Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на годината уште три инвестиции со кои, како што изјави, значително ќе се зголеми економската активност и позотивно ќе се влијае врз растот на БДП. Многу скоро се очекува нов камен темелник на една белгиско-германска компанија. Посочи дека очекува и проширување на капацитетите на компаниите кои се веќе присутни и работат во земјава. – Како Влада ќе сториме се што е во наша моќ да помогнеме, затоа ...

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), бензинот еуросупер БС-95 поевтинува за половина денар, еуросупер БС-98 за еден денар, а дизелот за денар и пол Од полноќ горивата поевтинија од половина до денар и пол. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), бензинот еуросупер БС-95 поевтинува за половина денар, еуросупер БС-98 за еден денар, а дизелот за денар и пол. Од ноќеска на полноќ литар еуросупер БС-95 ...

Со задоволство најавуваме дека овогодинешниот Startup Weekend Skopje ќе се одржи од 1-ви до 3-ти ноември и ќе го сврти вниманието кон една од глобалните актуелни теми – Social Innovation. Овој тридневен настан претставува мотивациска средина за млади претприемачи, креативци и ентузијасти да ги презентираат своите идеи и да креираат иновативни решенија за најважните социјалнo-oпштествени предизвици. Startup Weekend Skopje, е поддржан од Google ...

Било да го сакате Илон Маск или не, тешко е да не се почитува неговата работна етика. Неговата подготвеност да размислува поинаку. Неговата способност да постигне огромни цели. Така, иако можеби не се согласувате со сите совети на Маск – како на пример да се откажете од состанокот ако не додавате вредност на него – еве четири од неговите омилени совети. „Не се врзувајте за личност, место или организација“, вели Маск. „Приврзете се себеси за ...

Bois de Charonne, втората урбана шума во француската престолнина, беше отворена во средата, откако првиот проект од ваков вид беше лансиран во јуни годинава за да одговори на предизвиците на глобалното затоплување. Создавањето зелени површини значи овозможување на идните генерации да живеат во градот во контекст на климатските промени, но и подобрување на нашата животна средина со тоа што просторите ќе бидат поубави и помирни, изјави ...

Кинескиот претседател Си Џинпинг и вети на Африка нови финансиски средства во износ од 51 милијарда долари, поддршка за инфраструктурни проекти низ целиот континент богат со ресурси и отворање на најмалку еден милион работни места. На големиот самит за соработка меѓу Кина и Африка, Кси им вети на делегатите од повеќе од 50 африкански земји дека кинеската економија еднострано ќе го подобри својот пазарен пристап за африканската трговија. Форумот ...

Апликацијата TelekomMK слави пет години успешна работа и повеќе од 340 000 задоволни корисници. Создадена за дигитално корисничко искуство и дополнителна вредност, апликацијата во текот на годините се дополнуваше и се збогатуваше со нови функционалности, од кои особено значајна е програмата Magenta Moments, којашто за само една година стекна над 213 000 корисници. „Искуството на корисниците за нас е најважно. А дигиталното корисничко искуство ...

Делегацијата на Европската Унија, Јуроп хаус и Агенцијата за пошти, најавуваат активности во рамки на Европската недела на мобилност 2024. Активностите ќе се одржат на 19-ти септември (четврток), под мотото „Ден на зелена достава,“ а иницијативата е насочена кон поддршка на одржлива урбана мобилност и заштита на животната средина. Националниот давател на универзалната услуга АД Пошта на Северна Македонија, како и седум лиценцирани даватели на ...

Шеќерот во минатото носел назив бело злато. Тој бил најважната култура во светот, но редок производ што можеле да си го дозволат само богатите. Во венецијанските куќи во 13. век, шеќерот се чувал под клуч и богатите често го користеле за да направат екстравагантни кондиторски изложби со цел да го покажат своето богатство на раскошните забави. Венеција била центар на рафиниран шеќер. Шеќерот се тргуваше низ целиот свет до средината на 18. век. ...

На 16 септември, во Пациото на Завод и музеј Битола, ќе се одржи специјалниот настан ЕТНО 3/4, кој ќе понуди незаборавно патување низ историјата на модата во Битола, со фокус на спојувањето на традицијата и современото. Оваа вечер ќе биде посветена на реинтерпретација на модната култура од крајот на XIX и почетокот на XX век, со посебен акцент на стиловите А ла Турка, А ла Франга и етно модните трендови. ЕТНО 3/4 е уникатен проект кој ја слави ...

