Вчера, во Националната опера и балет во Скопје, беше одржан концерт по повод 100 години од раѓањето на Микис Теодоракис – еден од најголемите композитори на 20 век. Неговиот музички опус опфаќа многу симфонии, ораториуми и песни што станаа химни на отпорот и слободата, а меѓу широките маси е познат по музиката за филмовите „Зорба Гркот“ и „Серпико“. Паралелно со неговото уметничко творештво, Теодоракис остана запаметен и како симбол на ...
„Нашата цел е публиката да слушне за македонската опера и балет не само во Скопје и низ Македонија, туку и во Виена, Берлин или Париз. Тоа е процес што бара многу финансии и одлична логистика, но е инвестиција која долгорочно ја зајакнува културната дипломатија на Македонија… Треба да развиваме концепти кои ќе ги доближат операта и балетот и до младите генерации, преку иновативни сценски решенија, современи режисерски пристапи и покреативна ...


 
            