На крајот на јуни повеќе од 200 вработени од компаниите „Нелт“ и „Неопланта“ се собраа на Јахорина за да го одбележат лансирањето на асортиманот од живина на Patelina на пазарот во БиХ. Претставниците од „Неопланта“ од секторот за производство, контрола на квалитет, планирање, маркетинг, развој и продажба, кои учествуваа во креирањето на целиот концепт на настанот ја истакнаа одличната атмосфера за време на престојот во хотелот „Термаг“. ...

„Подравка“ свечено го отвори модернизираниот објект на пекарницата на „Жито“ во Марибор, во кој се зголемени производствените капацитети и имплементирана е автоматизација како дел од инвестицијата вредна 9 милиони евра. Ваквата инвестиција е дел од повеќегодишниот процес во кој во „Жито“ до крајот на годинава ќе бидат инвестирани над 26 милиони евра . Со осовременувањето на пекарницата на „Жито“ во Марибор ги зголемуваме капацитетите во ...

„Волт маркет“ неодамна одбележа две години од работењето во Србија, како уникатен концепт на онлајн продавница со понуда во која се вклучени повеќе од пет илјади артикли, меѓу кои, може да се најде свежа храна, како различни видови на друга храна и непрехранбена производи. „Волт маркет“ моментално е достапен за потрошувачите од Белград, Ниш и Нови Сад, а за две години од своето постоење на пазарот Србија стекна голем број партнери и ...

Со отворањето на новиот модерен супермаркет на „Плодине“ во Лепоглава, продажната мрежа на компанијата ја достигна бројката од 137 отворени продавници во Хрватска и ја потврди нејзината експанзија во континеталниот дел од земјата. Со богатата понуда од познати брендови и широкиот асоритиман од трговски марки на купувачите им се нуди голем избор и поволни цени кои се исти на копно и на море. Со овој проект се отворија нови работни места, а се ...

Според најновото истражување на компанијата „Вич“, „Алди“ е прогласен за најефтин супермаркет за месец јуни. Месечното истражување на компанијата покажало дека кошничка со 65 артикли од „Алди“ во јуни изнесувала вкупно 118,41 фунти, што е за 32,60 фунти помалку отколку во најскапиот супермаркет „Веитрос“. За втор најскап супермаркет покрај „Виетрос“, е прогласен „Окадо“ каде што потрошувачката кошничка изнесува 144,06 фунти. Во месечното ...

Во наредниот период „Мигрос“ ќе биде фокусиран на пониски цени, развој на продажната мрежа, проширување на асортиманот од приватните трговски марки и подобрување на ефикасноста на работната сила. Ширењето на асортиманот од приватните трговски марки претставува „јасен крај“ на стратегијата која досега е воведена, изјави Марио Ирмингер, директор на „Мигорс“ во интервју за швајцарскиот магазин „Сонтас зајтунг“. Ирмингер прави проценка на ...

„Лидл“ – Португалија инвестира над 11 милиони евра во отворање на две нови продавници како дел од стратегијата за ширењето на продажната мрежа. Првата од двете продавници е отворена во Синтра – Мем Мартинс, таа е на површинаод 1.300 метри квадратни и во неа се вработени 36 лица. Втората продавница се наоѓа во градот Виера де Леириа, таа е на иста површина како и првата продавница и во неа се вработени 29 лица. Инвестициајата во оваа ...

Компанијата „Пладис“ која е втор најголем производител на бисквити во светот е новиот принципал на компанијата „Нелт Европа“. Компанијата „Пладис глобал“ е сопственик на многу светски познати брендови, а на пазарот во Словенија, „Нелт“ ќе има можност да го оправда довербата и да ги дистрибуира брендовите како McVities и Ülker, изјави Милена Вушак, извршна директорка на „Нелт група“ за пазарот во Хрватска и Словенија. Покрај овие брендови, во ...

„Житопроизвод“ во соработка со компанијата „Сигнифико“ од Загреб воведе четбот заснован на ВИ. Со голема радост го претставуваме нашиот нов четбот – Карла! Со оглед дека во нашето работење секогаш ги следиме трендовите, па така и во овој сегмент со гордост можеме да кажеме дека сме од првите компании од прехранбенета индустрија во Хрватска кои на специфичен начин ја користат ВИ. Водечките светски компании во краток временски период воведоа ВИ ...

Според податоците на Меѓународната организација за кафе, светските цени на кафето го достигнаа највисокото ниво во последните 13 години, откако во јуни беше забележан пораст од 8,9 отсто во однос на претходниот месец. Актуелното зголемување на цените помеѓу другото е поврзано со моменталната лоша ситуација со жетвата во Виетнам и Индонезија, како и намалениот принос од жетвата во Бразил. Порастот на цените на различни начини влијаел и на ...

