја освои Третата награда. Раководството и колективот на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија им ...