
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Додека евровизиските фанови со нетрпение го очeкуваат саботното финале на годинешниот Евросонг, организаторите постојано повторуваат дека има простор само за музика, а не за политика, но реалноста ги демантира. И така со децении како да се повторува истото созание и тврдење, велат добрите познавачи кои ја следат оваа манифестација. Во шведскиот град Малме, во тек е одржувањето на најпопларното шоу, што го организара Европската радиодифузна унија ...
Во март годинава, потрошувачките цени на кафето во Европската унија беа на годишно ниво плус еден процент, наспроти 13,5 отсто во март 2023 година, објави Евростат. Ова го доближи мартовскиот раст до јули 2021 година, кој беше 0,8 отсто. Стапката на инфлација на кафето се намалува од октомври 2022 година, кога беше највисока од 17,4%, по значителното зголемување кое започна од 2% во октомври 2021 година. Иако растот на цената на кафето е забавен ...
За наставните програми, фондот на часови и учебниците што ги употребуваат на часовите разговараа денеска наставници по македонски јазик од основни и средни училишта во Скопје, на трибина што ја организираше Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Скопскиот универзитет по повод Денот на македонскиот јазик – 5 Мај. Учесниците на трибината сметаат дека покрај вежбите што се застапени во учебниците, во практичната ...
Семејства или поединци често сонуваат за посета на атрактивни туристички локации на планетата Земја, а кога сонот се остварува, тогаш чувството не може да се опише. Такви се впечатоците на битолското семејство Игор, Весна и Филип Неделковски по престојот во Свалбард, последно населено место на северниот дел од планетата Земја, но и по престојот во Силфра, на Исланд, место каде се спојуваат две тектонски плочи од земјината топка, евро-азиската и ...
Ова се сцени од поларната светлина што синоќа можеше да се видат на небото над Хрватска. Црвената боја преовладува „Имаше серија силни ерупции од сончевите дамки, имаше силно коронално исфрлање. Тој материјал стигна до Земјата за два дена, ја предизвика поларната светлина која сега е видлива со голо око. Тоа требаше да се случи пред утрото, но тоа веќе е видливо. Фантастична активност“, рече Борис Штромар, раководител на Астрономското друштво ...
Претседателот на ДИК Александар Даштевски денеска ги објави претседателските избори за завршени и константираше дека за Гордана Силјановска Давкова е нов шеф на државата, со мнозинство гласови од избирачите кои гласале, односно 561.000 гласови, наспроти нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски 251.899. Записникот за конечност на резултатите од гласањето беше усвоен едногласно на седницата, а уверението на Силјановска Давкова ќе и биде доделено ...
По повод Европскиот ден на знамето, Европско движење денеска го организира традиционалниот планинарски марш до Водно. Маршот, ќе почне во 09:00 часот пред седиштето на ЕУ, каде ќе се изврши размена на македонското и европското знаме. -Знамињата ќе ги разменат шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир и претседателката на Европско движење, Милева Ѓуровска, коишто ќе имаат свое обраќање. Маршот ќе започне од пред седиштето на Делегацијата ...
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник. Прогноза за 13.05.2024 Минимална температура: 4°C до 11°C Максимална температура: 18°C до 25°C Променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен ...
Планината Кучај ја крие единствената прашума во Србија. А со овој феномен, истокот на нашите соседи уште еднаш ја покажува својата посебност. Овој посебен природен резерват со темна букова шума се наоѓа на 640 до 800 метри надморска височина и е скриен скапоцен камен сè уште непознат за голем број луѓе. До Винатовача е многу тешко да се стигне. Од Деспотовац, преку Лисин по макадам, 15 километри до самиот центар на планината Кучај, а всушност ...
Белгија стана првата земја во светот која усвои закон за договори за вработување на сексуалните работници, пишува Телеграф. Според законот, ако сексуалната работничка одбие клиент повеќе од 10 пати во текот на шест месеци, макрото може да иницира интервенција на државен посредник, но не може да ја отпушти работничката. Исто така, сексуалните работници би имале право на здравствено осигурување, пензии, семејни парични надоместоци, годишен одмор и ...