Од први јануари годинава, на самиот врв најголемиот малопродажен синџир на српскиот пазар „Делез – Србија“, дојде до промена откако Горица Јововиќ беше именувана за привремен генерален директор. Во продолжение следува разговорот со Горица од кој, меѓу другото, ќе дознаете какви ѝ се идните планови за развој на компанијата, а особено ми е многу мило што за своето прво интервју таа го избра магазинот InStore. Разговараше: Ана Филиповиќ, ...

Компанијата „Теско“ со цел да го намали јаглеродниот отпечакот, во својот возен парк воведе 50 камиони кои користат биометан. Новите камиони со кои ќе се управува во трговскиот транспортен партнер „ДХЛ“, ќе доставува производи од продавниците до дистрибутивните центари на компанијата во Даблин. Секој камион е дизајниран да поминува 700 киломентри со полн резервоар со биометан, тоа ќе биде доволно камионот да дојде до било која од 177 ...

„Дтл Персу“ отвори нов дистрибутивен центар во Зрењанин кој значително ќе ги унапреди логистичките капацитети на компанијата и ќе овозможи побрза и поефикасна дистрибуција. На официјалното отворање, покрај министерот за внатрешна и надворешна трговија, г-дин Томислав Момировиќ, присуствуваа и претставници на локалната самоуправа и градоначалникот на Зрењанин, Симо Салапура, деловни партнери, како и бројни медиуми. Настанот започна со сечење ...

Со цел да им се даде неопходна помош во храна на оние на кои им е најпотребна, трговскиот синџир „Макси“ покрена со програма за директно донирање на вишокот на храна на граѓаните. Оваа е прва ваква акција во Србија. Во соработка со волонтерите од Банката за храна – Војводина и компанијата „Смурфит капа“, „Макси“ започна со секојдневно делење на бесплатни пакети на храна на вкупно 14 локации низ Србија. Во Белград се одредени седум пунктови ...

Народната банка ги објави податоците за „зелените кредити“ за првиот квартал од 2024 година, каде што се забележува годишен раст од 26,37%. Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, „зелените кредити“ се зголемени за 2,8 пати. Зелените кредити се заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како ...

„Лидл“ – Словенија се приклучи на иницијативата „Месец без пластика“, која се одржува секој јули во организација на „Фондацијата без пластика“, а целта е да се поттикне намалувањето на употребата на пластичните производи за еднократна употреба и да ја подигне свеста за загадувањето од пластика. Минатата година компанијата во соработка со „Интерзеро Словенија“ ја организира акцијата „Шишиња за јунаци“, во кој беа собрани над 600.000 шишиња. ...

Португалскиот трговски синџир „Пинго доце“ ги престави повеќекратните торбички за леб кои се целосно направени од памук. Во моментов португалскиот трговски синџир на потрошувачите им нуди неколку опции кога е во прашање амбалажата, како на пример: мрежести еко ќеси, памучни ќеси за повеќекратна употреба, ќеси од 60% рециклирана пластика, хартиени ќеси и мрежести ќеси за овошје и зеленчук. Овие иницијативи со текот на годините придонесе во ...

Според извештајот од Институт за економски истражувања „Ифо“ од Минхен, околу 11 отсто од германските компании на вработени им нудат четиридневна работна недела. Како што се наведува во извештајот, само два отсто од компаниите во Германија планирале да воведат четиридневна работна недела, 19 отсто разговараат за нејзиното воведување, додека 38 отсто од компаниите не се занимаваат со оваа тема, а 30 отсто тврдат дека ваквото скратување на ...

„Карлсберг АС“ постигна договор за преземање на британскиот производител на безлакохолни пијалаци „Бритвик Плц“. Постигнатиот договор е во вредност од 3,3 милијарди фунти. Данскиот производител на пиво понуди 1,315 пени по акција, за да го прошири своето присуство на британскиот пазар надвор од секторот „пиво“. Одборот на „Бритвик“ ја поддржува понудата,пренесува „Блумберг“. Претходно, „Карлсберг“ дал две понуди од 1.200 пени и 1.250 пени по ...

Годинава „Нестле“ пречекува 17 студенти и дипломци од Србија како дел од програмата за платена практикантска работа „Самер кул“. Почнувајќи од 8 јули, овие млади таленти од Србија ќе се приклучат на група студенти од Бугарија, Романија, Хрватска и Украина во интерактивна четиринеделна програма. Со поддршка на повеќе од 60 професионалци од компанијата, програмата ќе им даде можност на учесниците да научат за различни области како што се ...

Германскиот институт за вино, „ДВИ“ соопшти дека германските производители на вино најмногу произведувале бело вино, кое покрива две третини од домашното производство на квалитетно вино. Уделот на белото вино во производството во 2023 година бил ист како и во претходната година. Меѓу во вината со ознака за квалитет и предикатни вина, уделот на црвените вина останува на 21 отсто, а на розето 13, отсто, изјави Ернст Бушер, портпарол на „ДВИ“. ...

