
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



На 25 и 26 јануари 2025 година ќе се одржи „Сити базар – јануарска викенд приказна“ на првиот кат во Скопје Сити Мол, на кој ќе се претстават 17 занаетчии со органски производи од мед, еколошки восочни продукти, накит, чанти и аксесоари од керамика и кожа. На базарот ќе земат учество брендовите: Ателје Tara Fashion, VGJ Art, Irena’s bouquets, од пчеларското здружение „Природен мед“ земаат учество: пчеларство И.З.Про-Мед и пчеларство Митревски, ...
Tрагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата, прикажани во операта „Кавалерија рустикана“, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе на 31 јануари 2025 година со почеток во 20.00 ч. „Кавалерија рустикана“ е едно од најуспешните дела од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи, чиј успех не успеал да го повтори во останатите опери кои ги создал по неа. На ...
„Сликам како џез музичар,“ ќе рече за себе Сергеј Андреевски. “Јас сум сликар кој често патува и сонува низ светот, вкрстувајќи ги четките и насочувајќи ги своите потези кон сонцето. Светот е моето ателје. Мојата творечка припадност е стилот на постекспресионизмот, а тоа е бесконечна слобода на изразувањето. Звукот е мојот партнер при создавањето. Особено џезот; оти јас кога сликам, импровизирам – не случајно велам дека сликам како џез музичар.” ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска 25.01.2025, го посети Крушево градот каде со пригодна програма под наслов „Ангел си ти“ се одбележува 44. роденден на Тоше, на човекот кој со својата музика, љубов, добрина и хуманост го освои срцето на целиот Балкан. „Денес, на 25 јануари, се сеќаваме на Тоше Проески, кој иако физички не е повеќе со нас, неговиот дух продолжува да живее во песните, спомените и љубовта што тој ги остави зад ...
На денешен ден, 25 јануари, пред 44 години, е роден неповторливиот Тоше Проески, љубовта на Македонија. Тодор Тоше Проески (Прилеп, 25 јануари 1981- Нова Градишка, 16 октомври 2007) е најславниот македонски пејач и најголемата ѕвезда на балканската музичка сцена, каде што беше доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започна со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победил изведувајќи ја песната ...
На денешен ден, 25 јануари, пред 44 години, е роден неповторливиот Тоше Проески, љубовта на Македонија. Тодор Тоше Проески (Прилеп, 25 јануари 1981- Нова Градишка, 16 октомври 2007) е најславниот македонски пејач и најголемата ѕвезда на балканската музичка сцена, каде што беше доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започна со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победил изведувајќи ја песната ...
Министерството за култура и туризам информира дека е објавен Конкурсот за учество во финансирање проектни активности на правни лица од Република Северна Македонија во европски проекти кои се поддржани од потпрограмата Култура на Креативна Европа 2021- 2027 на Европската Унија за 2025 година. Конкурсот има цел да се обезбеди развој на културниот и креативниот сектор, промоција на разновидноста на културните изразувања и афирмација на македонската ...
Во Градскиот музеј од Крива Паланка, на 27.12.2024 година беше отворена изложбата „Времеплов“ на академската скулторка Анета Стојчевска, која всушност претставува инсталација со комбиниран медиум. Инсталацијата е составена од 3 дела, изработени во разновидни техники и медиуми, меѓу кои и видео инсталација со аудио запис „Спомени“ на авторски текст на Мира Ѓеоргиевска. Со ова дело, Стојчевска сигурно и решително чекори во областа на ...
Во средата (22 јануари) по кусо боледување во Скопје почина доајенот на македонското сликарство Коле Манев. Коле Манев беше роден во 1941 година во с. Бапчор, во Егејскиот дел на Македонија, кое е бомбардирано за време на Граѓанската војна во Грција во 1948 година и сите куќи се уништени, а останата е единствено црквата. Децата од селото, како и многу други деца од Егејска Македонија, се принудени да го напуштат своето родно место. Коле Манев, ...
Задолжителна „Џез-лектира и гламурозен почеток на новата концертна сезона на Националниот џез-оркестар, со која ќе биде отворена со значаен и впечатлив настан- концертот насловен „Џез-лектира: Quintessence by Quincy Jones!” Концертот ќе се одржи на 24 јануари 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во просториите на Македонска Филхармонија, а во центарот на вниманието ќе биде огромниот и влијателен биг- бенд опус на музичкиот гениј Квинси Џонс. ...
