
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Трговскиот синџир „Гомекс“ го отвори својот прв маркет во Ѓурѓево, а повторно ги отвори вратите и на својата реновирана продавница во Шабац. Жителите на Ѓурѓево ја добија првата продавница на „Гомекс“ која е лоцирана на адресата Крал Петар I, 53. Оваа продавница е над 300 квадратни метри и во неа се нуди широк асортиман на производи, вклучувајќи свежо овошје и зеленчук, како и леб и пецива од сопствената пекарница. После повеќенеделно ...
Потрошувачката за храна и намирници се зголемила за 42 отсто во Париз за време на првиот викенд од Олимписките игри, покажаа новите податоци на „Виза“. „Виза“, која што е главен спонзор и на Олимписките и на Параолимписките игри, сподели податоци за моделите на трошење на потрошувачите во пресрет на игрите и откри дека малите бизниси забележале раст на продажбата за 26% на годишно ниво во текот на првиот викенд на најголемиот спортски настан во ...
Компанијата „Баерсдорф АГ“ неодамна одржа церемонија за поставување на камен темелник на својот нов, најсовремен логистички центар во северниот дел на Лајпциг. Во овој проект ќе бидат инвестирани повеќе од 200 милиони евра. Според првите најави, изградбата ќе заврши во 2027 година, а центарот треба да отвори околу 450 нови работни места. Овде, во срцето на Европа, инвестираме повеќе од 200 милиони евра во нашиот најголем и најмодерен логистички ...
Земјите потписнички на иницијативата за договор за електронска трговија во рамките на Светската трговска организација (СТО) за првпат по преговорите го објавија текстот на идниот договор за електронска трговија. Во рамките на СТО, на 26 јули беше објавена заедничка декларација на земјите учеснички во плурилатераната иницијатива за електронски бизнис (е-трговија). Текстот на договорот за електронска трговија ги прикажува првите глобални правила ...
Започна со работа новиот „Кам“ маркет во „Блис мол & Ритејл парк“ во Битола. Маркетот е распространет на вкупна површина од 563м² и има капацитет од над 200 паркинг места. Новиот маркет нуди голема прегледност при пазарењето и богат асортиман на производи по ниски цени, вклучувајќи: Млечни и месни производи, топли и крцкави печива, богата понуда на овошје и зеленчук, хемија и козметика, широка палета на алкохолни и безалкохолни пијалаци и ...
„Еуростат“ објави дека минатата година во ЕУ биле произведени 3,2 милијарди литри сладолед, што е за 1,4% помалку од 2022 година, кога биле произведени 3,3 милијарди литри. Меѓу земјите-членки на ЕУ, Германија била главен производител на сладолед со 612 милиони литри, пред Франција со 568 милиони литри и Италија со 527 милиони литри на сладолед. Германија го произведувала и најевтиниот сладолед по цена од 1,8 евра за литар. Сладоледот што го ...
Компанијата „Воли трејд“ доби зелено светло за изградба на трговски центар и административна зграда на местото на поранешната фабрика „Радоје Дакиќ“ во Подгорица. Имено, Агенцијата за заштита на животната средина донесе решение во кое се наведува дека не е потребно да се изготвува елаборат за оцена на влијанието врз животната средина за изградба на овие објекти. Со оваа одлука на Агенцијата, „Воли“ е на чекор до реализација на инвестицијата во ...
Компанијата „Универекспорт“ го отвори својот реновиран продажен објект во Кикинда кој се наоѓа на адреса Белградска бб. Со реновирањето на овој објект се опфатени сите аспекти на реконструкција и „Универекспорт“ е подготвен да ги прими своите потрошувачи во унапредениот и модернизиран простор, соопштуваат од компанијата. Објектот е со површина од 772 квадратни метри во кој се сместени над 8.000 артикли од различни категории. Продажниот простор ...
Според податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС) трошоците на живот во Македонија пораснале за 0,7 отсто во јули во споредба со јуни. Зголемувањето на инфлацијата во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: ресторани и хотели за 5.8 %, транспорт за 4.9 %, рекреација и култура за 1.2 %, здравје, разновидни стоки и услуги за 0.6 %, домување, вода, електрика, гас ...
Бродската компанија „Маерск“ соопшти дека очекува да продолжи растот на глобалната побарувачка за контенјерски транспорт во следните квартали, но овој раст ќе биде со бавно темпо поради пазарните ризици. Минатата недела од компанијата ги потврдија прелиминарните резултати за вториот квартал, во кој по трет пат од мај ги зголемија своите прогнози, а како причина за тоа ги наведоа повиските цени после кризата во Црвеното море и солидната ...
