Новиот данок предложен од поранешниот американски претседател Доналд Трамп би можел значително да им користи на најбогатите граѓани, особено на инвеститорите во мали бизниси. Законот предвидува трајно продолжување на даночните олеснувања од 2017 година и дополнителни бенефиции за оние со највисоки приходи. Според Даночниот центар на САД, граѓаните кои заработуваат 1 милион долари или повеќе годишно би можеле да добијат просечно зголемување на ...

Корисниците на TikTok во САД можеби ќе бидат изненадени кога нивната постоечка апликација ќе престане да работи, а на екранот ќе се појават информации за нова апликација направена специјално за нив. Според The Information, TikTok работи на специјална верзија од својата апликација наменета за корисници во САД. Ова е последица на американскиот закон според кој американската подружница на TikTok мора да биде префрлена во американски раце, а тоа ...

Германското индустриско производство се опорави во мај благодарение на скокот во автомобилскиот и енергетскиот сектор, објави статистичката служба во понеделник. Производството во мај се зголеми за 1,2 проценти во споредба со април, кога, според ревидираните податоци, се намали за 1,6 проценти, пресметаа статистичарите. Двигател на растот беше скокот од 4,9 проценти во производството во автомобилската индустрија. Производството во ...

Акциите на „Тесла“ паднаа откако извршниот директор на производителот на електрични автомобили, Илон Маск, изјави дека ќе основа нова политичка партија, ескалирајќи го судирот со американскиот претседател Доналд Трамп и потенцијално заканувајќи се на деловната империја на милијардерот. Акциите на „Тесла“ паднаа за 7,4 проценти во понеделникот на тргувањето на Волстрит, а паднаа за околу 18 проценти во последните пет недели, бидејќи Маск ...

Едноставноста и издржливоста на глуварчето е главниот симбол на новиот македонски бренд чија главна мисија е подигнување на свеста за користење природни и биоразградливи производи кои немаат негативно влијание врз здравјето на луѓето и врз животната средина. Глуварче е идеја на неколку ентузијасти со порив да ја променат културата на секојдневно користење производи што имаат долготрајни штетни последици врз околината и човековото здравје. ...

Новите иновации како што се Knox Enhanced Encrypted Protection, унапредениот одговор на закани со Knox Matrix и Secure Wi-Fi со заштита отпорна на квантни напади ја зајакнуваат приватноста и контролата на корисниците кај новите Galaxy уреди Samsung Electronics Co., Ltd. денеска објави сет нови безбедносни ажурирања за приватноста, кои ќе се имплементираат со новите Samsung Galaxy смартфони со оперативниот систем One UI 8. Овие новини ја ...

Од ноќеска на полноќ се намалуваат малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 за 1,50 денари/литар и на мазутот М-1 НС за 0,174 денари/ килограм, а еуродизел (Д-Е V) поскапува за 0,50 денари/литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува. Еуросупер БС – 95 ќе чини 74 денари, еуросупер БС – 98 ќе биде 76 денари, дизел ...

Летото е време кога нашето тело има зголемени нутритивни потреби, а динамичното темпо бара исхрана што е истовремено балансирана, квалитетна и лесна. Клучот за добро здравје и виталност лежи во паметниот избор на храна која заситува, а не оптоварува. Производите на Виталиа се токму тоа – со внимателно избрани состојки, природен состав и висок нутритивен профил. Здрав избор каде и да сте, што и да правите, и прилагодени за секој животен ...

Откако AI.Weekend минатата година донесе истакнати говорници од OpenAI, Tinder и други водечки глобални технолошки компании, овој септември настанот оди уште еден чекор напред. Од 18. до 21. септември, Ровињ повторно ќе биде центар на најважните разговори за вештачката интелигенција, со посебен фокус на иновации кои доаѓаат од срцето на Силиконската долина и глобалните технолошки лидери како TikTok. AI.Weekend не е само место за размена на ...

По исклучително профитабилната ланска година, Љубљанската берза продолжува да расте. Индексот SBITOP порасна за речиси 37 проценти, што е најголем пораст меѓу сите европски индекси. SBI е сè уште 15 проценти под рекордот од 2007 година (2.675 поени), пишува SEEbiz. Оваа година, најголеми победници во првата котација беа акциите на Petrol, со раст од 58 проценти, потоа Luka со раст од 47 проценти, а акциите на Krka (годишното собрание на ...

САД ќе испраќаат писма до своите трговски партнери за нови договори и царини почнувајќи од понеделник, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во недела. Во април, Трамп воведе основни царини од 10% за увоз од речиси сите трговски партнери, по што следеше бран повисоки, таканаречени реципрочни царини за поединечни земји врз основа на трговски дефицити. Потоа ги паузираше реципрочните царини за повеќето трговски партнери за 90 дена, што ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, додава парфем на растечката листа на стоки што го носат неговото име, отворајќи нови прашања за неговата употреба на претседателската функција за промоција на производи што го збогатиле него и неговото семејство Поранешниот њујоршки магнат за недвижности, кој се врати во Белата куќа во јануари за својот втор мандат, оваа недела објави дека нов парфем за мажи и парфем за жени со брендот Трамп се достапни за ...