Во рамките на програмата на „Вевчанско културно лето ВЕВКУЛ 2025“, во Клубот на пензионерите во Вевчани, деновиве беше промовирана книгата „Вевчани, во срце те носам“ од отец Зоран Попоски, Промоторот на книгата, истакнатиот писател и публицист Мишо Китаноски, ја истакна длабоката емотивна и книжевна вредност на поетските циклуси сместени во оваа збирка поезија, потенцирајќи дека од памти век Вевчанци биле печалбари насекаде низ светот, а ...
Во рамките на одбележувањето на 80-годишнината на Македонскиот народен театар, на 25 јануари 2025 година со почеток во 20:00 часот ќе се одигра премиерната изведба на претставата „Народен пратеник“ од авторот Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин. Култното режисерско име Егон Савин се враќа во МНТ по подолг период. Ова е негова трета претстава во театарот, претходно ги има поставено „Злосторство и казна“ (1994) и „Лаж и ...
Во среда на 22 јануари 2025 година во 19 ч. во Кинотеката на Македонија ќе се одржи промоција на книгата „Милчо за Манчевски“, чиј приредувач е вонр. проф. д-р Атанас Чупоски. „Книгата претставува обид да се опфатат многубројните аспекти од животот и работата на Милчо Манчевски, еден од нашите најнаградувани и во светски рамки најреномирани македонски филмски автори – почнувајќи од деновите на неговата младост поминати во родното Скопје па до ...
Вистински верска сензација се случи денес на Водици во преспанското село Кривени. Во пазувите на пректасната и неодолива природа за прв пат беше фрлам чесниот крст во водител на езерцето, кое го фати Златко Ќулумовски. Радоста и гордоста на Кривенци каде и да се е многу поголема, затоа што по толку години се обнови традицијата по која што ова прекрасно село некогаш беше надалеку познато. Мал број жители се останати со постојано адреса на живеење ...
19.01.2025 Во чест на Водици, денешното големо славје на православните христијани, уметникот и нобеловски кандидат Живко Поповски Цветин ја промовираше својата нова награда која ќе му биде доделена на поетот Илко Димитриевски Шарпланинец, како еден од оние кои со децении ја поддржуваат неговата цветна мисија за мир. Денот Водици, во кое се крстуваат водите има и поврзаност со некогашната професија на Илко, кој често покрај бројните други ...
18.01.2025 Поемата “Син цвет” инспирирана од творештвото и напишана во чест на Живко Поповски Цветин од авторката Валентина Ѓоргиевска Парго, на 6.08.2011 година, доби издание во ракопис на уметникот. Имено, тој поемата ја напиша на негови цртежи со мотиви на сини цветови и ја промовираше како уникатно издание, по повод 18 јануари, денот на раѓањето на Григор Прличев. -Ова ми е една од најдрагите поени кои ги имам добиено, покрај околу 700 ...
Григор Прличев македонски писател од времето на романтизмот (1830-1893) *** Григор Ставрев Прличев (Охрид, 18 јануари 1830— Охрид, 6 февруари 1893 — истакнат македонски писател од времето на романтизмот и значаен претставник на македонската книжевност од XIX век. Покрај мајчиниот македонски, творел и на грчки и бугарски, и ги обединувал во себе нивните специфични одлики, како и современите текови на класицизмот и романтизмот. Според ...
Јануари 2025 Како стручна и општа јавност, секогаш некако фокусот повеќе го ставаме на неважните нешта, отколку на она што е суштина и корен во дадениот сегмент за кој се отвора јавна расправа. Така и деновиве, во рамки на она што го прави МОН, Бирото за образование ,стручната јавност, но со демократско вклучување на целата јавност, фокусот наместо на коренити промени на сето она што во последниве 34 години на независност, се создаде во ...
Скопскиот џез фестивал поканува на џез- матине со промоција на новите календари за 2025 година и настап на триото на гитаристот Филип Динев. Традиционално во јануари Скопскиот џез фестивал ги претставува календарите за 2025 година. Џез-матине со концерт на триото на гитаристот Филип Динев. Новите календари содржат фотографии од 43. Скопски џез фестивал, овојпат овековечени низ објективот на нашата Татјана Ранташа. Сабота, 18 јануари 2025 ...
Дејвид Кит Линч (англиски: David Keith Lynch), роден на 20 јануари 1946 година во Мисула, Монтана, САД, американски режисер, актер и сценарист. Филмовите на Линч се познати по нивните елементи на надреализам, нивните кошмарни и сонливи секвенци, нивната силна и чудна фотографија, и педантно направената музика. Често неговите дела го истражуваат излитеното дно на малите американски градови (на пример, “Син сомот” и “Твин Пикс”) или брзоширечките ...
