Во храмовите на Македонската православна црква – ОА денеска и во петок по литургијата на претходно осветени дарови, ќе биде отслужен парастос за жртвите во трагедијата во Кочани, а потоа и молитва за исцеление на повредените. – Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан повелува утре, среда, 19.3.2025 и в петок, 21.3.2025 г. по Претходноосветената Литургија да се отслужи Парастос за невино настраданите во трагедијата во ...

Неколку стотини млади луѓе, средношколци и граѓани на Крива Паланка вечерва во име на жртвите во Кочани се собраа тргнувајќи од градскиот парк, низ главната улица во градот, сѐ до зградата на општината на плоштадот „Карпошово востание“ каде што од вчера со палење свеќи на иницијатива на Советот на младите, се оддава почит на жртвите од трагедијата во Кочани. Собирот се организираше на иницијатива на групата млади луѓе, средношколци од градот, ...

Од основно училиште во Велес, пријавиле во полиција дека ученик врзал друго дете со лисици и му вперил пластичен пиштол во главата. На шестоодделенецот му бил одземен пиштолот, кој бил предаден на полицајци. За настанот бил известен јавен обвинител, Центарот за социјални работи Велес, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат попладнево од СВР Велес . Воедно од полицијата додадоа дека пиштолот бил ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека овие денови има зголемено присуство на полициски службеници на територија на цела држава, особено во градот Кочани и околу општинската зграда. Зголемениот број на полициски службеници е поради извршување на службени активности и обезбедување на документација од општината, а не заради попречување на граѓаните во нивното загарантирано со Устав право на собирање и одржување на протест. ...

Српскиот портл Информер, чии новинари се во Кочани, информираат дека сопственикот на дискотеката на смртта во која во неделата загинаа 59 млади луѓе, имал и склад за гориво, кој се наоѓа на само 50-тина метри од објектот. Според Информер, има затрупан резервоар за нафта на околу 50 метри, а според мештаните таму наводно има околу 10 тони нафта. Мештаните ја одвеле екипата за да им покажат каде е отворот. -Негова фирма е ова, велат луѓето ...

Вечерва во 18:00 на плоштад Македонија се собираме за заедништво и сочувство, за да се погрижиме едни за други во овие најтешки моменти, пишува граѓанското здружение „Кој е следен“. Најавуваат во 18:59 часот да започне 16 минутен молк за оддавање почит кон жртвите. Носете вода и благо – за себе и за секој кому му е потребно. Ако некому му се слоши или почувствува непријатност, редарите ќе бидат блиску за помош. Грижата е заедничка, да внимаваме ...

„Почитувани медиуми, портали, сите што известувате за оваа трагедија, Размислувате ли пред да објавите? Ги гледате ли насловите што ги пишувате? Дали сте свесни дека овие имиња што ги објавувате не се само бројки.Тоа беа нечии деца. Нечии браќа, сестри, родители. Овој град е мал. Секој од нас загуби некого. Секој од нас познава барем две три жртви. И секој од нас ќе живее со оваа болка засекогаш. Дали за вас е „добра содржина“ да објавувате ...

Град Скопје денеска на вонредна седница одлучи да додели шест милиони денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани. Единствената точка на дневниот ред беше изгласана со 40 гласа „за“, без ниеден глас „против“ или „воздржан“. Ова е првична помош, а Град Скопје најавува дека ќе додели и дополнителна помош. Покрај градската администрација, во координација со советниците, в.д. градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска ...

Во моментот во зградата на Општина Кочани се влезени претставници од надлежните институции кои треба да ја подигнат потребната документација во врска со надлежностите на општинската администрација околу дозволите и работењето на дискотеката „Пулс“. Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат информацијата, но од Обвинителството засега нема официјална информација дали нивни обвинители се влезени во општинската зграда. Во дискотеката ...

Во врска со трагедијата во Кочани, Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените. Ова се моменти на тага и солидарност, кога сите мора да покажеме одговорност и почит кон жртвите. Во јавноста се пласираат шпекулации и дезинформации во врска со бројот на загинатите. Владата со целосна одговорност потврдува дека бројот на жртви е 59. Сите други тврдења за 100 или 120 загинати се неточни и неосновани. Ваквите ...

„Oсум пациенти кои вчера пристигнаа во Србија, тројца се на респитатор, а сите имаат изгореници на респираторниот тракт и се во животна опасност“, изјави денеска за „РТС“ Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при Клиничкиот центар на Србија. Тој изјави дека во понеделникот пристигнале осум пациенти со сериозни повреди опасни по живот. Изгорениците зафатиле до 25 отсто од нивните тела, а од осумте ...