Грчката авиокомпанија „Ејџијан ерлајнс“ од 29 ноември ќе ги прекине летови меѓу Скопје и Сараево, по повеќе од една година оперирањето на оваа релација, објави специјализираниот портал „Екс Ју авијација“. Ејџијан ерлајнс, стои во објавата, првично планираше да ја опслужува линијата три пати неделно во ноември и декември и двапати неделно од јануари. Потоа планираше летови до 7 декември, со ограничена работа за време на празничниот период од ...

По речиси пет дена во орбитата, капсулата Crew Dragon на SpaceX и нејзиниот четиричлен екипаж на мисијата Polaris Dawn безбедно слетаа во морето во близина на брегот на Драј Тортугас на Флорида, означувајќи го крајот на првата вселенска мисија на компанијата на Маск во која комерцијалните астронаути добија можност да се шетаат во вселената. Од SpaceX не откриваат колку милијардерот Џаред Ајзакман, главниот финансиер на мисијата, платил за овој ...

Кинеската фабрика Linglong во Зрењанин, каде што во петокот започна сериското производство на автомобилски гуми, ќе произведува 13 милиони гуми годишно. Изградбата на фабриката со површина од 370.000 квадратни метри започна во март 2019 година, а вредноста на инвестицијата е повеќе од една милијарда долари. Минатата година нето добивката на Linglong во Србија беше 195,1 милиони долари, а оперативниот приход 2,8 милијарди долари. Генералниот ...

Контролорите за конзолата за игри веќе се користат за различни намени – од контрола на дронови и автомобили до, се разбира, играње видеоигри. Но, научници од кинескиот универзитет во Хонг Конг и ЕТХ Цирих отидоа чекор подалеку и направија операција користејќи контролор за конзола за игри. Ова само по себе не би било невообичаено доколку во моментот на операцијата растојанието меѓу хирургот што го користи контролорот и пациентот не е 9.300 ...

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо, објави дека неговите профили на социјалните мрежи ги следат една милијарда луѓе. Првотимецот на Ал Наср од Саудиска Арабија и капитен на португалската фудбалска репрезентација истакна дека е горд на се што направил, дека овој нов рекорд многу му значи и му дава инспирација да продолжи. „Ние напишавме историја – една милијарда следбеници. Тоа е многу повеќе од обична бројка. Тоа е ...

На британскиот остров Островот Вајт е ставена на аукција куќа по цена од 10 фунти или околу 12 евра. Куќата се наоѓа во градот Вентнор, има два ката, две спални соби и директен поглед на Ла Манш. Се продава преку веб-страницата First for Auctions. Сепак, почетната цена од околу 12 евра не е случајна. Куќата стои директно на падината на карпата каде што 16 хектари земјиште се урнаа во одрон во декември минатата година, објави Би-Би-Си. Поради ...

Чешката компанија Škoda го произведе најдолгиот трамвај во светот, кој ќе сообраќа низ германскиот град Манхајм. Трамвајскиот модел ForCity Smart 38T е долг 60 метри и има шест делови или вагони. Неговиот капацитет е 368 патници, од кои 144 се седишта, што е импресивен капацитет. Максималната брзина на овој трамвај со најсовремена опрема е 80 километри на час, а беше тестиран во Пилсен, Чешка. Манхајм нарачал 12 трамваи од споменатиот модел од ...

Од пивото Цингтао во Кина до пивото Перони во Италија, многу земји имаат развиено пива со долга традиција, додека во исто време бројот на мали и микропиварници на меѓународно ниво постојано расте. И додека пивото најчесто се консумира во региони како Азија и Европа, неговата потрошувачка е многу помала на Блискиот Исток. Веќе 15 години по ред, Азија е водечки регион во потрошувачката на пиво во светот. Повеќе од една третина од вкупната ...

Користењето на мобилни телефони не го зголемува ризикот од развој на рак, покажува најобемното истражување на оваа тема нарачано од Светската здравствена организација. -Ги анализиравме и сумиравме сите научни докази од набљудувачките човечки студии на оваа тема од целиот свет. Можеме со голема сигурност да кажеме дека ништо не превидивме, рече коавторот Ден Баакен од германската Федерална канцеларија за заштита од радијација (БфС), еден од ...

Извештајот за креативност на LIONS, врвниот глобален репер за влијателна креативност, го објави своето дефинитивно рангирање. Врз основа на перформансите од фестивалот Cannes Lions 2024, извештајот ја демонстрира креативната извонредност, проследено со увиди за влијанието на испорачаните резултати, покажувајќи како најкреативните бизниси во светот ја користат креативноста како средство за раст и развој. Меѓу најважните моменти од извештајот ...