јануари, 2025 Со традиционалното дефиле под маски, денеска во Вевчани почна официјалниот дел од Вевчанскиот карневал, кој претставува едно од главните обележја на Вевчани за празникот Св. Василиј, односно Василица. Во своето обраќање пред присутните, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, истакна дека Вевчанскиот карневал е од особено значење за културниот и туристичкиот развој на нашата земја и дека негувањето на оваа традиција е она ...
Од 18 јануари, 2025 година, на првиот кат од Скопје Сити Мол започнува нова и возбудлива иницијатива– „Сити базар“. Оваа платформа подразбира организирање месечни настани, кои ќе го оживеат духот на оригиналните и современи производи, како и на традиционалните уметности, нудејќи широка палета продукти изработени од вештите раце на македонските ракотворци. Како општествено одговорна компанија, Скопје Сити Мол активно се грижи за поддршка на ...
16.01.2025 Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и националниот координатор за туризам, Акан Махмут, денеска остварија работна посета на Општина Градско, при што со градоначалникот Киро Нацков разговараа за можностите на оваа стратешки поставена општина во насока на развивање на транзитниот туризам и афирмација на културното наследство. На средбата со градоначалникот беше истакната важноста на транзитниот коридор каде што е Општина ...
Актерката Тамара Ристоска ќе учествува на престижната програма Berlinale Talents коja ќе се одржи во рамките на овогодишното издание на Berlin Film Festival – Berlinale, еден од најзначајните филмски фестивали во светот. На 23- тото издание на оваа програма Тамара Ристоска е избрана помеѓу 3,836 апликанти од 123 држави, а таа е единствената учесничка од регионот. Berlinale Talents е платформа за развој на филмски таленти, која ја истражува ...
На 8 април, со почеток во 20:30 часот, на сцената на Македонскиот народен театар, ќе се спојат музиката и театарот, во уникатното шоу Глумците Пеат. Организаторите најавуваат вечер исполнета со хумор, енергија и незаборавни изведби, а публиката ќе има можност да ужива во музички точки кои носат дух на едно гламурозно време. На Глумците Пеат ќе настапат триесетина врвни актери од сите генерации, придружувани од биг-бенд составен од извонредни ...
На 17 и 24 јануари 2025 година со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведат балетските едночинки „Шехерезада“ и „Валпургиска ноќ“. Еден од бисерите во балетската литература „Шехерезада“ од Н. Р. Корсаков, работен по мотивите на приказните од „Илјада и една ноќ“ ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, кореографијата е на познатиот балет-мајстор од Москва, Михаил Крапивин, со првична постановка ...
13.01.2025 Минатата година оствари мегахит на фестивалот “Тумба фест 2024”, “Неста ресенска”, кој освен што ја освои публиката и медиумите, стана и најгласана песна на топ листата, што се спроведуваше во изминативе четири месеци- број еден. Годинава најавува дека подготвува исто така нов голем, мегахит, а дека желбата ќе му се исполни да веруваме и според народниот македонски обичај, кој вели- кому ќе му падне во раце паричето за Василица, тој ...
Никола Тесла (Смиљан, Лика, 10 јули 1856 — Њујорк, 7 јануари 1943) српски научник, истражувач и пронаоѓач на полето на електротехниката и радиотехниката, познат е како татко на наизменичната струја и бројни футуристички пронајдоци. Никола Тесла Роден на 10 јули 1856 година, во Смиљан, Хрватска Воена Краина, Австриска Империја Починал на 7 јануари 1943 (возраст 86) во Њујорк, Њујорк, Соединети Држави Живеалиште: Австрија (подоцна ...
Чедо Јакимовски е истакнат македонски поет роден во Кратово на 22 февруари 1940, починал во Скопје на 12 јануари 1993 година. Во неговиот краток и боемски живот оставил малку по број дела, но со извонреден квалитет. Тој во светски рамки се смета за еден од творците на стихови блиски до совршенство. Секоја песна излезена од под неговото перо, минувала низ строга проверка на метроном. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1966 година. ...
12.01.2025 Музичката јавност овие денови беше почестена со композиција од која блика голема убавина, насловена “Прошетка” а во изведба на маестро Марјан Јанкоски и “Портал”. “Прошетка” , како што ни открива авторот, е создадена во неговото родно Вевчани. – Да, токму така. Песната е создадена во пролетта минатата година, каде јас во ова место кое е сместено под пазувите на планината Јабланица, одам со своето најблиско семејство во својот дом. ...