По дождот, кој се уште врне, делови од дебарскиот поширок регион, забележани се првите снежни врнежи во повисоките населени места, како Лазарополе, Броштица, подрачјето на Горна Жупа, како и во селото Татар Елевци над градот. На патните правци има помали, но, чести одрони од камен. Поради влажните коловози, но и можноста од поголеми одрони. Од управата з ајавни патишта, се препорачува внимателно возење особено на патниот правец , Дебар – ...

Од 1 ви до 31-ви октомври , ќе траат објавените Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2026 година. Во согласност со член 62 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 265/24 и ...

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, заедно со институтот Гете и Амбасадата на Сојузна Република Германија имаат чест да ве поканат на свеченото отворање на француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија: визија за иднината“, кое ќе се одржи во вторник, 30 септември 2025, од 10 часот, во просториите на Europe House – Скопје Настанот ќе го отворат Н.Е. г-дин Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција, и Н.Е. г-ѓа Петра ...

Вечерва во 20 часот во камерната сала на Филхармонијата ќе биде свечено отворен 48. фестивал „Денови на македонската музика“. На програмата се дела од: Дарија Андовска („PRE OoTtOoNnO – OoTtOoNnO PRE“), Валентина Велковска Трајановска („Зора“), Панде Шахов („Езера“), Властимир Николовски („Стари танци“), Кирил Македонски („Адаџо“). Ќе настапи фестивалскиот камерен оркестар под диригентско водство на Иван Еминовиќ. фотографија: ...

Од вечерва до 4 октомври на сцената на Албанскиот театар во Скопје, под мотото „На крајот, секоја маска мора да падне”, ќе се одржи Меѓународниот театарски фестивал „Скупифестивал“ . Свеченото отворање ќе биде во 20 часот, со гостување на Националниот театар на Косово од Приштина, со претставата „Брак” од авторот Витолд Гомбрович, во режија на Норберт Раковски. На вториот фестивалски ден, во истиот термин ќе ја видиме претставата „Тврдина” од ...

тестирање 01.10.2025 Тестирањето ќе се одржи во простоиите на на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии – Руѓер Бошковиќ 18, Скопје. Во согласност со иницијативата на Менса за подршка на крводарителството и младите лица. Сите крводарители, ученици и студенти имаат 50% попуст, односно треба да уплатат 300 МКД. Тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International® и резултатите се тајни. ...

Фестивалот „Џифони Македонија“ е посебен, затоа што ги става младите во центарот на вниманието, правејќи ги вистински учесници. „Џифони“ се роди во Италија пред повеќе од 50 години, од едноставна, но моќна идеја, да им даде глас на младите луѓе преку филмот, тоа е посебен момент за младите генерации, да го откриваат светот, различните култури, да ги споделуваат своите лични погледи на свет и да ги хранат своите умови. Фестивалот се реализира и ...

Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, велерва – 23. септември, ќе биде отворена изложбата “ЗАОЃАЊА“, на македонски современ ликовен уметник, со богато портфолио на самостојни и групни изложби во земјата и странство, Никола Пијанманов. „Изложбата на Пијанманов е културен настан кој претставува важен придонес во промоцијата на македонската современа уметност пред хрватската публика, и уште еднаш ја потврдува улогата на ...

Видео театарска проекција КРИГ/АЦИНСЕЛАК, ќе биде во сабота и недела на фестивалите кои ќе се одржуваат во Скопје. На 28. сптември ќе биде дл од Скопскиот театарски шокејс во Бар Гарсон, со почеток во 17ч. По проекцијата следи разговор со дел од екипата на проектот Здравко Стојмиров – актер и Иванка Апостолова Баскар – продуцент/режисер КРИЕГ/АЦИНСЕЛАК е завршен во 2024 г. Станува збор за експериментален видео театар, снимен со дигитална ...

Вечерва во Дајмонд Мол во Скопје, амбасадорот на Европската Унија Михалис Рокас, ќе ја отвори изложбата „ЦЕРН и универзумот: Науката што нè поврзува“. Делегацијата на Европската унија ова го оценува како водечки настан во одбележувањето на Ноќта на европски истражувачи 2025 година, најголемиот настан за наука во Европа кој ги доближува истражувањата и истражувачите до јавноста. Инаку, оваа година се одбележува 20-годишнината од Ноќта на европски ...

На иницијатива на неговиот пријател Стерули Штерјоски, обновена е улицата која во Крушево го носи неговото име Улицата на Тоше Проески во Крушево повторно заживеа ова лето. Низ бои, музика и љубов на оние кои не заборавиле што Тоше значи за овој град и за целиот регион. На иницијатива на неговиот пријател Стерули Штерјоски, обновена е улицата која во Крушево го носи неговото име. Името на човекот кој со својот глас и добрина влезе во срцата на ...