Илјада и тринаесет станови се предвидени за изградба со издадните 321 одобрение за градење во март годинава, а повеќе од половина од становите, 607, се во Скопскиот регион, покажуваат податоците што ги објави денеска Државниот завод за статистика. Бројот на одобренијата за градење во март годинава е за 22,7 проценти помалку во однос на истиот месец од лани. Предвидената вредност на објектите изнесува 5 855 367 000 денари, за 4,8 проценти повеќе ...
СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, денеска (10.05.2024) до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против И.Х.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело „тешки дела против општата сигурност” по член 292, а во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик. Имено, по преземени мерки, подигнати докази, ...
ТикТок ќе ги означува корисниците кои објавуваат содржина генерирана со вештачка интелигенција (ВИ), велат од компанијата која стана првата голема апликација за видеа што автоматски ќе ги означува ваквите содржини на корисниците. Содржините создадени со алатките за вештачка интелигенција со кои располага ТикТок веќе се автоматски означени како такви, а компанијата сега бара од креаторите рачно да ги додаваат истите етикети на нивната содржина. ...
За обраснатата трева и запуштениот изглед на дворот на владата, техничкиот премиер Талат Џафери ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ кое е под капата на Град Скопје. „Земјиштето околу Владата, според процедурите и прописите, е во сопственост и надлежност на Град Скопје и според работата и обврските „Паркови и зеленило“, како јавно претпријатие кое се грижи за изгледот на главниот ...
Орнитологот Данка Узунова ќе ги едуцира присутните за правилното користење на двогледот, за правилниот начин на набљудување на птиците, нивните имиња, нивните навики и траекторија на движење. Освен овој настан, во текот на мај е планирана и едукативна посета на пештерата Пешна кај Македонски Брод, а во текот на јуни ќе има и едукативна екcкурзија во околината на Скопје Македонското еколошко друштво, в сабота во Градски парк го организира ...
ЈП „Градски паркинг“ ја пресели канцеларијата во Карпош, која до неодамна се наоѓаше кај Агенцијата за катастар, на нова локација. Карпошани кои имаат потреба од услугите на ЈП „Градски паркинг“ од овој месец за сите прашања поврзани со зонското паркирање, кое постепено се воведува на територијата на оваа општина, можат да ги посетат работните простории на претпријатието сместени на улица Борка Талески број 67, позади Млечен ресторан. ...
На 18 мај во Градскиот парк кај Школка ќе се одржи настанот „Вело Родео 2024“, во организација на „Eco – Logic“. Настанот ќе започне во 10 часот, а ќе содржи возење на вело полигон, ќе има многу забава, игри со лего коцки, еко експерименти, ликовна работилница,читање книги, како и извиднички игри. Како што истакнаа од „Eco – Logic“ целта на настанот е промоција на велосипедизмот и здравите навики кај децата. – Освен велосипедизам, промовираме и ...
Комисијата оваа недела одобри заем во износ од 50 милиони евра за Северна Македонија. Ова е прва транша од тековната програма за макрофинансиска помош (МФП) за земјата. -Помошта обезбедува дополнителна поддршка за Северна Македонија, чија економија беше сериозно погодена од неодамнешната енергетска криза, што беше предизвикана од целосната инвазија на Русија врз Украина. Оваа помош ќе ја поддржи макроекономската стабилност и ќе обезбеди ...
Во првата поема зборувам за тоа каков човек да се биде, добар или можеби измамник кој е лош, односно за карактерисиките на човекот кои секојдневно се среќаваат низ Скопје рече во интервју за Слободен печат, младиот поет Марко Иван Кочишки. Тој додаде дека во неговата книга „Зб’рка поезија“ многу се зборува за љубовта но и за животот на младиот човек во Скопје. „Во поемата „Скопје ти ќе рикнеш“ се зборува за тоа како веќе нема чист воздух, како ...
„Да се создаде фестивал воопшто не е лесна работа, особено кога си со ограничен буџет, меѓутоа ентузијазмот, креативноста и желбата да создадеме нешто по кое ќе не препознаваат е она што не турка напред и буквално со секој фестивал ние летаме се повисоко и повисоко, како што е и мотото на годинашното издание ‘Летаме заедно’“, вели Софија Семенпеева Трајановска, идеен творец на фесивалот „Литера“. Шестото издание на меѓународниот фестивал за ...