НАСА ја откри планетата TWA 7b со помош на телескопот James Webb, оддалечена 34 светлосни години, која има околу 100 пати поголема маса од Земјата и се наоѓа во зона потенцијално погодна за живот. Прелиминарните анализи сугерираат дека станува збор за млада и ладна планета, со температура од околу 49 степени Целзиусови, што се вклопува во температурниот опсег во кој може да опстане животот. Планетата орбитира околу млада црвена џуџеста ...

Photonmatrix е името на најновото технолошко решение во борбата против комарците. Тоа е преносен уред кој користи LiDAR скенер и ласерски систем контролиран од галванометар за автоматски да лоцира и да елиминира до 30 комарци во секунда. Уредот работи и во темница, има дострел до 6 метри и може да работи до 16 часа со помош на надворешен power bank. Достапен е во две верзии: основниот Photonmatrix Basic (дострел од 3 метри, цена од 498 ...

Највисокиот мост во светот беше завршен во кинеската покраина Гуиџоу. Мостот на Големиот Кањон Хуаџијанг се протега над реката Бејпан, на надморска височина од 1.100 метри, 625 метри над речното корито, а е долг 2.890 метри и тежи повеќе од 22.000 тони. Овој импозантен мост го скрати патувањето од 70 на само две минути, а ќе биде отворен за сообраќај за неколку недели. До мостот ќе има стаклен лифт, кафетерија со поглед на драматичниот ...

Ибица повеќе не ја носи титулата најдобра дестинација за забава во Европа. Според нова студија на платформата GetYourGuide и DailyMail, Аја Напа моментално е на тронот на најдобрата летна забава. Оваа туристичка дестинација на југоисточниот брег на Кипар и ја одзеде таа титула, па затоа не е изненадувачки што е исклучително популарна меѓу младите. Покрај прекрасните плажи и кристално чистото море, нуди и голем број (плажни) барови и ноќни ...

Американскиот милијардер Елон Маск изјави дека ја формирал Американската партија со цел, како што рече, да ја врати слободата на американскиот народ. „Кога станува збор за банкротирање на нашата земја преку расипништво и корупција, ние живееме во еднопартиски систем, а не во демократија. Денес Американската партија е формирана за да ја врати вашата слобода“, рече Маск на мрежата X. Тој го кажа ова еден ден откако мрежата X објави анкета во ...

Непостојана брзина на конекцијата, прекини/недостапност на услугата и проблеми со техничката опрема се најчесто наведени проблеми при користење на интернет, покажува најново испитување на јавното мислење од аспект на заштита на претплатниците на електронски услуги, на Агенцијата за електронски комуникации. Анкетата била спроведена од 18 мај до 5 јуни годинава на случаен репрезентативен примерок од 1.100 испитаници од популација на возраст од ...

Стокхолм, Рејкјавик и Хелсинки се најчистите градови во Европа во однос на квалитетот на воздухот, според најновото истражување за квалитетот на воздухот во европските градови од страна на Европската агенција за животна средина (EEA). За таа цел, тие објавија ажурирана верзија на онлајн мониторот за квалитет на воздухот. Љубљана е на 709-то место од вкупно 761 град. Како што објаснува EEA, европските градови во онлајн мониторот за квалитет на ...

Антички натписи кои датираат од пред 4.500 години откриваат дека пирамидите не биле изградени од вонземјани и робови Aрхеолозите откриле антички натписи во Големата пирамида во Египет за кои тврдат дека потврдуваат кој ја изградил пред 4.500 години. Ова ќе промени многу од она што се мислело пред векови. Ова не биле, како што тврдат теоретичарите на заговор, вонземјани или џиновски суштества. Но, приказните за античките Грци, кои рекле дека ...

Забраната на паметните телефони во холандските училишта ја подобри средината за учење, и покрај почетните стравувања и протести, покажа нова студија. Правилата воведени во јануари 2024 година препорачаа забрана на паметните телефони во училниците, а речиси сите училишта ги следеа, објави Гардијан. Како што пренесува Танјуг речиси две третини од средните училишта им кажаа на своите ученици да ги остават своите телефони дома или да ги стават во ...

Филип Алчевски е студент на додипломски студии на Технолошко-металуршки факултет во Скопје, на насока инженерство на материјали и нанотехнологии. Паралелно со студиите, тој го уредува и порталот за студентско менторство Edunet, а активно работи и на развојот на еден интересен и иновативен производ, StrawBrick. Се работи за нов градежен материјал, сламена цигла, која се прави од две отпадни суровини, сламата од земјоделството и лигнинот од ...