На 23.09.2025 (вторник) со почеток во 20:00 часот во Национална устанoва Центар за култура “Трајко Прокопиев” Куманово, во изложбениот салон ќе биде отворена Ретроспективна изложба на слики “55 – години ликовно творештво” на Боро Арсовски – Бабата. Боро Арсовски – Бабата е роден 1952 година во с. Страцин, Република Македонија. Основно и Средно образование завршил во Куманово. Со сликарство се занимава од 1969 година како сликар наивец и ...

Првиот заеднички проект на режисерот Пол Томас Андерсон и холивудската ѕвезда Леонардо ДиКаприо – филмот „Една битка по друга“ – веќе поставува нови рекорд. Иако штотуку стигна во кината, филмот доби исклучително позитивни критики и во моментот има неверојатни 98% рејтинг на Rotten Tomatoes врз основа на 161 рецензија. Со ова, „Една битка по друга“ стана најдобро оценет филм во долгата кариера на ДиКаприо, симнувајќи го од врвот филмот „Фати ме ...

Kафе-книжарниците „Буква“ и „Илика“ на 25, 26 и 27 септември ќе бидат домаќини на второто издание на фестивалот за алтернативна и критичка култура „Ре-култура“, во организација на Здружението „Култура Бета“. Настанот, кој веќе во своето прво издание ја доби поддршката од младите креатори и љубители на уметноста, се профилира како една од ретките платформи во Македонија што обезбедува автентичен простор за младинска, независна и критичка културна ...

На 26 септември, на сцената во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово, како дел од 28. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“, ќе биде одиграна копродукциската претстава на МНТ „Бог на колежот“. Претставата е работена според мотивите на славната драма „God of Carnage“ од Јасмина Реза, во адаптација и режија на Весна Петрушевска. На сцената ќе настапат актерите Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Благој Веселинов, Наталија ...

Утревечер, фестивалот ќе го отвори амбасадорот на Република Италија, Паоло Палминтери во 20 часот, во киното „Фросина“, а потоа ќе биде прикажан филмот „ Засекогаш со тебе“ (Io non ti lascio solo) на режисерот Фабрицио Катани. Овој филм неодамна ја имаше светската премиера на Филмскиот фестивал во Локарно. Во наредните шест дена Скопје ќе биде домаќин на 400 учесници од Македонија, како и 30-ти на младинци од Италија, Швајцарија, Данска, ...

Вчера вечер во Битола се одбележа доделувањето на највисокото признание на 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Францускиот кинематографер Дариус Конџи, ја доби наградата Златна камера 300 за животно дело, која му ја врачи министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Добитникот на годинашното признание има богата кариера соработувајќи со врвни режисери како Жан-Пјер Жене, Дејвид Финчер, Бернардо Бертолучи, Михаел Ханеке, Роман Полански, Дени ...

Евалд Флисар ” Книгата е оружје што може да го осветли животот како сонце, но и да ги повреди оние што не умеат да ја читаат “. Книгата може да биде опасна и во рацете на некој што не знае како да се справи со неа. Голем дел од она што го наоѓаме во книгите, во многу книги, може сериозно да го оштети умот. Од друга страна, добро избраната и правилно прочитана книга може да свети во животот на една личност како сонце, загревајќи го духот и ...

Со претставата „Марта Верина“ во режија на Нина Николиќ и според текст на Драгана Лукан, Македонскиот народен театар ќе се натпреварува за награда на Меѓународниот театарски фестивал „Отело“, кој ќе се одржи во Гостивар од 22 до 27 септември. „Марта Верина“ ќе биде изведена на 25 септември во 20 часот на големата сцена во Центарот за култура во Гостивар. Влезот за претставата е бесплатен. На фестивалот ќе се натпреваруваат шест претстави во ...

Осврнувајќи се на последните податоци од Државниот завод за статистика, а во врска со информација за движењето и порастот на платите, премиерот Мицкоски денеска објави податок дека и бруто и нето платата во јули месец е за повеќе од 10,5% поголема од јули 2024 година. Мицкоски потенцираше дека на крајот на вториот квартал, заклучно со месец јули 2025 година, за прв пат после долго време и државниот и јавниот долг се намалени. Државниот за 4%, ...

„Реквием“ е последното и недовршено дело на Моцарт, создадено во последните месеци од неговиот живот и обвиено со мистерија и легенди. Делото претставува музичка исповед, исполнета со драматични контрасти – од тивките молитвени моменти до експлозивните хорски сцени. Неговата длабока емоционалност и духовност ја водат публиката од болка и тага кон надеж и вечност. Обезбедете си билети! Билетарница: 078 426 536 ; 02 3118 451 ...

