Возачите на моторни возила кои сакаат да возат во самиот центар на Менхетен во Њујорк ќе мора да платат најмалку 15 долари, објави порталот Аксиос. На патничките автомобили ќе им се наплаќа по 15 долари дневно за да влезат во таканаречениот „централен деловен кварт“ на Менхетен, со неколку исклучоци, што во суштина го прави целиот Менхетен јужно од 60-та улица со патарини. Градските власти велат дека целта на мерката, која треба да стапи на сила ...

На 55-годишна возраст вчера ненадејно почина Антон Андов, уредник на постпродукција и графика во „Слободен печат“. Нашиот колега Антон остави белег во македонската продукција со својата богата професионална кариера. Тој претходно беше дел од екипите на А1 телевизија, Канал 5 телевизија и продукциите „Видео лаб“ и „Прва продукција“. Погребот ќе се изврши утре, 18 април 2024, на Градските гробишта „Бутел“. Посмртните останки ќе бидат изложени во ...

Бруталното апсење на новинарот Фуркан Салиу за време на еден натпревар од Третата македонска лига се најде и на седницата на Владата. Таа, на предлог на премиерот Талат Џафери, го задожи Министерството за внатрешни работи да достави комплетна информација што сѐ се случуваше и зошто дојде до апсењето на Салиу, а подоцна и до поднесување кривична пријава за него до обвинителството од страна на МВР. Според соопштението од седницата на Владата имало ...

Општина Центар ја започна првата фаза од проектот „Смарт сити“ со инсталација на паметни светилки низ цела територија на општината. Системот го имплементира А1 Македонија преку целосна реконструкција на постоечкото улично осветлување и паралелна имплементација на светилките и паметните ормари. Станува збор за замена на 3982 улични светилки со нова технологија на ЛЕД светилки за паметно мерење и управување со електричната енергија. Инсталацијата ...

Изминуваат последните денови од мандатот на претседателот на државата Стево Пендаровски. Во досегашните пет години, извршувајќи ги своите законски и уставни надлежности, Пендаровски успеа да се сети на голем број заслужни граѓани кои ги одликуваше со државни награди и признанија. Кон крајот на минатата година, Пендаровски додели Повелба на Република Северна Македонија на Албански театар – Скопје, Орден за заслуги на актерите Коле Ангеловски, ...

Училиштата во кои ќе се одржи гласањето за претседателските избори ќе работат во вторник, ден пред изборите. Ќе бидат заклучени само оние простории каде ќе биде сместен избирачкиот материјал. – Тоа е веќе договорено и мислам дека е ставено на веб страницата. Тие училишта ќе работат меѓутоа просториите во кои ќе биде избирачкиот материјал, ќе бидат заклучени и ќе ги обезбедува Министерството за внатрешни работи, изјави денеска претседателот на ...

Силно невреме и обилни дождови, поплавени автопати, улици, домови и аеродроми, прекинати летови и напуштени возила низ улиците е новата слика што во последното деноноќие се појави во луксузниот град Дубаи. Според Националниот центар за метеорологија на Обединетите арапски емирати, за 24 часа Дуаби е натопен со дожд од 25 сантиметри односно со количина на дожд што овој пустински град ја добива во период од речиси две години. Експертите ...

Истражувањето спроведено во 96 основни и средни училишта во осум општини во државата открива дека набавките за осигурување, за униформи за учениците, за фотографирање, за ужина итн. се спроведуваат во постапки за кои нема јасно дефинирани правила коишто би овозможиле избор на најповолните понуди. Јавни огласи се објавуваат само за екскурзиите, бидејќи Министерството за образование и наука (МОН) за нив има донесено процедури во 2014 година. ...

Нема да дозволам Универзална сала да биде дел од политичко препукување и дел од изборната агенда на Арсовска, изјави денеска министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска како реакција на вчерашните обвинувања од страна на градоначалничката Данела Арсовска. Министерката најави и правни дејствија кон градоначалничката на Град Скопје поради, како што рече, инсинуациите и небулозите дека „знаела за пожарот, но не пријавила веднаш“. ...

Европа се чини дека овие денови е „игралиште“ на секој дигитален номад, не само поради разновидните култури и многубројните опции на градови, туку и во потрага по пониските трошоци за живот во некои области во споредба со поголемиот дел од САД, импресивните нивоа на безбедност и повисокиот квалитет на животот. За жал, низ поголемиот дел од добро познатите жаришта на континентот, номадите се соочуваат со некои проблеми, како што се цените ...