Кога започнавме со ТРЧАЈ БЕ никој не помислуваше дека ќе завршиме со креативни експлозии на секој агол од Битола. Еден момент сме на сред неделно планирање, а веќе во следниот – дискутираме дали на следниот дизајн треба да има патики со крила или некоја неочекувана порака од вселената. Во светот на маркетингот, кога се работи со Мартин Цветановски, никогаш не знаеш што следува, но знаеш дека ќе биде оригинално. Тој е човекот зад Monday – ...

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави нова програма за „златна виза“ која овозможува долгорочен престој на претприемачите кои инвестираат минимум 250.000 евра во стартапи во Грција. Ова беше објавено за време на отворањето на 88. Меѓународен саем во Солун, каде Мицотакис презентираше неколку иницијативи за зајакнување на економијата и поддршка на Грците со ниски примања, вклучително и зголемување на пензиите и платите на државните ...

Француско-италијанскиот автомобилски гигант Stellantis објави дека го запира производството на електричниот модел Fiat 500 на четири недели поради слабата побарувачка. Голем број производители на електрични автомобили се соочуваат со намален број на купувачи во Европа. Stellantis, која поседува и голем број други марки како Maserati, Opel, Citroen и Peugeot, го произведува електричниот модел Fiat 500 во Торино во фабриката Mirafiori. Компанијата ...

Општина Аеродром продолжува со реализација на проектот „Clean Air – нула цврст отпад во Општина Аеродром“ и останува отворена за соработка со другите општини, за имплементација и на други вакви или слични проекти, со кои се зачувува животната средина, се придонесува за почист воздух и поздрава почва за сегашните и за идните генерации. Општина Аеродром доби машини за рециклирање на ПЕТ пластични шишиња и лименки, а над 10 илјади домаќинства ...

Во Италија веќе неколку денови е во тек петиција со која се бара да им се забрани на децата да користат паметни телефони и да имаат профили на социјалните мрежи, пишува „Анадолу“. Петицијата ја започнаа педагогот Даниеле Новара и психотерапевтот Алберто Пелаи. Тие бараат воведување законска регулатива со која ќе се забрани децата помлади од 14 години да поседуваат мобилни телефони и децата помлади од 16 години да имаат свои профили на ...

На домашниот пазар, во јули во однос на јуни годинава, прометот во индустријата е зголемен за 6,5 проценти, додека во периодот јануари-јули годинава во однос на периодот јануари-јули минатата година е намален за 0,6 проценти. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, a пренесува МИА, прометот во индустријата, вкупно, во јули годинава во однос на јули минатата година, бележи пад од 13,5 проценти. Според главните индустриски групи, ...

Трендопт на иселување на младите многу скапо ја чини државата која инвестира во образованието на своето население. Бројките го кажуваат следново: од една страна земјава е рангирана меѓу земјите со најниско ниво на финансиска писменост во Европа, аод друга страна 69.5% од населението го гледаат претприемништвото како пожелна кариера. Со Јован Сталевски, менаџер на ЦЕФЕ Македонија и иинтернационален ЦЕФЕ обучувач разговаравме за овие крајно ...

Вчера во Музејот на современа уметност во Скопје, НЕОТЕЛ ја прослави својата 20-годишнина заедно со своите клиенти, соработници и вработени кои придонесоа за успехот на компанијата. Настанот беше одбележан со одличен настап на бендот „Фолтин“ како и пригоден говор од директорот Даме Цветковски, кој ги потенцираше клучните моменти од историјата на компанијата. „Во текот на целата своја историја, НЕОТЕЛ беше пионер во освојување на ИКТ ...

„Ајде на кафе“ и „Ај на кафе-муабет“ се најчестите фрази во секојдневната комуникација. Традиционално, кафето е повод за средба и разговор. Количински, минатата година во земјава биле испиени 3,6 килограми кафе по жител, па според „World of Statistics“, Македонија е на 18-тото место во светот. Се пие и чај, но помалку од два литри годишно, а какао, во просек, помалку од еден килограм. Зачините се во употреба, но за количините нема понови ...

„Лице в лице“ доби награда за најдобра кампања на годинешните награди што ги доделува Меѓународната мрежа за уличен печат кои се доделуваа завчеравечер во Ливерпул. Категоријата за Најдобра кампања е за уличните весници и списанија кои покренале свесност за проблемите со кои се соочуваат нивните продавачи или кои застапувале за промена со која ќе се подобри работата на нивните продавачи. Дел од натпреварот беа над 90 списанија од 35 земји од ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1012
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
3.6
75%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
1011
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
87%
1013
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
0.55
79%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
89%
1014
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
1.34
72%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1012
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
88%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
75%
1012
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
0.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
71%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52