Осврнувајќи се на последните податоци од Државниот завод за статистика, а во врска со информација за движењето и порастот на платите, премиерот Мицкоски денеска објави податок дека и бруто и нето платата во јули месец е за повеќе од 10,5% поголема од јули 2024 година. Мицкоски потенцираше дека на крајот на вториот квартал, заклучно со месец јули 2025 година, за прв пат после долго време и државниот и јавниот долг се намалени. Државниот за 4%, ...

Терапија во шума или шумска терапија, практика што вклучува долги прошетки во природа, а за која се верува дека помага во намалување на стресот, намалување на крвниот притисок и зајакнување на имунитетот, за прв пат се воведува во словенечкиот образовен систем во градот Накло. Биотехничкиот центар Накло ја предводи иницијативата за интегрирање на шумската терапија во наставната програма, како и организирање работилници, објави словенечката ...

Со воспоставувањето на ова тело јавните средства ќе се насочуваат кон проекти кои носат голем придонес за економскиот раст, подобрување на јавните услуги и унапредување на стандардот на граѓаните На последната седница на Владата е донесена Одлука за формирање на Комитет за јавни инвестиции, со што се поставуваат основите за поефикасно, транспарентно и стратешко управување со јавните инвестиции. Покрај другото, формирањето на овој комитет ...

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ од македонската режисерка Тамара Котевска е откупен од страна на „National Geographic Documentary Films“. Инаку, „National Geographic Documentary Films“ е еден од најпрестижните светски дистрибутери на документарни остварувања. Ова е првпат македонски филм да влезе во глобалниот каталог на оваа платформа, а ќе биде достапен во над 170 земји, вклучително и платформата „Disney+“. Филмот годинава ја доби ...

По повод Осветувањето на велелепниот храм посветен на светите цар Константин и царица Елена – кој се наоѓа во срцето на градот Скопје – со особена радост ве покануваме да земете литургиско учество во овој свечен и бележит настан. Осветувањето ќе го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи од нашата Света Црква, на 28 септември 2025 година, со почеток во 8:30 часот. ГАЛЕРИЈА ...

Дваесет и пет компании и 200 љубители на трчањето се обединија минатата сабота и по петти пат трчаа на хуманитарната трка IT4Charity организирана од СОС Детско село во Градскиот Парк во Скопје. И покрај сите предизвици во ИТ секторот и покрај сите итни повици за помош во општеството и трагедијата во Кочани, ИТ заедницата уште еднаш покажа солидарност и сенс за потребата од континуираната грижа за најранливите и собра 30.000 евра за ...

Инсталацијата „Релации“, се изложува за прв пат, во отворен простор и создава релација со урбаниот пејзаж на паркот. Концептот за уметничкото дело, инсталацијата, е инпириран од македонскиот јазик и неговата азбука. По 80 години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик, знаците, односно буквите, се изложени како скулптурални форми кои егзистираат во отворен простор и формираат еден збор, љубов. Во паркот, каде се среќаваат природата и ...

Јанева – „Министерството си ја завршило својата обврска и не прифаќа да се зборува дека и оваа година нема доволно учебници“ „За училиштата во кои недостасуваат учебници, затоа што не ги пријавиле навреме потребните тиражи, МОН ќе им ги обезбеди во ПДФ-формати. Истите ќе бидат поставени на веб-страницата на Педагошката служба“, изјави денеска на прес конференција министерката Весна Јаневска. Според нејзиното образложение, Јаневска вината ја ...

Македонската пејачка Елена Васова е годинешната добитничка на наградата „Милан Младеновиќ“, која вечерва (недела, 21 септември) ја додели истоимената Задужбина во Макарска, во рамки на фестивалот „Модро и зелено“. Солистката Елена Васова, која е родена во 2000 година во Скопје и низ својот музички пат има поминато хорови, опери и концерти, во оваа конкуренција влезе со песната „Љубов“. Песната е правена заедно со Ненад Стефановски и Ади Имери, а ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1022
weather icon

Белград

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
66%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 12ᴼ
0.51
70%
1011
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
0.12
41%
1023
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
0.34
70%
1019
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
0.89
82%
1011
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
0.89
78%
1021
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
66%
1020
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
76%
1021
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
87%
1019
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
4.92
74%
1010
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 10ᴼ
1.54
100%
1022
Currency

61.6117

Currency

52.938

Currency

69.9543

Currency

34.9481

Currency

38.006

Currency

66.3931

Currency

7.45725

Currency

0.66132

Currency

0.34783

Currency

0.5252

Currency

1.26148

Currency

0.59829