На 23 април со почеток во 20.00 часот, ќе се изведе балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ инспириран од циклусот поезија со истоимениот наслов од поетот Ацо Шопов. Балетскиот триптих ќе се изведе во рамките на јубилејното 20. издание на интернационалниот фестивал Танц Фест Скопје 2024. Креативниот мозаик е составен од авторите: идејата за проектот и костимографијата се на Александар Ношпал, драматург е Соња Здравкова-Џепароска, кореографи ...

Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа особено попладне, ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 30л/м2) грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени. Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи ...

Вкупно 307 дојави за проблеми со ментално здравје, повреда, семејни односи и пристапност, во кои се опфатени 379 млади изминатата година, се дел од годишниот извештај „Ало Бушавко“ на Првата детска амбасада „Меѓаши“. Десет од дојавите, како што информираа на денешната презентација на извештајот, се однесувале на мисли за одземање на сопствениот живот. Во воведните обраќања, Клементина Добревска, координаторка на СОС телефонот, ги образложи ...

Наглиот пад на температурата во Загорје донесе снег, а во исто време во 15 часот во Шибеник изнесуваше 25 степени. Силна промена на времето стигна и во Хрватска, додека вчера беше речиси 30 степени, а денеска паѓа снег во Загорје, јавува 24сата.хр. „Нестабилно и постудено од просекот е кон средината на април. Променливо и претежно облачно на копното, а на Јадранот променливо сончево. Во првиот дел од денот дожд на исток, врнежи и грмежи во ...

Општина Кавадарци одобри над два милиони денари за проекти на невладини организации. Во салата на општинската зграда, градоначалникот Митко Јанчев, заедно со претставници на граѓанските организации, денеска ги потпиша договорите за реализирање на проектните активности. – Се работи за повеќе приоритетни области за 2024 година, согласно распишаниот јавен повик за прибирање на предлог проекти, наменети за организации, регистрирани на територијата ...

Шумскиот пожар над тетовско Селце по шест дена е ставен под контрола, информираат од Национален парк Шар Планина. Пресвртот се случил денеска, при што иако пожарот почнал да се проширува кон Ѓермо, ренџерите од паркот и вработени во Дирекција за заштита и спасување успеале да го стават под контрола. – Пожарот над Селце беше проширен и над Ѓермо. До 12 часот е комплетно ставен под контрола и повлечени се екипите на Националниот Парк и Дирекција ...

Во деновите кога се прават првите процени од отворањето на пазарот на труд меѓу Македонија, Србија и Албанија, една од придобивките на Отворен Балкан, Бујар Османи, министер за надворешни работи во техничката Влада чиј главен мандат е организирање фер и демократски избори, најави дека на владина седница ќе бара повлекување на нашата земја од оваа регионална иницијатива. Со ова, темата Отворен Балкан уште повеќе влезе во предизборната кампања за ...

Шестото издание на меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ ќе се одржи од 15 до 18 мај во Младински културен центар. Со претставување на двајца извонредни илустратори и една авторка на книги за деца од Турција, оваа земја ќе биде во фокусот на шестата „Литера“. Во рамките на „Литера“ ќе биде организиран Саем на литература за деца, на кој македонски издавачи ќе ги претстават своите најнови изданија, а ќе организираат и ...

Истражувањето е спроведено од февруари 2023 година до декември 2023 година на територијата на целата наша држава, во сите осум региони (Вардарски, Источен, Југозападен, Југоисточен, Пелагониски, Полошки, Североисточен и Скопски), а се опфатени 2032 ученици по случаен избор на возраст 7 до 15 години. Истражувањето има за цел да ги согледа когнитивните постигнувања на децата во делот на вниманието, концентрацијата, помнењето, работната меморија, ...

Со повеќе од 30 промотивни настани, од 18 до 24 април во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи 36. издание на Саемот на книга. Слоганот е „Приказна се чита“, чија што цел е да го доближи саемот до помладата популација, а покрај едукативно-културниот аспект, годинава се воведува и општествено одговорна компонента. Даниела Глигоровска, управител на Скопски Саем на денешниот брифинг со новинарите, најави дека саемот ќе биде отворен за ...

Со денешниот извоз на последните три контејнери со околу 63 тони почва загадена со линдан од малата депонија во поранешната фабрика ОХИС во Скопје се финализира „ЛОТ“ 3 (Дел 3). Како што информираат за МИА од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), крајната дестинација на трите контејнери е во фирмата Indaver HIM Gmbh во Германија. Воедно, денеска ќе бидат извезени и првите шест контејнери со отпад од линдан во вкупна количина од околу ...

Нов сквер ќе го разубави платото пред Општина Центар. Станува збор за поставување комунална урбана, т.н. „урбан атрактор“на платото на аголот од улицата „Михаил Цоков “ и улицата „Орце Николов“ пред Општина Центар. Оваа опрема има за цел да го збогати јавниот простор со урбана инсталација на платформи со неправилни облици, клупи, зеленило и паркинг за велосипеди. Градежните работи за ново планираната инсталација „урбан атрактор“ се започнати и ...

