
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Краставиот Жабок тргна да го посети својот најдобар пријател, Жабокот. Кога стигна на вратата најде залепено писмо на кое пишуваше: „Драг Крастав Жабоку, Не сум дома. Сакам да бидам сам. -Жабок“ „Сам?“, рече Краставиот Жабок. „Жабокот ме има мене за пријател. Зошто сака да биде сам?“ Краставиот Жабок тогаш тргна накај езерцето за да си го пронајде пријателот. Кога го најде здогледа седнат на еден камен на сред езерцето, почна да вика: „Жабок! ...
Есен е, тмурна, дождлива, но уживам во неа. Уживам, можеби затоа што капките дожд се вклопуваат совршено со моите солзи или затоа што лисјата под нозете крцкаат како моето срце кое се бори за живот. Уживам во сите тие мириси на ајвар, на дожд, на почва. Дури и уживам додека гледам како некое црвче се бори да премине на другата страна, а да не биде прегазено. Е баш тоа сум јас, црвче, незабележително, само, на дожд. Се бори да преживее, додека ...
Односите помеѓу родителите и нивните возрасни деца може да бидат содржајни кога на нив вистински се работи. Меѓутоа, многу често, старите навики на зборување и комуникација застануваат на патот на создавање и одржување здрави и полни со разбирање односи. Следуваат пет совети како да ги подобрите. 1. Зборувајте како возрасни Со оглед на децениите поминати во меѓусебна комуникација, родителите и возрасните деца ризикуваат да бидат вовлечени во ...
Напомена: Не е докажано дека методот што е прикажан во приказната функционира при напад на мечка Двајца пријатели одеа заедно низ шумата, кога одеднаш, огромна Мечка искокна од грмушката близу нив. Еден од мажите, за да се спаси се качи на најблиското дрво, а оној што остана сам, се сети да легне и да се прави мртов, бидејќи беше чул дека Мечка не допира мртов човек. И сигурно беше вистина, затоа што Мечката застана му продушка околу главата и ...
Кога со неправда ќе се соочиш, а не можеш да се бориш против неа, не сакам да знаеш како е. Да не можеш да го одбраниш она што не се одбранува, да не можеш да го поправиш она што некој го расипал. Во дните сиви испреплетени со прашања, забуни и безброј одговори нестигнати до тебе, се имаш само себе. Не знаеш како е кога се мачиш да си дадеш објаснување, а тоа упорно бега во бледилото на непознатото. Ниеден одговор не сакаш да го прифатиш, па сам ...
Што значи вербата освен нешто кое ни дава сила да се движиме понатаму? Вербата во одреден поим, предмет, човек, божество, животно, мит, легенда, лага итн. му е неопходна на човекот во текот на животот. Како еден вид движечки мотив кој му дава одредена нота на живост на човековото постоење. Кои би биле ние доколку не веруваме дека сме тие што сме? Кои би биле доколку мислиме дека сè околу е лага, а и ние самите сме една лага? Дали без верба би ...
Секоја петта личност на светот е пречувствителна или високо сензитивна. Пречувствителноста не е избор на самата личност. Тоа е карактеристика која е задедена биолошки во нивниот нервен систем. Поради неа ваквите личности реагираат побрзо, побурно, поемоционално. Реагираат когнитивно и/или физички на одредени дразби од надворешниот свет многу повеќе од остатокот од популацијата. Преголемата чувствителност сама по себе не се смета за нарушување ...
Најлесно е да се откажеш од сè што ќе започнеш. Сите со себе носиме рани. Најмногу “багаж“ имаат луѓето што живееле подолго. Си носиме лузни што животот ни ги задавал на најразлични начини. Поголем багаж значи и поголемо животно исксутво. Поголемото животно искуство значи повеќе болка, страдање и борба. Сечија животна борба е различна. Во многу наврати се наоѓаме во иста борба како милиони луѓе во цел свет. Начинот на страдање и радување ни се ...
Денес Мокси откри дека не знае да плива. Зa среќа тука беше Тот кој му помогна, на свој начин. Авантурите на Тот, Мокси и Миа, можете да ги следите и на нивната фејсбук страница Палавковците. Таму ќе се сретнете и со една виспрена баба, со црна мачка и со ред други нешта од нивниот секојдневен живот исполнет со секакви згоди и незгоди. Владо Јаневски е македонско-австралиски писател, сликар, илустратор, стрип уметник, светски патник. Од 1989 ...
Јелица Мерџаноска е млада, надежна и екстремно талентирана уметница. Велам уметница затоа што ниту еден друг збор не може да го искаже она што таа го содржи во себе. Ученик е во средното медицинско училиште во Гостивар. Неверојатниот талент што таа го искажува на своите осумнаесет години пркоси на талентите на многу постари и поискусни уметници. Нас, на тимот на Крајбрежје ни беше огромна чест што разговаравме барем накратко со неа зошто уште од ...