Истражувачи од Институтот за зоологија при Кинеската академија на науките открија дека ефектите против стареење од вежбањето се посредувани од бетаин, метаболит произведен од бубрезите. Вежбањето има добро утврдени здравствени придобивки, но неговата молекуларна основа останува нецелосно разбрана. Кинеските истражувачи спроведоа интегрирана мултиомична анализа за да ги споредат ефектите од акутното и долготрајното вежбање кај здрави мажи. ...

Соединетите Американски Држави повторно ја потврдија својата доминација на листата со топ 100 највредни глобални корпорации, која вклучува 60 компании со седиште во Соединетите Американски Држави, според анализата на меѓународната ревизорска и консалтинг компанија EY (Ernst&Young). И покрај глобалното зголемување на геополитичките тензии, конфликти и војни, највредните компании успеаја да ја зголемат својата вредност на берзите во првата ...

Во 2024 година TikTok остана најпреземаната мобилна апликација во светот. Апликацијата за споделување кратки видеа генерираше 825,5 милиони преземања во текот на годината. Следуваше апликацијата за социјални видеа Instagram, со 817 милиони преземања. Модната апликација Tema се најде на петтото место, со над 516 милиони преземања за глобални корисници во последната година што се разгледува, додека апликацијата за видео монтажа CapCut, објавена ...

Филип Алчевски е студент на додипломски студии на Технолошко-металуршки факултет во Скопје, на насока инженерство на материјали и нанотехнологии. Паралелно со студиите, тој го уредува и порталот за студентско менторство Edunet, а активно работи и на развојот на еден интересен и иновативен производ, StrawBrick. Се работи за нов градежен материјал, сламена цигла, која се прави од две отпадни суровини, сламата од земјоделството и лигнинот од ...

Во светот на мобилните уреди, секој нов модел носи нови можности и подобрувања, но серијата Samsung Galaxy S25 ја носи технологијата на сосема ново ниво. Овие смартфони не се само уште едни уреди на пазарот, тоа е комплетно ново искуство. Со вградување на Google Gemini Advanced, серијата Samsung Galaxy S25 ви нуди можности кои не сте ги виделе до сега, обезбедувајќи интелигенција која не само што ги предвидува вашите потреби, туку и ги ...

Стартапот за вештачка интелигенција xAI на Илон Маск собра вкупно 10 милијарди долари финансирање преку комбинација од долг и капитал, соопшти банката Морган Стенли. Од износот, 5 милијарди долари беа обезбедени преку долг (обврзници и заеми), додека остатокот дојде од стратешки инвестиции во капитал. Банката вели дека понудата за долг била многу барана и дека истакнати глобални финансиски институции биле меѓу инвеститорите во xAI. Рекордната ...

Јапонската влада ќе воведе задолжителна инсталација на уреди за спречување на неправилно работење на ножните контроли од 2028 година, со цел да се избегнат несреќи предизвикани од случајно притискање на педалата за гас наместо сопирачката. Според информациите објавени од NHK и Yomiuri Shimbun на 18 јуни, Министерството за земјиште, инфраструктура, транспорт и туризам на Јапонија објави дека ги ревидирало стандардите за безбедност на возилата. ...

Бојата често се зема здраво за готово – сè додека не стигне конечната понуда. Потоа многумина се непријатно изненадени: нијансата што ја сакале чини дополнително, и тоа не малку. Доплатите за металик бои или „специјални“ нијанси се движат од 500 до 1.000 евра за одредени модели. Со оглед на тоа што повеќето возачи купуваат автомобили на кредит или лизинг, доплатата за боја автоматски се вклучува во вкупната цена и ја зголемува месечната рата. ...

Мвр билтен

4 часа - МИА - +1
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
5.66
68%
1029
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
2.06
86%
1026
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
5.66
66%
1031
weather icon

Сараево

-5ᴼ / -5ᴼ
2.44
86%
1035
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.79
93%
1025
weather icon

Атина

10ᴼ / 9ᴼ
5.81
76%
1024
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
87%
1022
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
100%
1023
weather icon

Букурешт

-6ᴼ / -8ᴼ
0.0
83%
1035
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
5.14
93%
1030
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 4ᴼ
3.6
70%
1029
Currency

61.5417

Currency

53.0647

Currency

70.9755

Currency

35.4631

Currency

38.1088

Currency

66.1009

Currency

7.61455

Currency

0.68229

Currency

0.33542

Currency

0.52456

Currency

1.22615

Currency

0.58472

Сребро

2872.23

Рутениум

45750.51

Платина

73104.70

Родиум

324722.54

Злато

147342.27

Алуминиум

3.16

Бакар

11.73

Паладиум

57131.88

Иридиум

198077.91

Кобалт

62.83

Калај

54.43

Цинк

3.29