Судија на претходна постапка им одреди „краткотраен притвор“ од 48 часа на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, на поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и на уште 12 лица осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. – Судот во Кочани го прифати барањето на обвинителството по предлогот за определување мерка краткотраен притвор за сите 14 осомничени лица. Изречена е мерката краткотраен ...

Приоритет ни е завршувањето на обдукциите и идентификацијата на луѓето, за да може роднините да си ги подигнат телата, изјави за МИА, Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина и криминалистика, во врска со обдукциите на жртвите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, што се случи рано утрото во неделата. Тој подвлече дека постапката ќе биде завршена, тогаш кога ќе заврши обдукцијата и идентификацијата на сите тела. Затоа ...

Синоќа околу 21 часот во населбата Љубиќ кеј во Чачак се случи двојно убиство. Според информациите кои како што пренесувааат тамошните медиуми се уште не се официјално потврдени, синот е осомничен дека со нож ги убил татко си и мајка си. – Телата се пронајдени во станот, а осомничениот син е пронајден три часа подоцна во селото Сврачковци. Се претпоставува дека пеш тргнал кон Белград – раскажува за РИНА извор запознаен со случајот. Според ...

Започнува теренска контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клубови по што властите ќе излезат со детални информации. Почнувањето на контролите вчера го најави премиерот Христијан Мицкоски по координативниот состанок со директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на кој се разговарало за досегашните постапки кои се преземани од надлежните институции и ...

Наталија Ѓоргиеска, сопруга на загинатиот Андреј Ѓоргиески од бендот ДНК, се обрати до јавноста и порача да не се штитат тие кој треба да се зад решетки. „Во овој момент, кој е најтежок за нас, медиумите и државните институции, ме предизвикувате за првпат да се обратам до македонската јавност. Во текот на вчерашниот ден, по потрага на својот сопруг Андреја Ѓорѓиески, да го најдам во некоја од болниците, на домашна адреса не посетила ...

Мобилни тимови составени од психијатри и психолози ќе обезбедуваат психолошка поддршка за семејствата и пациентите од трагичната несреќа во Кочани. Сите кои имаат потреба од советување или помош, достапна е телефонската линија 078 378 754, преку која стручни лица ќе обезбедуваат психолошка поддршка. Како што информира Министерството за здравство, мобилните тимови се формират во координација со ЈЗУ Психијатриска болница и Клиниката за ...

Цело Кочани е на протест, барајќи правда од институциите по трагичната несреќа во клубот „Пулс“. Младите кои ја преживеаја оваа незамислива трагедија, со транспаренти во рацете, испраќаат моќни пораки: „Нека ви гори совеста како што гореа невините жртви!“ Ова не е само израз на болка и жалост. Ова е барање за одговорност. Ова е крик за правда. „Во војна не умираат луѓе како во овој ефтин, скапан мир!“ – оваа порака одекнува низ улиците на ...

Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов поднесе неотповиклива оставка од функцијата по трагичната несреќа во Кочани во која загинаа 59 лица. – Оваа загуба е огромна! Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. Тие деца беа наши деца. Ги познавав повеќето од нив, ги познавав и нивните семејства, а со дел од нив и семејни пријатели. Шокот и скршеноста што ги чувствувам ќе траат целиот мој живот. Оваа трагедија ги ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека досега е извршена обдукција на околу 15 лица кои настрадаа во дискотеката во Кочани. Увидот уште се врши, рече Тошковски, а 45 лица се во критична состојба и се транспортираат во странство. Приведени се пет лица на територијата на СВР Скопје и СВР Тетово, меѓу кои и поранешен министер, како и 13 лица на подрачјето на СВР Штип од кои 11 се во краткотраен притвор од 48 часа. Како ...

Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека состојбата на повредените од трагедијата во Кочани е под контрола, но предупреди дека 20 пациенти се во покритична состојба и дека во следните денови се можни компликации. „Одржавме состанок со кризниот штаб и направивме пресек на состојбата. За среќа, сите пациенти кои беа донесени низ болниците се стабилни. Сепак, се јавува нов проблем – пациенти кои вчера не се пријавиле, денеска се ...