Театарот настанал во Грција паралелно со развитокот на драмата, како последица од потребата за место каде ќе се изведуваат делата на големите антички писатели. Во почетокот бил граден од дрво, а потоа од камен, тетатарот оставил во наследство величествени изданија, често пати изградени од најквалитетниот мермер кој можел да се најде во тоа време. Прочитајте ги во продолжение интересните факти за старогрчкиот театар. 1. Античката грчка драма, е ...
„Од небо до дно“ е најновата песна на Каролина Гочева, македонската музичка ѕвезда за која честопати велам дека е наша, а светска. Песната беше промовирана со музички спот на јутјуб, има брз ритам и е поразлична од последните албуми на кои навикнавме да ја слушаме Каролина. Ритамот е заразен, па уште при првото слушање влегува во уши, народски кажано. Нема сомнеж дека ќе биде еден од хитовите вртени на нашите радиа. Пред три часа на нејзината ...
Јубилејни 20 години од премиерата на „Прашина“ на отворањето на Венецискиот фестивал во 2001. Вчера се одбележаа со презентација на филмот на три платформи. Македонската радио телевизија го емитуваше во 23 часот. Во 20 часот беше прикажан под отворено небо во дворот на Кинотека каде што на секој посетител му следуваше подарок пакет од три ДВД-ија со филмовите Манчевски „Пред дождот“, „Прашина“ и „Сенки“. На фан страницата на Манчевски на Фејсбук ...
Снимката од третото „поглавје“ како што милуваме да ги нарекувме епизодите од нашата емисија Кулитерација веќе е прикачена на Mixcloud и истата можете да ја слушнете со кликнување на линкот подолу. Во третата епизода која е еден вид продолжение на втората со наслов„Поезијата е насекаде околу нас – поезијата сме НИЕ“, накратко зборувавме за значењето на поезијата, а во вториот дел гостин ни беше младиот и талентиран поет и автор, Филип Димкоски ...
Во емисијата Кулитерација имавме можност да поразговараме со младата студентка и авторка Верица Мукоска. Таа е студентка т.е. апсолвентка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Со неа поразговаравме на повеќе теми каде таа ги даде нејзино мислење и став за сите наши прашања. Која е Верица којашто уште на десетгодишна возраст ја имала објавен својата прва збирка поезија? Кои се нејзините ставови за литературата (книжевноста), за книгите, ...
Анте Поповски е роден на 3 јуни 1931 година во с. Лазарополе, Дебарско. На денешен ден се родил, а да беше меѓу нас ќе го прославуваше 91 роденден. Тој ќе биде вечно присутен преку неговото творештво, сè додека има кој да го зачува, негува и почитува. Вечност постанал со неговото заминување, преминал од овоземниот во другиот свет оставајќи ни трајни литературни белези во аманет. Во продолжение неговата песна „Вечности“ од збирката „Ненасловена“ ...
Никола Боало (1 ноември 1636 – 13 март 1711), бил француски класицист. Роден е на 1 ноември во 1636 година. Светска слава стекнал како теоретичар, законодавец и водач на класицизмот. Боало својата писателска дејност ја почнал со пишување сатири, посланици и дидактични поеми. Тој немал поголема поетска дарба и затоа се формирал како литературен критичар и теоретичар. Како и сите поети и писатели од времето на класицизмот, кои своите дела ги ...
Вилијам Шекспир (англиски: William Shakespeare); крстен на 26 април 1564 – 23 април 1616) – англиски писател кој се смета за најважниот англиски писател и водечки драматург во светот. Често е нарекуван „народен поет“ и „Бардот од Ејвон“. Неговите дела, како и колаборати, содржат 39 драми, 154 сонети, две долги наративни поеми и неколку други поеми. Неговите драми се преведени на сите светски јазици и се изведуваат почесто отколку на кој било ...
Човечките очи се едни од најкорисните органи кои се наоѓаат во/на човечкото тело. Очите секојдневно ни ги олеснуваат задачите како на пример навигација или собирање информации. Честопати не го цениме доволно својот вид ниту па многу размислуваме за него. Во продолжение следуваат занимливите факти за очите кои ќе ве натераат да го цените овој неверојатен орган. Очите во текот на борба во Рим Изразот: „Сè е забава и игра додека некој го изгуби ...
Нели Блај е псевдонимот на новинарката со име Елизабет Џејн Кокран која живеела во 19 век. Во текот на својата кариера, истражувачките новинари се соочуваат со многу опасности. Од нив работата бара постојано да бидат во првите редови, впуштени во најразлични акции. Замислете го ова во Америка од 19 век и ќе ви стане јасно колку било малку веројатно жената да успее на ова поле. Нели Блај се истакнала како жена на својот занает. Покрај тоа што ...