„Дијаџио“ започна со изградба на нова карбонски нутрална пиварница во градот Килдер во Ирска, чија вредност ќе биде 200 милиони евра. Пиварницата годишно ќе произведува 2 милиони хектолитри годишно, а во неа ќе се произведуваат брендовите Rockshore, Harp, Hop House 13, Smithwick’s, Kilkenny и Carlsberg. Новата пиварница претставува голем чекор за „Дијаџио“ во Ирска но и глобално. Пиварницата ќе ни помогне да продолжиме да ги произведуваме ...

Организацијата за храна и земјоделство на ООН (ФАО), соопшти дека светските цени на прехранбените производи во јуни останале непроменети. Како што соопштуваат од ФАО, растот на цените на шеќерот, млечните производи и растителното масло во овој период бил надоместен од падот на цената на житариците. Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги следи месечните промени во меѓународните цени на збир на глобално тргувани прехранбени производи, во ...

„Шпар“ во соработка со компанијата „Екотекстил“ пред шест свои продавници постави контејнери за собирање на стар текстил. На глобално ниво, текстилната индустрија е еден од најголемите загадувачи, а во Словенија годишно се фрла околу 17.000 тони на текстил. Текстилот кој ќе биде собран во овие контејнери, „Шпар“ ќе го проследи до „Екотекстил“ кои ќе се погрижат овој материјал повторно да биде употребен или рециклиран. Од компанијата ...

Руската компанија „Лента“ ќе започне со производство сопствени брендови на рум, виски и бренди, пренесува „Комерсант“. Компанијата поднела барање до Федералната служба за интелектуална сопственост за создавање на брендовите Sea Legend Rum, Harebridge и Beagle’s Blend. Од неодамна компанијата соошти дека лансира нова формат на продавници под името „Вингараж“ кои ќе бидат фокусирани на продажбата на алкохол. Досега се отворени две вакви ...

На претстојниот Октоберфест цената на пивото ќе се зголеми во просек за 3,9 отсто, а за првпат познатата литарска кригла ќе надмине 15 евра, објавија во средата минхенските власти, пренесе германската новинска агенција „Дпа“. Имено, на фестивалот во баварската престолнина криглата ќе чини од 13,60 до 15,30 евра. Опсегот лани беше 12,60 – 14,90 евра. Градот како организатор на Октоберфест проверува дали понудената цена е разумна. Притоа тие ...

Компанијата „Виндија“ соопшти дека остварените приходи за 2023 година изнесуваат 539 милиони евра, што е пораст за пет отсто во однос на претходната година. Ревидираните финансиски извештаи на компанијата покажуваат дека во тој период нето добивката пораснала за 170% и изнесува 36,5 милиони евра. Меѓутоа, продажбата на компанијата имала пад во количината, а порастот на просечните продажни цени на млекото и соковите била 12%, на месото 11%, ...

Стопанската комора на Северна Македонија, организираше бизнис дружење со членките, со цел преку неформална средба, да се разменат искуства, дилеми, предизвици со кои се соочуваат компаниите. Во комплексот „Белви“ во Скопје се собраа претставници на повеќе од 50 најголеми, најуспешни и најлојални членки на Комората, дел од членките на Управниот и Надзорниот одбор на Комората, Советот на странски инвеститори. Тие со вработените во Комората имаа ...

„Меркатор“ отвори нов хипермаркет во населбата Косезе во Љубљана, на на отворањето пред пристутните се обратија градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ и Само Горјуп, извршен директор за малопродажба во „Меркатор“. Објектот има површија од 1.755 квадрати метри, поседува 150 паркинг места и на потрошувачите во него ќе им бидат достапни над 15.000 производи, меѓу кои и свежо месо, зеленчук, овошје и деликатеси. Посебен акцент при креирањето ...

Конференцијата на ОН за трговија и развој (УНКТАД) соопшти дека доколку постоечките позитивни трендови продолжат, оваа година глобалната трговија ќе достигне до 32.000 милијарди долари. Глобалните трговски трендови во првиот квартал од годинава бележат позитивни резултати, така што вредноста на размената на стоки имала пораст за околу еден отсто во однос на претходниот квартал, а кај услугите порастот е за околу 1,5 отсто. Се очекува дека ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
81%
1005
weather icon

Белград

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
84%
1008
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
76%
1008
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
5.14
77%
1007
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
5.05
84%
1010
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
82%
1007
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
4.02
68%
1005
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
66%
1003
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1003
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
6.17
82%
1010
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
3.09
93%
1009
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
7.2
93%
1006
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

3663.67

Паладиум

54624.12

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Злато

156424.63

Рутениум

45750.51

Родиум

355265.75

Бакар

11.99

Цинк

3.34

Калај

54.25

Алуминиум

3.15

Кобалт

64.04