Прометот во малопродажбата во еврозоната во јуни паднал за 0,3 отсто во однос на претходниот месец кога бил забележан пораст за 0,1 отсто. Според податоците на „Еуростат“ прометот во ЕУ во јуни бил намален за 0,1 отсто во однос на мај кога бил забележан пораст за ист процент. Во еврозоната јуни најголем пад имало кај проджбата кај храната, пијалаците и тутунот за 0,7 отсто и за 1 отсто во ЕУ, утврдил „Евростат“. Во продавниците кои имаат широка ...
Фондот за заштита на околината на федерацијата БиХ објави повик за спроведување на мерки за енергетска ефикасност во микро, малите и средни економски субјекти за 2024 година. Вкупниот износ на буџетската подршка од ЕУ кој е на располагање за овој проект е над два милиони евра, а повикот за поднесување на пријави е до први септември, додека рокот за реализација на мерките е најдоцна до први декември годинава. Повикот е поделен на две дела во кој ...
Фондот за заштита на околината на федерацијата БиХ објави повик за спроведување на мерки за енергетска ефикасност во микро, малите и средни економски субјекти за 2024 година. Вкупниот износ на буџетската подршка од ЕУ кој е на располагање за овој проект е над два милиони евра, а повикот за поднесување на пријави е до први септември, додека рокот за реализација на мерките е најдоцна до први декември годинава. Повикот е поделен на две дела во кој ...
Според германскиот сојузен Завод за статистика „Дестатис“, вредноста на извозот во јуни во Германија бележи пад за 3,4 отсто, или на шестомесечен минимум од 127,7 милијарди евра. Како што се наведува од „Дестатис“, извозот во земјите од ЕУ во јуни паднал за 3,4 отсто во однос на претходниот месец на 69,7 милијарди евра, а извозот во т.н. трети земји за 3,5 отсто или на 57,9 милијарди евра. Германскиот извоз во САД има пад за 7,7 отсто на ...
Нето профитот на „Карфур“ во вториот квартал во Бразил достигнал до 330 милиони бразилски реали или 54 милиони евра, споредено со остварената загуба од 249 милиони бразилски реали (41 милиони евра) во вториот квартал минатата година. Прилагодената ЕБИТДА маржа на компанијата е подобрена за 0,6 процентни поени на 5,7% и е поттикната од порастот во сите единици, вклучувајќи ги и трговските синџири „Атакадао“ (+7,4%), „Самс клуб“ (+2,5%) и „Карфур“ ...
AI и ML ќе им овозможат на бизнисите полесно да ги предвидат трендовите на побарувачката, да ги оптимизираат нивоата на резерви и да идентификуваат потенцијални прекини во синџирот на снабдување во реално време Пишува: Бобан Младеновски, менаџер за транспорт во „Теско“, Boban.Mladenovski@tesco.com Роботиката и автоматизацијата се развиваат со голема брзина и стануваат клучни за синџирите на снабдување и управување. Ова се јавува како резултат ...
Заводот на статистика на Словенија соопшти дека потрошувачките цени во јули пораснале за 1,3% на годишно ниво, после порастот во јуни од 1,5%. Најголем придонес во годишната инфлација од 0.4 проценти поени имале повисоките цени во рестораните и хотелите (+6,1), потоа следуваат цените на алкохолните пијалаци и тутунот (+5,2), разни добра и услуги (+4,3%) и производите и услугите за рекреација и култура (+3%) за 0,3 процентни поени. Мерено според ...
Компанијата „Марс“ во чиј асортиман на производство се познатите чоколада Mars и Snickers, како и бонбоните M&M’s, ја истражува можноста за аквизиција на „Келанова“ која производител на познатите грицки Cheez-It и Pringles. Овој договор би бил еден од најголемите во историјата на секторот за пакувана хранам со оглед на тоа што вредноста на „Келанова“ е околу 27 милијарди долари ( вклучувајќи го и долгот) и тој би бил тест апетитите на ...
Над 53% од професионалците во малопродажбата изјавија дека ескалацијата на промотивните иницијативи ќе биде стратешки приоритет во следните 12 месеци, додека 68% изјавија дека во тој период приоритет ќе им биде и намалувањето на оперативните трошоци. Пишува: Рабија Јасмин, виш консултант во „Еуромонитор интернационал“ Во текот на 2023 година глобалната малопродажба забележа благо закрепнување, растејќи од 1% во постојани услови (т.е. по ...
Највисок процент од испитаниците одговорија дека пазарат во супермаркетите (85%), што е за само 1% процентен поен повеќе од лани. Во споредба со 2021 година, разликата 4 процентни поени. Ова значи дека постои тренд на зголемување на пазарењето во супермаркетите. Пишува: Калина Медаровска-Михајловска, БРИМА БРИМА, која е прва агенција за истражување на јавното мислење и пазарот во Северна Македонија, повеќе од дванаесет години го спроведува ...
