
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Србија ќе се вклучи во меѓународната трка за нови научни достигнувања во вселената. Преку развојот и лансирањето на првиот српски научен сателит „Мозаик“, српските астрономи, математичари, физичари и инженери ги поставуваат темелите за развој на домашни вселенски проекти. Кога гледачите на ѕвездите ги претвораат своите соништа во реалност, тогаш од погледот кон небото доаѓаат обемни математички пресметки и совладување на технологии кои ...
Lenovo тврди дека нивниот најнов лаптоп ThinkPad T14s Gen 6 со Qualcomm Snapdragon X Elite чип има автономија до 29 часа, но сите сме свесни дека вистинската работа во реални услови на употреба може сериозно да отстапи од оваа бројка. Според објавите на ThinkPad профилот на Weibo, Lenovo тврди дека неговиот нов лаптоп ThinkPad T14s Gen 6 може да издржи 29 часа континуирана локална репродукција на видео. Ќе го покренува Qualcomm Snapdragon X ...
Рекламите повеќе нема да ви досадуваат додека зборувате на Skype Microsoft планира наскоро да објави ажурирање што ќе ги отстрани сите реклами од Skype, на сите платформи. Ажурирањето вклучува и подобрени алатки за креирање фотографии со вештачка интелигенција на Skype за Windows и macOS, како и можност за автоматско најавување на iOS, ако веќе сте најавени на друга апликација на Microsoft. „Нашето најново ажурирање ги отстранува сите реклами од ...
Британските научници го соборија светскиот рекорд по втор пат оваа година. Новите оптички врски работат 1,6 милиони пати побрзо од домашните широкопојасни врски. Звучи малку неверојатно, но британските истражувачи постигнаа рекордна брзина на пренос на податоци со оптички влакна до 402 терабити во секунда (Tbps), што е приближно 1,6 милиони пати побрзо од типичните домашни брзини на широкопојасен интернет. Научниците од Универзитетот Астон во ...
Динамиката на денешницата, слободното движење на луѓето и можноста за работа во различни земји, во изминатите години ја зголеми потреба за безбедни, брзи и поволни финансиски услуги и трансфери од било која локација во светот. Пресретнувајќи ги потребите на клиентите, ПроКредит Банка за прв пат на нашиот пазар воведува бенефит за физички лица кои користат интернационални трансфери. Така, сите нови клиенти кои ќе отворат сметка во ПроКредит банка ...
ОКТА ги објави финансиските резултати за вториот квартал/првата половина од 2024 кои покажуваат силна профитабилност поттикната од остварувањата на извозниот пазар кои ги надминаа очекувањата, и покрај падот на меѓународните цени. ОКТА ги објави финансиските резултати за првата половина од 2024 година со ЕБИТДА во износ од 241 милион денари, што е зголемување од 30% споредено со првата половина од 2023, пред сè поради зголемената продажба на ...
Италијанските научници создадоа робот со четири нозе, кој е способен да ги пронајде отпадоците и да ги вшмука со помош на црева прицврстени за неговите нозе. Отпушоците од цигари претставуваат огромен ризик за океаните низ светот и тешко е рачно да се соберат а особено на јавните места како што се плажите. Поради тоа група од италијански научници создаде робот со четири нозе, кој е способен да ги пронајде отпадоците и да ги вшмука со помош на ...
Најголемиот светски производител на чипови TSMC, на 20 август свечено ќе го постави камен-темелникот на својата прва фабрика во Европа, поточно во германскиот град Дрезден, потврдија анонимни информирани извори за агенцијата Nikkei. На церемонијата ќе присуствуваат претседателот и извршниот директор на TSMC C.C. Веи и други важни достоинственици, што е знак на посветеност за инвестирање во Германија, додаваат изворите. Изградбата на фабриката во ...
Најновиот производ на Apple е дизајниран да се контролира со движења на очите и рацете, но дека тоа може да се прави и без раце, покажува новата технологија за интерфејс на мозок-компјутерот од Synchron. Американскиот Synchron, компанија која развива итерфејс за мозок-компјутер (BCI), објави дека за првпат успешно поврзал мозок на пациент директно со уредот за проширена реалност на Apple, Vision Pro. Станува збор за 64-годишен маж на кој му е ...
Напредни методи што Galaxy ги користи за да ги чува вашите податоци безбедни со функциите Приватно споделување (Private Sharing) и Подобрена заштита на податоци (Enhanced Data Protection) Загриженоста поради нарушувањето на приватноста и губењето на сопственоста на податоците станува сè почеста. Бидејќи технологијата продолжува сè повеќе и повеќе да се вклучува во нашиот секојдневен живот, нашата комуникација сè почесто се одвива онлајн, а тоа ...