Од првиот Избор за песна на Евровизија, во далечната 1956 година, натпреварот обезбеди арена за најдоброто (а понекогаш и најлошото) што може да го понуди поп-музиката. На најпознатиот натпревар за песна во светот, нациите низ Европа – како и неколку надворешни земји – ги испраќаат своите најдобри песни за да го најдат најдоброто од купот. Конкурентните уметници често прибегнуваат кон невкусни текстови, глупави костими и чудни трикови во нивните ...
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува граѓаните со попреченост да ја користат услугата за бесплатен транспорт до здравствените установи за што општината има потпишано Меморандум за соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија. Станува збор за бесплатен превоз до здравствените установи со наменски возила на Црвениот Крст за корисници над 18 години, кои користат ортопедско помагало (инвалидски колички, дубаци ...
Иако во некои автобуси се забележува дека има камери сепак Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе набавува монитори, камери и останата опрема за видео надзор во автобусите, со која би се идентификувале учесници во инциденти во автобусите или напади врз возачите кои се случуваат често пати. Се работи за 60 монитори за емитување на слики од камери и 70 камери за видеонадзор, за што веќе е распишана јавна набавка, а најповолните понуди ќе се ...
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која е претседателка на партијата Нова Алтернатива на вчерашните парламентарни избори освоила вкупно 3.438 гласови по обработени 99 отсто од гласачките ливчиња, што е премалку за пратенички мандат. Арсовска во Изборната единица 1 каде што ја предводеше и листата на Нова Алтернатива, освоила 1.571 гласа или во проценти само 0,85%. Во Изборна единица 2, партијата доби 1.109 гласови. Нова ...
Синоќа на булеварот Александар Македонски близу паркингот на влезот на фабриката „Железара и Железарија Јоле“ во населбата Автокоманда паднало дрво, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Дрвото, како што соопштија од ЦУК, било отстрането со заедничка акција на Секторот за операции и координација, Министерството за внатрешни работи и ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје. Од ЦУК не информираа која била причината за паѓање на дрвото. ...
Како да добила седмица на Лото, мината година популарната „Седмица“ во чија сопственост се повеќе сенвичари и еден ресторан, направила профит од 1 милион евра и продала сендвичи (и нешто плус во ресторанот) за дури 5 милиони евра! Но, за волја на вистината, фасцинантни резултати се редовна појава во работењето на „Фаст фуд 7“. Тие одлично работеле и во 2022 година кога направиле промет од 4,3 милиони евра и профит од над 730.000 евра. И да се ...
Амбасадорката на САД Анџела Агелер, ја честиташе победата на Силјановска-Давкова, напоменувајќи дека САД и натаму ќе продолжат да ја поддржува земјата. „Моите срдечни честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот историски избор за прва жена претседател на Северна Македонија. Честитки и за сите оние граѓани кои вчера го искористија своето избирачко право на претседателски и парламентарни избори. Соединетите Американски Држави ќе продолжат ...
Со премиера на операта во четири чина „Трубадур“ на Џузепе Верди, вечер во Националната опера и балет ќе бидат отворени 52. Мајски оперски вечери. До крајот на месецот фестивалот ќе понуди програма во која покрај оперски дела ќе има и една балетска претстава. Операта „Трубадур“, опишана како „симфонија на љубовта, одмаздата и судбината“, ја режира Иван Поповски, диригент е Енрико Довико од Италија, сценограф Миодраг Табачки од Србија, ...
По повод 9 мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, екипата на Внимание ги праша граѓаните: Што е позначајно – Денот на Европа или денот на победата врз фашизмот? Мнозинството граѓани сметаат дека 9 мај за нас е позначаен како денот на победата врз фашизмот. На прашањето „Зошто повеќето од младите ја гледаат иднината во Европската Унија?“, повеќето од граѓаните сметаат дека ЕУ нуди подобра иднина, поголеми можности и повеќе ...
Северна Македонија се движи на курс да влезе во судир со соседите Грција и Бугарија, откако националистичката опозиција победи на парламентарните и на претседателските избори на 8 мај, пишува „Еурактив“ во својата анализа. Во неа се додава дека успехот на националистичката партија веројатно ќе има големо влијание врз сонот на Македонија за пристапување во Европската Унија. Аналитичарот за Источна и Централна Европа, Марио Бикарски за „Еурактив“ ...