Хрватска која има најниска стапка на невработеност, во моментов бележи пораст на бројот на работници од странство. Годинава се издадени околу 73.000 работни дозволи за странски државјани, а се претпоставува дека до крајот на годината овој број ќе биде поголем. Работниците од странските држави сега сочинуваат околу 40% од вкупната работна сила во градежништвото. Сајнин Пуриќ, кој е директор на градежна компанија, вели дека главно вработуваат ...
Жедта за пиво во Германија не ја поттикна ниту Европското фудбалско првенство. Според најновите статистички податоци, во првата половина од годината, со вкупно 4,2 милијарди литри, домашните пиварници продале 0,6 отсто помалку пиво отколку во првата половина на 2023 година. Само на домашниот пазар, продажбата на годишна основа е значително намалена, за 0,9 отсто на 3,4 милијарди литри. Германија беше домаќин на Европското фудбалско првенство, ...
Европската комисија покренува постапка против сите земји членки на ЕУ поради неисполување на законските цели за собирање и рециклирање на отпадот, како и поради неисполнување на Директивата за амбалажа и амбалажен отпад со која се очекуваше да се рециклираат од 55 до 80% од амбалажниот отпад. Најновите достапни податоци кои ги пријавиле земјите членки на ЕУ сугерираат дека ниедна не успеала да ги исполни целите за собирање и рециклирање на ...
Како што пренесува француската новинска агенција „Афп“, залихите на ориз во јапонскиот приватен сектор во јуни изнесувале 1,56 милиони тони што е пад од 21 отсто во однос на претходниот месец и оваа количина е најниска од 1999 година кога почнале да се собираат податоците. Јапонското министрство за земјоделство, шумарство и рибарство смета дека високите температури од минатото лето, кои ја загрозија жетвата се главниот виновник. Главните ...
Според податоците на „Монстат“ просечната заработувачка за јуни во Црна Гора, без пресметан данок и придонеси изнесува 838 евра и е за 0,7 отсто поголема во однос на мај. Доколку се има во предвид дека потрошувачките цени во јуни во однос на претходниот месец имале пораст од 0,1 отсто, произлегува дека реалната заработувачка за истиот период пораснала за 0,6 отсто, се наведува во соопштението од „Монстат“. Пораст на просечната нето плата на ...
Според истражувањето на компанијата „Вич“, седми месец по ред „Алди“ е прогласен за најевтин супер маркет. Месечното истражување на компанијата покажува дека потрошувачката кошничка со 63 артикли во „Алди“ вкупно чини 113,87 фунти, што е за 33,11 фунти или 29% помалку отколку во најскапиот маркет „Веитрос“. Потоа следуваат „Лидл“ каде што потрошувачката кошничка чини 116,24 фунти, „Асда“ со 135,61 фунти, а „Теско“ е на четвртото место како ...
На почетокот на месецов компанијата „Пенава Посушје“ отвори нов супермаркет во Посушје на адреса Растовачко полје 137. На повеќе од 500 квадратни метри, во новиот продажен објект со над 10.000 артикли купувачите ги очекува разновидна понуда на производи за потребите на домаќинството. Во продавницата работат 10 лица и достапни се две каси. Како што соопштуваат од комапнијата, новата продавница има современа опрема, таа е уредена и нуди современ ...
Трговскиот синџир „Гомекс“ го отвори својот реновиран маркет во Зрењанин кој се наоѓа на улица Јунак Милан Тепиќ, бб, во населбата Багљаш во Зрењанин. Од компанијата објаснуваат дека модернизацијата на овој објект вклучува унапредување на ентериерот и екстериерот. Новоотворената продавница нуди широк асортиман на производи, вклучувајќи свежо овошје и зеленчук, месо, како и разни други прехранбени и непрехранбени артикли. Покрај тоа, објектот ...
Министерот за просторно планирање, урбанизам и државен имот на Црна Гора, Славен Радуловиќ, ги потпиша урбанистичко – техничките услови за изработка на техничката документација за изградба на објектот на компанијата „Лидл“ – Црна Гора во Бело Поље. Како што соопштуваат од министерството, Радуловиќ го изразил задоволството од потпишувањето на документот со кој значајно ќе се придонесе во заокржување на процесот и обезбедување на услови за почеток ...
Компанијата „Данон“ во вториот квартал остварила пораст на обемот на продажбата за 2,9%, со што ги надмина очекувањата на аналитичарите за пораст од 2,1%. Продажбата на компанијата во овој период пораснала за 4%, која била поттикната од зголемениот обем и достигнала вредност од 6,94 милијарди евра, што, исто така е над очекувањата на аналитичарите за раст од 3,7%. Во овој период компанијата ги зголемила цените за 1% што е помаку од ...