„Пошта на Северна Македонија“ е доведена до работ на опстојување, а со самото тоа доведени се во прашање и работните места на над 2 000 работници. Ова денеска на прес-конференција пред Владата, го соопшти Синдикатот на Македонска пошта, со што искажа загриженост за сериозноста на состојбите во оваа институција. По протестот кој се одржал минатиот месец, Синдикатот побарал итна средба со Управниот одбор на „Пошта на Северна Македонија“, со цел ...

Северна Македонија заедно со Соединетите Држави, Германија и други држави е коспонзор на резолуцијата во Обединетите Нации за прогласување на 11 јули за меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница во 1995 година и одбележување на истиот секоја година, соопшти на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи. Резолуцијата ќе биде претставена на 17 април пред Генералното собрание на ОН, а ќе се ...

Со промоција на третиот дел на книгата „Солунска 28“ на легендарниот музичар и автор д-р Неле Карајлиќ, на 18 април (четврток), издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе го почне своето претставување на 36. Саем на книгата. На најголемата книжевна манифестација, која се одржува од 18 до 24 април, во арената „Борис Трајковски“, Скопје, „Арс Ламина“ ќе се претстави под слоганот „Влези во бајка“. Годинава на посетителите ќе им понуди над 1.000 изданија, ...

Управата за хидрометеоролошки работи издаде метеоаларм како предупредување за опасност од пообилни врнежи на дожд и услови за невреме, а од полноќ цела Македонија влегува во жолта алармантна фаза. Според најавите, дожд може да се очекува уште денеска во попладневните часови. Нѐ чека една прилично врнежлива ноќ а дождот ќе се провлекува и утре во текот на целиот ден. Тоа ќе донесе значително намалување на температурите кои се очекува да паднат за ...

ЈСП „Скопје“ и годинава ќе пушти во сообраќај автобуски линии кои ќе водат до Саемот на книга кој ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски” од 18 до 24 април. Од четврток во линиски превоз ќе бидат вклучени линиите 100 и 200, едната ќе поаѓа од Ново Лисиче во општина Аеродром, а другата од населбата Дексион во Ѓорче Петров. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Возен ред на линија „100″ (Ново Лисиче – СЦ „Борис Трајковски”) Од Ново Лисиче: 11 ...

Улицата „Славка Динкова“ во Драчево, две години по историската реконструкција каде што беа потрошени 50 милиони денари, сега е речиси непороодна за возилата поради огромните дупки и оштетениот асфалт. Жителите на Драчево велат дека асфалтот почна да пропаѓа уште месец ипол по реконструкцијата, а сега тој е испукан на повеќе места и дека пола од шахтите што се ставени на средина се веќе искршени. -За квалитетот на асфалтот да не разговараме, тоа ...

Вкупно 14 училишта во Македонија се затвориле во период од само една учебна година, покажуваат најновите бројки за бројот на училишта, паралелки и ученици, кои денеска ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Во учебната 2021/2022 година, во државата имало 976 училишта, а веќе следната учебна година, 2022/2023, оваа бројка е 962. Во основното образование лани имало 10.997 паралелки и 182.245 ученици, а година пред таа имало 11.057 ...

Трн: Дали Универзална сала има само носталгична вредност или навистина му треба на Скопје сала со тој капацитет и архитектонски карактеристики? Искра: Земајќи ја предвид хроничната нефункционалност во последниве 10 години, Универзална Сала во моментов има само емотивна, носталгична вредност. За капацитетот на сала која е потребна на Скопје не би сакала да давам оценки затоа што сум поборник на податоци добиени со анализа и истражување. Имаме ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1023
weather icon

Белград

13ᴼ / 10ᴼ
6.69
75%
1016
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
93%
1013
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
3.09
93%
1024
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.99
82%
1022
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.01
93%
1013
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
0.89
72%
1021
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
88%
1017
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1018
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 4ᴼ
2.57
80%
1022
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
3.6
80%
1013
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
0.51
34%
1024
Currency

61.535

Currency

54.2635

Currency

71.8573

Currency

34.5674

Currency

39.0046

Currency

66.3816

Currency

7.40061

Currency

0.65884

Currency

0.38035

Currency

0.52572

Currency

1.42748

Currency

0.63439

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15162.50

Рутениум

20190.67

Калај

31.42

Сребро

1039.39

Злато

103753.26

Бакар

9.31

Паладиум

30832.57

Платина

30670.88

Родиум

175221.57

Цинк

2.65