Жена кога е скршена тогаш е најмоќна. Толку цврста, а воедно и скршена, со насолзени очи и огорчена душа, таква е најубава. Таа е жена која може да те сака како ниту една друга. Скршена, а жива… Војува таа жена битки во себе да ги задржи солзите само во рамката на нејзините очи, да не излезат од нејзе, да не се тркалаат по нејзиното меко лице. Тогаш е најмоќна, тогаш кога е на работ да се сруши пред мене. Кога срцето ѝ се кине, а пред светот ...
Кога умира љубовта… умира некако вака… Ноќ по ноќ, солза по солза, тивко полека, а ноќва умирам и јас со неа. Дел од мене го погребувам со последното жарче надеж што ми згаснува во гради. Провалијата во мене проголтува сè, мојата гордост, мојата љубов, ги убива желбите, ги затишува спомените… Те проголтува тебе… а јас плачам. Плачам присетувајќи се на многу љубови осудени на смрт, кога не ти преостанува ништо друго освен да си заминеш и да се ...
“Постојат многу љубовни приказни но, нашата беше поинаква – совршена. Никој не ни кажа дека вистинската љубов боли. Или пак, ние тоа не сакавме да го знaеме? Сосема небитно. Проклет да е тој ден што нè уништи. Љубовта не, но нас да. Го нема повеќе она “ние’, сега сме само јас и ти. Двајца луѓе што некогаш си значеа многу еден на друг, а денес се само двајца туѓинци. Помина многу време, а како вчера да беше. Сè уште се сеќавам на моите први ...