Околу 15 специјалисти од Белград и од Чешка се пристигнати во државава да помогнат за лекување на повредените во катастрофалниот пожар што се случи во дискотека во Кочани во кој, според последните официјални информации загинаа 59 лица, а 155 повредени. Се очекува да пристигнат и специјалисти од Израел. Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека тие ќе бидат распоредени по клиниките каде има потреба. Таравари појасни дека дел од ...

Возач на брза помош кој цела ноќ ги превезувал повредените во страотниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, починал утринава. Српски Информер од свои извори дознава дека несреќниот маж починал откако цела вечер помагал да се спасат животи. Засега не е познат неговиот идентитет ниту повеќе детали. Досега животот го загубија 59 лица а над 150 се повредени. Утрово се врши увид пред дискотеката Пулс. Обвинителството до овој момент поведува ...

Обвинителскиот тим кој ја води истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани е проширен и сега го сочинуваат девет јавни обвинители: двајца од ОЈО Кочани, двајца од ОЈО Штип и петмина од ОЈО Скопје. Синоќа биле издадени повеќе дополнителни наредби, меѓу кои и наредба за пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството за економија, како и наредба за графолошко вештачење на потписи на одредена документација. ...

Пејачката Јелена Томашевиќ проговори за страшната трагедија што ја потресе Северна Македонија, каде што најмалку 59 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во пожар во дискотека во Кочани. Таа се прости од трагично загинатите членови на бендот на „ДНК“, меѓу кои и тапанарот Горги Горгиев. – Нека ви бидат светли Господовите патишта за вас и членовите на вашиот бенд „ДНК“, како и за сите оние кои прерано заминаа со вас во царството небесно. ...

Триесетгодишниот Тоше Богданов е еден од 59-те загинати во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според српскиот Телеграф, Богданов излегол со пријателите да го прослави раѓањето на својот син. Тој бил од Облешево, работел како автомеханичар и живеел со сопругата, која, според неофицијални информации, се породила неколку дена пред трагедијата. „Тоше доби син и излезе да го прослави раѓањето на своето дете со пријателите. Сакаше да ги ...

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски синоќа упати апел за молитва за сите повредени во трагедијата во Кочани. Таа објави дека Владимир, попознат како Панчо од ДНК, е на апарати, а неговата здравствена состојба е влошена. „Да се молиме за сите кои се борат за живот вечерва. Да се помолиме и за Владимир Панчо, мојот мал Буцо од детството, кој ме носеше на пица да ме части, а имаше само 12 или 13 години. Буцо кој е голем борец, патриот, ...

Смртта на Андреј од популарното дуо „ДНК“ ги вознемири неговите колеги и пријатели. Познати Македонци ообјавија трогателни пораки на социјалните мрежи. „Најмангуп беше од сите. Срце планина. Толку искрен и реален. Ретко кој можеше да те сфати! Секогаш ќе те паметам по твојата насмевска и блесава смисла за хумор. Патувај и пеј таму горе. Ќе фалиш бескрајно“, објави на социјалните мрежи пејачката Тамара Тодевска. Се огласи и водителката и ...

Андреј Ѓоргиески, еден од членовите на дуото ДНК, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани. Веста за неговата смрт Телма ја дознава од неговото семејство. Исто така музичарот Филип Стевановски од Куманово- придружен член на дуото ДНК загинал во пожарот што ја зафати дискотеката „ Пулс“ во Кочани, јавува штипската телевизија Тв Стар. Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор , а магистрирал jazz музика. Работеше во ...

На петмина се искачи бројот на починати Штипјани, меѓу кои и директорот на Центарот за Култура, Филип Стевановски. Според информации на Тв Стар, последното идентификувано починато лице било вработено во штипско основно училиште. Претходно потврдена е смртта на четири лица, меѓу кои и на директорот на Центарот за култура на Штип, Филип Стевановски. Веста дека Стевановски е можеби меѓу загинатите се прошири утрово откако граѓаните забележаа дека ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
51%
1017
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
3.09
49%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
42%
1014
weather icon

Софија

13ᴼ / 12ᴼ
5.66
53%
1018
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
7.82
45%
1015
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
1.79
50%
1014
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
3.58
41%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
52%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
49%
1016
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
6.26
47%
1010
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
62%
1013
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
5.14
72%
1013
Currency

61.6117

Currency

52.9185

Currency

70.321

Currency

34.6809

Currency

37.8009

Currency

66.4876

Currency

7.44276

Currency

0.66153

Currency

0.34775

Currency

0.52554

Currency

1.26114

Currency

0.60001