Компанијата Nothing во март оваа година го претстави смартфонот Phone (2a), а сега пристигна и наследникот по име Phone (2a) Plus. Станува збор за понапредна верзија на Phone (2a), кој го покренува помоќен процесор и има нова селфи камера од 50 MP. Смартфонот е достапен во металик сива боја и малку поинаква нијанса на црна боја. Процесорот Dimensity 7850 Plus претставува значајна промена, а се работи за оверклокирана верзија на Dimensity 7200 ...
Компанијата BiVACOR го имплементираше првото целосно механичко срце, кое користи маглев технологија за пумпање крв Првпат во човечко тело е вградено целосно механичко срце произведено од компанијата BiVACOR, кое ја користи истата технологија како и брзите железнички системи. Овој потфат претставува голем чекор во спасувањето животи додека пациентите чекаат трансплантација на срце. Целосно вештачко срце било вградено како дел од студија во рана ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска го означи официјалниот почеток на работата на работната група за изработка на новата Национална стратегија за сајбер безбедност за периодот 2024-2028 година. Сајбер безбедноста е клучен аспект на националната безбедност и стабилност во ерата на рапидна дигитализација, рече Андоновски. „Новата Национална стратегија за сајбер безбедност ќе биде клучен документ кој ќе ја трасира ...
Македонски Телеком го продолжи трендот на раст и испорача силни финансиски резултати во првото полугодие на 2024 година. Успешното работење се должи на стратешките инвестиции во развој на мрежата и нови технологии, коишто доведоа до супериорни услуги и корисничо искуство. Нето добивката е во пораст од 7,4 проценти, а приходите од продажбата се зголемени за 2,5 проценти во споредба со истиот период од претходната година и изнесуваат 5.965 милиони ...
Qualcomm Snapdragon 4s Gen 2 е нов чипсет дизајниран за буџетските телефони со Android и ветува подобрени перформанси, подолго траење на батеријата и напредни камери. Qualcomm го претстави новиот чипсет Snapdragon 4s Gen 2, дизајниран за Android смартфоните со пониска цена за да ги зголеми нивните 5G брзини. Snapdragon 4s Gen 2 е поедноставена верзија на минатогодишниот Snapdragon 4 Gen 2. Најновиот чипсет од серијата Snapdragon 4 ветува Gigabit ...
Перењето пари се врши преку криптовалутите со цел да се прикрие потеклото и движењето на незаконски стекнатите средства, стои во извештајот на Chainalysis Во извештајот, кој ги разгледуваше трендовите и новите методи на перење пари, се вели дека криптото се користи за криминал надвор од синџирот, како што се трговија со дрога и измама. Причината е што криптото е „прекугранично, речиси моментално и генерално ефтино за трансакција“, пишува CNBC. ...
Global Brand Frontier ја прогласи Халбанк за најдобра во делот на исклучителни банкарски услуги во Македонија за 2024 година. Оваа престижна награда во банкарскиот сектор ја потврди лидерската позиција на банката во делот на услуги, нови иновативни производи и дигитализацијата со што се поставуваат нови стандарди во банкарската индустрија во Македонија. „Наградата е големо признание за нас, бидејќи врвната услуга, иновациите и новите производи ...
Неколку дена го користевме новиот преклопен смартфон на Samsung и ви ги донесуваме првичните впечатоци од неодамна претставениот Galaxy Z Fold6 НИКОЛА БУРАГЕВ Конкуренцијата во сегментот на преклопни телефони никогаш не била посилна. Кога Samsung ги лансираше Galaxy Z Fold и Z Flip уредите, тие немаа речиси никаква конкуренција, но ситуацијата сега е многу поинаква. Поради тоа, не изненадува тоа што Samsung воведе неколку промени во Galaxy Z ...
Компанијата OpenAI почна да ја воведува својата напредна функција Voice Mode, а помал број претплатници на ChatGPT веќе ја имаат на располагање и можат да водат разговори со AI четботот Сите претплатници на ChatGPT Plus треба да добијат пристап до проширениот сет алатки до есента оваа година. OpenAI објави преку социјалната мрежа X дека напредната верзија на функцијата Voice Mode „нуди поприродни разговори во реално време и му овозможува на ...
Најсилната снимена експлозија на гама-зраци во универзумот – GRB 221009A – ја погоди Земјата во октомври 2022 година и ја потресе горната атмосфера. Овој неверојатен настан веднаш го привлече вниманието на истражувачите ширум светот, но вистинската природа на експлозијата остана мистерија. Според новите сознанија, причина за овој феномен бил судирот на материјата и антиматеријата, кои биле уништени со неверојатна брзина од 99,9% од брзината на ...