Дали оваа приказна е точна или не, никој со сигурност не може да каже. Факт е дека истата Кафка го следи веќе долго време, а прераскажувана е и од негови пријатели долго по неговата смрт. Приказната постои во неколку верзии, сите од нив во детал или два различни, но тематиката во глобала е иста. Кафка пружа утеха таму и тогаш кога е најпотребна. Па, вистинита или не, прочитајте ја подолу оваа топла приказна за Кафка, куклата и малото девојче и ...
О ѕвездо непокорна те слушам тивко ме повикуваш, ме бараш спомени ти навраќаш. Сликата народна Вардарот ја понел, до Егејот дур ја однел. Секоја капка пролеана крв ќе се памти те уверувам нема времето да се врати! О татковино ти шепотиш народот да го потсетиш, дека и здивот бил вреден со надеж дека не е последен. И кога секоја капка крв болеше и кога секоја солза за тебе молеше, слободата силно блесна, се запеа македонска песна. Храброста веќе ...
Пејзажот што го насликав во длабината на твоите очи -го нема, се измил од солзите неистечени, ме гледаш жолто, меко и врнежливо тажно. Зар не се вжарува твојата снага, од сонцето што ти изгрева и заоѓа на вишновите усни, јас -пепел што ветрот го чита. Твоите умни нозе ми ги газат трулите мисли; Давам род на божества во кои целосно тебе сум ти ветен, каде немаат право на збор ни земјата, ни небеста. Ти -напрсток кој ме чува од острилото на ...
Центарот за култура од Струмица го објави конкурсот за 22 Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам „Струмица 2021“, кој се одржува во рамки на Интернационалниот Струмички карневал на тема „карневал-еротика“. Според пропозициите на конкурсот за афоризам секој автор може да учествува најмногу со десет афоризми отпечатени во три примероци со шифра и со податоци за авторот во затворен плик. Учесниците можат да учествуваат со најмногу десет ...
Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ годинава по шести пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски. На конкурсот можат да ...
Ми стинеа градите во мака, ама стапката ми беше лесна. Ја навлеков на левата рака ракавицата од мојата рака десна. Се чинеше многу скали има денот, а јас знаев се сал три! Eсенскиот шум во кленот Mе замоли „Умри со мене и ти! Ме прелажа и умори Cудбината неверна во небичас“. „Мене исто така!“ – одговорив: „Мил мој, со тебе ќе умрам и јас…“ Да, тоа е песната за крајот, Гледав в домот темен в ноќна доба. Само на свеќите се лееше сјајот Жолт и ...
Денеска, како избор за најмалите ја имаме песната „Какви се децата“ од поетот за деца, Ненад Џамбазов. Дел е од збирката Земјата на лажговците (1999), се состои од пет римувани строфи посветени на детската игра и генерален темперамент, а какви се децата според Џамбазов и каква е нивната игра, прочитајте подолу. Збор по збор, збор по збор, пожар избувна во двор. Од кавгата што ги стресна, секна песна, игра лесна. И што стана: караница, шлаканица, ...
Ја здогледав тагата во твојата мелодија, додека симфонијата ја пригушуваше целата просторија со тежината од твојата болка. Чекор по чекор како да е нешто што долго време го правиш и нешто што најдобро го знаеш… Полека присетувајќи се на стариот ти! Сè она што останало сокриено со векови и децении во некоја далечна просторија во најгорната полица, прикриено со прашина и пајажина. Твоите очи кои криеа тајни полека почнаа да раскажуваат најболни ...
Во времето кога ти не беше тука нивната растроеност и осаменост се спојуваа во еден мрачен дом на уништените среќни восочни фигури, нивната безвременска триологија, а можеби некогаш и многулогија, бидејќи се бесконечни, не им ја баш разбирав, оти беа заедно секогаш, паѓаа посебно, а сепак, се соединуваа како да се нешто вечно и неминливо… А ние? Ние паѓавме заедно, тоневме и се топевме како нашата оддалеченост да брои бесконечен број на ...
Ти верував, се надевав, сила си давав. Во срцево те чував, од заборав се плашев. Но ме достигна и тој, никогаш не бев свој… Тебе ти припаѓав… За љубовта наша жалев, тагував и пак продолжував. Живот пуст, ми остана, тешка рана, не ми помина. Иако годините заминаа, во мене сè остана исто. Ќе го паметам засекогаш нашето место. Онаму каде почна и заврши сè. А толку многу имавме истовремено и немавме изгубивме… Не се враќај не лажи ме, допри ме на ...