Сребрен медал освои Петар Мирчевски од прилепската гимназија „Мирче Ацев“, а бронзен – Марио Ванчоски од гимназијата „Славчо Стојменски“ од Штип на 56. Меѓународна олимпијада по хемија од која утре завршува во Ријад, Саудиска Арабија. Успешно се претставија и средношколците Иван Костевски од „Славчо Стојменски“ од Штип и Елена Живаљевиќ од гимназијата „Јахја Кемал“ од Скопје. Ова е прво сребро за Македонија на светскиот натпревар. Ментори на ...
Кинески палеонтолошки истражувачки тим откри нов вид тираносаурус, кој живеел пред приближно 72 до 66 милиони години. Истражувачите го нарекоа новиот вид диносаурус Asiatyrannus xui по кинескиот научник Су Сјинг. Фосилот содржи череп, кој е речиси целосен, опашки пршлени и коски на задните екстремитети. Истражувачите веруваат дека ова е првиот тираносаурус со длабока муцка, откриен во јужна Кина. „Тираносауроидите се најкарактеристичната, ...
Наскоро македонскиот музички етер ќе биде побогат за четири нови песни, а македонската видео индустрија со четири нови видео-записи. Лара Иванова за првпат во нејзината музичка кариера, објавува компилација од четири новокомпонирани песни. За да се привлече вниманието на јавноста, доволна беше најавата дека Лара Иванова подготвува нешто ново, но по објавувањето на насловите на песните, љубопитноста и нетрпеливоста сѐ повеќе растат. Само лага, ...
Apple ги објави бета верзиите на iOS 18.1, iPadOS 18.1 и macOS Sequoia 15.1 кои вклучуваат некои од раните функции на Apple Intelligence. Новите верзии ќе се тестираат паралелно со тековните бета изданија на iOS 18, iPadOS 18 и macOS 15. Програмерите можат да изберат да се надградат на новите бета-верзии или да останат на стандардните iOS 18, iPadOS 18 и macOS 15. Функциите потоа може да се овозможат во поставките, но мора да чекаат одобрение да ...
Meta го претставува AI Studio, алатка што им овозможува на корисниците да креираат AI верзии од себе за да комуницираат со следбениците на Instagram и на интернет Meta отвора можност за корисниците да креираат верзии на вештачка интелигенција на Instagram или на интернет, користејќи нова алатка наречена AI Studio. Идејата е креаторите и сопствениците на бизниси да ги користат овие AI профили за да комуницираат со своите следбеници во нивно име. ...
Месечинатa, нашиот најблизок сосед во Сончевиот систем, полека се оддалечува од Земјата што може значајно да влијае врз нашиот секојдневен живот Истражувањето споведено на универзитетот Висконсин-Медисон покажало дека Месечината секоја година се оддалечува од Земјата за 3,82 центиметри. Според истражувањето коешто го спроведувал професорот по геонаука Стивен Мејерс. Тоа во далечна иднина, би можело да резултира со подолго траење на денот на ...
Sony во моментов подготвува авантуристичка игра слична на легендарната Mario, која е наменета за PlayStation 5 конзолата и инспирирана од маскотата наречена Astro Bot. Играта пристигнува во септември, а по тој повод компанијата претстави тематски контролор DualSense. На тачпадот се наошаат роботски очи, додека копчињата и рачките имаат сина боја со потпис на симпатичниот Astro Bot. Се работи за безжичниот контролер Astro Bot Limited Edition Dual ...
Realme 13 Pro серијата е официјално претставена, а кинескиот бренд се фокусира на обработка на фотографии со вештачка интелигенција. Се работи за моделите Realme 13 Pro и 13 Pro+, кои ја поседуваат Realme Hyperimage+ A архитектурата за фотографија, која комбинира водечка оптика, алгоритми за фотографирање со вештачка интелигенција и AI функции за уредување слики базирани на облак, како што се Smart Removal, Group Photo Enhancement и Audio Zoom. ...
Активирањето на функцијата на Chromebook уредите се врши преку новата икона на Google Lens, која ќе биде достапна од лентата за адреси, веднаш до ѕвездата за обележувачи. На почетокот на годината Google и Samsung воведоа нова функција за вештачка интелигенција наречена Circle to Search. Преку оваа функција се овозможува пребарување на се што е видливо на екранот со заокружување на објектот. Сега оваа функционалност стигнува до десктоп верзијата ...
Неодамнешната грешка во прелистувачот Chrome доведе до сериозен проблем за корисниците на Windows, кога нивните зачувани лозинки одеднаш исчезнаа. Околу 15 милиони корисници ширум светот не можеа да пристапат до нивните лозинки, што предизвика голем број поплаки. Оваа грешка се појави поради несоодветно имплементирана промена во Chrome, што предизвика лозинките зачувани во управувачот со лозинки на Chrome да не бидат видливи. Проблемот траеше ...